ОВК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovk/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 11:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОВК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovk/ 32 32 Ја чисти пушката вперена во лицето: Терористот Хајризи од мал бил по оружјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ja-chisti-pushkata-vperena-vo-litseto-teroristot-hajrizi-od-mal-bil-po-oruzhjeto/ Wed, 11 Sep 2024 11:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=815338

Албанскиот терорист и припадник на ОВК Фатон Хајризи на 18 јули во Лозница го уби српскиот полицаец Никола Крсмановиќ (34), а 36 часа подоцна бeше ликвидиран откако пукаше  во српската полиција.

Хајризи бил затвореник кој дури девет пати избегал од затвор, а неговата посветеност на ОВК датира од неговите детски денови, па  се појави фотографија од тој период на која тој чисти пушка.

На фотографијата се гледа Фатон Хајризи како седи на тепих, облечен во црно-бела маица, маслинесто зелени панталони кои потсетуваат на војнички и позира насмеано.

 

The post Ја чисти пушката вперена во лицето: Терористот Хајризи од мал бил по оружјето appeared first on Република.

]]>

Албанскиот терорист и припадник на ОВК Фатон Хајризи на 18 јули во Лозница го уби српскиот полицаец Никола Крсмановиќ (34), а 36 часа подоцна бeше ликвидиран откако пукаше  во српската полиција. Хајризи бил затвореник кој дури девет пати избегал од затвор, а неговата посветеност на ОВК датира од неговите детски денови, па  се појави фотографија од тој период на која тој чисти пушка. На фотографијата се гледа Фатон Хајризи како седи на тепих, облечен во црно-бела маица, маслинесто зелени панталони кои потсетуваат на војнички и позира насмеано.  

The post Ја чисти пушката вперена во лицето: Терористот Хајризи од мал бил по оружјето appeared first on Република.

]]>
УЧК во Гњилане имале соба за мачење затвореници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchk-vo-gnilane-imale-soba-za-machene-zatvorenitsi/ Tue, 20 Aug 2024 19:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=808291

На судењето на водачите на поранешната ОВК во Хаг, денеска сведочеше поранешниот офицер на американскиот КФОР Стив Расел.

Сведокот на обвинителството Расел за време на неговото прво сведочење изјави дека на 9 август 1999 година, меѓународните сили извршиле рација во зградата на интернатот во Гњилане, каде што, спротивно на Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244, се наоѓал илегалниот штаб на ОВК.

https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-ofitser-na-kfor-tvrdi-nato-bombardiraneto-na-srbija-ne-beshe-za-mir-tuku-meshane-vo-suverinitetot/

Соба за мачење

Покрај значителното количество оружје, муниција, мини и друга опрема што ОВК, според договорот, требаше да ги предаде, КФОР, според зборовите на Расел, во интернатот пронашол и „соба за мачење“.

Во таа подрумска просторија е пронајдено столче околу кое имало дамки од „многу свежа крв“, како и „остри инструменти, разни палки, цевки, електрични жици“.

Според обвинението, во јули 1999 година, Мирко Јовиќ и Џемо Жуљиќ биле убиени во притвор на ОВК на таа локација.

Според обвинението, другите приведени биле „тешко тепани и психички малтретирани“ од припадници на ОВК „удејќи ги со шипки и палки по целото тело, удирање со клоци и тупаници и закани со насилство и смрт“.

The post УЧК во Гњилане имале соба за мачење затвореници appeared first on Република.

]]>

На судењето на водачите на поранешната ОВК во Хаг, денеска сведочеше поранешниот офицер на американскиот КФОР Стив Расел. Сведокот на обвинителството Расел за време на неговото прво сведочење изјави дека на 9 август 1999 година, меѓународните сили извршиле рација во зградата на интернатот во Гњилане, каде што, спротивно на Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244, се наоѓал илегалниот штаб на ОВК. https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-ofitser-na-kfor-tvrdi-nato-bombardiraneto-na-srbija-ne-beshe-za-mir-tuku-meshane-vo-suverinitetot/

Соба за мачење

Покрај значителното количество оружје, муниција, мини и друга опрема што ОВК, според договорот, требаше да ги предаде, КФОР, според зборовите на Расел, во интернатот пронашол и „соба за мачење“.
Во таа подрумска просторија е пронајдено столче околу кое имало дамки од „многу свежа крв“, како и „остри инструменти, разни палки, цевки, електрични жици“.
Според обвинението, во јули 1999 година, Мирко Јовиќ и Џемо Жуљиќ биле убиени во притвор на ОВК на таа локација. Според обвинението, другите приведени биле „тешко тепани и психички малтретирани“ од припадници на ОВК „удејќи ги со шипки и палки по целото тело, удирање со клоци и тупаници и закани со насилство и смрт“.

