отворено писмо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoreno-pismo/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 08:35:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отворено писмо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoreno-pismo/ 32 32 Дијабетичарите му пишаа писмо на Таравари, бараат грижа и за менталното здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-mu-pishaa-pismo-na-taravari-baraat-grizha-i-za-mentalnoto-zdravje/ Thu, 14 Nov 2024 08:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=837452

Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември, дијабетичарите преку Инсулинска порта и Баланс мк испратија отворено писмно до министерот за здравство Арбен Таравари, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но да се посвети внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите.

Воедно, во сабота, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, организираат настан за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот со почеток во 10.45 часот.

Писмото ви го пренесуваме во целост

Во име на глобалната заедница за дијабетес, Ви пишуваме токму денес, на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, за да Ве поттикнеме да работите на тоа да се даде приоритет на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес. Ова може да се направи преку потпишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите со дијабетес до 2030 година донесена од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација за дијабетес.

Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја.

Дијабетесот влијае и на нашата физичка и на ментална благосостојба. Милиони луѓе со дијабетес се соочуваат со секојдневни предизвици во управувањето со нивната состојба дома, на работа, на училиште, во градинка, додека спортуваме или сме на прошетка или кафе со пријател. Се проценува дека над 1 од 3 лица со дијабетес доживува вознемиреност поврзана со нивната состојба и над 60% од луѓето анкетирани од страна на IDF покажуваат дека стравот од развој на компликации поврзани со дијабетес влијае на нивниот севкупен живот и благосостојба. Сепак, грижата за дијабетесот често се фокусира само на управување со шеќерот во крвта, оставајќи многумина преоптоварени и подложни на исцрпеност и депресија. Потребна е итна акција за да се осигура дека личната благосостојба е приоритет во грижата за дијабетесот.

Декларацијата за дијабетес на Светската здравствена организација (СЗО) има потенцијал да ја подобри благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес преку поттикнување на националните напори за постигнување универзална здравствена покриеност, зајакнување на здравствените системи преку примарна здравствена заштита и намалување на факторите на ризик кои може да се модифицираат. Дополнителните цели за глобално подобрување во третманот на дијабетесот, исто така, можат да придонесат за благосостојба преку обезбедување квалитетна грижа за оние на кои им е потребна. Петте цели за глобално подобрување на третманот на дијабетесот се:

80% од луѓето кои живеат со дијабетес да се дијагностицирани;

80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра гликамиска конторола како единствена превенција од развој на компликации;

80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра контрола на крвниот притисок;

60% од луѓето со дијабетес над 40 години да добиваат освен иновативна соодветна андијабетна терапија и терапија наменета за покачени липиди;

100% од луѓето со дијабетес тип 1 да имаат пристап до инсулин и да спроведуваат самоконтрола користејќи квалитетни глукометри и иновативни технологии (сензори и инсулински пумпи).

Заедно со Меѓународната федерација за дијабетес, го повикуваме Вашето лидерство кое може да го забрза напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес.

Во име на заедницата за дијабетес, Ве повикуваме да посветите повеќе напори и ресурси за подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес во Македонија и во светот. Заедницата за дијабетес смета на вашето лидерство.

The post Дијабетичарите му пишаа писмо на Таравари, бараат грижа и за менталното здравје appeared first on Република.

]]>

Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември, дијабетичарите преку Инсулинска порта и Баланс мк испратија отворено писмно до министерот за здравство Арбен Таравари, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но да се посвети внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите. Воедно, во сабота, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, организираат настан за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот со почеток во 10.45 часот. Писмото ви го пренесуваме во целост Во име на глобалната заедница за дијабетес, Ви пишуваме токму денес, на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, за да Ве поттикнеме да работите на тоа да се даде приоритет на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес. Ова може да се направи преку потпишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите со дијабетес до 2030 година донесена од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација за дијабетес. Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја. Дијабетесот влијае и на нашата физичка и на ментална благосостојба. Милиони луѓе со дијабетес се соочуваат со секојдневни предизвици во управувањето со нивната состојба дома, на работа, на училиште, во градинка, додека спортуваме или сме на прошетка или кафе со пријател. Се проценува дека над 1 од 3 лица со дијабетес доживува вознемиреност поврзана со нивната состојба и над 60% од луѓето анкетирани од страна на IDF покажуваат дека стравот од развој на компликации поврзани со дијабетес влијае на нивниот севкупен живот и благосостојба. Сепак, грижата за дијабетесот често се фокусира само на управување со шеќерот во крвта, оставајќи многумина преоптоварени и подложни на исцрпеност и депресија. Потребна е итна акција за да се осигура дека личната благосостојба е приоритет во грижата за дијабетесот. Декларацијата за дијабетес на Светската здравствена организација (СЗО) има потенцијал да ја подобри благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес преку поттикнување на националните напори за постигнување универзална здравствена покриеност, зајакнување на здравствените системи преку примарна здравствена заштита и намалување на факторите на ризик кои може да се модифицираат. Дополнителните цели за глобално подобрување во третманот на дијабетесот, исто така, можат да придонесат за благосостојба преку обезбедување квалитетна грижа за оние на кои им е потребна. Петте цели за глобално подобрување на третманот на дијабетесот се: 80% од луѓето кои живеат со дијабетес да се дијагностицирани; 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра гликамиска конторола како единствена превенција од развој на компликации; 80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра контрола на крвниот притисок; 60% од луѓето со дијабетес над 40 години да добиваат освен иновативна соодветна андијабетна терапија и терапија наменета за покачени липиди; 100% од луѓето со дијабетес тип 1 да имаат пристап до инсулин и да спроведуваат самоконтрола користејќи квалитетни глукометри и иновативни технологии (сензори и инсулински пумпи). Заедно со Меѓународната федерација за дијабетес, го повикуваме Вашето лидерство кое може да го забрза напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес. Во име на заедницата за дијабетес, Ве повикуваме да посветите повеќе напори и ресурси за подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес во Македонија и во светот. Заедницата за дијабетес смета на вашето лидерство.

The post Дијабетичарите му пишаа писмо на Таравари, бараат грижа и за менталното здравје appeared first on Република.

]]>
Расколот во Левица продолжува: Разочарани членови со писмо до јавноста велат дека постои внатрепартиска криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raskolot-vo-levitsa-prodolzhuva-razocharani-chlenovi-so-pismo-do-javnosta-velat-deka-postoi-vnatrepartiska-kriza/ Thu, 29 Feb 2024 11:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=749613

Во допис до медиумите, разочарани членови на политичката партија Левица велат дека партијата е во криза поради погрешните политики и клиентелизмот на раководството.

Нивната реакција следува по објавата на Дарко Масларковски, познат како „Пука козметика“ кој е советник во општина Аеродром и прв човек на огранокот на Левица во оваа скопска општина, а во која тој информираше дека е разочаран од случувањата во партијата и се откажува од членството.

- Ова што се случува во Левица е внатрепартиска криза која трае повеќе од една година. Минатата недела суспендиран од партијата беше Бранко Ристов кој истовремено е претседател на Советот во Карпош. Тој е разрешен од сите партиски функции и повеќе не е член на највисокото раководство (президиум).

Минатата недела се повлече и носителот на листата во Гази Баба - Дарко Стојановски кој беше член на Централниот комитет. Претходно и советникот Орде Маневски од Гази Баба си поднесе оставка, во екот на внатрепартиската криза.

Советникот во град Скоје, Александар Николовски, исто така ја напушти советничката група на Левица во Советот на град Скопје.

Пред еден месец разрешен беше и Методија Костоски од локалниот огранок во Прилеп кој беше приморан да си даде оставка и од советничкото место.

Претходно, оставки си поднесоа и модераторите на Прилеп, Кичево, Дојран, Ново Село, Карпош, Илинден, Аеродром...

Изминатите неколку месеци повеќе модератори на локални ограноци си поднесоа оставки а во повеќе ограноци има кризи. Распаднати ограноци се Штип, Кочани, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево, Кисела Вода, Илинден, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Центар...

Незадоволството произлезе поради кадровските политики на президиумот и вметнувањето на непознати членови на високи функции кои имаат сомнително минато, се вели во реакцијата на разочараните членови од Левица.

The post Расколот во Левица продолжува: Разочарани членови со писмо до јавноста велат дека постои внатрепартиска криза appeared first on Република.

]]>

Во допис до медиумите, разочарани членови на политичката партија Левица велат дека партијата е во криза поради погрешните политики и клиентелизмот на раководството.
Нивната реакција следува по објавата на Дарко Масларковски, познат како „Пука козметика“ кој е советник во општина Аеродром и прв човек на огранокот на Левица во оваа скопска општина, а во која тој информираше дека е разочаран од случувањата во партијата и се откажува од членството.
- Ова што се случува во Левица е внатрепартиска криза која трае повеќе од една година. Минатата недела суспендиран од партијата беше Бранко Ристов кој истовремено е претседател на Советот во Карпош. Тој е разрешен од сите партиски функции и повеќе не е член на највисокото раководство (президиум). Минатата недела се повлече и носителот на листата во Гази Баба - Дарко Стојановски кој беше член на Централниот комитет. Претходно и советникот Орде Маневски од Гази Баба си поднесе оставка, во екот на внатрепартиската криза. Советникот во град Скоје, Александар Николовски, исто така ја напушти советничката група на Левица во Советот на град Скопје. Пред еден месец разрешен беше и Методија Костоски од локалниот огранок во Прилеп кој беше приморан да си даде оставка и од советничкото место. Претходно, оставки си поднесоа и модераторите на Прилеп, Кичево, Дојран, Ново Село, Карпош, Илинден, Аеродром... Изминатите неколку месеци повеќе модератори на локални ограноци си поднесоа оставки а во повеќе ограноци има кризи. Распаднати ограноци се Штип, Кочани, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево, Кисела Вода, Илинден, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Центар... Незадоволството произлезе поради кадровските политики на президиумот и вметнувањето на непознати членови на високи функции кои имаат сомнително минато, се вели во реакцијата на разочараните членови од Левица.

The post Расколот во Левица продолжува: Разочарани членови со писмо до јавноста велат дека постои внатрепартиска криза appeared first on Република.

]]>
Отворено писмо на Зоја Бузалковска до министерката за култура: Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-pismo-na-zoja-buzalkovska-do-ministerkata-za-kultura-bi-vi-se-iznasmeale-sekade-po-svetov-za-vakvi-konkursi/ Thu, 12 Oct 2023 07:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=690353

Зоја Бузалковска, театарски режисер и редовен професор по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје на социјалните мрежи упати отворено писмо до министерката за култура кое го објавуваме во продолжение.

