ОУ Браќа Миладиновци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-brakja-miladinovci/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 10:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ Браќа Миладиновци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-brakja-miladinovci/ 32 32 Одреден е стручен надзор над ученикот од „Браќа Миладиновци“ кој носеше нож во училиште, психолози ќе работат со него на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odreden-e-struchen-nadzor-nad-uchenikot-od-braka-miladinovtsi-koj-noseshe-nozh-vo-uchilishte-psiholozi-ke-rabotat-so-nego-na-chas/ Fri, 12 May 2023 10:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=640086

Одреден е стручен надзор над ученикот од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром кој носеше нож во училиште, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Одреден е стручен надзор над ученикот со девојатно однесување во „Браќа Миладиновци“ за време на наставата. Донесена е одлука, вработени од стручната служба во училиштето ќе присуствуваат на часовите и ќе обезбедуваат поддршка на наставниот кадар во работата со ученикот, но и ќе работат директно со ученикот во насока на подигнување на неговата концентрација кон наставната материја и градење на подобар однос кон соучениците, соопшти МОН.

Родители од „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба.

https://republika.mk/vesti/skopje/uchenik-od-skopskoto-osnovno-uchilishte-braka-miladinovtsi-doaga-vo-shkolo-so-nozh-tvrdat-roditeli/

Од МОН додаваат дека институциите на системот постапуваат по секоја пријава за случај за врсничко насилство или било какво девијантно однесување во училиштата.

Државата има развиено механизам кој го сочинуваат сет закони, проектни мерки и активности за детекција и справување со врсничко насилство. Граѓаните треба да се охрабрат да пријавуваат било какви форми на насилство меѓу младите во училишните објекти, како и надвор од нив, но и да имаат доверба дека за секоја пријава ќе има соодветен исход.

Јасно е дека образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, велат од МОН.

The post Одреден е стручен надзор над ученикот од „Браќа Миладиновци“ кој носеше нож во училиште, психолози ќе работат со него на час appeared first on Република.

]]>

Одреден е стручен надзор над ученикот од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром кој носеше нож во училиште, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).
Одреден е стручен надзор над ученикот со девојатно однесување во „Браќа Миладиновци“ за време на наставата. Донесена е одлука, вработени од стручната служба во училиштето ќе присуствуваат на часовите и ќе обезбедуваат поддршка на наставниот кадар во работата со ученикот, но и ќе работат директно со ученикот во насока на подигнување на неговата концентрација кон наставната материја и градење на подобар однос кон соучениците, соопшти МОН.
Родители од „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба. https://republika.mk/vesti/skopje/uchenik-od-skopskoto-osnovno-uchilishte-braka-miladinovtsi-doaga-vo-shkolo-so-nozh-tvrdat-roditeli/   Од МОН додаваат дека институциите на системот постапуваат по секоја пријава за случај за врсничко насилство или било какво девијантно однесување во училиштата.
Државата има развиено механизам кој го сочинуваат сет закони, проектни мерки и активности за детекција и справување со врсничко насилство. Граѓаните треба да се охрабрат да пријавуваат било какви форми на насилство меѓу младите во училишните објекти, како и надвор од нив, но и да имаат доверба дека за секоја пријава ќе има соодветен исход. Јасно е дека образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, велат од МОН.

The post Одреден е стручен надзор над ученикот од „Браќа Миладиновци“ кој носеше нож во училиште, психолози ќе работат со него на час appeared first on Република.

]]>
Ученик од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ доаѓа во школо со нож, тврдат родители https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchenik-od-skopskoto-osnovno-uchilishte-braka-miladinovtsi-doaga-vo-shkolo-so-nozh-tvrdat-roditeli/ Thu, 04 May 2023 14:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=636889

Родители од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба.

Таа истакнува дека во училиштето се превземаат сите законски мерки во врска со ученикот и засилено е вклучувањето на наставниот кадар, стручната служба и директорот во периодот кога тој е присутен на настава. Вклучени се и останатите институции (Општина Аеродром, Педагошката служба при МОН, МЦСР, МВР, ДПИ).

