овчар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovchar/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 06:35:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png овчар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ovchar/ 32 32 ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-spasen-ovchar-zaglaven-na-rechen-ostrov-vo-vodite-na-tsrna-reka/ Sun, 21 Apr 2024 06:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=768673

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.

Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.

– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката – соопштија од Центарот.

Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.

– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа – информираа од ЦУК.

The post ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река appeared first on Република.

]]>

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи. Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.
– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката – соопштија од Центарот.
Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.
– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа – информираа од ЦУК.

The post ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река appeared first on Република.

]]>
Во пробиштипско нападнале овчар и го врзале за дрво https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-probishtipsko-napadnale-ovchar-i-go-vrzale-za-drvo/ Fri, 13 Oct 2023 10:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=690887

Четири лица нападнале и врзале за дрво жител на кочанското село Нивичани, кој работел како овчар. Настанот се случил вчера претпладне на место викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош.

Од МВР информираа дека за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.

The post Во пробиштипско нападнале овчар и го врзале за дрво appeared first on Република.

]]>

Четири лица нападнале и врзале за дрво жител на кочанското село Нивичани, кој работел како овчар. Настанот се случил вчера претпладне на место викано „Ливади“ во атарот на пробиштипското село Турско Рудари, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од с.Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош. Од МВР информираа дека за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава.

The post Во пробиштипско нападнале овчар и го врзале за дрво appeared first on Република.

]]>
Љубовта не бара богатство: Kристина се заљубила во овчар, отишла да живее на планина и му родила дете https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ljubovta-ne-bara-bogatstvo-kristina-se-zaljubila-vo-ovchar-otishla-da-zivee-na-planina-i-mu-rodila-dete/ Fri, 14 Oct 2022 09:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=560811

Дане Биорац e најпознатиот овчар во Србија. Тој се населил во селото Голија пред шест години и долго време живеел сам. А сега доби син Јован.

Му го роди Кристина која ја гледала  емисијата за него во својот дом во Сараево и тргнала да го бара. Кога нашла останала со него бидејќи се заљубила во ова момче. Плод на љубовта сега е Јован.

Син ми го крстив Јован, бидејќи славата ми е Св. Јован. Кога се роди први ми честитаа комшиите. Со нас беше и семејството на Кристина. Ние сме многу среќни! Најважно ми е што породувањето помина добро и бебето и жената да се добро - вели скромниот млад човек.

Тој со жалење вели дека долго време живеел сам.

Ме виде во емисија, дојде да се запознаеме и беше тука три дена. Потоа отидов да се сретнам со нејзините родители, а набрзо таа забремени. Се плашев дали се ќе биде во ред бидејќи ни е прво дете. Свесен сум дека не можеме така лесно да стигнеме до лекар, но барем имаме струја - вели Дане и додава дека сега мора почесто од порано да оди во град:

Јован вели дека сега почесто оди во градот.

- Порано не морав да се симнувам од планина во град два месеци, понекогаш и подолго. Тогаш одев само да набавам намирници. Сега морам да одам еднаш неделно затоа што ни требаат пелени за бебето, храна, влажни марамчиња, крема... Финансиски ми е малку потешко од порано, ништо не ми требаше, морав да јадам и да преживеам. а бебето е друга работа. Но, јас се снаоѓам, продавам добиток, косам, фармам. Работам по цел ден, како порано – вели ова момче.

The post Љубовта не бара богатство: Kристина се заљубила во овчар, отишла да живее на планина и му родила дете appeared first on Република.

]]>

Дане Биорац e најпознатиот овчар во Србија. Тој се населил во селото Голија пред шест години и долго време живеел сам. А сега доби син Јован. Му го роди Кристина која ја гледала  емисијата за него во својот дом во Сараево и тргнала да го бара. Кога нашла останала со него бидејќи се заљубила во ова момче. Плод на љубовта сега е Јован.
Син ми го крстив Јован, бидејќи славата ми е Св. Јован. Кога се роди први ми честитаа комшиите. Со нас беше и семејството на Кристина. Ние сме многу среќни! Најважно ми е што породувањето помина добро и бебето и жената да се добро - вели скромниот млад човек.
Тој со жалење вели дека долго време живеел сам.
Ме виде во емисија, дојде да се запознаеме и беше тука три дена. Потоа отидов да се сретнам со нејзините родители, а набрзо таа забремени. Се плашев дали се ќе биде во ред бидејќи ни е прво дете. Свесен сум дека не можеме така лесно да стигнеме до лекар, но барем имаме струја - вели Дане и додава дека сега мора почесто од порано да оди во град:
Јован вели дека сега почесто оди во градот.
- Порано не морав да се симнувам од планина во град два месеци, понекогаш и подолго. Тогаш одев само да набавам намирници. Сега морам да одам еднаш неделно затоа што ни требаат пелени за бебето, храна, влажни марамчиња, крема... Финансиски ми е малку потешко од порано, ништо не ми требаше, морав да јадам и да преживеам. а бебето е друга работа. Но, јас се снаоѓам, продавам добиток, косам, фармам. Работам по цел ден, како порано – вели ова момче.

The post Љубовта не бара богатство: Kристина се заљубила во овчар, отишла да живее на планина и му родила дете appeared first on Република.

]]>
Овчар со воздушна пушка гаѓал кучиња, а погодил кумановец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ovchar-so-vozdushna-pushka-gagjal-kuchinja-a-pogodil-kumanovec/ Tue, 06 Sep 2022 20:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=548116

Жител на Куманово бил погоден и повреден од истрел од воздушна пушка во селото Војник, а го погодил овчар, кој пукал кон кучиња, соопшти МВР.

На 05.09.2022 во 21.18 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.С. од Куманово. Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Ј.С. пријавил дека со повредите се здобил во с.Војник, општина Старо Нагоричане. Како што пријавил тој, додека шетал бил погоден од овчар, кој со воздушна пушка пукал кон кучиња - се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Овчар со воздушна пушка гаѓал кучиња, а погодил кумановец appeared first on Република.