оземпик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ozempik/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 08:35:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оземпик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ozempik/ 32 32 Ќе ослабнете, ама ќе забремените: Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ke-oslabnete-ama-ke-zabremenite-lek-za-slabeene-koj-ja-zgolemuva-plodnosta-kaj-zhenata/ Fri, 29 Mar 2024 08:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=759991

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People).

Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете.

Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво.

- Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех.

Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек.

Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето.

„Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“.

Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите.

The post Ќе ослабнете, ама ќе забремените: Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената appeared first on Република.

]]>

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People). Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете. Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво. - Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех. Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек. Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето. „Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“. Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите.

The post Ќе ослабнете, ама ќе забремените: Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената appeared first on Република.

]]>
МЗ: Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-vo-insulinskite-apteki-ima-dovolno-kolichini-od-lekot-ozempik-i-ribelsus/ Wed, 07 Feb 2024 10:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=741392

Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) преку соопштение испратено до медиумите алармираше дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период.

https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-povtorno-alarmiraat-deka-nemaat-ozempik-i-ribelsus/

The post МЗ: Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) преку соопштение испратено до медиумите алармираше дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период. https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-povtorno-alarmiraat-deka-nemaat-ozempik-i-ribelsus/

The post МЗ: Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ appeared first on Република.

]]>
Дијабетичарите повторно алармираат дека немаат „оземпик“ и „рибелсус“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-povtorno-alarmiraat-deka-nemaat-ozempik-i-ribelsus/ Wed, 07 Feb 2024 09:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=741290

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) повторно алармира дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период.

За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на „ризодог“ согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти - еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија, велат од Сојузот.

Од СЗДМ ја известуваат јавноста дека се појавува недостиг на терапија „оземпик“ и „рибелсус“.

Побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, но, според нас, одговорот не е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено, велат од Сојузот.

Според СЗДМ моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелирале на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период, велат од СЗДМ.

The post Дијабетичарите повторно алармираат дека немаат „оземпик“ и „рибелсус“ appeared first on Република.

Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-go-koristete-ozempik-na-svoja-raka-za-slabeene-predupreduvaat-d-r-milenkovik-i-d-r-ahmeti/ Tue, 28 Feb 2023 14:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=614285

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес.

Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.

Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.

Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба.

Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

The post Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети appeared first on Република.

]]>

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес. Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.