Во време кога се случи трагичниот настан во Белград сметам дека родителите треба да се воздржат од создавање на паника и да посветат поголемо внимание со своите деца. Стручната служба во училиштето во континуитет одржува работилница во врска со спречување на меѓуврсничкото насилство. Апелирам, родителите да го почитуваат куќниот ред и правилата во училиштето заради безбедност на учениците, вели директорката Анета Велкоска.

Родителите во писмо испратено до дел од медиумите апелираат да се реши проблемот. Тврдат дека се обратиле до Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Општина Аеродром и до социјалните служби, но дека од никаде немаат повратна информација. Според нив, ученикот носел нож во училиште и им се заканувал на учениците.

Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес. Беше поднесено барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјало, за преместување на ученикот во друго училиште, се наведува во писмото од родителите.

Директорката на училиштето апелираше до медиумите да се внимава при пренесувањето на вакви сензитивни информации бидејќи, како што вели, самиот наслов во објавите предизвикува вознемиреност, а за веродостојност на целата ситуација предлага во иднина медиумите да побараат информации и од училиштето.

МИА побара одговор и од Министерството за образование и наука и од Општина Аеродром. Одговор добивме од Секторот за образование од Општина Аеродром од каде потврдуваат дека добиле поплака од родителите по што се обратиле до стручните служби на училиштето и оствариле состанок со директорката и стручните служби.

На состанокот од страна на училиштето било посочено дека се превземаат сите законски мерки и дека максимално се работи за подобрување на состојбата. Оттаму посочуваат дека дополнително секторот е во постојана комуникација и со родителите преку советот на родители во училиштето со цел подобрување на образовниот процес. Општина Аеродром е во контакт со училиштето за овој случај, се вели во одговорот за МИА.

Од МОН во меѓувреме испратија соопштение во кое се наведува дека случувањата во нашето соседство вклучиле сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.

Додаваат дека е започнато со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата и дека за утре е најавена средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други.

The post Ученик од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ доаѓа во школо со нож, тврдат родители appeared first on Република.

]]>

Родители од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба. Таа истакнува дека во училиштето се превземаат сите законски мерки во врска со ученикот и засилено е вклучувањето на наставниот кадар, стручната служба и директорот во периодот кога тој е присутен на настава. Вклучени се и останатите институции (Општина Аеродром, Педагошката служба при МОН, МЦСР, МВР, ДПИ).
Во време кога се случи трагичниот настан во Белград сметам дека родителите треба да се воздржат од создавање на паника и да посветат поголемо внимание со своите деца. Стручната служба во училиштето во континуитет одржува работилница во врска со спречување на меѓуврсничкото насилство. Апелирам, родителите да го почитуваат куќниот ред и правилата во училиштето заради безбедност на учениците, вели директорката Анета Велкоска.
Родителите во писмо испратено до дел од медиумите апелираат да се реши проблемот. Тврдат дека се обратиле до Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Општина Аеродром и до социјалните служби, но дека од никаде немаат повратна информација. Според нив, ученикот носел нож во училиште и им се заканувал на учениците.
Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес. Беше поднесено барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјало, за преместување на ученикот во друго училиште, се наведува во писмото од родителите.
Директорката на училиштето апелираше до медиумите да се внимава при пренесувањето на вакви сензитивни информации бидејќи, како што вели, самиот наслов во објавите предизвикува вознемиреност, а за веродостојност на целата ситуација предлага во иднина медиумите да побараат информации и од училиштето. МИА побара одговор и од Министерството за образование и наука и од Општина Аеродром. Одговор добивме од Секторот за образование од Општина Аеродром од каде потврдуваат дека добиле поплака од родителите по што се обратиле до стручните служби на училиштето и оствариле состанок со директорката и стручните служби.
На состанокот од страна на училиштето било посочено дека се превземаат сите законски мерки и дека максимално се работи за подобрување на состојбата. Оттаму посочуваат дека дополнително секторот е во постојана комуникација и со родителите преку советот на родители во училиштето со цел подобрување на образовниот процес. Општина Аеродром е во контакт со училиштето за овој случај, се вели во одговорот за МИА.
Од МОН во меѓувреме испратија соопштение во кое се наведува дека случувањата во нашето соседство вклучиле сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво. Додаваат дека е започнато со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата и дека за утре е најавена средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други.  