До Министер за култура
Бисера Костадиновска Стојчевска
Скопје,
10. 10. 2023 г.
ОТВОРЕНО ПИСМО
Почитувана Министерке за култура Бисера Костадиновска Стојчевска,
Како универзитетски професор и режисер со долгогодишно искуство, чувствувам потреба јавно да Ви се обратам, за да ми разјасните некои работи, кои, ете, се обидувам да си ги разјаснам самата себеси веќе некое време, но не ми оди од рака. Имено, се работи за Вашата драматична одлука, на само два дена до истекување на Конкурсот за проекти од годишната програма на националните институции од културата, да ја замените в.д. директорката на Драмски театар Маја Вељковиќ-Пановска (без соодветно образложение и осмислена процедура во која ќе бидат вклучени најзаинтересираните), со друга в.д. директорка, Викторија Рангелова-Петровска, (а која веќе еднаш, пред не многу време, беше директорка на истиот театар).
Веројатно се прашувате како и зошто ова Ваше решение мене ме засега? Освен што имам чувство дека постапката е скандалозна (поради отсуството на било каква аргументација, а со многубројни и очигледни негативни последици) што никако не оди во прилог на репутацијата ниту на Драмски театар ниту пак на Министерството за култура, може да се каже дека сум и лично, а против своја волја, замешана во ова, па чувствувам потреба да укажам на некои работи, преку кои не можам да поминам, ниту пак можам да ги премолчам.
Имено, во договор со претходната в.д. директорка, Маја Вељковиќ-Пановска, доставив два предлога за проект за 2024 година до Уметничкиот совет на Драмски театар. Едниот од нив ми беше прифатен, но бидејќи не бев во државата до два дена пред крајот на конкурсот, побарав можност, потребните документи за докомплетирање на апликацијата да ги доставам во двата дена кои преостануваа откако ќе се вратам.
Кога се вратив, до мене стаса веста за промена на директорката, по што, природно, очекував информација дали треба да ја завршам постапката. За жал, морав да се потпрам на гласините, кои водеа кон тоа дека новата директорка ќе добие повеќе време за средување на документацијата, со оглед дека застанува на раководното место во текот на конкурсот, па трпеливо чекав нови инструкции во врска со мојата апликација.
До денес, од в.д. директорката ниту пак од било кој вработен во администрацијата на Драмски театар немам добиено информација во врска со мојата апликација. Наместо тоа, во медиумите, токму од Рангелова-Петровска читам дека програмата за 2024 година (па дури и за 2025 година) е веќе оформена. Претпоставката, со оглед на тоа дека не бев консултирана за понатамошни постапки, е дека мојот предлог-проект не е на листата на новата в.д. директорка.
Она што можев да го разберам е дека меѓу апликантите со кои била договорена соработка, а кои не добиле никаква информација за понатамошно постапување се и режисерот Иван Поповски и драмскиот писател Дејан Дуковски со заеднички проект, како и режисерот Љупчо Ѓорѓиевски. Притоа, апликацијата на последниот е потполна, но тој исто така до ден-денес не добил никаква информација од Драмски театар, дали таа е поднесена до Министерството за култура или не.
Во историјата на театарот, но и во историјата на Министерството за култура не е запаметена ваква постапка: да се изврши промена на в.д. директор во текот на аплицирање за проекти, и тоа само два дена пред крај на рокот, па така, претходно назначената в.д. директорка да преговара и договара проекти залудно со познати театарски креативци. Незапаметена е и ситуација да не се информираат апликантите за промената на плановите, од назначената со нов мандат в.д. директорка.
Ваквите постапки не само што претставуваат недвосмислено омаловажување на апликантите и фактичко пренебрегнување на законски пропишаните процедури, туку претставуваат недвосмислен удар на угледот на Театарот и на самото Министерство.
Сакам да нагласам дека мојата соработка со Драмски театар, која започна уште во 1997 година, со мојата прва професионална претстава, „Ојдипус Тиранос Софоклеус“ и продолжи во 1998 година со мојата дипломска претстава „Тхе Ловер“, кои ги направив токму таму, на огромна взаемна радост, за до денес да имам реализирано најголем број проекти токму во овој театар, е поголема од било кој директор и било која политичка гарнитура. Тоа е театарот со кој развив најсуштинска соработка, во кој создадов свој тим, со кој „победуваме“ веќе со години, а оваа година со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ и буквално, освоивме пет награди на МТФ „Војдан Чернодрински“ со меѓународно жири, што е прв олку голем успех за Драмски театар по долго време, на нашиот најпрестижен театарски фестивал. Дотолку повеќе сум фрапирана од одговорот на овој успех, кој е крајно навредлив за мене и за нашата заедничка историја.
Дали треба нешто да кажам за еден од нашите најуспешни режисери со меѓународна блескава кариера, кој живее и твори во Москва и низ цела Русија, но и во САД, Франција, Хрватска, Словенија и во други земји, Иван Поповски? Или треба да кажам нешто за нашиот најдобар и најпоставуван во светски рамки драмски писател Дејан Дуковски? Театрите во регионот и пошироко „се тепаат“ за неговите текстови, а Драмски не препознава огромна прилика за себе со договорена праизведба на неговиот најнов текст „Последниот балкански вампир“ во Македонија, и тоа токму во режија на Иван Поповски, со кого Драмски театар би соработувал за првпат? И, дали треба нешто да кажам за еден од најнаградуваните на нашиот најрелевантен театарски фестивал МТФ „Војдан Чернодрински“, режисери, Љупчо Ѓорѓиевски, чии претстави се прогласени за најдобри во целина шест пати, а тој самиот за режија е награден четирипати? Да не ги набројувам сите други режии и успеси на меѓународен план.
Со оглед на сето ова, Ви се обраќам Вам Министерке како единствена одговорна за оваа ситуација, со прашање:
1. Зошто е направена замена на еден в.д. директор со друг без никаква видлива причина или сериозно образложение, пласирано во јавност? Само скандал, огромен прекршок или драматично неодговорна постапка може да биде причина за промена на раководно лице по само четири месеци од назначувањето, во финалните денови од постапката на конкурирање со проекти во годишната програма, која ја дефинира работата на театарот во целата наредна година. Прашањето е, која е таа толку драматична причина за Вие како министерка да донесете одлука за разрешување на в.д. директорката Вељковиќ–Пановска со решение кое во Драмски театар е доставено на 28 јуни, при што новата в.д. директорка ја презема фотелјата на 29-ти јуни, а конкурсот трае до 30 јуни? Доколку навистина постојат причини и аргументи за една ваква промена, редно е јавноста да биде известена за нив.
Наспроти ова, се чини дека Вие целата оваа процедура сте ја воделе спротивно на законот, според кој веднаш по назначувањето на в.д. директор треба да се распише конкурс за директор, а не да се заменува еден в.д. директор со друг и тоа во најнепогоден момент од работењето на институцијата. Ако не сум во право, тогаш зошто во моментот кога ја назначивте Вељковиќ-Пановска за в.д. директор на Драмски театар, не распишавте јавен оглас за директор? Наместо тоа, Вие и Рангелова-Петровска ја назначивте за вршител на должност. Распишавте ли можеби сега, веднаш по нејзиното поставување, јавен оглас за директор?
2. Дали е според Вас соодветно да ја избришете со еден потег целокупната активност поврзана со објавениот конкурс, остварена од страна на в.д. директорката на Драмски театар Вељковиќ-Пановска, која во својот краток мандат, успеа да воспостави контакти, да преговара, да им го узурпира времето, да бара од театарски режисери, драмски писатели, сценографи, костимографи, кореографи, композитори, меѓу кои сум и јас, да посветат време и внимание на избор на текст што ќе го работат, на разработка на концепти, на разговори и договори, на експликации? Активности кои подразбираат потрошено време и креативна снага? Посебно што со овој акт ни е одземена приликата да аплицираме на конкурсот преку друг театар? Резултатот за нас е цела година изгубено време за работа, а причината воопшто не е во недоволно квалитетен предлог-проект, туку во лошо менаџирање и постапување токму од страна на Министерството за култура! Без никаква и ничија одговорност.
3. Следно прашање за кое очекувам одговор од Вас како министер за култура е зошто нецелосните апликации за проекти (кои не се довршени затоа што постапката е нагло прекината со сите неочекувани промени), се поднесени во Министерството и на тој начин е создадена ситуација и можност за злоупотреба? Сакам да напоменам дека досега не сум дозволила моја апликација да се достави до Министерството од некој театар како нецелосна и збеснувам при помислата или претпоставката или гласината дека би можела во овој случај да биде поднесена како таква, за да биде прогласена за нецелосна и да даде легитимитет на нови одлуки!
* Само како забелешка: дали е природно да се бара од Иван Поповски и Дејан Дуковски експликација со сите детали? Или, од Љупчо Ѓорѓиевски? Или од мене? Сериозно? Барајте го ова од некој почетник, од кого Ви треба голема гаранција дека нема да направи нешто неквалитетно. Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси. На прво место, крајно несоодветно е да се бара развивање концепти и конкретни дизајнерски решенија на неодобрена претстава. Тоа е дел кој мора да се заштити од преземање (крадење), а и – неговата изработка чини време, креативна посветеност, а со тоа и пари и не може да биде побарана условно. Што станува кога некој треба да прави скици или пресметки за 300 костими, а притоа никој не му гарантира дека претставата ќе се реализира? Она што е најверојатно делумно и наша вина, е тоа што упорно, со години, го прифаќаме овој апсурден услов за конкурирање, како да е логичен.
4. Ве молам да ми одговорите зошто до денес (а поминаа веќе три и пол месеци), ниту еден од апликантите не добил никаква информација, дали неговиот предлог-проект воопшто е земен предвид? Дури и кога би се работело за почетници, на кои ова би им бил прв проект, ваквиот однос кон нив би бил скандалозен и неразбирлив и дури би граничел со немање елементарно домашно воспитување. Да се остават Дејан Дуковски и Иван Поповски, како и Љупчо Ѓорѓиевски (истово се однесува и на мене) цело лето во неизвесност е во најмала рака невкусно. Сосем логично би било, каква и да е одлуката, в.д. директорката или некој од Министерството за култура да се јави или да ни се обрати по писмен пат и да ни соопшти дека ги прифаќа нашите предлози и бара докомплетирање на апликациите или не ги прифаќа и ќе креира нова програма.
5. Посебно би сакала да прашам: со кого комуницираме ние? Со институциите или со поединци кои во моментот се наоѓаат на соодветна функција? Како да се обезбеди континуитет на соработка, ако резултатот на промените на директорите (како и на министрите) кои се толку чести, значи коренита промена и негирање на сите претходни комуникации и воспоставени практики? Вистината е дека со секоја промена почнуваме одново. Според редот на нештата, режисерот и другите соработници од креативниот тим се договараат за работа на нова претстава со институцијата (во случајов, Драмски театар), а не со директор. Директорот е менаџер кој ја претставува институцијата. Немањето континуитет во развојот на институцијата и во програмските стратегии е погубно за Драмски театар и за било која институција од културата. Тоа што Драмски театар во последниве шест години има петта промена на директор е катастрофално за институцијата. Ниту директорите можат да креираат политики на водење на куќата во толку кус мандат, ниту соработниците можат да истераат продукција во континуитет, со претпродукција, продукција и постпродукција, направени во мандат на исто раководство.
Во секој случај, нашите претстави или предлог-претстави не смее да се претворат во жртвени јагниња, кои новите директори ќе ги злоупотребат за докажување некоја своја правдина или за омаловажување на програмите и работата на претходниот директор. Во овој дисконтинуитет и препукувања страда институцијата, нејзината репутација, но и целиот актерски и технички тим, кој вложува време и креативна енергија во креирање нешто, кое потоа завршува во ќорсокак или има краток домет. Режисерите (и не само тие, туку и драмските писатели, сценографите, костимографите, композиторите на музика, актерите-гости, младите театарџии) развиваат недоверба кон институцијата Драмски театар и ја бришат од мапата на театри со кои сакаат да соработуваат во иднина.
Ве уверувам дека сакам да ги разберам причините за ваквите одлуки и постапки, Министерке, но не можам. Во отсуство на објаснувања, информации и конзистентност во постапувањето, останува само да претпоставувам и со секоја моја претпоставка доаѓам до заклучок дека нешто не е во ред! Министерке, во сето ова нешто крупно не е во ред! А најмногу не е во ред доколку го прочитате ова писмо и си помислите дека не сте одговорна за проблемите што ги отвора.
Одговорноста на министерот за случувањата во областа која ја покрива се посебно поврзани со резултатите кои произлегуваат од неговите директни активности и дејствија. Компромитацијата на една од најголемите и најважни институции од културата во државава и на некои од најголемите имиња во македонскиот современ театар е нешто кое подразбира потреба од преземање на таа одговорност и соодветна реакција сè до ниво на неотповиклива оставка со цел барем делумно санирање на проблемот.
Со почит,
Зоја Бузалковска
театарски режисер и редовен професор
по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје

The post Отворено писмо на Зоја Бузалковска до министерката за култура: Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси appeared first on Република.