The post УЧК во Гњилане имале соба за мачење затвореници appeared first on Република.

]]>
По потерница од Србија: Македонската полиција уапси поранешен припадник на ОВК https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-poternitsa-od-srbija-makedonskata-politsija-uapsi-poraneshen-pripadnik-na-ovk/ Thu, 18 Jul 2024 09:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=797973

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

Нашиот амбасадор во Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.

The post По потерница од Србија: Македонската полиција уапси поранешен припадник на ОВК appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме. Нашиот амбасадор во Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението.

The post По потерница од Србија: Македонската полиција уапси поранешен припадник на ОВК appeared first on Република.

]]>
Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/denot-koga-maskirani-teroristi-na-ovk-zverski-ubija-shest-srpski-momchina-vo-panda-kafe-vo-pek/ Thu, 14 Dec 2023 07:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=721951

На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца.

Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност.

На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и
Трифовиќ Драган (17).

Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ.

Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.

 

The post Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца. Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност. На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и Трифовиќ Драган (17). Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ. Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.  

The post Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ appeared first on Република.

]]>
Во Хаг продолжи судењето на командантите на ОВК, Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-hag-prodolzhi-sudeneto-na-komandantite-na-ovk-hashim-tachi-redhep-selimi-jakup-krasniki-i-kadri-veseli/ Thu, 20 Jul 2023 12:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=663557

Судењето на на поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели, започна во 9 часот, додека вчера беше сослушан 14-от сведок во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК, британскиот разузнавач кој служел на Косово, Френсис Ледвиџ.

Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата. Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.

 

 

The post Во Хаг продолжи судењето на командантите на ОВК, Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели appeared first on Република.

]]>

Судењето на на поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели, започна во 9 часот, додека вчера беше сослушан 14-от сведок во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК, британскиот разузнавач кој служел на Косово, Френсис Ледвиџ. Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата. Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.
 
 

The post Во Хаг продолжи судењето на командантите на ОВК, Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели appeared first on Република.

]]>
Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/deneska-vo-hag-prodolzhuva-sudeneto-na-poraneshnite-vodachi-na-ovk-hashim-tachi-kadri-veseli-jakup-krasniki-i-redhep-selimi/ Mon, 22 May 2023 09:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=643502

Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, пренесува Газета експрес.

Денеска ќе биде сослушан петтиот сведок кој сведочеше минатата недела, делумно приватно, делумно јавно.

Судскиот совет изрази загриженост што речиси сите докази досега во овој судски случај се изведуваат на приватни или затворени седници и потсетија дека од јавен интерес е овој процес, колку што е можно, да се води јавно.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела.

Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства.

Судењето започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.

The post Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими appeared first on Република.

]]>

Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, пренесува Газета експрес. Денеска ќе биде сослушан петтиот сведок кој сведочеше минатата недела, делумно приватно, делумно јавно. Судскиот совет изрази загриженост што речиси сите докази досега во овој судски случај се изведуваат на приватни или затворени седници и потсетија дека од јавен интерес е овој процес, колку што е можно, да се води јавно. Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела. Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства. Судењето започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.

The post Денеска во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими appeared first on Република.

]]>
Рама повтори: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-povtori-sobranieto-na-se-da-ja-otstrani-damkata-od-albanija-i-ovk-za-trgovija-so-organi/ Wed, 17 May 2023 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=641853

Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА.

Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“.

-Денес, на овој самит на Советот на Европа, не можам да седам без да се сетам дека неправдата кон ослободителната војна на Косово и нејзиниот лидер Хашим Тачи започна токму во Советот на Европа под злонамерно влијание на поранешната членка на овој Советот во тоа време, Руската Федерација. На претседателот на Косово, или како што Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон на Косово, сега му суди специјален суд основан од демократскиот свет, но врз основа на извештајот на Советот од 2019 година кој беше ѓаволски спонзориран од претставниците на Владимир Путин во Собранието на Советот на Европа, рекол Рама.

