ОУ Коле Неделковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-kole-nedelkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Sep 2023 07:31:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ Коле Неделковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-kole-nedelkovski/ 32 32 По години силни заложби на директорката, во „Коле Неделковски“ конечно почна градба на нови училници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-godini-silni-zalozhbi-na-direktorkata-vo-kole-nedelkovski-konechno-pochna-gradba-na-novi-uchilnitsi/ Tue, 05 Sep 2023 07:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=678844

По години на силни заложби и соочување со бројни притисоци и пречки, директорката на ОУ „Коле Неделковски“, Светлана Масларевска, со поддршката на целиот наставнички кадар и родителите, вчера конечно го дочекаа почетокот на проектот за проширување на центарското училиште.

Станува збор за доградба на 4 училници, простор кој ќе овозможи образовниот процес да го следат дополнително уште 100 деца. Ова е прв ваков градежен зафат по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година.

Со доградбата се планира и ново скалишно јадро кое ќе го олесни пристапот до новата доградба, а новиот лифт ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето. Пристапна рампа се планира и во приземниот дел покрај скалишниот пристап, а обезбеден е и помошен излез од задниот дел на објектот.

Проектот чини околу 580.000 евра, средства одвоени од Општината.

На поставувањто на камен-темелникот вчера присуствуваа и премиерот Димитар Ковечвски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

The post По години силни заложби на директорката, во „Коле Неделковски“ конечно почна градба на нови училници appeared first on Република.

]]>

По години на силни заложби и соочување со бројни притисоци и пречки, директорката на ОУ „Коле Неделковски“, Светлана Масларевска, со поддршката на целиот наставнички кадар и родителите, вчера конечно го дочекаа почетокот на проектот за проширување на центарското училиште. Станува збор за доградба на 4 училници, простор кој ќе овозможи образовниот процес да го следат дополнително уште 100 деца. Ова е прв ваков градежен зафат по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година. Со доградбата се планира и ново скалишно јадро кое ќе го олесни пристапот до новата доградба, а новиот лифт ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето. Пристапна рампа се планира и во приземниот дел покрај скалишниот пристап, а обезбеден е и помошен излез од задниот дел на објектот. Проектот чини околу 580.000 евра, средства одвоени од Општината. На поставувањто на камен-темелникот вчера присуствуваа и премиерот Димитар Ковечвски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

The post По години силни заложби на директорката, во „Коле Неделковски“ конечно почна градба на нови училници appeared first on Република.

]]>
Исчистена и затворена бараката до ОУ „Коле Неделковски“ во која имало дивовселено лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ischistena-i-zatvorena-barakata-do-ou-kole-nedelkovski-vo-koja-imalo-divovseleno-litse/ Tue, 15 Aug 2023 08:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=672202

По објавите на социјалните мрежи дека во барака веднаш до ОУ ,,Коле Неделковски” има дивовселено лице, кое според сознанијата на МВР и тамошните жители има проблеми со алкохолизам, но и психо-физички здравствени проблеми, инспекциските служби на Општина Центар заедно со полициски службеници од ПС „Беко“, извршија увид на местото.

Од Општина Центар информираат дека хигиеничарите на ЈП ПОЦ го исчистиле објектот и од него отстраниле душек, кебиња и други предмети, по што истиот е затворен со лимени плочи со кои е спречен секаков натамошен пристап.

Станува збор за државно земјиште и бидејќи Општина Центар нема механизми и законски можности, испратени се и дописи до Министерството за труд и социјална политика, ПС „Беко“ и МВР за понатамашно постапување, соопштија од локалната самоуправа.

https://republika.mk/vesti/skopje/vo-napushtena-baraka-do-osnovnoto-uchilishte-kole-nedelkovski-zhivee-chovek-koj-brka-detsa-so-nozh-po-ulitsi/

The post Исчистена и затворена бараката до ОУ „Коле Неделковски“ во која имало дивовселено лице appeared first on Република.

]]>

По објавите на социјалните мрежи дека во барака веднаш до ОУ ,,Коле Неделковски” има дивовселено лице, кое според сознанијата на МВР и тамошните жители има проблеми со алкохолизам, но и психо-физички здравствени проблеми, инспекциските служби на Општина Центар заедно со полициски службеници од ПС „Беко“, извршија увид на местото. Од Општина Центар информираат дека хигиеничарите на ЈП ПОЦ го исчистиле објектот и од него отстраниле душек, кебиња и други предмети, по што истиот е затворен со лимени плочи со кои е спречен секаков натамошен пристап.
Станува збор за државно земјиште и бидејќи Општина Центар нема механизми и законски можности, испратени се и дописи до Министерството за труд и социјална политика, ПС „Беко“ и МВР за понатамашно постапување, соопштија од локалната самоуправа.
https://republika.mk/vesti/skopje/vo-napushtena-baraka-do-osnovnoto-uchilishte-kole-nedelkovski-zhivee-chovek-koj-brka-detsa-so-nozh-po-ulitsi/

The post Исчистена и затворена бараката до ОУ „Коле Неделковски“ во која имало дивовселено лице appeared first on Република.

]]>