Озлем Канел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ozlem-kanel/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 14:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Озлем Канел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ozlem-kanel/ 32 32 Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и на Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredbi-na-ministerot-toshkovski-so-ambasadorite-na-bosna-i-hertsegovina-i-na-holandija/ Wed, 11 Sep 2024 14:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=815408

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ и со холандската амбасадорка Озлем Канел.

На средбата со амбасадорот на БиХ, како што соопшти ресорното Министерство, Тошковски ја потенцирал одличната досегашна соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и изразил подготвеност за продлабочување на соработката, меѓу другото, и преку усогласување на неколку акти, како што се Меморандумот за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки и Протоколот за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, кои ќе овозможат олеснување на ваквата соработка.

На средбата со холандската амбасадорка Озлем Канел се разговарало за реформите во безбедносниот сектор и соработката на заедничките проекти и прашања од областа на безбедноста. Било разговарано за склучување на договор за полициска соработка меѓу владите на двете земји, кој ќе ја дефинира соработката во областите на борбата против екстремизмот и тероризмот, борбата против трговијата со дрога, како и во областа на форензиката, компјутерскиот криминал итн.

The post Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и на Холандија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ и со холандската амбасадорка Озлем Канел. На средбата со амбасадорот на БиХ, како што соопшти ресорното Министерство, Тошковски ја потенцирал одличната досегашна соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и изразил подготвеност за продлабочување на соработката, меѓу другото, и преку усогласување на неколку акти, како што се Меморандумот за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки и Протоколот за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, кои ќе овозможат олеснување на ваквата соработка. На средбата со холандската амбасадорка Озлем Канел се разговарало за реформите во безбедносниот сектор и соработката на заедничките проекти и прашања од областа на безбедноста. Било разговарано за склучување на договор за полициска соработка меѓу владите на двете земји, кој ќе ја дефинира соработката во областите на борбата против екстремизмот и тероризмот, борбата против трговијата со дрога, како и во областа на форензиката, компјутерскиот криминал итн.

The post Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и на Холандија appeared first on Република.

]]>