овоштари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovoshtari/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 09:11:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png овоштари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovoshtari/ 32 32 Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат помош за надминување на проблемите со линиите за наводнување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lozari-i-ovoshtari-od-kavadartsi-i-vatasha-baraat-pomosh-za-nadminuvane-na-problemite-so-liniite-za-navodnuvane/ Sat, 02 Dec 2023 09:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=718576

Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување на земјоделски површини.

Како што информира Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“, тие писмено се обратиле и до АД „Водостопанство“, подружница „Тиквеш“. Станува збор за корисници на линиите К1-Бошава и К2-Бошава.

К1 линијата што врши дотур на вода до пумпната станица Вашата е неупотреблива од 2018 година, ништо не е преземено. Затоа пак, земјоделците чекаат вода за поливање од преливните базени на ЈП Комуналец – Кавадарци, во мала количина. Водата оди под слободен пат, а се фактурира како под пумпи, што е незаконски. Затоа треба веднаш да се намалат фактурите по цена – 731 од декар + 5% ДДВ. А за понатаму, во 2024 година, линијата во Ваташа во должина од 850 метри да се направи, пумпите да преработат, да се постават водомери на линиите на корисниците и на базенот кај Југокомерц да се мери влез на водата, а со тоа водокорисниците да бидат правилно задолжени и задоволни, а не како досега на штета на земјоделците, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека „К2 линијата нема вода од 2021 година“.

До денес, освен по два-три дена во сезоната. Затоа, потребно е итно санирање на проблемот и прочистување, за непречена фунцкионалност во наредните години, се вели во писмото реакција на здружението на лозароовоштари.

The post Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат помош за надминување на проблемите со линиите за наводнување appeared first on Република.

]]>

Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат надминување на проблемите со линии за наводнување на земјоделски површини. Како што информира Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“, тие писмено се обратиле и до АД „Водостопанство“, подружница „Тиквеш“. Станува збор за корисници на линиите К1-Бошава и К2-Бошава.
К1 линијата што врши дотур на вода до пумпната станица Вашата е неупотреблива од 2018 година, ништо не е преземено. Затоа пак, земјоделците чекаат вода за поливање од преливните базени на ЈП Комуналец – Кавадарци, во мала количина. Водата оди под слободен пат, а се фактурира како под пумпи, што е незаконски. Затоа треба веднаш да се намалат фактурите по цена – 731 од декар + 5% ДДВ. А за понатаму, во 2024 година, линијата во Ваташа во должина од 850 метри да се направи, пумпите да преработат, да се постават водомери на линиите на корисниците и на базенот кај Југокомерц да се мери влез на водата, а со тоа водокорисниците да бидат правилно задолжени и задоволни, а не како досега на штета на земјоделците, велат од Здружението.
Оттаму додаваат дека „К2 линијата нема вода од 2021 година“.
До денес, освен по два-три дена во сезоната. Затоа, потребно е итно санирање на проблемот и прочистување, за непречена фунцкионалност во наредните години, се вели во писмото реакција на здружението на лозароовоштари.

The post Лозари и овоштари од Кавадарци и Ваташа бараат помош за надминување на проблемите со линиите за наводнување appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Овоштарите протестираат за проблем од 2016 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-ovoshtarite-protestiraat-za-problem-od-2016-godina/ Thu, 25 Aug 2022 17:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=544117

Проблемот за кој денес протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети.
Оваа Влада посветено работеше пред се правно да ги нормализира работите со цел да овозможи правен основ за исплата на штетите предизвикани по разни основи уште од 2016 година.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/

Извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите.

Владата ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните во 29 општини во висина од 10% од вкупно проценетста штета која изнесува 2,2 милијарди денари.

На овој начин Владата овозможи услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел се земјоделци.

The post МЗШВ: Овоштарите протестираат за проблем од 2016 година appeared first on Република.