]]>

Зоја Бузалковска, театарски режисер и редовен професор по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје на социјалните мрежи упати отворено писмо до министерката за култура кое го објавуваме во продолжение.
До Министер за култура Бисера Костадиновска Стојчевска Скопје, 10. 10. 2023 г. ОТВОРЕНО ПИСМО Почитувана Министерке за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Како универзитетски професор и режисер со долгогодишно искуство, чувствувам потреба јавно да Ви се обратам, за да ми разјасните некои работи, кои, ете, се обидувам да си ги разјаснам самата себеси веќе некое време, но не ми оди од рака. Имено, се работи за Вашата драматична одлука, на само два дена до истекување на Конкурсот за проекти од годишната програма на националните институции од културата, да ја замените в.д. директорката на Драмски театар Маја Вељковиќ-Пановска (без соодветно образложение и осмислена процедура во која ќе бидат вклучени најзаинтересираните), со друга в.д. директорка, Викторија Рангелова-Петровска, (а која веќе еднаш, пред не многу време, беше директорка на истиот театар). Веројатно се прашувате како и зошто ова Ваше решение мене ме засега? Освен што имам чувство дека постапката е скандалозна (поради отсуството на било каква аргументација, а со многубројни и очигледни негативни последици) што никако не оди во прилог на репутацијата ниту на Драмски театар ниту пак на Министерството за култура, може да се каже дека сум и лично, а против своја волја, замешана во ова, па чувствувам потреба да укажам на некои работи, преку кои не можам да поминам, ниту пак можам да ги премолчам. Имено, во договор со претходната в.д. директорка, Маја Вељковиќ-Пановска, доставив два предлога за проект за 2024 година до Уметничкиот совет на Драмски театар. Едниот од нив ми беше прифатен, но бидејќи не бев во државата до два дена пред крајот на конкурсот, побарав можност, потребните документи за докомплетирање на апликацијата да ги доставам во двата дена кои преостануваа откако ќе се вратам. Кога се вратив, до мене стаса веста за промена на директорката, по што, природно, очекував информација дали треба да ја завршам постапката. За жал, морав да се потпрам на гласините, кои водеа кон тоа дека новата директорка ќе добие повеќе време за средување на документацијата, со оглед дека застанува на раководното место во текот на конкурсот, па трпеливо чекав нови инструкции во врска со мојата апликација. До денес, од в.д. директорката ниту пак од било кој вработен во администрацијата на Драмски театар немам добиено информација во врска со мојата апликација. Наместо тоа, во медиумите, токму од Рангелова-Петровска читам дека програмата за 2024 година (па дури и за 2025 година) е веќе оформена. Претпоставката, со оглед на тоа дека не бев консултирана за понатамошни постапки, е дека мојот предлог-проект не е на листата на новата в.д. директорка. Она што можев да го разберам е дека меѓу апликантите со кои била договорена соработка, а кои не добиле никаква информација за понатамошно постапување се и режисерот Иван Поповски и драмскиот писател Дејан Дуковски со заеднички проект, како и режисерот Љупчо Ѓорѓиевски. Притоа, апликацијата на последниот е потполна, но тој исто така до ден-денес не добил никаква информација од Драмски театар, дали таа е поднесена до Министерството за култура или не. Во историјата на театарот, но и во историјата на Министерството за култура не е запаметена ваква постапка: да се изврши промена на в.д. директор во текот на аплицирање за проекти, и тоа само два дена пред крај на рокот, па така, претходно назначената в.д. директорка да преговара и договара проекти залудно со познати театарски креативци. Незапаметена е и ситуација да не се информираат апликантите за промената на плановите, од назначената со нов мандат в.д. директорка. Ваквите постапки не само што претставуваат недвосмислено омаловажување на апликантите и фактичко пренебрегнување на законски пропишаните процедури, туку претставуваат недвосмислен удар на угледот на Театарот и на самото Министерство. Сакам да нагласам дека мојата соработка со Драмски театар, која започна уште во 1997 година, со мојата прва професионална претстава, „Ојдипус Тиранос Софоклеус“ и продолжи во 1998 година со мојата дипломска претстава „Тхе Ловер“, кои ги направив токму таму, на огромна взаемна радост, за до денес да имам реализирано најголем број проекти токму во овој театар, е поголема од било кој директор и било која политичка гарнитура. Тоа е театарот со кој развив најсуштинска соработка, во кој создадов свој тим, со кој „победуваме“ веќе со години, а оваа година со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ и буквално, освоивме пет награди на МТФ „Војдан Чернодрински“ со меѓународно жири, што е прв олку голем успех за Драмски театар по долго време, на нашиот најпрестижен театарски фестивал. Дотолку повеќе сум фрапирана од одговорот на овој успех, кој е крајно навредлив за мене и за нашата заедничка историја. Дали треба нешто да кажам за еден од нашите најуспешни режисери со меѓународна блескава кариера, кој живее и твори во Москва и низ цела Русија, но и во САД, Франција, Хрватска, Словенија и во други земји, Иван Поповски? Или треба да кажам нешто за нашиот најдобар и најпоставуван во светски рамки драмски писател Дејан Дуковски? Театрите во регионот и пошироко „се тепаат“ за неговите текстови, а Драмски не препознава огромна прилика за себе со договорена праизведба на неговиот најнов текст „Последниот балкански вампир“ во Македонија, и тоа токму во режија на Иван Поповски, со кого Драмски театар би соработувал за првпат? И, дали треба нешто да кажам за еден од најнаградуваните на нашиот најрелевантен театарски фестивал МТФ „Војдан Чернодрински“, режисери, Љупчо Ѓорѓиевски, чии претстави се прогласени за најдобри во целина шест пати, а тој самиот за режија е награден четирипати? Да не ги набројувам сите други режии и успеси на меѓународен план. Со оглед на сето ова, Ви се обраќам Вам Министерке како единствена одговорна за оваа ситуација, со прашање: 1. Зошто е направена замена на еден в.д. директор со друг без никаква видлива причина или сериозно образложение, пласирано во јавност? Само скандал, огромен прекршок или драматично неодговорна постапка може да биде причина за промена на раководно лице по само четири месеци од назначувањето, во финалните денови од постапката на конкурирање со проекти во годишната програма, која ја дефинира работата на театарот во целата наредна година. Прашањето е, која е таа толку драматична причина за Вие како министерка да донесете одлука за разрешување на в.д. директорката Вељковиќ–Пановска со решение кое во Драмски театар е доставено на 28 јуни, при што новата в.д. директорка ја презема фотелјата на 29-ти јуни, а конкурсот трае до 30 јуни? Доколку навистина постојат причини и аргументи за една ваква промена, редно е јавноста да биде известена за нив. Наспроти ова, се чини дека Вие целата оваа процедура сте ја воделе спротивно на законот, според кој веднаш по назначувањето на в.д. директор треба да се распише конкурс за директор, а не да се заменува еден в.д. директор со друг и тоа во најнепогоден момент од работењето на институцијата. Ако не сум во право, тогаш зошто во моментот кога ја назначивте Вељковиќ-Пановска за в.д. директор на Драмски театар, не распишавте јавен оглас за директор? Наместо тоа, Вие и Рангелова-Петровска ја назначивте за вршител на должност. Распишавте ли можеби сега, веднаш по нејзиното поставување, јавен оглас за директор? 2. Дали е според Вас соодветно да ја избришете со еден потег целокупната активност поврзана со објавениот конкурс, остварена од страна на в.д. директорката на Драмски театар Вељковиќ-Пановска, која во својот краток мандат, успеа да воспостави контакти, да преговара, да им го узурпира времето, да бара од театарски режисери, драмски писатели, сценографи, костимографи, кореографи, композитори, меѓу кои сум и јас, да посветат време и внимание на избор на текст што ќе го работат, на разработка на концепти, на разговори и договори, на експликации? Активности кои подразбираат потрошено време и креативна снага? Посебно што со овој акт ни е одземена приликата да аплицираме на конкурсот преку друг театар? Резултатот за нас е цела година изгубено време за работа, а причината воопшто не е во недоволно квалитетен предлог-проект, туку во лошо менаџирање и постапување токму од страна на Министерството за култура! Без никаква и ничија одговорност. 3. Следно прашање за кое очекувам одговор од Вас како министер за култура е зошто нецелосните апликации за проекти (кои не се довршени затоа што постапката е нагло прекината со сите неочекувани промени), се поднесени во Министерството и на тој начин е создадена ситуација и можност за злоупотреба? Сакам да напоменам дека досега не сум дозволила моја апликација да се достави до Министерството од некој театар како нецелосна и збеснувам при помислата или претпоставката или гласината дека би можела во овој случај да биде поднесена како таква, за да биде прогласена за нецелосна и да даде легитимитет на нови одлуки! * Само како забелешка: дали е природно да се бара од Иван Поповски и Дејан Дуковски експликација со сите детали? Или, од Љупчо Ѓорѓиевски? Или од мене? Сериозно? Барајте го ова од некој почетник, од кого Ви треба голема гаранција дека нема да направи нешто неквалитетно. Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси. На прво место, крајно несоодветно е да се бара развивање концепти и конкретни дизајнерски решенија на неодобрена претстава. Тоа е дел кој мора да се заштити од преземање (крадење), а и – неговата изработка чини време, креативна посветеност, а со тоа и пари и не може да биде побарана условно. Што станува кога некој треба да прави скици или пресметки за 300 костими, а притоа никој не му гарантира дека претставата ќе се реализира? Она што е најверојатно делумно и наша вина, е тоа што упорно, со години, го прифаќаме овој апсурден услов за конкурирање, како да е логичен. 4. Ве молам да ми одговорите зошто до денес (а поминаа веќе три и пол месеци), ниту еден од апликантите не добил никаква информација, дали неговиот предлог-проект воопшто е земен предвид? Дури и кога би се работело за почетници, на кои ова би им бил прв проект, ваквиот однос кон нив би бил скандалозен и неразбирлив и дури би граничел со немање елементарно домашно воспитување. Да се остават Дејан Дуковски и Иван Поповски, како и Љупчо Ѓорѓиевски (истово се однесува и на мене) цело лето во неизвесност е во најмала рака невкусно. Сосем логично би било, каква и да е одлуката, в.д. директорката или некој од Министерството за култура да се јави или да ни се обрати по писмен пат и да ни соопшти дека ги прифаќа нашите предлози и бара докомплетирање на апликациите или не ги прифаќа и ќе креира нова програма. 5. Посебно би сакала да прашам: со кого комуницираме ние? Со институциите или со поединци кои во моментот се наоѓаат на соодветна функција? Како да се обезбеди континуитет на соработка, ако резултатот на промените на директорите (како и на министрите) кои се толку чести, значи коренита промена и негирање на сите претходни комуникации и воспоставени практики? Вистината е дека со секоја промена почнуваме одново. Според редот на нештата, режисерот и другите соработници од креативниот тим се договараат за работа на нова претстава со институцијата (во случајов, Драмски театар), а не со директор. Директорот е менаџер кој ја претставува институцијата. Немањето континуитет во развојот на институцијата и во програмските стратегии е погубно за Драмски театар и за било која институција од културата. Тоа што Драмски театар во последниве шест години има петта промена на директор е катастрофално за институцијата. Ниту директорите можат да креираат политики на водење на куќата во толку кус мандат, ниту соработниците можат да истераат продукција во континуитет, со претпродукција, продукција и постпродукција, направени во мандат на исто раководство. Во секој случај, нашите претстави или предлог-претстави не смее да се претворат во жртвени јагниња, кои новите директори ќе ги злоупотребат за докажување некоја своја правдина или за омаловажување на програмите и работата на претходниот директор. Во овој дисконтинуитет и препукувања страда институцијата, нејзината репутација, но и целиот актерски и технички тим, кој вложува време и креативна енергија во креирање нешто, кое потоа завршува во ќорсокак или има краток домет. Режисерите (и не само тие, туку и драмските писатели, сценографите, костимографите, композиторите на музика, актерите-гости, младите театарџии) развиваат недоверба кон институцијата Драмски театар и ја бришат од мапата на театри со кои сакаат да соработуваат во иднина. Ве уверувам дека сакам да ги разберам причините за ваквите одлуки и постапки, Министерке, но не можам. Во отсуство на објаснувања, информации и конзистентност во постапувањето, останува само да претпоставувам и со секоја моја претпоставка доаѓам до заклучок дека нешто не е во ред! Министерке, во сето ова нешто крупно не е во ред! А најмногу не е во ред доколку го прочитате ова писмо и си помислите дека не сте одговорна за проблемите што ги отвора. Одговорноста на министерот за случувањата во областа која ја покрива се посебно поврзани со резултатите кои произлегуваат од неговите директни активности и дејствија. Компромитацијата на една од најголемите и најважни институции од културата во државава и на некои од најголемите имиња во македонскиот современ театар е нешто кое подразбира потреба од преземање на таа одговорност и соодветна реакција сè до ниво на неотповиклива оставка со цел барем делумно санирање на проблемот. Со почит, Зоја Бузалковска театарски режисер и редовен професор по актерска игра и театарска режија на ФДУ Скопје

The post Отворено писмо на Зоја Бузалковска до министерката за култура: Би Ви се изнасмеале секаде по светов за вакви конкурси appeared first on Република.

]]>
53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/53-rezhiseri-i-produtsenti-vo-otvoreno-pismo-do-ministerstvoto-za-kultura-reagiraat-na-krateneto-na-godishniot-budhet-za-filmska-dejnost/ Mon, 18 Sep 2023 13:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=682920

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм.

Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов - Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов...

Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори.

Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација.

На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.

Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж - најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.

Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.

Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво.

Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија.

Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.

 

1. Тамара Котевска - режисер
2. Теона Митевска - режисер
3. Ѓорче Ставрески - режисер
4. Даријан Пејовски - режисер
5. Вардан Тозија - режисер
6. Дина Дума - режисер
7. Марија Апчевска - режисер
8. Игор Иванов - режисер
9. Георги Унковски - режисер
10. Андреј Волкашин - режисер
11. Срѓан Јанакиевиќ - режисер
12. Игор Алексов - режисер
13. Елеонора Венинова - режисер
14. Николче Поповски - режисер
15. Трифун Ситниковски - режисер
16. Лидија Мојсовска - режисер
17. Марко Ѓоковик - режисер
18. Васил Христов - режисер
19. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент
20. Кастриот Абдили - режисер и продуцент
21. Батухан Ибрахим, режисер
22. Маријан Гавриловски - режисер
23. Ромир Јакупи - режисер
24. Ибрахим Деари - режисер
25. Мирсад Абази - режисер и актер
26. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер
27. Фисник Исмаили - режисер и снимател
28. Андреј Георгиев - режисер
29. Гоце Трајковски - режисер
30. Лабина Митевска - продуцент
31. Марија Димитрова - продуцент
32. Томи Салковски - продуцент
33. Роберт Насков - продуцент
34. Владимир Анастасов - продуцент
35. Ангела Несторовска - продуцент
36. Дејан Илиев - продуцент
37. Иван Унковски - продуцент
38. Ивана Шекутковска - продуцент
39. Елена Станишева - продуцент
40. Јорданчо Петковски - продуцент
41. Сашо Пешев - продуцент
42. Илија Циривири - продуцент
43. Сара Ферро - продуцент
44. Владимир Стојчевски - продуцент
45. Дарко Попов - продуцент
46. Огнен Антов - продуцент
47. Гоце Кралевски - продуцент
48. Атанас Георгиев - продуцент и режисер
49. Роберт Јазаџиски - продуцент
50. Дејан Крајчевски - продуцент
51. Бунјамин Куртиши - продуцент
52. Душан Ефремов - продуцент
53. Сашо Павловски - продуцент и режисер

 

The post 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност appeared first on Република.

