ОУ Иднина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-idnina/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 08:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ Иднина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-idnina/ 32 32 Со креативни работилници ОУ „Иднина“ ќе ги одбележи Денот на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-kreativni-rabotilnici-ou-idnina-kje-gi-odbelezi-denot-na-licata-so-daunov-sindrom-i-denot-na-proletta/ Mon, 21 Mar 2022 08:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=475914

Посебно основно училиште „Иднина“-Скопје кое е трансформирано во Основно училиште со ресурсен центар, преку низа активности и работилници се приклучува на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и на Денот на пролетта и екологијата – 21 Март.

Од училиштето соопшуваат дека денеска го одбележуваат и патронат на училиштето - 50 години од постоењето и вршење на воспитно-образовна дејност со ученици со посебни образовни потреби како и една година основно училиште со ресурсен центар за поддршка на инклузивното образование.

Со цел да ја зголемиме свесноста за учениците со попреченост и нивна поголема вклученост во општетсвото, реализиравме креативна работилница под мотото „Нашето виножито“ во која учествуваа учениците вклучени во редовна настава со образовни асистенти во вкупно 78 основни училишта од Скопскиот и Североисточниот регион. Исто така, учениците учествуваа и во изработка на уметнички дела како дел од проектот „Students with special needs are smiling with art therapy“, финансиски поддржан од Турската национална агенција за спроведување Еразмус проекти, велат од ОУ „Иднина“.

Овој прокет по повод одбележувањето на денот на патрониот празник се спроведува во партнерство со три основни училишта од Романија, Португалија и Турција и едно посебно училиште од Литванија.

Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“- Скопје продолжува посветено да се развива и да работи во својата воспитно-образовна дејност во насока да обезбеди подеднаков пристап до образование на секое дете. Сето ова го правиме како поддршка на инклузивното образование преку обезбедување услуги во редовните основни училишта како што се образовна асистенција, индивидуална поддршка на ученици со специфични методи и техники на работа, но и поддршка на заедницата во вклучување на децата со потешкотии во секојдневните активности.

Отворен ден на ресурсниот центар со изложба од изработките од креативните работилници по повод патрониот празник ќе се организира под мотото „Разбери...прифати...сакај...“

The post Со креативни работилници ОУ „Иднина“ ќе ги одбележи Денот на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта appeared first on Република.

]]>

Посебно основно училиште „Иднина“-Скопје кое е трансформирано во Основно училиште со ресурсен центар, преку низа активности и работилници се приклучува на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и на Денот на пролетта и екологијата – 21 Март. Од училиштето соопшуваат дека денеска го одбележуваат и патронат на училиштето - 50 години од постоењето и вршење на воспитно-образовна дејност со ученици со посебни образовни потреби како и една година основно училиште со ресурсен центар за поддршка на инклузивното образование.
Со цел да ја зголемиме свесноста за учениците со попреченост и нивна поголема вклученост во општетсвото, реализиравме креативна работилница под мотото „Нашето виножито“ во која учествуваа учениците вклучени во редовна настава со образовни асистенти во вкупно 78 основни училишта од Скопскиот и Североисточниот регион. Исто така, учениците учествуваа и во изработка на уметнички дела како дел од проектот „Students with special needs are smiling with art therapy“, финансиски поддржан од Турската национална агенција за спроведување Еразмус проекти, велат од ОУ „Иднина“.
Овој прокет по повод одбележувањето на денот на патрониот празник се спроведува во партнерство со три основни училишта од Романија, Португалија и Турција и едно посебно училиште од Литванија. Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“- Скопје продолжува посветено да се развива и да работи во својата воспитно-образовна дејност во насока да обезбеди подеднаков пристап до образование на секое дете. Сето ова го правиме како поддршка на инклузивното образование преку обезбедување услуги во редовните основни училишта како што се образовна асистенција, индивидуална поддршка на ученици со специфични методи и техники на работа, но и поддршка на заедницата во вклучување на децата со потешкотии во секојдневните активности. Отворен ден на ресурсниот центар со изложба од изработките од креативните работилници по повод патрониот празник ќе се организира под мотото „Разбери...прифати...сакај...“

The post Со креативни работилници ОУ „Иднина“ ќе ги одбележи Денот на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта appeared first on Република.

]]>