]]>

Проблемот за кој денес протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети. Оваа Влада посветено работеше пред се правно да ги нормализира работите со цел да овозможи правен основ за исплата на штетите предизвикани по разни основи уште од 2016 година. https://republika.mk/vesti/ekonomija/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/ Извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите. Владата ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните во 29 општини во висина од 10% од вкупно проценетста штета која изнесува 2,2 милијарди денари. На овој начин Владата овозможи услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел се земјоделци.

The post МЗШВ: Овоштарите протестираат за проблем од 2016 година appeared first on Република.

]]>
Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/ Thu, 25 Aug 2022 12:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=544015

Овоштарите од Преспа, но и овоштари од Охрид и Битола денеска одржаа мирен протест и блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид со кои испратија порака дека бараат да почне исплатата на средствата кои како што рекоа, веќе се одобрени со одлука на Владата.

Станува збор за околу 4,5 милиони евра кои треба да ги добијат околу 4.000 овоштари, најголем дел од нив од Ресенско, но и овоштари од Битола и Охрид, истакна Љубе Пампулевски, овоштар од Ресен.

На денешниот прв протест потсетивме дека веднаш треба да се исплатат средствата, односно надомест за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и во 2018 година врз овошните насади. Бараме средствата во целост да се исплатат најдоцна до 29 август оваа година, односно средствата да се уплатат на посебната, наменска сметка на Општина Ресен, во спротивно ние ќе продолжиме со протести - посочи Пампулевски.

За време на двочасовниот мирен протест, овоштарите изнесоа 11 барања до владата со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат во време на зголемени трошоци кои директно влијаат врз овоштарството и овоштарите.

Бараме повисока цена на индустриското јаболко, навремена исплата на картичките за зелена нафта, а в година субвенционирањето да биде изразено во литри заради различната цена на нафтата, односно овоштарите реално да ги добијат договорените 100 литри нафта по хектар. Бараме исплата на сите заостанати дополнителни плаќања за регистриран земјоделец и рурален развој за 2020 и 2021 година, покачување на субвенциите за директни плаќања за 50 насто во 2023 година, забрзување на изградбата на откупно-дистрибутивниот центар за јаболка кај Царев Двор и други дополнителни барања - истакна Пампулевски.

Преспанските овоштари побараа државата да обезбеди посигурни пазари за извоз на конзумното јаболко, односно Владата да го задолжи МНР преку своите амбасадори да создадат услови за извоз на македонско јаболко во африканските земји, Турција, Египет и на Блискиот Исток.

The post Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Овоштарите од Преспа, но и овоштари од Охрид и Битола денеска одржаа мирен протест и блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид со кои испратија порака дека бараат да почне исплатата на средствата кои како што рекоа, веќе се одобрени со одлука на Владата. Станува збор за околу 4,5 милиони евра кои треба да ги добијат околу 4.000 овоштари, најголем дел од нив од Ресенско, но и овоштари од Битола и Охрид, истакна Љубе Пампулевски, овоштар од Ресен.
На денешниот прв протест потсетивме дека веднаш треба да се исплатат средствата, односно надомест за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и во 2018 година врз овошните насади. Бараме средствата во целост да се исплатат најдоцна до 29 август оваа година, односно средствата да се уплатат на посебната, наменска сметка на Општина Ресен, во спротивно ние ќе продолжиме со протести - посочи Пампулевски.
За време на двочасовниот мирен протест, овоштарите изнесоа 11 барања до владата со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат во време на зголемени трошоци кои директно влијаат врз овоштарството и овоштарите.
Бараме повисока цена на индустриското јаболко, навремена исплата на картичките за зелена нафта, а в година субвенционирањето да биде изразено во литри заради различната цена на нафтата, односно овоштарите реално да ги добијат договорените 100 литри нафта по хектар. Бараме исплата на сите заостанати дополнителни плаќања за регистриран земјоделец и рурален развој за 2020 и 2021 година, покачување на субвенциите за директни плаќања за 50 насто во 2023 година, забрзување на изградбата на откупно-дистрибутивниот центар за јаболка кај Царев Двор и други дополнителни барања - истакна Пампулевски.
Преспанските овоштари побараа државата да обезбеди посигурни пазари за извоз на конзумното јаболко, односно Владата да го задолжи МНР преку своите амбасадори да создадат услови за извоз на македонско јаболко во африканските земји, Турција, Египет и на Блискиот Исток.