]]>

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм. Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов - Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов... Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.
Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори. Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.
Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж - најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа. Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.
Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво. Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата. Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија. Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.
  1. Тамара Котевска - режисер 2. Теона Митевска - режисер 3. Ѓорче Ставрески - режисер 4. Даријан Пејовски - режисер 5. Вардан Тозија - режисер 6. Дина Дума - режисер 7. Марија Апчевска - режисер 8. Игор Иванов - режисер 9. Георги Унковски - режисер 10. Андреј Волкашин - режисер 11. Срѓан Јанакиевиќ - режисер 12. Игор Алексов - режисер 13. Елеонора Венинова - режисер 14. Николче Поповски - режисер 15. Трифун Ситниковски - режисер 16. Лидија Мојсовска - режисер 17. Марко Ѓоковик - режисер 18. Васил Христов - режисер 19. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент 20. Кастриот Абдили - режисер и продуцент 21. Батухан Ибрахим, режисер 22. Маријан Гавриловски - режисер 23. Ромир Јакупи - режисер 24. Ибрахим Деари - режисер 25. Мирсад Абази - режисер и актер 26. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер 27. Фисник Исмаили - режисер и снимател 28. Андреј Георгиев - режисер 29. Гоце Трајковски - режисер 30. Лабина Митевска - продуцент 31. Марија Димитрова - продуцент 32. Томи Салковски - продуцент 33. Роберт Насков - продуцент 34. Владимир Анастасов - продуцент 35. Ангела Несторовска - продуцент 36. Дејан Илиев - продуцент 37. Иван Унковски - продуцент 38. Ивана Шекутковска - продуцент 39. Елена Станишева - продуцент 40. Јорданчо Петковски - продуцент 41. Сашо Пешев - продуцент 42. Илија Циривири - продуцент 43. Сара Ферро - продуцент 44. Владимир Стојчевски - продуцент 45. Дарко Попов - продуцент 46. Огнен Антов - продуцент 47. Гоце Кралевски - продуцент 48. Атанас Георгиев - продуцент и режисер 49. Роберт Јазаџиски - продуцент 50. Дејан Крајчевски - продуцент 51. Бунјамин Куртиши - продуцент 52. Душан Ефремов - продуцент 53. Сашо Павловски - продуцент и режисер  

The post 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност appeared first on Република.

]]>
Родителите со документи за криминалот на директорката која Тренчевска ја штити https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/roditelite-so-dokumenti-za-kriminalot-na-direktorkata-koja-trenchevska-ja-shtiti/ Thu, 01 Jun 2023 07:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=646669

Родителите на децата од градинката „Детска радост“ во отворено писмо до јавноста потсетуваат на сите криминални дејствија на директортката, која иако градоначалникот на Гази Баба ја разреши, беше вратена на работа од страна на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

Тие доставуваат и документи како доказ за незаконското работење и најавуваат отпор и кон тоа и кон министерката Тренчевска.

https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/

Нивното отворено писмо до јавноста ви го пренесуваме во целост:

https://republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/

Почитувани новинари,

По оддржани два состаноци на родителите на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост го доставуваме ова отворено писмо до јавноста.

Се обраќаме по неколку дена пауза бидејќи почекавме да заврши завршната приредба на генерацијата која оваа година завршува со посетата на градинката, а беше закажана за вчера 31.05.2023 година. Не сакавме да бидеме пречка за реализација на оваа приредба бидејќи сепак се работи за нашите деца.

По направени консултации со вработени внатре во градинката и сеопфатна анализа за известуваме јавноста за донесените заклучоци:

  1. Се формира иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе говорат во името на сите нас незадоволни родители;
  2. Од понеделник 05.06.2023 година официјално ќе започнат нашите активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката;
  3. За денес 01.06.2023 година е предвидено до медиумите да се достави ова отворено писмо со анализа на документите.

Повикувајќи се на Законот за Заштита на укажувачите до целокупната јавност доставуваме анализа на документите кои пристигнаа до нас, а говорат за прекршување на Законите.

АНАЛИЗА СО ПРИЛОГ ДОКУМЕНТИ

СИТУАЦИЈА БРОЈ 1

На ден 25.05.2021 година до градинката Детска радост е доставена профактура број 21-012-00166 од економски оператор за извршена набавка на луксузен мебел со вредност од 69.266,75 денари.

Имајќи предвид дека мебелот бил набавен, а истиот не бил дел од финансискиот план на детската градинка, Управниот одбор на градинката на ден 23.07.2021 година носи Одлука за изменување и дополнување на Финансискиот план за 2021 година во кој како претпоследна точка стои: “Се додава конто 483110 – Купување на канц. Мебел во износ од 72.000 денари”.

За да се покрие крешењето на Законот на ден 07.09.2021 година е доставена истата профактура број 21-012-00166 само со променет датум.

СИТУАЦИЈА БРОЈ 2

Во прилог Ви доставуваме фактури од угостителски услуги кои директорката ги реализирала во работно време, а најчесто и по завршување на работното време, а дополнително и со храна за носење.

СИТУАЦИЈА БРОЈ 3

Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката.


СИТУАЦИЈА БРОЈ 4

Со пари од градинката се вршело секојдневна набавка на производи кои не се за децата, туку за менаџментот за градинката.

 

Почитувани новинари,

Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично.

Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скаби бајадери.

Ова наше писмо со сите овие документи доаѓа по повикот од директорката да на отворен ден ни ги презентирала документите со образложение дека немало криминал.

На овие документи ли мислевте, госпоѓо Анета Петровска?

Нас приемен ден, не ни треба. Нас ни треба одговорен менаџер на чело на градинката во која ги оставаме за грижа нашите деца. А нашата бројност ќе ја види и директорката, но и министерката која се стави во заштита на директорката за многу брзо.

Ја известуваме јавноста дека веќе од понеделник започнува нашиот отпор кон незаконското работење во градинката.

Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат на нашиот отпор.

Ова е отпор против криминалот и корупцијата!

Ова е отпор против незаконското работење!

Ова е отпор против министерката Јованка Тренчевска која вршејќи самоволие ја врати директорката на чело на градинката!

The post Родителите со документи за криминалот на директорката која Тренчевска ја штити appeared first on Република.

]]>

Родителите на децата од градинката „Детска радост“ во отворено писмо до јавноста потсетуваат на сите криминални дејствија на директортката, која иако градоначалникот на Гази Баба ја разреши, беше вратена на работа од страна на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска. https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/ Тие доставуваат и документи како доказ за незаконското работење и најавуваат отпор и кон тоа и кон министерката Тренчевска. https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/ Нивното отворено писмо до јавноста ви го пренесуваме во целост: https://republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/ Почитувани новинари, По оддржани два состаноци на родителите на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост го доставуваме ова отворено писмо до јавноста. Се обраќаме по неколку дена пауза бидејќи почекавме да заврши завршната приредба на генерацијата која оваа година завршува со посетата на градинката, а беше закажана за вчера 31.05.2023 година. Не сакавме да бидеме пречка за реализација на оваа приредба бидејќи сепак се работи за нашите деца. По направени консултации со вработени внатре во градинката и сеопфатна анализа за известуваме јавноста за донесените заклучоци:
  1. Се формира иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе говорат во името на сите нас незадоволни родители;
  2. Од понеделник 05.06.2023 година официјално ќе започнат нашите активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката;
  3. За денес 01.06.2023 година е предвидено до медиумите да се достави ова отворено писмо со анализа на документите.
Повикувајќи се на Законот за Заштита на укажувачите до целокупната јавност доставуваме анализа на документите кои пристигнаа до нас, а говорат за прекршување на Законите.

АНАЛИЗА СО ПРИЛОГ ДОКУМЕНТИ

СИТУАЦИЈА БРОЈ 1 На ден 25.05.2021 година до градинката Детска радост е доставена профактура број 21-012-00166 од економски оператор за извршена набавка на луксузен мебел со вредност од 69.266,75 денари. Имајќи предвид дека мебелот бил набавен, а истиот не бил дел од финансискиот план на детската градинка, Управниот одбор на градинката на ден 23.07.2021 година носи Одлука за изменување и дополнување на Финансискиот план за 2021 година во кој како претпоследна точка стои: “Се додава конто 483110 – Купување на канц. Мебел во износ од 72.000 денари”. За да се покрие крешењето на Законот на ден 07.09.2021 година е доставена истата профактура број 21-012-00166 само со променет датум. СИТУАЦИЈА БРОЈ 2 Во прилог Ви доставуваме фактури од угостителски услуги кои директорката ги реализирала во работно време, а најчесто и по завршување на работното време, а дополнително и со храна за носење. СИТУАЦИЈА БРОЈ 3 Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката. СИТУАЦИЈА БРОЈ 4 Со пари од градинката се вршело секојдневна набавка на производи кои не се за децата, туку за менаџментот за градинката.   Почитувани новинари, Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично. Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скаби бајадери. Ова наше писмо со сите овие документи доаѓа по повикот од директорката да на отворен ден ни ги презентирала документите со образложение дека немало криминал. На овие документи ли мислевте, госпоѓо Анета Петровска? Нас приемен ден, не ни треба. Нас ни треба одговорен менаџер на чело на градинката во која ги оставаме за грижа нашите деца. А нашата бројност ќе ја види и директорката, но и министерката која се стави во заштита на директорката за многу брзо. Ја известуваме јавноста дека веќе од понеделник започнува нашиот отпор кон незаконското работење во градинката. Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат на нашиот отпор. Ова е отпор против криминалот и корупцијата! Ова е отпор против незаконското работење! Ова е отпор против министерката Јованка Тренчевска која вршејќи самоволие ја врати директорката на чело на градинката!

The post Родителите со документи за криминалот на директорката која Тренчевска ја штити appeared first on Република.

]]>
„До родителите на нелекуваното момче“, потресно писмо на Нина Кобиљски, мајка на убиената Ема https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/do-roditelite-na-nelekuvanoto-momche-potresno-pismo-na-nina-kobilski-majka-na-ubienata-ema/ Tue, 23 May 2023 08:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=643844

Мајката на Ема Кобиљски, која загина на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар во масакрот извршен од нејзиниот врсник Коста Кецмановиќ, на „Фејсбук“ сподели отворено писмо до неговите родители.

Нејзината објава ја пренесуваме во целост:

До родителите на нелекувано момче.

….ако некогаш не барате и сакате да кажете: „Прости ни, не знаевме подобро и многу ни е жал…“. Знаете, ние повеќе не веруваме во световна правда…туку се трудиме да продолжиме да веруваме во хуманоста и вистината…

Верувам дека добро ви е познато дека нашиот клас VII2 беше исклучителен клас, не затоа што го сочинуваа одлични ученици, туку затоа што беа добри деца и добри пријатели еден на друг. Насмеани отидоа на училиште и се вратија задоволни.

Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на патувања… знаете и дека сите заедно играа карти и се смееја во своите соби до доцна во ноќта.

Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите.

Им беше убаво, но во исто време им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?!

Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вашите родители и стручни лица?

Трагедијата што ни се случи е толку страшна, болна и незамислива што секојдневно се мачиме да дишеме. Мислите кои ќе не прогонуваат до крајот на животот се: Зошто не му помогнавте?! Зошто го трениравте на стрелиште и со него развивате и негувате такви страшни вештини за стрелање и убивање, додека ние ги носевме нашите деца на часови по уметност и спорт?!

Ако не сте биле свесни за вашата улога во невидената трагедија од 3 мај 2023 година, тогаш треба да се разбудите и да сфатите дека за жал овде имаме работа со трагедија по трагедија од светски размери. Јасно ни е дека јавното мислење бара некаква смисла – причина со цел на некој начин да го објасни овој вид на криминал и да разбере како се случило?

Да разјасниме, врсничкото насилство е суштинска тема на денешното време, на кое мора да и се посвети најголемо внимание и грижа за да се запре. Но, тоа не се случи во оваа трагедија и не треба повторно да се залажувате и да се криете зад невистините.