Според него тогаш биле покренати целосно неосновани обвинувања за трговија со човечки органи како „почетна точка на криминалната кампања за оцрнување на Албанија и Косово“.

Рама рече дека кога ги слушнал пропагандните разговори на Кремљ за трговија со човечки органи од страна на неонацистите во Донбас, се чувствувал како да го видел претседателот Зеленски 10 години подоцна, суден од специјален суд по истите апсурдни обвиненија.

-Јас би бил виновен да молчев и да не зборувам денес овде и да го кажам следново, дека Собранието на Советот на Европа има морална обврска да ја исправи секоја грешка и во овој случај треба да го отвори патот за повлекување на извештајот во кој Албанија лажно се означува како база за сомнителна трговија со органи од страна на Ослободителната војска на Косово. Да се одбие да се соочиме со вистината денес би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години каде многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја, продолжил Рама.

Според него „да се одбие да се соочиш со вистината денес, би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години кога многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“.

Премиерот рече дека „Албанија никогаш немала илузии за природата на режимот на Москва и односот со Москва не постои уште од смртта на Јосиф Висарионовиќ Сталин“.

Нагласил дека секоја и најмала работа што ја направиле за Украина, ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор.

-Од почетокот на војната, популарноста на Владимир Путин варира во Албанија од 0,7% на 1,2%. Албанија е доволно мала за да влијае на судбината на една ваква решавачка војна за иднината на Европа и светот, но секоја и најмала работа што ја направивме за Украина ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор. Ова е причината што најубавото нешто што ние Албанците ќе го добиеме од овој самит, толку добро организиран од нашите исландски домаќин, изјавил Рама.

Рекол дека „мора да и се заблагодариме на Украина за она што го прави за сите нас и за Европа“.

The post Рама повтори: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА. Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“.
-Денес, на овој самит на Советот на Европа, не можам да седам без да се сетам дека неправдата кон ослободителната војна на Косово и нејзиниот лидер Хашим Тачи започна токму во Советот на Европа под злонамерно влијание на поранешната членка на овој Советот во тоа време, Руската Федерација. На претседателот на Косово, или како што Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон на Косово, сега му суди специјален суд основан од демократскиот свет, но врз основа на извештајот на Советот од 2019 година кој беше ѓаволски спонзориран од претставниците на Владимир Путин во Собранието на Советот на Европа, рекол Рама.
Според него тогаш биле покренати целосно неосновани обвинувања за трговија со човечки органи како „почетна точка на криминалната кампања за оцрнување на Албанија и Косово“. Рама рече дека кога ги слушнал пропагандните разговори на Кремљ за трговија со човечки органи од страна на неонацистите во Донбас, се чувствувал како да го видел претседателот Зеленски 10 години подоцна, суден од специјален суд по истите апсурдни обвиненија.
-Јас би бил виновен да молчев и да не зборувам денес овде и да го кажам следново, дека Собранието на Советот на Европа има морална обврска да ја исправи секоја грешка и во овој случај треба да го отвори патот за повлекување на извештајот во кој Албанија лажно се означува како база за сомнителна трговија со органи од страна на Ослободителната војска на Косово. Да се одбие да се соочиме со вистината денес би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години каде многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја, продолжил Рама.
Според него „да се одбие да се соочиш со вистината денес, би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години кога многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“. Премиерот рече дека „Албанија никогаш немала илузии за природата на режимот на Москва и односот со Москва не постои уште од смртта на Јосиф Висарионовиќ Сталин“. Нагласил дека секоја и најмала работа што ја направиле за Украина, ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор.
-Од почетокот на војната, популарноста на Владимир Путин варира во Албанија од 0,7% на 1,2%. Албанија е доволно мала за да влијае на судбината на една ваква решавачка војна за иднината на Европа и светот, но секоја и најмала работа што ја направивме за Украина ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор. Ова е причината што најубавото нешто што ние Албанците ќе го добиеме од овој самит, толку добро организиран од нашите исландски домаќин, изјавил Рама.
Рекол дека „мора да и се заблагодариме на Украина за она што го прави за сите нас и за Европа“.

