пацинети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pacineti/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 16:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пацинети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pacineti/ 32 32 Пациентите со месеци чекаат за операција на жолчка во штипската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-so-mesetsi-chekaat-za-operatsija-na-zholchka-vo-shtipskata-bolnitsa/ Thu, 02 Mar 2023 16:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=615208

Граѓани од Радовиш и околината на Штип реагираат дека чекаат за операција на жолчка, од штипската болница добиле какошто велат образложение дека нема доволно медицински кадар. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека има листа на чекање за елективни операции. Најголем проблем во случајов, посочува тој, е ограничениот број на лекари, односно недостатокот на анестезиолози, со кој се соочуваат на Одделението за анестезиологија.

Тоа не е хронична болест и поради тоа има простор за одложување на операцијата. Се чека по изготвена листа, кога пациентот ќе дојде на ред, истиот ќе се оперира. Нема анестезиолози и тоа е проблемот за кој веќе алармиравме и со кој се соочуваме изминативе месеци, вели Ѓеорѓијев.

Ѓеорѓијев во МИА интервју минатата недела откри дека за само два месеци од болницата си заминале 30 вработени, лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, со што болницата работи со сто испразнети работни места. Одделението за анестезиологија, функционира со само тројца анестезиолози, но лекари специјалисти, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостигаат и на Ортопедија, Интерно, Очно, Инфективно и речиси сите останати одделенија. Дел од вработените заминаа во приватното здравство, друг дел се пензионираа. Во последниве две и пол години заминати се сто здравствени работници, а за истиот период нема вработувања.

The post Пациентите со месеци чекаат за операција на жолчка во штипската болница appeared first on Република.

]]>