овошен јогурт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovoshen-jogurt/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 10:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png овошен јогурт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovoshen-jogurt/ 32 32 Грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо го забрзуваат стареењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gritski-zashekereni-napitotsi-industriski-leb-ovoshen-jogurt-zhitarki-i-alternativi-za-meso-go-zabrzuvaat-stareeneto/ Mon, 11 Nov 2024 10:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=836266

Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо - сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија.

Покрај тоа што е нутритивно несоодветна, таа е богата со шеќер, сол и заситени или транс-масти, и е подложена на интензивна индустриска обработка, што, всушност, ја менува структурата на храната, а тоа доведува до губење хранливи материи и влакна. Сѐ ова може да има сериозни последици врз бројни физиолошки функции, вклучително и метаболизмот на шеќерот и составот и функционалноста на цревниот микробиом, објасни нутриционистичкиот епидемиолог и авторка на трудот, д-р Маријалаура Боначио.

Староста на човековите клетки и ткива е под влијание и на генетиката, навиките за животен стил, исхраната и физичката активност. Така, средновечните и постарите италијански учесници во испитувањата, кои добивале повеќе од 14 отсто од дневните калории од високопреработена храна, изгледале постари отколку што всушност биле, пренесува „Њујорк пост“ (New York Post).

И друго неодамнешно истражување на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско покажа дека додадениот шеќер го забрзува биолошкото стареење, дури и ако е дел од здрава исхрана. Високото ниво шеќер во крвта може да ги оштети клетките и да предизвика хронично воспаление, коешто е поврзано со дебелина, срцеви заболувања, дијабетес, заболувања на црниот дроб и разни видови рак.

Така, истражувањата сè повеќе сугерираат дека избегнувањето високопреработена храна и додаден шеќер може да биде клучно за побавно стареење и одржување на целокупното здравје.

The post Грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо го забрзуваат стареењето appeared first on Република.

]]>

Домашен овошен јогурт: Вистинско летно освежување кое се подготвува за минута https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/domashen-ovoshen-jogurt-vistinsko-letno-osvezhuvane-koe-se-podgotvuva-za-minuta/ Sun, 30 Jun 2024 13:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=792122

Домашниот овошен јогурт е здраво летно освежување. За разлика од фабричките, не е презаситен со шеќер, а многу лесно се прави. Се што ви треба е грчки јогурт и сезонско овошје, а ние овој пат ви предлагаме боровинки.

Процесот на подготовка на овој овошен јогурт е многу едноставен.

Потребно е:
250 гр боровинки
250 гр грчки јогурт
1 лажица мед

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво изблендирајте. Ќе знаете дека смесата е готова кога текстурата ќе стане како сладолед. Префрлете го во сад или чаша, одозгора ставете неколку замрзнати бобинки за декорација и послужете веднаш. Ништо полесно! Па, ако ви се допаѓа оваа форма на млечен производ, трчајте во кујната, бидејќи ви се потребни само пет минути од вашето време.

СОВЕТ: Можете исто така да ја замрзнете оваа смеса и подоцна да ја јадете како сладолед или како додаток на некоја чоколадна торта.

Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина. Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти.

The post Домашен овошен јогурт: Вистинско летно освежување кое се подготвува за минута appeared first on Република.

]]>

Домашниот овошен јогурт е здраво летно освежување. За разлика од фабричките, не е презаситен со шеќер, а многу лесно се прави. Се што ви треба е грчки јогурт и сезонско овошје, а ние овој пат ви предлагаме боровинки. Процесот на подготовка на овој овошен јогурт е многу едноставен. Потребно е: 250 гр боровинки 250 гр грчки јогурт 1 лажица мед Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и убаво изблендирајте. Ќе знаете дека смесата е готова кога текстурата ќе стане како сладолед. Префрлете го во сад или чаша, одозгора ставете неколку замрзнати бобинки за декорација и послужете веднаш. Ништо полесно! Па, ако ви се допаѓа оваа форма на млечен производ, трчајте во кујната, бидејќи ви се потребни само пет минути од вашето време. СОВЕТ: Можете исто така да ја замрзнете оваа смеса и подоцна да ја јадете како сладолед или како додаток на некоја чоколадна торта. Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина. Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти.

The post Домашен овошен јогурт: Вистинско летно освежување кое се подготвува за минута appeared first on Република.

]]>