The post Рама повтори: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи appeared first on Република.

]]>
Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/ Thu, 06 Apr 2023 13:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=628037

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите.

Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра.

Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета.

Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив.

По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.

 

The post Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра. Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета. Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив. По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.  

The post Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Затворениците сами си ги копале гробовите, мислеле дека смртта е спас, а Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими знаеле за тортурата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvorenitsite-sami-si-gi-kopale-grobovite-mislele-deka-smrtta-e-spas-a-tachi-veseli-krasniki-i-selimi-znaele-za-torturata/ Mon, 03 Apr 2023 16:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=626821

Обвинителството заврши со уводните зборови пред Специјализираните совети со седиште во Хаг на почетокот на судењето на четворицата поранешни лидери на ОВК.

Освен присилно затворање, обвинителството тврди дека четворицата обвинети – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими се одговорни за најмалку 102 убиства.

Обвинителот Џејмс Пејс рече дека уште најмалку 20 лица кои биле убиени сè уште се водат како исчезнати.

Тој рече дека затворениците биле држени во многу лоши услови, дека биле врзани со синџири, и не добивале храна.

Притворите на одредени локации биле толку лоши што некои мислеле дека смртта им е подобра опција, рече обвинителот, истакнувајќи дека обвинетите го знаеле сето тоа.

Обвинителот Пејс рече дека затворениците биле тепани или физички малтретирани, а некои од методите на тортура биле удирање со палки по телото, сечење на телото со ножеви, струен удар, повреда со врел восок и други.

Обвинителот наведе и дека некои од затворениците биле принудени сами да си ги ископаат гробовите, а некои биле тепани додека не изгубиле свест.

Тој рече дека оние кои преживеале тортура повеќе од 25 години живеат во страдање и заклучи дека мора да ја добијат правдата.

Специјализираното обвинителство при излагањето на воведните зборови наведе дека има извештаи од меѓународни организации дека ОВК не се трансформирала по завршувањето на војната, односно дека е прекршен договорот за демилитаризација.

Обвинителството тврди дека злосторствата се вршени систематски и континуирано заради остварување на заедничка криминална цел.

Беше прикажана и мапа со локациите каде што наводно се држеле затворениците, а обвинителството наведе дека во текот на судскиот процес ќе докаже и како биле преместени од затвор во затвор, како на територијата на Косово, така и во Кукеш и Цахан на северот на Албанија.

Обвинителот Џејмс Пејс рече дека меѓу жртвите има и луѓе кои се занимавале со шумарство, земјоделство, како и новинари, наставници и други.

Обвинителот на Специјалниот суд спомена три села, во кои се држеле луѓе, а потоа некои од нив биле убиени.

Станува збор за Лапушник, Злаш и Клечка.

Во Лапушник, обвинителот рече дека од крајот на април 1998 година до 25 или 26 јули 1998 година биле приведени 30 лица.

Обвинетите се обвинети за убиство на 10 жртви кои биле држени таму.

Второто место кое се споменува е Злаш, а обвинетите се обвинети за убиство на еден од осумтемина притвореници.

Според обвинителот, во Клечка биле приведени 20 лица, а 11 од нив биле убиени.

The post Затворениците сами си ги копале гробовите, мислеле дека смртта е спас, а Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими знаеле за тортурата appeared first on Република.

