ОУ Александар Македонски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-aleksandar-makedonski/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Mar 2023 10:50:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОУ Александар Македонски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ou-aleksandar-makedonski/ 32 32 Муцунски за приведениот наставник во „Александар Македонски“: Обврска на институциите е да обезбедат квалитетен образовен процес, неопходно е случајот да биде целосно расчистен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-za-privedeniot-nastavnik-vo-aleksandar-makedonski-obvrska-na-institutsiite-e-da-obezbedat-kvaliteten-obrazoven-protses-neophodno-e-sluchajot-da-bide-tselosno-raschisten/ Fri, 17 Mar 2023 10:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=620658

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски се огласи по повод информациите дека учителка е уапсена во акција на МВР за дрога.

Според неговите информации станува збор за наставник кој работи во ОУ „Александар Македонски“.

Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“.

Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.
Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот.

Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот.

Аеродром е општина која инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано, објави Муцунски на социјалните медиуми.

The post Муцунски за приведениот наставник во „Александар Македонски“: Обврска на институциите е да обезбедат квалитетен образовен процес, неопходно е случајот да биде целосно расчистен appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски се огласи по повод информациите дека учителка е уапсена во акција на МВР за дрога. Според неговите информации станува збор за наставник кој работи во ОУ „Александар Македонски“.
Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“. Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина. Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот. Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот. Аеродром е општина која инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано, објави Муцунски на социјалните медиуми.

The post Муцунски за приведениот наставник во „Александар Македонски“: Обврска на институциите е да обезбедат квалитетен образовен процес, неопходно е случајот да биде целосно расчистен appeared first on Република.

]]>