The post Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Oвоштарите од Преспа излегуваат на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ovoshtarite-od-prespa-izleguvaat-na-protest/ Thu, 25 Aug 2022 05:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=543834

Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.

Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година.

The post Oвоштарите од Преспа излегуваат на протест appeared first on Република.

]]>

Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година.

The post Oвоштарите од Преспа излегуваат на протест appeared first on Република.

]]>
Земјоделците оставени на немилост: Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodelcite-ostaveni-na-nemilost-ovoshtarite-od-prespa-utre-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/ Wed, 24 Aug 2022 11:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=543637

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.

Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим, Љубе Пампулевски, истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.

Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари - изјави Пампулевски.

Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.

Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата - нагласува Пампулевски.

Оганизаторите на протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“, посочуваат дека протестот е уредно пријавен.

The post Земјоделците оставени на немилост: Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид appeared first on Република.

]]>

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим, Љубе Пампулевски, истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.
Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари - изјави Пампулевски.
Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.
Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата - нагласува Пампулевски.
Оганизаторите на протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“, посочуваат дека протестот е уредно пријавен.

The post Земјоделците оставени на немилост: Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид appeared first on Република.

]]>
Лозарите и овоштарите од Кавадарци на протест: Министерот Николовски спие, ако немаме вода ќе излеземе на порадикален протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lozarite-i-ovoshtarite-od-kavadarci-na-protest-ministerot-nikolovski-spie-ako-nemame-voda-kje-izlezeme-na-poradikalen-protest/ Tue, 03 May 2022 18:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=497113

Лозароовоштарите од Кавадарци денеска излегоа на протест поради проблемите со водостопанството.

-Конкретно ни беше ветено, бидејќи немаме вода, каналска мрежа од 860 метра, од Ваташа до КА1, а потоа и каналот за наводнување КА2 нема вода, истите прикаски ни ги кажуваат со години, дека „Водостопанство Кавадарци“ бараат од државата, но тие не им одобруваат, велат земјоделците од Кавадарци.

Тие додаваат дека главните канали за вода не се пуштени, а е месец мај и праските веќе не зреат.

-Дефектите не се поправаат, водостопанство спие, ќе мора порадикални мерки да преземеме, ако не се решат нашите проблеми во наредните десетина дена, велат тие.

Велат дека бараат субвенции за потрошената струја од пумпите.

https://youtu.be/8vu6Q9MItk8

The post Лозарите и овоштарите од Кавадарци на протест: Министерот Николовски спие, ако немаме вода ќе излеземе на порадикален протест appeared first on Република.

]]>

Лозароовоштарите од Кавадарци денеска излегоа на протест поради проблемите со водостопанството.
-Конкретно ни беше ветено, бидејќи немаме вода, каналска мрежа од 860 метра, од Ваташа до КА1, а потоа и каналот за наводнување КА2 нема вода, истите прикаски ни ги кажуваат со години, дека „Водостопанство Кавадарци“ бараат од државата, но тие не им одобруваат, велат земјоделците од Кавадарци.
Тие додаваат дека главните канали за вода не се пуштени, а е месец мај и праските веќе не зреат.
-Дефектите не се поправаат, водостопанство спие, ќе мора порадикални мерки да преземеме, ако не се решат нашите проблеми во наредните десетина дена, велат тие.
Велат дека бараат субвенции за потрошената струја од пумпите. https://youtu.be/8vu6Q9MItk8

The post Лозарите и овоштарите од Кавадарци на протест: Министерот Николовски спие, ако немаме вода ќе излеземе на порадикален протест appeared first on Република.

]]>