]]>

Обвинителството заврши со уводните зборови пред Специјализираните совети со седиште во Хаг на почетокот на судењето на четворицата поранешни лидери на ОВК. Освен присилно затворање, обвинителството тврди дека четворицата обвинети – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими се одговорни за најмалку 102 убиства. Обвинителот Џејмс Пејс рече дека уште најмалку 20 лица кои биле убиени сè уште се водат како исчезнати. Тој рече дека затворениците биле држени во многу лоши услови, дека биле врзани со синџири, и не добивале храна.
Притворите на одредени локации биле толку лоши што некои мислеле дека смртта им е подобра опција, рече обвинителот, истакнувајќи дека обвинетите го знаеле сето тоа.
Обвинителот Пејс рече дека затворениците биле тепани или физички малтретирани, а некои од методите на тортура биле удирање со палки по телото, сечење на телото со ножеви, струен удар, повреда со врел восок и други. Обвинителот наведе и дека некои од затворениците биле принудени сами да си ги ископаат гробовите, а некои биле тепани додека не изгубиле свест. Тој рече дека оние кои преживеале тортура повеќе од 25 години живеат во страдање и заклучи дека мора да ја добијат правдата. Специјализираното обвинителство при излагањето на воведните зборови наведе дека има извештаи од меѓународни организации дека ОВК не се трансформирала по завршувањето на војната, односно дека е прекршен договорот за демилитаризација. Обвинителството тврди дека злосторствата се вршени систематски и континуирано заради остварување на заедничка криминална цел. Беше прикажана и мапа со локациите каде што наводно се држеле затворениците, а обвинителството наведе дека во текот на судскиот процес ќе докаже и како биле преместени од затвор во затвор, како на територијата на Косово, така и во Кукеш и Цахан на северот на Албанија. Обвинителот Џејмс Пејс рече дека меѓу жртвите има и луѓе кои се занимавале со шумарство, земјоделство, како и новинари, наставници и други. Обвинителот на Специјалниот суд спомена три села, во кои се држеле луѓе, а потоа некои од нив биле убиени. Станува збор за Лапушник, Злаш и Клечка. Во Лапушник, обвинителот рече дека од крајот на април 1998 година до 25 или 26 јули 1998 година биле приведени 30 лица. Обвинетите се обвинети за убиство на 10 жртви кои биле држени таму. Второто место кое се споменува е Злаш, а обвинетите се обвинети за убиство на еден од осумтемина притвореници. Според обвинителот, во Клечка биле приведени 20 лица, а 11 од нив биле убиени.

The post Затворениците сами си ги копале гробовите, мислеле дека смртта е спас, а Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими знаеле за тортурата appeared first on Република.

]]>
Џафери, Ахмети и Груби на одбележувањето на годишнината од основањето на ОВК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-ahmeti-i-grubi-na-odbelezhuvaneto-na-godishninata-od-osnovaneto-na-ovk/ Mon, 06 Mar 2023 19:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=616563

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со други претставници од политичкиот живот во земјата се приклучи на активностите кои традиционално се организираат во Република Косово за одбележување на годишнините од основањето на Ослободителната војска на Косово.

Како што информираат од од собраниската прес-служба, оваа година се чествува јубилејна 25. годишнина од таа Епопеја и покрај другите настани, претседателот Џафери, со положување на венец свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК, легендарниот херој Адем Јашари и целото храбро семејство Јашари во Меморијалниот центар во Преказ, Дреница, ја изрази неговата почит за храбриот отпор на целото семејство Јашари чија што пожртвуваност, борба за слобода и ослободување на татковината беше многу поважна од нивниот личен живот кој што го положија за отворање на патот кон една многу повисоката цел.

Целиот настан се одвива во присуство на истакнати актуелни и поранешни борци за слобода, политички претставници од земјата и регионот и членови на семејствата на соборците.

Меморијалниот центар во Преказ е најважниот и најтажен споменик на борбата за слобода и потсетник кој што ги инспирира и актуелните и идни генерации да не го заборават аманетот на претходните генерации.

Фото: Собрание на Република Македонија

The post Џафери, Ахмети и Груби на одбележувањето на годишнината од основањето на ОВК appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со други претставници од политичкиот живот во земјата се приклучи на активностите кои традиционално се организираат во Република Косово за одбележување на годишнините од основањето на Ослободителната војска на Косово. Како што информираат од од собраниската прес-служба, оваа година се чествува јубилејна 25. годишнина од таа Епопеја и покрај другите настани, претседателот Џафери, со положување на венец свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК, легендарниот херој Адем Јашари и целото храбро семејство Јашари во Меморијалниот центар во Преказ, Дреница, ја изрази неговата почит за храбриот отпор на целото семејство Јашари чија што пожртвуваност, борба за слобода и ослободување на татковината беше многу поважна од нивниот личен живот кој што го положија за отворање на патот кон една многу повисоката цел. Целиот настан се одвива во присуство на истакнати актуелни и поранешни борци за слобода, политички претставници од земјата и регионот и членови на семејствата на соборците. Меморијалниот центар во Преказ е најважниот и најтажен споменик на борбата за слобода и потсетник кој што ги инспирира и актуелните и идни генерации да не го заборават аманетот на претходните генерации. Фото: Собрание на Република Македонија

The post Џафери, Ахмети и Груби на одбележувањето на годишнината од основањето на ОВК appeared first on Република.

