Отворено првенство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoreno-prvenstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 13:39:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Отворено првенство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoreno-prvenstvo/ 32 32 Во Скопје викендов стартува Отвореното првенство на Македонија во шах https://arhiva3.republika.mk/zivot/vo-skopje-vikendov-startuva-otvorenoto-prvenstvo-na-makedonija-vo-shah/ Sat, 11 May 2024 13:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=777061

Во Скопје викендов стартува Отвореното првенство на Македонија во шах, кое, наедно, се смета и за национално државно првенство. Паралелно со него посебно ќе се игра и Првенството во женска конкуренција.

Минатогодишните шампиони ВМ Звонко Станојоски и ФМ Моника Стојковска, обајцата членови на ШК Алкалоид, не се на стартната листа, па ако остане така, ќе биде извесно дека на крајот од турнирот ќе има нови државни прваци.

Кај шахистите прв фаворит е ИМ Филип Панчевски, додека кај дамите Габриела Коскоска е прв носител.

Предвидено е да се играат девет кола според швајцарскиот систем, при што секој играч има на располагање 90 минути со додаток од 30 секунди за потег. Просечниот рејтинг според провизорната стартна листа на учесници изнесува 1781 поени.

На Отвореното првенство се пријавени 60 играчи, меѓу кои десетина се од младинските категории, од кои најголемиот дел настапуваат за новоформираниот ШК Мулти Есенс, кој, исто така, е под закрила на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Партиите од првото коло стартуваат попладнево од 17:30 часот.

The post Во Скопје викендов стартува Отвореното првенство на Македонија во шах appeared first on Република.

]]>

Во Скопје викендов стартува Отвореното првенство на Македонија во шах, кое, наедно, се смета и за национално државно првенство. Паралелно со него посебно ќе се игра и Првенството во женска конкуренција. Минатогодишните шампиони ВМ Звонко Станојоски и ФМ Моника Стојковска, обајцата членови на ШК Алкалоид, не се на стартната листа, па ако остане така, ќе биде извесно дека на крајот од турнирот ќе има нови државни прваци. Кај шахистите прв фаворит е ИМ Филип Панчевски, додека кај дамите Габриела Коскоска е прв носител. Предвидено е да се играат девет кола според швајцарскиот систем, при што секој играч има на располагање 90 минути со додаток од 30 секунди за потег. Просечниот рејтинг според провизорната стартна листа на учесници изнесува 1781 поени. На Отвореното првенство се пријавени 60 играчи, меѓу кои десетина се од младинските категории, од кои најголемиот дел настапуваат за новоформираниот ШК Мулти Есенс, кој, исто така, е под закрила на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје. Партиите од првото коло стартуваат попладнево од 17:30 часот.

The post Во Скопје викендов стартува Отвореното првенство на Македонија во шах appeared first on Република.

]]>