The post Ученик од скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ доаѓа во школо со нож, тврдат родители appeared first on Република.

]]>
Муцунски на почетокот на второто полугодие: Инвестираме во современи образовни стандарди низ кои ќе создаваме здрава и едуцирана младина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-na-pochetokot-na-vtoroto-polugodie-investirame-vo-sovremeni-obrazovni-standardi-niz-koi-ke-sozdavame-zdrava-i-edutsirana-mladina/ Mon, 23 Jan 2023 14:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=600064

Второто полугодие од оваа учебна година започна со финализирање на важни инфраструктурни и образовни проекти во општина Аеродром. Градоначалникот Tимчо Муцунски денеска го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде во изминатиот период заврши реконструкцијата на спортското игралиште и оспособувањето на училницата на отворено, а завршена е и дел од реконструираната фасадата на објектот.

„Радоста на дечињата за мене доволно говори за тоа дека инвестициите во образованието, односно подобрувањето на условите во основните училишта се насочени кон градење на образовен систем по модерни и современи стандарди од каде ќе излегува здрава и едуцирана младина“, истакна градоначалникот Муцунски.

Во рамки на денешната посета градоначалникот Муцунски се сретна и со „Едуино“ амбасадорите кои се предводници на дигитализацијата на образованието во општина Аеродром на кој им додели благодарници за придонесот кој тие го даваат за развојот и промоцијата на овој важен проект.

Притоа, тој упати благодарност до Андреј Крстевски кој обезбеди донација од Државната лотарија на Македонија со која се реализираше дел од оваа инвестиција и потенцираше дека Општина Аеродром во изминатиот период во континуитет инвестира, поддржува и создава услови за поквалитетен образовен процес.

„Проектите кои се насочени кон остварување на оваа цел истовремено се инвестиции во најмладите и во нивната иднина. Реконструкцијата и изградба на објектите на основните училишта во Аеродром е помеѓу клучните приоритети во програмата и во оваа насока не застануваме тука. На почетокот на второто полугодие завршуваме со реконструкцијата на веќе започнатите објекти, но почнуваме и реконструкција и изградба на уште неколку нови“, потенцираше Градоначалникот Муцунски.

Во следниот период ќе отпочнат активности за доградба на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, надградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче и партерно уредување уредување осветлување на дворот на ООУ Димитар Македонски. Истовремено веќе се започнати подготовките за реализација на проектите за бесплатни таблети за учениците од 4 одделение и бесплатно пливање за првооделенците од Аеродром и учениците со попреченост, кое од оваа година наместо 4, ќе се одвива цели 6 месеци.

The post Муцунски на почетокот на второто полугодие: Инвестираме во современи образовни стандарди низ кои ќе создаваме здрава и едуцирана младина appeared first on Република.