]]>
Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и другите членови на УЧК обвинети во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ahmeti-bara-sloboda-za-hashim-tachi-i-drugite-chlenovi-na-uchk-obvineti-vo-hag/ Sun, 06 Nov 2022 08:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=570268

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи побара слобода за Хашим Тачи и останати борци од УЧК кои се во притвор во Хаг.

Како што порачува Ахмети, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи и борците, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи неправедно се оддалечени од нивните домови.

Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји, се вели во објавата на Ахмети.

The post Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и другите членови на УЧК обвинети во Хаг appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи побара слобода за Хашим Тачи и останати борци од УЧК кои се во притвор во Хаг. Како што порачува Ахмети, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи и борците, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи неправедно се оддалечени од нивните домови.
Длабоко сум убеден дека правдата ќе триумфира и овој пат со сите аргументи и дека ќе се докаже невиноста на лидерите на УЧК и чистата војна на албанскиот народ кој е автохтон во своите земји, се вели во објавата на Ахмети.

The post Ахмети бара слобода за Хашим Тачи и другите членови на УЧК обвинети во Хаг appeared first on Република.

]]>
Сведок откри: Хашим Тачи лично го надгледуваше вадењето органи на Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svedok-otkri-hashim-tachi-lichno-go-nadgleduvashe-vadenjeto-organi-na-srbite/ Fri, 27 May 2022 08:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=507482

Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, лидерите на  ОВК на кои им се суди во Хаг за најмонструозните злосторства, збеснаа кога дознаа дека Специјалниот суд доделил статус на жртви на уште 12 лица.

Овие луѓе седиректни жртви на злосторства извршени од  ОВК на кои од минатата година им се суди во Хаг.

Еди од сведоците детално раскажа и како настанала озлогласената „жолта куќа“ на северот на Албанија, во која монструми им ваделе органи на Србите.

-Ранет беше најдобриот пријател на Тачи и префрлен на северот на Албанија, во  жолтата куќа. Истиот или следниот ден донесоа затвореник на кој му извадија бубрег и му го пресадија на ранетиот пријател на Тачи изјави овој заштитен сведок.

Според податоците кои ги изнесе на обвинителството, во овој објект поради вадење органи биле убиени 162 лица.

- Повеќето од нив беа Срби. Убија и Албанци кои не беа лојални на ОВК. Се поврзаа со Турција и со луѓе од Дубаи и Израел. Најскапиот орган беше човечкото срце - изјави овој сведок од кого најмногу се плаши Хашим Тачи.

The post Сведок откри: Хашим Тачи лично го надгледуваше вадењето органи на Србите appeared first on Република.

]]>

Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, лидерите на  ОВК на кои им се суди во Хаг за најмонструозните злосторства, збеснаа кога дознаа дека Специјалниот суд доделил статус на жртви на уште 12 лица. Овие луѓе седиректни жртви на злосторства извршени од  ОВК на кои од минатата година им се суди во Хаг. Еди од сведоците детално раскажа и како настанала озлогласената „жолта куќа“ на северот на Албанија, во која монструми им ваделе органи на Србите.
-Ранет беше најдобриот пријател на Тачи и префрлен на северот на Албанија, во  жолтата куќа. Истиот или следниот ден донесоа затвореник на кој му извадија бубрег и му го пресадија на ранетиот пријател на Тачи изјави овој заштитен сведок.
Според податоците кои ги изнесе на обвинителството, во овој објект поради вадење органи биле убиени 162 лица.
- Повеќето од нив беа Срби. Убија и Албанци кои не беа лојални на ОВК. Се поврзаа со Турција и со луѓе од Дубаи и Израел. Најскапиот орган беше човечкото срце - изјави овој сведок од кого најмногу се плаши Хашим Тачи.

The post Сведок откри: Хашим Тачи лично го надгледуваше вадењето органи на Србите appeared first on Република.

]]>