овци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovci/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 06:50:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png овци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovci/ 32 32 Мечка уби и изеде овци во гостиварско Равен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechka-ubi-i-izede-ovtsi-vo-gostivarsko-raven/ Thu, 13 Jun 2024 06:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=787093

На бројот за итни случаи - 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС - Гостивар, наведуваат од ЦУК.

Како што додаваат, по утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.

The post Мечка уби и изеде овци во гостиварско Равен appeared first on Република.

]]>

Шверцувале овци од Србија во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shvertsuvale-ovtsi-od-srbija-vo-kosovo/ Sat, 30 Dec 2023 17:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=728267

Косовската полиција соопшти дека утрово имала оружен судир со неколку лица во областа на Зубин Поток, во северно Косово, во близина на косовско-српската граница, кои се обидувале да прошверцуваат овци од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата се наведува дека, „при извршување на работните задачи и полициските активности, полициски службеници од Единицата за брзи интервенции на Граничната полиција, денеска околу 06:15 часот во селото Бубе кај Зубин Поток забележале сомнителни движења на неколку возила“.

„Полицијата во обид да ги запре и контролира сомнителните возила наиде на оружен отпор од осомничени лица. Соочени со таква ситуација, за да се заштитат и да ја стават ситуацијата под контрола, полициските службеници одговорија на вооружениот напад и успеаја да уапсат еден од осомничените: Д.И. (роден 1981 година, косовски Србин од Зубин Поток). При размената на оган полициските службеници и уапсените не се повредени“ – се вели во полициското соопштение.

При контрола на камионот пронајдени се натоварени 40 овци, без пропратна документација, за кои постои сомневање дека се прошверцувани од Србија во Косово. На истото место се пронајдени две напуштени возила за кои постои сомневање дека го придружувале камионот.

„На местото на настанот излегоа полициски единици, а за случајот е известен надлежен обвинител. Против осомничениот е подигнато обвинение за две кривични дела-„напад врз службено лице“ и „шверцување стока“. Камионот со овците е испратен на царинскиот терминал, одземени се двата автомобила кои се најдоа на местото на настанот, а по решение на обвинителот, на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа“ – соопштија од косовската полиција.

The post Шверцувале овци од Србија во Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека утрово имала оружен судир со неколку лица во областа на Зубин Поток, во северно Косово, во близина на косовско-српската граница, кои се обидувале да прошверцуваат овци од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на полицијата се наведува дека, „при извршување на работните задачи и полициските активности, полициски службеници од Единицата за брзи интервенции на Граничната полиција, денеска околу 06:15 часот во селото Бубе кај Зубин Поток забележале сомнителни движења на неколку возила“.
„Полицијата во обид да ги запре и контролира сомнителните возила наиде на оружен отпор од осомничени лица. Соочени со таква ситуација, за да се заштитат и да ја стават ситуацијата под контрола, полициските службеници одговорија на вооружениот напад и успеаја да уапсат еден од осомничените: Д.И. (роден 1981 година, косовски Србин од Зубин Поток). При размената на оган полициските службеници и уапсените не се повредени“ – се вели во полициското соопштение.
При контрола на камионот пронајдени се натоварени 40 овци, без пропратна документација, за кои постои сомневање дека се прошверцувани од Србија во Косово. На истото место се пронајдени две напуштени возила за кои постои сомневање дека го придружувале камионот. „На местото на настанот излегоа полициски единици, а за случајот е известен надлежен обвинител. Против осомничениот е подигнато обвинение за две кривични дела-„напад врз службено лице“ и „шверцување стока“. Камионот со овците е испратен на царинскиот терминал, одземени се двата автомобила кои се најдоа на местото на настанот, а по решение на обвинителот, на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа“ – соопштија од косовската полиција.  

The post Шверцувале овци од Србија во Косово appeared first on Република.

]]>
Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchki-ovtsi-izele-okolu-100-kilogrami-meditsinski-kanabis/ Thu, 21 Sep 2023 10:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=683738

Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис во областа Магнезија во централна Грција. Поголема количина од родот е уништена, објави грчката телевизија „Скај“.

Набргу откако го извадил стадото на пасење, овчарот забележал дека животните се однесуваат „нетипично“. Барајќи ја причината, осознал дека овците навлегле во соседното поле за одгледување канабис за медицински цели.

По големите штети предизвикани од топлотниот бран и силните врнежи во ова подрачје летово, изедениот род е дополнителна мака за сопственикот на земјиштето.

Не знам дали е за смеење или за плачење, коментираше тој.

Во Грција, одгледување медицински канабис е дозволено.

The post Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински канабис appeared first on Република.