Жал ми е, тоа се случи на најпогубниот можен начин, но од вашето дете на нашите деца.

Дали сте свесни дека преживеаните и ранетите добиваат закани по живот од целиот свет затоа што „некој ќе го заврши започнатото“, во болна верба да се правда за „малтретираниот“ момче.

Добро знаете дека децата од VII2 наивно го прифатија, му пружија рака за пријателство и тоа беше се што можеа нивните златни срца… се останато беше до вас кои сте одговорни за него и стручните служби кои мораа да одржуваат објективност кога се јавува родителска слабост.

Знаете, 21 век е за жал бесрамен век… во овој век не треба да се срами да се бара сета стручна помош што е достапна денес. Кога повторно ќе ве прашаат, размислете дали ќе повторите: „Јас не сум виновен“ или барем кажете: згрешивме, не знаевме подобро…

Можеби тогаш не знаевте, но сега болната вистина е зад сите нас и треба да можете подобро… дури и да речете: „Извини, многу ни е жал, твоите деца не се виновни за било што!“ Ова не е само лична трагедија, туку колективна трагедија на едно општество затоа што исклучителните деца кои беа на вистинскиот пат да станат големи луѓе и кои со своите несудени семејства требаше да бидат залог за ова општество, умреa.

Продолжуваме да се молиме за спас на вашите души, но без исповед, нема покајание.

The post „До родителите на нелекуваното момче“, потресно писмо на Нина Кобиљски, мајка на убиената Ема appeared first on Република.

]]>

Мајката на Ема Кобиљски, која загина на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар во масакрот извршен од нејзиниот врсник Коста Кецмановиќ, на „Фејсбук“ сподели отворено писмо до неговите родители. Нејзината објава ја пренесуваме во целост: До родителите на нелекувано момче. ….ако некогаш не барате и сакате да кажете: „Прости ни, не знаевме подобро и многу ни е жал…“. Знаете, ние повеќе не веруваме во световна правда…туку се трудиме да продолжиме да веруваме во хуманоста и вистината… Верувам дека добро ви е познато дека нашиот клас VII2 беше исклучителен клас, не затоа што го сочинуваа одлични ученици, туку затоа што беа добри деца и добри пријатели еден на друг. Насмеани отидоа на училиште и се вратија задоволни. Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на патувања… знаете и дека сите заедно играа карти и се смееја во своите соби до доцна во ноќта. Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите. Им беше убаво, но во исто време им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вашите родители и стручни лица? Трагедијата што ни се случи е толку страшна, болна и незамислива што секојдневно се мачиме да дишеме. Мислите кои ќе не прогонуваат до крајот на животот се: Зошто не му помогнавте?! Зошто го трениравте на стрелиште и со него развивате и негувате такви страшни вештини за стрелање и убивање, додека ние ги носевме нашите деца на часови по уметност и спорт?! Ако не сте биле свесни за вашата улога во невидената трагедија од 3 мај 2023 година, тогаш треба да се разбудите и да сфатите дека за жал овде имаме работа со трагедија по трагедија од светски размери. Јасно ни е дека јавното мислење бара некаква смисла – причина со цел на некој начин да го објасни овој вид на криминал и да разбере како се случило? Да разјасниме, врсничкото насилство е суштинска тема на денешното време, на кое мора да и се посвети најголемо внимание и грижа за да се запре. Но, тоа не се случи во оваа трагедија и не треба повторно да се залажувате и да се криете зад невистините. Жал ми е, тоа се случи на најпогубниот можен начин, но од вашето дете на нашите деца. Дали сте свесни дека преживеаните и ранетите добиваат закани по живот од целиот свет затоа што „некој ќе го заврши започнатото“, во болна верба да се правда за „малтретираниот“ момче. Добро знаете дека децата од VII2 наивно го прифатија, му пружија рака за пријателство и тоа беше се што можеа нивните златни срца… се останато беше до вас кои сте одговорни за него и стручните служби кои мораа да одржуваат објективност кога се јавува родителска слабост. Знаете, 21 век е за жал бесрамен век… во овој век не треба да се срами да се бара сета стручна помош што е достапна денес. Кога повторно ќе ве прашаат, размислете дали ќе повторите: „Јас не сум виновен“ или барем кажете: згрешивме, не знаевме подобро… Можеби тогаш не знаевте, но сега болната вистина е зад сите нас и треба да можете подобро… дури и да речете: „Извини, многу ни е жал, твоите деца не се виновни за било што!“ Ова не е само лична трагедија, туку колективна трагедија на едно општество затоа што исклучителните деца кои беа на вистинскиот пат да станат големи луѓе и кои со своите несудени семејства требаше да бидат залог за ова општество, умреa. Продолжуваме да се молиме за спас на вашите души, но без исповед, нема покајание.

The post „До родителите на нелекуваното момче“, потресно писмо на Нина Кобиљски, мајка на убиената Ема appeared first on Република.

]]>
Боки ѝ пиша на Агелер: Барам да ме посетите во затвор, се соочувам со закани и уцени поради случајот „Бумеранг“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/boki-i-pisha-na-ageler-baram-da-me-posetite-vo-zatvor-se-soochuvam-so-zakani-i-utseni-poradi-sluchajot-bumerang/ Fri, 10 Mar 2023 09:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=618015

Бојан Јованоски и пиша на американската амбасадорка Анџела Агелер во која ја преупреди дека се соочува со закани и уцени поради операцијата „Бумеранг“. Тој бара од амбасадорката лично да го посети во затворот „Идризово.

Писмото го пренесуваме во целост:

„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, медиумски работник, јавна личност и активист, осуден на казна затвор за случајот во јавноста познат како “Рекет”, аналогно на претходно известување кое го испратив до вас во кое ве известив за актуелните случувања и испратив барања и замолница до вас, со ова ново известување до вас имам за цел изворно да ве запознаам и информирам за сите новонастанати состојби во врска со мојот случај и тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет но со зголемен интензитет.

Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека сеуште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен).

Второстепена постапка по жалба повторно се води пред Основниот кривичен суд Скопје пред Кривичниот совет на истиот суд и во текот на жалбената постапка, од страна на одбраната доставени се дополненија на жалба со нови докази кои одат во поткрепа на основаноста на барањето за прекин, доставени се
– Отпусно писмо од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СКОПЈЕ од 17.02.2023 година
– Специјалистички извештај од конзилијарен преглед од 16.02.2023 година
– 11 потврди од Итната медицинска служба – Скопје
– Специјалистички извештај од контролен преглед од 01.03.2023 година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ Скопје

Ве информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сеуште нема одлука по барањето.

Судот, односно претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, поради своите лоши намери и негативната тенденција кон мене изразени и видливи преку првостепеното решение ПК бр.18/22 со кое барањето за прекин го одби како неосновано, решение кое е под сомневање за сторен фалсификат и антидатирање, ги девалвираше и ја наруши кредибилноста на докторите специјалисти и субспецијалисти кои се докажани врвни стручњаци во областа, дел од терцијарното ниво на здравствена заштита како највисоко ниво од државниот здравствен систем и ги погази нивните издадени категорични и стручни препораки за моето понатамошно лекување, како единствени компетентни за оценка на мојата здравствена состојба.

Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје.

Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста.

Од сето наведено, а во смисла на фактот дека барањето за прекин на издржување на казна е постапка од итен карактер ве информирам дека постапката е започната на ден 14.11.2022 година и веќе скоро 4 месеци нема одлука по барањето, а согласно закон и донесување на судски одлуки во разумен рок, дотолку повеќе што во овој случај се работи за одлука од итен карактер, во правна законска смисла е недозволиво постапката да трае скоро четири (4) месеци, што единствено упатува на негативна тенденција од страна на судот, селективно и незаконито постапување, со кое нешто неспорно ми се нарушуваат загарантираните законски права и загарантираните човекови права согласно Устав, во смисла на загрозување на мојот живот и здравје и крајно поигрување со човечки живот, дотолку повеќе што од доказите неспорно ќе увидите дека е констатирано и утврдено на лице место во реално време и простор во затворот од 11 доктори опишано во писмени потврди со потпис од секој доктор од Итната медицинска служба која доаѓаше секој ден во затворот откако ме вратија во затворот, дека не постојат услови и начин за мое лекување, третман и примена на хигиено-диететски режим во затворската установи и во пенални услови, иако како што веќе напоменав ми беше препорачано задолжително лекување во домашни услови од страна на стручен конзилиум од надлежните клиники и во отпусното писмо од клиниката, сето опишано во медицински конзилијарни стручни мислења кои ви ги испратив во претходното известување.

Сеуште сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.Македонија и единствено барам законито постапување и правда.

Оттука во прилог на ова известување, ви ги испраќам сите погреспоменати документи-докази кои се доставени до надлежните органи, со цел да се запознаете со содржината а воедно и неспорно ќе можете да ја утврдите веродостојноста на моите тврдења и да ја увидите тортурата која се спроведува врз мене како поединец од цел еден организиран систем кој постапува од позиција реална моќ и влијание.

Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание.

Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок.

Она што би сакал да го издвојам за крај во ова известување до вас е следново: За жал во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која ја со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, сме жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди, бидејќи, јас во свое лично име, говорам гласно, го користам правото на јавно информирање на негативните појави и состојби, ги барам моите законски права и можности и подготвен сум до крај да се борам против вистинските сторители на кривични дела кои мораат да бидат соодветно санкционирани, токму заради доброто на сега разрушената општа заедница во нашата држава.

Во име на сето наведено Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен.

The post Боки ѝ пиша на Агелер: Барам да ме посетите во затвор, се соочувам со закани и уцени поради случајот „Бумеранг“ appeared first on Република.

]]>

Бојан Јованоски и пиша на американската амбасадорка Анџела Агелер во која ја преупреди дека се соочува со закани и уцени поради операцијата „Бумеранг“. Тој бара од амбасадорката лично да го посети во затворот „Идризово. Писмото го пренесуваме во целост: „Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, медиумски работник, јавна личност и активист, осуден на казна затвор за случајот во јавноста познат како “Рекет”, аналогно на претходно известување кое го испратив до вас во кое ве известив за актуелните случувања и испратив барања и замолница до вас, со ова ново известување до вас имам за цел изворно да ве запознаам и информирам за сите новонастанати состојби во врска со мојот случај и тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет но со зголемен интензитет. Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека сеуште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен). Второстепена постапка по жалба повторно се води пред Основниот кривичен суд Скопје пред Кривичниот совет на истиот суд и во текот на жалбената постапка, од страна на одбраната доставени се дополненија на жалба со нови докази кои одат во поткрепа на основаноста на барањето за прекин, доставени се – Отпусно писмо од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СКОПЈЕ од 17.02.2023 година – Специјалистички извештај од конзилијарен преглед од 16.02.2023 година – 11 потврди од Итната медицинска служба – Скопје – Специјалистички извештај од контролен преглед од 01.03.2023 година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ Скопје Ве информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сеуште нема одлука по барањето. Судот, односно претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, поради своите лоши намери и негативната тенденција кон мене изразени и видливи преку првостепеното решение ПК бр.18/22 со кое барањето за прекин го одби како неосновано, решение кое е под сомневање за сторен фалсификат и антидатирање, ги девалвираше и ја наруши кредибилноста на докторите специјалисти и субспецијалисти кои се докажани врвни стручњаци во областа, дел од терцијарното ниво на здравствена заштита како највисоко ниво од државниот здравствен систем и ги погази нивните издадени категорични и стручни препораки за моето понатамошно лекување, како единствени компетентни за оценка на мојата здравствена состојба. Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје. Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста. Од сето наведено, а во смисла на фактот дека барањето за прекин на издржување на казна е постапка од итен карактер ве информирам дека постапката е започната на ден 14.11.2022 година и веќе скоро 4 месеци нема одлука по барањето, а согласно закон и донесување на судски одлуки во разумен рок, дотолку повеќе што во овој случај се работи за одлука од итен карактер, во правна законска смисла е недозволиво постапката да трае скоро четири (4) месеци, што единствено упатува на негативна тенденција од страна на судот, селективно и незаконито постапување, со кое нешто неспорно ми се нарушуваат загарантираните законски права и загарантираните човекови права согласно Устав, во смисла на загрозување на мојот живот и здравје и крајно поигрување со човечки живот, дотолку повеќе што од доказите неспорно ќе увидите дека е констатирано и утврдено на лице место во реално време и простор во затворот од 11 доктори опишано во писмени потврди со потпис од секој доктор од Итната медицинска служба која доаѓаше секој ден во затворот откако ме вратија во затворот, дека не постојат услови и начин за мое лекување, третман и примена на хигиено-диететски режим во затворската установи и во пенални услови, иако како што веќе напоменав ми беше препорачано задолжително лекување во домашни услови од страна на стручен конзилиум од надлежните клиники и во отпусното писмо од клиниката, сето опишано во медицински конзилијарни стручни мислења кои ви ги испратив во претходното известување. Сеуште сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.Македонија и единствено барам законито постапување и правда. Оттука во прилог на ова известување, ви ги испраќам сите погреспоменати документи-докази кои се доставени до надлежните органи, со цел да се запознаете со содржината а воедно и неспорно ќе можете да ја утврдите веродостојноста на моите тврдења и да ја увидите тортурата која се спроведува врз мене како поединец од цел еден организиран систем кој постапува од позиција реална моќ и влијание. Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок. Она што би сакал да го издвојам за крај во ова известување до вас е следново: За жал во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која ја со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, сме жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди, бидејќи, јас во свое лично име, говорам гласно, го користам правото на јавно информирање на негативните појави и состојби, ги барам моите законски права и можности и подготвен сум до крај да се борам против вистинските сторители на кривични дела кои мораат да бидат соодветно санкционирани, токму заради доброто на сега разрушената општа заедница во нашата држава. Во име на сето наведено Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен.