]]>

Второто полугодие од оваа учебна година започна со финализирање на важни инфраструктурни и образовни проекти во општина Аеродром. Градоначалникот Tимчо Муцунски денеска го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде во изминатиот период заврши реконструкцијата на спортското игралиште и оспособувањето на училницата на отворено, а завршена е и дел од реконструираната фасадата на објектот. „Радоста на дечињата за мене доволно говори за тоа дека инвестициите во образованието, односно подобрувањето на условите во основните училишта се насочени кон градење на образовен систем по модерни и современи стандарди од каде ќе излегува здрава и едуцирана младина“, истакна градоначалникот Муцунски. Во рамки на денешната посета градоначалникот Муцунски се сретна и со „Едуино“ амбасадорите кои се предводници на дигитализацијата на образованието во општина Аеродром на кој им додели благодарници за придонесот кој тие го даваат за развојот и промоцијата на овој важен проект. Притоа, тој упати благодарност до Андреј Крстевски кој обезбеди донација од Државната лотарија на Македонија со која се реализираше дел од оваа инвестиција и потенцираше дека Општина Аеродром во изминатиот период во континуитет инвестира, поддржува и создава услови за поквалитетен образовен процес. „Проектите кои се насочени кон остварување на оваа цел истовремено се инвестиции во најмладите и во нивната иднина. Реконструкцијата и изградба на објектите на основните училишта во Аеродром е помеѓу клучните приоритети во програмата и во оваа насока не застануваме тука. На почетокот на второто полугодие завршуваме со реконструкцијата на веќе започнатите објекти, но почнуваме и реконструкција и изградба на уште неколку нови“, потенцираше Градоначалникот Муцунски. Во следниот период ќе отпочнат активности за доградба на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, надградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче и партерно уредување уредување осветлување на дворот на ООУ Димитар Македонски. Истовремено веќе се започнати подготовките за реализација на проектите за бесплатни таблети за учениците од 4 одделение и бесплатно пливање за првооделенците од Аеродром и учениците со попреченост, кое од оваа година наместо 4, ќе се одвива цели 6 месеци.

The post Муцунски на почетокот на второто полугодие: Инвестираме во современи образовни стандарди низ кои ќе создаваме здрава и едуцирана младина appeared first on Република.

]]>
Скопското основно училиште „Браќа Миладинвци“ добива училница на отворено https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskoto-osnovno-uchilishte-brakja-miladinvci-dobiva-uchilnica-na-otvoreno/ Wed, 12 Oct 2022 13:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=560204

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Аердром ќе ја добие првата училница на отворено, објави денеска градоначалникот Тимчо Муцунски, кој беше во посета на училиштето.

Тој најави инвестиција од над 3.000.000 денари во ООУ “Браќа Миладиновци”.

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Острово после долги години ќе добие соодветни модерни и современи услови за настава, релаксација, спорт и рекреација на учениците.
Со оваа инвестиција на Општина Аеродром и со голема поддршка на општествено-одговорна компанија, ,,Браќа Миладиновци” ја почнува постапката за целосна обнова, со што ќе биде направена првата училница на отворено во Аеродром, реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор, чекори кон обезбедување нова фасада, како и модерно и современо надворешно уредување за релаксација и едукација на учениците. Му благодариме на Андреј Крстевски за заложбите кои помогнаа да се обезбеди помошта од оваа општествено одговорна компанија, објави Муцунски.

Новиот атриум ќе се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, а во иднина ќе се користи како летна училница за сите ученици, со што ќе добијат нов уникатен начин на поминување на наставата во релаксирана средина. Сето ова насочување кон воведување на нова пракса и поинакви услови од постојните, цели кон исполнување на современите европски стандарди, каде што убавото време во училиштата секогаш се користи за учење и рекреација.

The post Скопското основно училиште „Браќа Миладинвци“ добива училница на отворено appeared first on Република.

]]>

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Аердром ќе ја добие првата училница на отворено, објави денеска градоначалникот Тимчо Муцунски, кој беше во посета на училиштето. Тој најави инвестиција од над 3.000.000 денари во ООУ “Браќа Миладиновци”.
Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Острово после долги години ќе добие соодветни модерни и современи услови за настава, релаксација, спорт и рекреација на учениците. Со оваа инвестиција на Општина Аеродром и со голема поддршка на општествено-одговорна компанија, ,,Браќа Миладиновци” ја почнува постапката за целосна обнова, со што ќе биде направена првата училница на отворено во Аеродром, реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор, чекори кон обезбедување нова фасада, како и модерно и современо надворешно уредување за релаксација и едукација на учениците. Му благодариме на Андреј Крстевски за заложбите кои помогнаа да се обезбеди помошта од оваа општествено одговорна компанија, објави Муцунски.