]]>

Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис во областа Магнезија во централна Грција. Поголема количина од родот е уништена, објави грчката телевизија „Скај“. Набргу откако го извадил стадото на пасење, овчарот забележал дека животните се однесуваат „нетипично“. Барајќи ја причината, осознал дека овците навлегле во соседното поле за одгледување канабис за медицински цели. По големите штети предизвикани од топлотниот бран и силните врнежи во ова подрачје летово, изедениот род е дополнителна мака за сопственикот на земјиштето.
Не знам дали е за смеење или за плачење, коментираше тој.
Во Грција, одгледување медицински канабис е дозволено.

The post Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински канабис appeared first on Република.

]]>
Фатени крадците на 48 овци, осомничени се и за 20-тина други кражби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-kradtsite-na-48-ovtsi-osomnicheni-se-i-za-20-tina-drugi-krazhbi/ Thu, 07 Sep 2023 10:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=679668

Полицијата лиши од слобода две лица од гостиварското село Добридол, под сомнение дека се сторители на дваесетина кражби, меѓу кои и последната кражба во штала во селото Градец кога беа одземени 48 овци.

Од СВР Тетово информираат дека вчера претпладне полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј. М. (18) и А.Д. (23).

Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток, наведува портпаралот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски

Според него, за Ј. М. и А.Д. постои основано сомнение дека се сторители и на кражбата извршена на 04.09.2023,кога од штала сопственост на А.А. (49) од гостиварски Градец се одземени 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Во текот на денот, двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар со соодветен поднесок.

The post Фатени крадците на 48 овци, осомничени се и за 20-тина други кражби appeared first on Република.

]]>

Полицијата лиши од слобода две лица од гостиварското село Добридол, под сомнение дека се сторители на дваесетина кражби, меѓу кои и последната кражба во штала во селото Градец кога беа одземени 48 овци. Од СВР Тетово информираат дека вчера претпладне полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј. М. (18) и А.Д. (23).
Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток, наведува портпаралот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски
Според него, за Ј. М. и А.Д. постои основано сомнение дека се сторители и на кражбата извршена на 04.09.2023,кога од штала сопственост на А.А. (49) од гостиварски Градец се одземени 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот. Во текот на денот, двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар со соодветен поднесок.

The post Фатени крадците на 48 овци, осомничени се и за 20-тина други кражби appeared first on Република.

]]>
Украдени 48 овци од штала во Градец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-48-ovtsi-od-shtala-vo-gradets/ Tue, 05 Sep 2023 09:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=678917

Четириесет и двегодишниот А.А. од гостиварското село Градец, вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово пријавил дека од неговата штала биле одземени 48 овци.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Украдени 48 овци од штала во Градец appeared first on Република.

]]>

Четириесет и двегодишниот А.А. од гостиварското село Градец, вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово пријавил дека од неговата штала биле одземени 48 овци. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Украдени 48 овци од штала во Градец appeared first on Република.

]]>
Неверојатно! Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neverojatno-politsijata-pronashla-40-ovtsi-vo-stan-vo-nitsa/ Wed, 28 Jun 2023 11:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=656033

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во социјален стан кој требало да биде празен. Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, објави во вторникот телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи кои носеле маици обоени со крв.

Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето. Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувач.

Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата. Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на операција во станбена зграда.

The post Неверојатно! Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница appeared first on Република.

]]>

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во социјален стан кој требало да биде празен. Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, објави во вторникот телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи кои носеле маици обоени со крв. Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето. Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувач. Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата. Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на операција во станбена зграда.

The post Неверојатно! Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница appeared first on Република.

]]>
Воз усмртил околу 30 овци кај Миравци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/voz-usmrtil-okolu-30-ovci-kaj-miravci/ Tue, 01 Nov 2022 11:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=568254

Во Полициската станица Гевгелија вчера околу 16.00 часот вбило пријавено дека во близина на Железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија - Скопје удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

The post Воз усмртил околу 30 овци кај Миравци appeared first on Република.

]]>

Во Полициската станица Гевгелија вчера околу 16.00 часот вбило пријавено дека во близина на Железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија - Скопје удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, информираат од МВР. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.  

The post Воз усмртил околу 30 овци кај Миравци appeared first on Република.

]]>
Товарен воз удрил во стадо овци кај Миравци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tovaren-voz-udril-vo-stado-ovci-kaj-miravci/ Mon, 31 Oct 2022 21:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=568000

Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.

Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема, појасни Ангеловски за МИА.

Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија.

The post Товарен воз удрил во стадо овци кај Миравци appeared first on Република.