The post Боки ѝ пиша на Агелер: Барам да ме посетите во затвор, се соочувам со закани и уцени поради случајот „Бумеранг“ appeared first on Република.

]]>
Владата мора да го напушти коалициското преговарање за позициите во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-mora-da-go-napushti-koalitsiskoto-pregovarane-za-pozitsiite-vo-javniot-sektor/ Mon, 06 Mar 2023 13:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=616446

Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор. При именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, Владата има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас, велат од Платформата на граѓански органзации кои упатија отворено писмо до Владата за борба против корупцијата.

Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Македонија за професионализација на јавната администрација.

На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги. Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри, се вели во отвореното писмо до Владата на Македонија.

 

The post Владата мора да го напушти коалициското преговарање за позициите во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор. При именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, Владата има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас, велат од Платформата на граѓански органзации кои упатија отворено писмо до Владата за борба против корупцијата. Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Македонија за професионализација на јавната администрација. На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги. Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри, се вели во отвореното писмо до Владата на Македонија.  

The post Владата мора да го напушти коалициското преговарање за позициите во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
„Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/site-za-mkts-preku-javno-pismo-bara-vrakane-na-programskiot-budhet-i-sproveduvane-na-konkurs-za-direktor/ Tue, 21 Feb 2023 14:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=611580

Движењето „Сите за МКЦ“ објави јавно писмо со барања во врска со Младинскиот културен центар, наведувајќи дека целта на акцијата е да се покаже континуираното незадволство со одлуките на Град Скопје, како и континуираната подршка за МКЦ од страна на граѓаните. Дополнително, движењето информира дека доставени се две петиции за МКЦ во Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.500 потписи, чии потписи беа собрани на концертниот собир пред МКЦ на 22 јануари, и онлајн-петиција со преку 5.000 потписи. Барањата на петицијата и писмото се исти како и од почетокот на движењето за МКЦ: да се врати програмскиот буџет на МКЦ на нивото на кое бил со години и да има регуларен конкурс за директор на МКЦ.

Во прилог следува писмото:

Почитувани советници на Советот на Град Скопје,

Ви пишувам како еден од многуте граѓани кои се загрижени за скорешните одлуки на Советот на Град Скопје поврзани со Младинскиот културен центар (МКЦ).

Имено, кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад, како фестивалите Здраво Млади, Млад отворен театар и „Синедејс“.

Дополнително, поставувањето на в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години.

МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, актери, филмски и културни работници и уште многу наши сограѓани кои редовно ги посетуваат настаните во оваа институција. Тој има 50-годишна традиција и во 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ за особени достигнувања во културата. За жал, МКЦ остана речиси единствениот простор и јавна установа која автентично ја поддржува младинската култура.

Бараме од вас советниците да застанете на страната на културата и младите. Ви пишуваме во име на многу засегнати граѓани, како што е евидентно од двете петиции доставени до Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.000 потписи, собрани на концертниот собир одржан пред МКЦ на 22.01.2023 за подршка на МКЦ, како и онлајн петиција со преку 5.000 потписи.

Нашите барања остануваат исти како во петициите:

1. Да се врати програмскиот буџет на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на истото ниво на кое бил финансиран досега со години наназад.

Невозможно е МКЦ да продолжи да функционира и да организира настани со истиот капацитет доколку буџетот на оваа институција е намален за поразителни 92%. Бараме итно да се врати буџетот на МКЦ (без Кино Милениум) на 25 милиони денари. Ова би се постигнало преку механизмите на прераспределба на средства од буџетска ставка и ребаланс на буџетот.

2. Да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави.

Според член 31 на статутот на МКЦ, секој кандидат за в.д. директор мора да е компетентен и квалификуван кадар одбран исклучиво од редот на вработените во институцијата. Никола Алексов, дипломираниот детектив кој е моменталниот в.д. директор на МКЦ, не бил примен во МКЦ преку регуларен конкурс, туку два дена претходно преку Агенцијата за привремени вработувања. Дополнително, тој нема никакво искуство и позадина во културна институција.

Младинскиот културен центар досега овозможуваше богата програма по пристапна цена. Без да биде адекватно финансиран од јавните средства и управуван од компетентен кадар, културата ќе станува сè помалку достапна за граѓаните во време кога културата нуди ретка можност за оддишка и рефлексија.

The post „Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор appeared first on Република.

]]>

Движењето „Сите за МКЦ“ објави јавно писмо со барања во врска со Младинскиот културен центар, наведувајќи дека целта на акцијата е да се покаже континуираното незадволство со одлуките на Град Скопје, како и континуираната подршка за МКЦ од страна на граѓаните. Дополнително, движењето информира дека доставени се две петиции за МКЦ во Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.500 потписи, чии потписи беа собрани на концертниот собир пред МКЦ на 22 јануари, и онлајн-петиција со преку 5.000 потписи. Барањата на петицијата и писмото се исти како и од почетокот на движењето за МКЦ: да се врати програмскиот буџет на МКЦ на нивото на кое бил со години и да има регуларен конкурс за директор на МКЦ. Во прилог следува писмото:
Почитувани советници на Советот на Град Скопје, Ви пишувам како еден од многуте граѓани кои се загрижени за скорешните одлуки на Советот на Град Скопје поврзани со Младинскиот културен центар (МКЦ). Имено, кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад, како фестивалите Здраво Млади, Млад отворен театар и „Синедејс“.
Дополнително, поставувањето на в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години. МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, актери, филмски и културни работници и уште многу наши сограѓани кои редовно ги посетуваат настаните во оваа институција. Тој има 50-годишна традиција и во 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ за особени достигнувања во културата. За жал, МКЦ остана речиси единствениот простор и јавна установа која автентично ја поддржува младинската култура. Бараме од вас советниците да застанете на страната на културата и младите. Ви пишуваме во име на многу засегнати граѓани, како што е евидентно од двете петиции доставени до Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.000 потписи, собрани на концертниот собир одржан пред МКЦ на 22.01.2023 за подршка на МКЦ, како и онлајн петиција со преку 5.000 потписи. Нашите барања остануваат исти како во петициите: 1. Да се врати програмскиот буџет на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на истото ниво на кое бил финансиран досега со години наназад. Невозможно е МКЦ да продолжи да функционира и да организира настани со истиот капацитет доколку буџетот на оваа институција е намален за поразителни 92%. Бараме итно да се врати буџетот на МКЦ (без Кино Милениум) на 25 милиони денари. Ова би се постигнало преку механизмите на прераспределба на средства од буџетска ставка и ребаланс на буџетот. 2. Да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави. Според член 31 на статутот на МКЦ, секој кандидат за в.д. директор мора да е компетентен и квалификуван кадар одбран исклучиво од редот на вработените во институцијата. Никола Алексов, дипломираниот детектив кој е моменталниот в.д. директор на МКЦ, не бил примен во МКЦ преку регуларен конкурс, туку два дена претходно преку Агенцијата за привремени вработувања. Дополнително, тој нема никакво искуство и позадина во културна институција. Младинскиот културен центар досега овозможуваше богата програма по пристапна цена. Без да биде адекватно финансиран од јавните средства и управуван од компетентен кадар, културата ќе станува сè помалку достапна за граѓаните во време кога културата нуди ретка можност за оддишка и рефлексија.

The post „Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор appeared first on Република.

]]>
Славица Ангелова со отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slavitsa-angelova-so-otvoreno-pismo-do-ministerot-za-vnatreshni-raboti-oliver-spasovski/ Sat, 14 Jan 2023 13:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=596805

Интегрален текст од отвореното писмо на Славица Ангелова до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Почитуван министре, Ако можам да Ве наречам почитувам затоа што почит заслужуваат оние кои имаат резултат во работата, а Вие како менаџер на полициските станици во земјава место да се занимавате со расчистување на криминал, сузбивање на мито и корупција, зачувување на јавната безбедност, целиот Ваш мандат вашите кадри го поминаа во злоставување и прогон на политички неистомисленици. И не знам колку навистина сте запознати што се случува.

Ви се обраќам затоа што ова што низ годините ми се случува е психичко злосторство од невидени размери кои ми го прават вашите кадри во Кочани. Злоупотребувајќи ја својата положба и искористувајќи ги моќта и влијанието секојдневно без причина ме малтретираат и вознемируваат, а го вознемируваат и моето семејство.

Тоа што ми го прават вашите кадри во ПС Кочани е ѕверско изживување кое секојдневно ми нанесува душевна и физичка болка и дополнително ја влошува мојата лоша здравствена состојба.

Ви се обраќам да превземете нешто затоа што тие се ваша слика, ваше огледало. Јас секако ќе поднесам кривична пријава за злоупотреба на службената положба на одредени структури и ликови во ПС Кочани. Тоа што никогаш нема да ги поддржувам политиките на партијата од која доаѓате, не ви дава за право за некој да бидете мајка, за друг маќеа. Нели е ова демократско општество, а политичката определба е право на избор на поединецот. Вие треба да бидете министер за сите.

Со почит,
Славица Ангелова

The post Славица Ангелова со отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>

Интегрален текст од отвореното писмо на Славица Ангелова до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски Почитуван министре, Ако можам да Ве наречам почитувам затоа што почит заслужуваат оние кои имаат резултат во работата, а Вие како менаџер на полициските станици во земјава место да се занимавате со расчистување на криминал, сузбивање на мито и корупција, зачувување на јавната безбедност, целиот Ваш мандат вашите кадри го поминаа во злоставување и прогон на политички неистомисленици. И не знам колку навистина сте запознати што се случува. Ви се обраќам затоа што ова што низ годините ми се случува е психичко злосторство од невидени размери кои ми го прават вашите кадри во Кочани. Злоупотребувајќи ја својата положба и искористувајќи ги моќта и влијанието секојдневно без причина ме малтретираат и вознемируваат, а го вознемируваат и моето семејство. Тоа што ми го прават вашите кадри во ПС Кочани е ѕверско изживување кое секојдневно ми нанесува душевна и физичка болка и дополнително ја влошува мојата лоша здравствена состојба. Ви се обраќам да превземете нешто затоа што тие се ваша слика, ваше огледало. Јас секако ќе поднесам кривична пријава за злоупотреба на службената положба на одредени структури и ликови во ПС Кочани. Тоа што никогаш нема да ги поддржувам политиките на партијата од која доаѓате, не ви дава за право за некој да бидете мајка, за друг маќеа. Нели е ова демократско општество, а политичката определба е право на избор на поединецот. Вие треба да бидете министер за сите. Со почит, Славица Ангелова

The post Славица Ангелова со отворено писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>
Николија е уште една жртва на трулиот здравствен систем: На денот на смртта ми пиша директориката на Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nikolija-e-ushte-edna-zrtva-na-truliot-zdravstven-sistem-na-denot-na-smrtta-mi-pisha-direktorikata-na-detska-klinika/ Mon, 22 Aug 2022 13:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=542869

Потресно отворено писмо од мајка која го губи детето талкајќи за лекот по болничките лавиринти во Македонија.

Малата Николија својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето.

Требаше и можеше да се открие уште првиот пат кога лежевме на Детска клиника. Тоа беше нивна задача да се досиледи состојбата, а бев дома испуштена соуредна отпусна листа. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска клиника, не дозволувала клевети и лаги, пишува Верица Папакоча Каракулева.

Во писмото, како што пишува, Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив.

