оу „владо тасевски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-vlado-tasevski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 12:52:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оу „владо тасевски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-vlado-tasevski/ 32 32 Бојкот во ОУ „Владо Тасевски“: Родителите не сакаат нивните деца да одат само втора смена на училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bojkot-vo-ou-vlado-tasevski-roditelite-ne-sakaat-nivnite-deca-da-odat-samo-vtora-smena-na-uchilishte/ Fri, 02 Sep 2022 12:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=546796

Учениците од 4-то одделение во скопското основно училиште „Владо Тасевски“ денеска не влегоа во своите училници откако родителите одлучија да ја бојкотираат наставата.

Во соопштението што пристигна во нашата редакција е наведено дека родителите со огромно мнозинство ја бојкотираат наставата на нивните деца, оти, како што објаснуваат, училишната управа и директорката на училиштето донеле одлука учениците да одат на училиште само втора смена.

Ние, родители на ученици во 4б ООУ Владо Тасевски – Скопје, продолжуваме со реакцијата за нерамноправниот третман на нашите деца од страна на училишната управа и директорката Викторија Кочовска, поради тоа што во учебната 2022/2023 година нашите деца се осудени да одат на настава САМО во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот). Поради отсуство на слух за нашиот проблем од страна на управата на ООУ Владо Тасевски – Скопје и директорката Викторија Кочовска и покрај неколкуте реакции од родителите од мај 2022 до сега, денеска во огромно мнозинство ја бојкотираме наставата. Директорката Кочовска не презема ниту еден чекор во насока на разрешување на проблемот со капацитет на простории што го мачи училиштето со години. Како и годините наназад, така и овој пат, ние се соочуваме со отсуство на било каква реакција и покрај нашите барања. Од тие причини, како што најавивме во вчерашната информација и изјавата за медиумите, ние денеска реагираме со бојкот на наставата, наведено е во соопштението.

Родителите се надеваат дека најитно ќе се пристапи кон решавање на овој проблем.

Се надеваме дека ова е предупредување после кое најитно ќе се пристапи кон сериозно разрешување на овој проблем за доброто на нашите деца и нивниот нормален развој. Потсетуваме дека БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ. Очекуваме итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, во спротивно ќе бидеме приморани нашиот револт од ваквата дискриминација да го изразиме со понатамошен бојкот на наставата, реагираат родителите.

https://republika.mk/vesti/skopje/roditeli-na-uchenici-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/

The post Бојкот во ОУ „Владо Тасевски“: Родителите не сакаат нивните деца да одат само втора смена на училиште appeared first on Република.

]]>

Учениците од 4-то одделение во скопското основно училиште „Владо Тасевски“ денеска не влегоа во своите училници откако родителите одлучија да ја бојкотираат наставата. Во соопштението што пристигна во нашата редакција е наведено дека родителите со огромно мнозинство ја бојкотираат наставата на нивните деца, оти, како што објаснуваат, училишната управа и директорката на училиштето донеле одлука учениците да одат на училиште само втора смена.
Ние, родители на ученици во 4б ООУ Владо Тасевски – Скопје, продолжуваме со реакцијата за нерамноправниот третман на нашите деца од страна на училишната управа и директорката Викторија Кочовска, поради тоа што во учебната 2022/2023 година нашите деца се осудени да одат на настава САМО во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот). Поради отсуство на слух за нашиот проблем од страна на управата на ООУ Владо Тасевски – Скопје и директорката Викторија Кочовска и покрај неколкуте реакции од родителите од мај 2022 до сега, денеска во огромно мнозинство ја бојкотираме наставата. Директорката Кочовска не презема ниту еден чекор во насока на разрешување на проблемот со капацитет на простории што го мачи училиштето со години. Како и годините наназад, така и овој пат, ние се соочуваме со отсуство на било каква реакција и покрај нашите барања. Од тие причини, како што најавивме во вчерашната информација и изјавата за медиумите, ние денеска реагираме со бојкот на наставата, наведено е во соопштението.
Родителите се надеваат дека најитно ќе се пристапи кон решавање на овој проблем.
Се надеваме дека ова е предупредување после кое најитно ќе се пристапи кон сериозно разрешување на овој проблем за доброто на нашите деца и нивниот нормален развој. Потсетуваме дека БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ. Очекуваме итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, во спротивно ќе бидеме приморани нашиот револт од ваквата дискриминација да го изразиме со понатамошен бојкот на наставата, реагираат родителите.
https://republika.mk/vesti/skopje/roditeli-na-uchenici-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/

The post Бојкот во ОУ „Владо Тасевски“: Родителите не сакаат нивните деца да одат само втора смена на училиште appeared first on Република.

]]>
Родители на учениците од четврто и петто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ реагираат за настава само попладне https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/roditeli-na-uchenici-vo-oou-vlado-tasevski-reagiraat-za-nastava-samo-popladne/ Thu, 01 Sep 2022 08:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=546308

Родителите на учениците кои во ова учебна година ќе бидат четврто и петто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје реагираат на нерамноправниот третман на нивните деца од страна на училишната управа поради тоа што како што наведуваат во учебната 2022/2023 година само нивните две генерации ќе одат на настава само во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот).

-Организирање на наставата единствено во втора смена за деца на осум и девет годишна возраст, не е во интерес на учениците и ќе придонесе кон нарушување на дневниот ритам на учење кај детето, прихофизичкиот развој, нарушување на ритамот на одвивање на слободните активности на детето и конечно е спротивно на начелото за еднаквост на сите ученици во училиштето.Тргнувајќи од одредбите на Статутот на ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје, поточно членот 58 став 1 точка 2, се предвидува одвивањето на одделенската класична настава да е во прва и втора смена, и тоа прва смена со почеток од 8 часот наутро и втора смена со почеток од 13 часот попладне. Планот наставата за учениците од 4то и 5то одделение во текот на целата учебна 2022/2023 година да се одвива единствено во втора смена, сметаме дека не е во линија со Законот за основното образование, каде се пропишува дека основното образование се развива врз начелото на најдобар интерес и целосен развој на ученикот, објаснуваат родителите.

Тие пососчуваат дека директорот, како орган на раководење на училиштето кој што ја подготвува годишната програма за работа е законски одговорен за остварување на правата на учениците кое се нарушени во овој случај.

-Токму поради горенаведеното, барање за решавање на овој проблем со предлог решенија е поднесено до управата на училиштето и до општината уште во мај 2022 година и повторно во август 2022 година, но со оглед на тоа што не наидовме на никакво разбирање и не се направи обид за изнаоѓање на решение, приморани сме да го обзнаниме на јавноста нашиот проблем, во обид за негово решавање.Ние како родители БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ ЗА БИЛО КОЈА ГЕНЕРАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ.Сметаме дека училиштетот е тоа кое треба да пронајде начин да ги задоволи своите зголемени капацитативни потреби бидејќи овој проблем се провлекува со години, а училишната управа нема ни план за справување со овој проблем. Напротив, стихијно се делува од година во година, велат родители на ученици од 4то и 5то одделение во ООУ „Владо Тасевски“.

Тие велат дека очекуваат итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, бидејќи во спротивно како што велат ќе бидат приморани нивниот револт од дрискриминаторскиот пристап да го истакнат во поинаква форма.

The post Родители на учениците од четврто и петто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ реагираат за настава само попладне appeared first on Република.