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО.
Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека таа има вродена срцева маана, вентрикуларен септален дефект и атриален септален дефект, за кои ми беше кажано дека е потребна операција. Поради целокупната состојба на моето дете потребни беа повеќе испитувања за да се утврди дека таа нема друг проблем. Во таа една недела додека лежевме во болница беше направено ехо на абдомен, ехо на централен нервен систем и рентген на уринарните делови, како и ехото на срце кое ја потврди срцевата маана. Забележав дека после цели 2 недели од нејзиното раѓање, таа сеуште исфрлаше мекониум. Мекониум е првата столица на бебињата, која се исфрла во првите 24 часа од раѓањето на бебето. Кога прашав ми беше даден одговор дека можеби во болницата во Прилеп не ја хранеле доволно или имала проблеми со пиењето млеко па затоа сеуште не го имала исфрлено. Наредниот ден таа доби нормална столица, но со многу не дигестирани парченца млеко, што е нормално да го има во мала количина,но не толку колку што имаше кај неа, за кое исто ми беше кажано дека е нормално.
Кога се правеше ехото на абдомен, докторката забележа нешто и го праша докторот кој седеше до неа, цитирам:
"Докторе што е ова?" На што тој и одговори "Фекалии се тоа, ќе пројде,ќе го искака нормално е".
Исто така во неколку наврати, таа поврати во млаз, што не е рефлукс и не е нешто што би требало да се занемари,а и за тоа беа известени и сестра беше викната кога нагло поврати.
Бевме испуштени дома со сите уредни наоди,во отпусното писмо пишуваше да се преземат мерки за рефлукс, но нејзиното обилно повраќање продолжуваше.
По 1 недела бевме хоспитализирани во детската болницата за респираторни болести Козле поради Ковид 19, каде што беше измерена и ми беше кажано дека не напредува во тежина,после третиот ден во столицата на Николија имаше крв и слуз. Направија само тестови копрокултура и тест за алергија на кравји протеин зошто ја дохранував со АД формула (тестови што не се секогаш точни, точен тест за алергија кај бебе се прави после наполнети 9 месеци до година) кои покажаа мало покачување и беше дијагностицирана алергија на кравји протеин, ми беше кажано да го сменам млекото со хидролизирано млеко, но нејзините столици сеуште беа исти и сеуште имаше обилно повраќање, планираа да бидеме пуштени бидејќи лекувањето за Ковид заврши, но во меѓувреме таа доби уринарна бактерија и поради идиотскиот однос на докторките и сестрите во болницата решив да се потпишам и да си одам и терапијата за бактерија да ја прими во Прилеп. Од како дојдовме, ги сменив сите млека кои постојат од хидролизати, со надеж дека ќе се среди, но таа сеуште не напредуваше во тежина и сеуште имаше исти столици. Постојано имав мисла дека не е само алергија и во последните 7 месеци постојано бев во Скопје на Детска Клиника каде што им кажував за состојбата но беа правени само амбулантски прегледи и не бевме хоспитализирани ниту еднаш, ниту па се имаше направено некое подетално испитување, во извештаите пишува да се направи ревизија на млекото во Плодност,ЗАМИСЛЕТЕ ВО ПЛОДНОСТ КОЈА Е ПРИВАТНА БОЛНИЦА, а мене државното здравство ми е бесплатно за детето до 1 година, во болницата во Прилеп каде што кога и да отидев коментарите беа "А сега зошто ја донесе" , "Ти постојано идиш ние на детево незнајме шо да му прајме", "Зошто не го однесиш детето во Скопје", поради тоа што не сакаше воопшто да пие млеко морав да и ја држам устата отворена и да и давам со сила со шприц додека плачеше на цел глас и и се појавуваа дамки на лицето од држењето, од преголем притисок на очите од плачење и се појавија црвени подкожни изливања,барав да се намести нозогастрична сонда за да не се мачи-не наместија,не сакаа,а додека лежевме кај нив постојано ја слушаа како пишти на цел глас и ме гледаа мене како со сите сили пробував да ја нахранам,во Плодност, каде што исто беше направен уште еден алерго тест и крвна слика, каде што докторката кажа дека на ехото не ја гледа храната во нејзиното дебело црево и дека е отечено, каде што исто добив одговор дека млекото е проблем. Го сменивме со млеко кое едвај се најдува, е пре скапо и не содржи воопшто кравји протеини, симптомите пак беа исти. На докторката која нема да ја именувам и пишав пак на вибер за состојбата и и се јавив на телефон но таа престана да ми крева и да ми одговара на пораките, а предходно ми одговараше. Прегледите за срце се одвиваа во клиничката болница Аџибадем Систина, каде што и се направи операцијата и беше успешна. Додека одевме на прегледи таму, побарав да се видам со гастроентерохепатолог кој ја прегледа во ургентен центар, но бидејќи немавме закажано преглед подетални испитувања не беа направени,ни даде само совет за исхрана. Одкако едвај ја добив докторката од Плодност на телефон, ми кажа дека тоа било нормално и дека на цревата им било потребно време да се опорават и заради тоа сеуште симптомите се исти, но мене сеуште ме загрижуваше нејзиното не напредување во тежина, напредуваше по 150-200 грама месечно.
Прашував,викаа од срцето не напредувала и да ја носам повторно на прегледи.
Пред операцијата на срце повторно побарав да закажам преглед во систина кај гастроентерохепатолог но, докторката беше на одмор.
Операцијата на срце помина успешно, но докторите на интензивна нега во Систина го приметија проблемот со стомакот и постојано бараа одговор. Се најде, но прекасно по заслуга на нашето македонско здравство. Нејзината состојба после операцијата на срце беше постојано во промена. Доби сепса, се лекуваше, па уште една бактерија и на крај се случи застој во цревата. Стомакот и беше огромен,се сомневаа на Некротизирачки Ентероколитис кој е многу сериозна и живото загрозувачка состојба. Јас ги презирав докторите во Систина,мислејќи дека бактериските инфекции доаѓаат од кај нив,барав детето да се префрли на клиника за да се спаси зошто мислев дека на одделот имаат епидемија на бактерии и и пишував на директорката од клиника кудејќи ги нив,мислејќи дека ќе ми го умрат детето и дека сето ова доаѓа поради тоа што таму не водат доволно хигиенска грижа за пациентите. После направени подетални испитувања се откри дека не се работи за тоа ,туку за Хиршспрунгова болест, и тука сфатив дека Клиника се криви. Тоа е НАЈТЕШКАТА ВРОДЕНА МААНА НА ЦРЕВА, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето КОЈА ТРЕБАШЕ И МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТКРИЕ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ КОГА ЛЕЖЕВМЕ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ТОА БЕШЕ НИВНА ЗАДАЧА ДА СЕ ДОИСЛЕДИ СОСТОЈБАТА А БЕВ ДОМА ИСПУШТЕНА СО УРЕДНА ОТПУСНА ЛИСТА. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта,тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска Клиника, не дозволувала клевети и лаги.
КАКВИ ЛАГИ??? СИТЕ ИЗВЕШТАИ ГИ ЧУВАМ ГОСПОЃО, НА СИТЕ НИВ ПИШУВА ДЕКА ДЕТЕТО КАКА КРВ И СЛУЗ И ДА СЕ ПРАВАТ КОПРОКУЛТУРИ И УРИНОКУЛТУРИ. ПРАШАЈ СИ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ КОЛКУ ГИ МОЛЕВ ДА МЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ НА ГАСТРО!! Сето ова почна да дава поголеми симптоми сега поради тоа што имунитетот на децата е многу слаб после операција на срце, или било која друга операција. Дотичната ми пиша дека не сум била на преглед од кога детето ми имало 4-5 месеци.Јас и еднаш да сум била задачата на твоите вработени е да најдат,да откријат и да го решат проблемот. Ти со ова сакаш да ми кажиш дека јас доволно грижа не сум водела за моето дете? Не,јас направив се за неа и затоа мирна ми е душата кога ќе си легнам навечер иако ме боли,а ти како спиеш??? ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ. ПОСЛЕ ПОСТОЈАНОТО ШЕТАЊЕ ПО БОЛНИЦИ БЕВМЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО ПРИЛЕП ПАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА,ПРЕД ДА ОДАМ КАЈ НИВ ЗА ПРИЕМ,ДОЈДОВ ПАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО АМБУЛАНТА И ПАК МЕ ПРАТИЈА ДОМА СО ДЕТЕТО КОЕ ИМАШЕ ЦРП 62,ТРОМБОЦИТИ ВО ТАВАН И САМО 1 ЕРИТРОЦИТ,МИ РЕКОА "НИЕ И СО ЦРП 150 ДОМА ГИ ИСПУШТАМЕ,НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ"! ОД ПРИЛЕП ИСТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКОПЈЕ КАЈ ВАС И ПОБАРАА ДА БИДЕМЕ ТРАНСПОРТИРАНИ ПОРАДИ СТОЛИЦИТЕ,НЕ НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ТЕЖИНА И ОГРОМНИОТ СТОМАК, ТИЕ НЕ ПРИФАТИЈА И ИМ РЕКОА ДА СЕ НАПРАВИ ЕХО ВО ПРИЛЕП,КАДЕ ШТО ТАА ИМАШЕ МАЛ НАПРЕДОК, НАЈВЕРОЈАТНО ЗАРАДИ АНТИБИОТИЦИТЕ ШТО ГИ ПРИМАШЕ. ПО КРАТКО ВРЕМЕ ОД ИСПУШТАЊЕТО ОД БОЛНИЦА НИ СЕ ЈАВИЈА ДА ОДИМЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ ,ТАА ТОГАШ ИМАШЕ 5ИПОЛ МЕСЕЦИ.6тиот и 7миот месец ги помина во болница,поради операциите и компликации,ете затоа немав дојдено. И покрај примени 5 ампули имуноглобулин кој е најскап лек на пазарот таа повторно немаше антитела за да се бори. ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО. ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ДОКТОРИ И ДИПЛОМИТЕ ГИ ЗЕМААТ СО МИТО И ПОЧАСТЕНА ВЕЧЕРА. АКО НЕМА СУД И ЗДРАВСТВО, ЕДНО ЗНАМ ДЕКА ИМА. ИМА ГОСПОД И ТОЈ ЌЕ ВИ СУДИ. СЕКОЈ КРИК НА РОДИТЕЛ И ДЕТСКИ ПЛАЧ ЌЕ ВИ SВОНИ ВО УШИТЕ И ЌЕ ВЕ МАЧИ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ!

The post Николија е уште една жртва на трулиот здравствен систем: На денот на смртта ми пиша директориката на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Потресно отворено писмо од мајка која го губи детето талкајќи за лекот по болничките лавиринти во Македонија. Малата Николија својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето.
Требаше и можеше да се открие уште првиот пат кога лежевме на Детска клиника. Тоа беше нивна задача да се досиледи состојбата, а бев дома испуштена соуредна отпусна листа. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска клиника, не дозволувала клевети и лаги, пишува Верица Папакоча Каракулева.
Во писмото, како што пишува, Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив. ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО. Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека таа има вродена срцева маана, вентрикуларен септален дефект и атриален септален дефект, за кои ми беше кажано дека е потребна операција. Поради целокупната состојба на моето дете потребни беа повеќе испитувања за да се утврди дека таа нема друг проблем. Во таа една недела додека лежевме во болница беше направено ехо на абдомен, ехо на централен нервен систем и рентген на уринарните делови, како и ехото на срце кое ја потврди срцевата маана. Забележав дека после цели 2 недели од нејзиното раѓање, таа сеуште исфрлаше мекониум. Мекониум е првата столица на бебињата, која се исфрла во првите 24 часа од раѓањето на бебето. Кога прашав ми беше даден одговор дека можеби во болницата во Прилеп не ја хранеле доволно или имала проблеми со пиењето млеко па затоа сеуште не го имала исфрлено. Наредниот ден таа доби нормална столица, но со многу не дигестирани парченца млеко, што е нормално да го има во мала количина,но не толку колку што имаше кај неа, за кое исто ми беше кажано дека е нормално. Кога се правеше ехото на абдомен, докторката забележа нешто и го праша докторот кој седеше до неа, цитирам: "Докторе што е ова?" На што тој и одговори "Фекалии се тоа, ќе пројде,ќе го искака нормално е". Исто така во неколку наврати, таа поврати во млаз, што не е рефлукс и не е нешто што би требало да се занемари,а и за тоа беа известени и сестра беше викната кога нагло поврати. Бевме испуштени дома со сите уредни наоди,во отпусното писмо пишуваше да се преземат мерки за рефлукс, но нејзиното обилно повраќање продолжуваше. По 1 недела бевме хоспитализирани во детската болницата за респираторни болести Козле поради Ковид 19, каде што беше измерена и ми беше кажано дека не напредува во тежина,после третиот ден во столицата на Николија имаше крв и слуз. Направија само тестови копрокултура и тест за алергија на кравји протеин зошто ја дохранував со АД формула (тестови што не се секогаш точни, точен тест за алергија кај бебе се прави после наполнети 9 месеци до година) кои покажаа мало покачување и беше дијагностицирана алергија на кравји протеин, ми беше кажано да го сменам млекото со хидролизирано млеко, но нејзините столици сеуште беа исти и сеуште имаше обилно повраќање, планираа да бидеме пуштени бидејќи лекувањето за Ковид заврши, но во меѓувреме таа доби уринарна бактерија и поради идиотскиот однос на докторките и сестрите во болницата решив да се потпишам и да си одам и терапијата за бактерија да ја прими во Прилеп. Од како дојдовме, ги сменив сите млека кои постојат од хидролизати, со надеж дека ќе се среди, но таа сеуште не напредуваше во тежина и сеуште имаше исти столици. Постојано имав мисла дека не е само алергија и во последните 7 месеци постојано бев во Скопје на Детска Клиника каде што им кажував за состојбата но беа правени само амбулантски прегледи и не бевме хоспитализирани ниту еднаш, ниту па се имаше направено некое подетално испитување, во извештаите пишува да се направи ревизија на млекото во Плодност,ЗАМИСЛЕТЕ ВО ПЛОДНОСТ КОЈА Е ПРИВАТНА БОЛНИЦА, а мене државното здравство ми е бесплатно за детето до 1 година, во болницата во Прилеп каде што кога и да отидев коментарите беа "А сега зошто ја донесе" , "Ти постојано идиш ние на детево незнајме шо да му прајме", "Зошто не го однесиш детето во Скопје", поради тоа што не сакаше воопшто да пие млеко морав да и ја држам устата отворена и да и давам со сила со шприц додека плачеше на цел глас и и се појавуваа дамки на лицето од држењето, од преголем притисок на очите од плачење и се појавија црвени подкожни изливања,барав да се намести нозогастрична сонда за да не се мачи-не наместија,не сакаа,а додека лежевме кај нив постојано ја слушаа како пишти на цел глас и ме гледаа мене како со сите сили пробував да ја нахранам,во Плодност, каде што исто беше направен уште еден алерго тест и крвна слика, каде што докторката кажа дека на ехото не ја гледа храната во нејзиното дебело црево и дека е отечено, каде што исто добив одговор дека млекото е проблем. Го сменивме со млеко кое едвај се најдува, е пре скапо и не содржи воопшто кравји протеини, симптомите пак беа исти. На докторката која нема да ја именувам и пишав пак на вибер за состојбата и и се јавив на телефон но таа престана да ми крева и да ми одговара на пораките, а предходно ми одговараше. Прегледите за срце се одвиваа во клиничката болница Аџибадем Систина, каде што и се направи операцијата и беше успешна. Додека одевме на прегледи таму, побарав да се видам со гастроентерохепатолог кој ја прегледа во ургентен центар, но бидејќи немавме закажано преглед подетални испитувања не беа направени,ни даде само совет за исхрана. Одкако едвај ја добив докторката од Плодност на телефон, ми кажа дека тоа било нормално и дека на цревата им било потребно време да се опорават и заради тоа сеуште симптомите се исти, но мене сеуште ме загрижуваше нејзиното не напредување во тежина, напредуваше по 150-200 грама месечно. Прашував,викаа од срцето не напредувала и да ја носам повторно на прегледи. Пред операцијата на срце повторно побарав да закажам преглед во систина кај гастроентерохепатолог но, докторката беше на одмор. Операцијата на срце помина успешно, но докторите на интензивна нега во Систина го приметија проблемот со стомакот и постојано бараа одговор. Се најде, но прекасно по заслуга на нашето македонско здравство. Нејзината состојба после операцијата на срце беше постојано во промена. Доби сепса, се лекуваше, па уште една бактерија и на крај се случи застој во цревата. Стомакот и беше огромен,се сомневаа на Некротизирачки Ентероколитис кој е многу сериозна и живото загрозувачка состојба. Јас ги презирав докторите во Систина,мислејќи дека бактериските инфекции доаѓаат од кај нив,барав детето да се префрли на клиника за да се спаси зошто мислев дека на одделот имаат епидемија на бактерии и и пишував на директорката од клиника кудејќи ги нив,мислејќи дека ќе ми го умрат детето и дека сето ова доаѓа поради тоа што таму не водат доволно хигиенска грижа за пациентите. После направени подетални испитувања се откри дека не се работи за тоа ,туку за Хиршспрунгова болест, и тука сфатив дека Клиника се криви. Тоа е НАЈТЕШКАТА ВРОДЕНА МААНА НА ЦРЕВА, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето КОЈА ТРЕБАШЕ И МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТКРИЕ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ КОГА ЛЕЖЕВМЕ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ТОА БЕШЕ НИВНА ЗАДАЧА ДА СЕ ДОИСЛЕДИ СОСТОЈБАТА А БЕВ ДОМА ИСПУШТЕНА СО УРЕДНА ОТПУСНА ЛИСТА. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта,тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска Клиника, не дозволувала клевети и лаги. КАКВИ ЛАГИ??? СИТЕ ИЗВЕШТАИ ГИ ЧУВАМ ГОСПОЃО, НА СИТЕ НИВ ПИШУВА ДЕКА ДЕТЕТО КАКА КРВ И СЛУЗ И ДА СЕ ПРАВАТ КОПРОКУЛТУРИ И УРИНОКУЛТУРИ. ПРАШАЈ СИ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ КОЛКУ ГИ МОЛЕВ ДА МЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ НА ГАСТРО!! Сето ова почна да дава поголеми симптоми сега поради тоа што имунитетот на децата е многу слаб после операција на срце, или било која друга операција. Дотичната ми пиша дека не сум била на преглед од кога детето ми имало 4-5 месеци.Јас и еднаш да сум била задачата на твоите вработени е да најдат,да откријат и да го решат проблемот. Ти со ова сакаш да ми кажиш дека јас доволно грижа не сум водела за моето дете? Не,јас направив се за неа и затоа мирна ми е душата кога ќе си легнам навечер иако ме боли,а ти како спиеш??? ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ. ПОСЛЕ ПОСТОЈАНОТО ШЕТАЊЕ ПО БОЛНИЦИ БЕВМЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО ПРИЛЕП ПАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА,ПРЕД ДА ОДАМ КАЈ НИВ ЗА ПРИЕМ,ДОЈДОВ ПАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО АМБУЛАНТА И ПАК МЕ ПРАТИЈА ДОМА СО ДЕТЕТО КОЕ ИМАШЕ ЦРП 62,ТРОМБОЦИТИ ВО ТАВАН И САМО 1 ЕРИТРОЦИТ,МИ РЕКОА "НИЕ И СО ЦРП 150 ДОМА ГИ ИСПУШТАМЕ,НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ"! ОД ПРИЛЕП ИСТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКОПЈЕ КАЈ ВАС И ПОБАРАА ДА БИДЕМЕ ТРАНСПОРТИРАНИ ПОРАДИ СТОЛИЦИТЕ,НЕ НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ТЕЖИНА И ОГРОМНИОТ СТОМАК, ТИЕ НЕ ПРИФАТИЈА И ИМ РЕКОА ДА СЕ НАПРАВИ ЕХО ВО ПРИЛЕП,КАДЕ ШТО ТАА ИМАШЕ МАЛ НАПРЕДОК, НАЈВЕРОЈАТНО ЗАРАДИ АНТИБИОТИЦИТЕ ШТО ГИ ПРИМАШЕ. ПО КРАТКО ВРЕМЕ ОД ИСПУШТАЊЕТО ОД БОЛНИЦА НИ СЕ ЈАВИЈА ДА ОДИМЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ ,ТАА ТОГАШ ИМАШЕ 5ИПОЛ МЕСЕЦИ.6тиот и 7миот месец ги помина во болница,поради операциите и компликации,ете затоа немав дојдено. И покрај примени 5 ампули имуноглобулин кој е најскап лек на пазарот таа повторно немаше антитела за да се бори. ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО. ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ДОКТОРИ И ДИПЛОМИТЕ ГИ ЗЕМААТ СО МИТО И ПОЧАСТЕНА ВЕЧЕРА. АКО НЕМА СУД И ЗДРАВСТВО, ЕДНО ЗНАМ ДЕКА ИМА. ИМА ГОСПОД И ТОЈ ЌЕ ВИ СУДИ. СЕКОЈ КРИК НА РОДИТЕЛ И ДЕТСКИ ПЛАЧ ЌЕ ВИ SВОНИ ВО УШИТЕ И ЌЕ ВЕ МАЧИ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ!

The post Николија е уште една жртва на трулиот здравствен систем: На денот на смртта ми пиша директориката на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Војната со Украина е чекор во ништо- отворено антивоено писмо на илјадници руски научници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vojnata-so-ukraina-e-chekor-vo-nishto-otvoreno-antivoeno-pismo-na-iljadnici-ruski-nauchnici/ Tue, 01 Mar 2022 09:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=465737

Руската инвазија на Украина поттикна многу руски научници и новинари да потпишат отворено антивоено писмо.

Апелот, кој ги осудува постапките на власта на Путин и повикува на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава, досега е потпишан од 4.750 руски научници, интелектуалци, новинари и академици. Меѓу нив се и неколку членови на Руската академија на науките и добитникот на Нобеловата награда за физика во 2010 година, Константин Новоселов.

Отвореното писмо го пренесуваме во целост.

Ние, руските научници и научните новинари, изразуваме силен протест против вооружените дејствија што ги започнаа вооружените сили на нашата земја на територијата на Украина. Овој фатален чекор води до огромни човечки загуби и ги поткопува темелите на постоечкиот меѓународен безбедносен систем. Одговорност да започне нова војна во Европа лежи во Русија.

Нема рационално оправдување за оваа војна. Обидите да се искористи ситуацијата во Донбас како изговор за воена операција не влева никаква доверба. Јасно е дека Украина не претставува закана за безбедноста на нашата земја. Војната против Украина е неправедна и целосно бесмислена.

Украина беше и останува земја блиска до нас. Многумина од нас имаат роднини, пријатели и научни колеги кои живеат во Украина. Нашите татковци, дедовци и прадедовци се бореа заедно против нацизмот. Почетокот на војната поради геополитичките амбиции на раководството на Руската Федерација, поттикнат од сомнителни историозофски фантазии, е цинично предавство на нивните сеќавања.

Ја почитуваме украинската државност заснована на вистински функционални демократски институции. Со разбирање го прифаќаме европскиот избор на нашите соседи. Убедени сме дека сите проблеми во односите меѓу нашите земји можат да се решат по мирен пат.

Почнувајќи ја војната, Русија се осуди на меѓународна изолација, на позиција на земја на отпадници. Тоа значи дека ние, научниците, повеќе нема да можеме нормално да си ја вршиме работата. Конечно, спроведувањето научно истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на нашата земја и целосно отсуство на позитивни перспективи. Војната со Украина е чекор во ништо.

Огорчени сме поради сознанието дека нашата земја, која даде одлучувачки придонес во победата над нацизмот, сега стана иницијатор за нова војна на европскиот континент. Бараме итно запирање на сите воени операции насочени против Украина. Бараме почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава. Бараме мир за нашите земји. Се занимаваме со наука, а не со војна!, стои во отвореното писмо.

The post Војната со Украина е чекор во ништо- отворено антивоено писмо на илјадници руски научници appeared first on Република.

]]>

Руската инвазија на Украина поттикна многу руски научници и новинари да потпишат отворено антивоено писмо. Апелот, кој ги осудува постапките на власта на Путин и повикува на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава, досега е потпишан од 4.750 руски научници, интелектуалци, новинари и академици. Меѓу нив се и неколку членови на Руската академија на науките и добитникот на Нобеловата награда за физика во 2010 година, Константин Новоселов. Отвореното писмо го пренесуваме во целост.
Ние, руските научници и научните новинари, изразуваме силен протест против вооружените дејствија што ги започнаа вооружените сили на нашата земја на територијата на Украина. Овој фатален чекор води до огромни човечки загуби и ги поткопува темелите на постоечкиот меѓународен безбедносен систем. Одговорност да започне нова војна во Европа лежи во Русија. Нема рационално оправдување за оваа војна. Обидите да се искористи ситуацијата во Донбас како изговор за воена операција не влева никаква доверба. Јасно е дека Украина не претставува закана за безбедноста на нашата земја. Војната против Украина е неправедна и целосно бесмислена. Украина беше и останува земја блиска до нас. Многумина од нас имаат роднини, пријатели и научни колеги кои живеат во Украина. Нашите татковци, дедовци и прадедовци се бореа заедно против нацизмот. Почетокот на војната поради геополитичките амбиции на раководството на Руската Федерација, поттикнат од сомнителни историозофски фантазии, е цинично предавство на нивните сеќавања. Ја почитуваме украинската државност заснована на вистински функционални демократски институции. Со разбирање го прифаќаме европскиот избор на нашите соседи. Убедени сме дека сите проблеми во односите меѓу нашите земји можат да се решат по мирен пат. Почнувајќи ја војната, Русија се осуди на меѓународна изолација, на позиција на земја на отпадници. Тоа значи дека ние, научниците, повеќе нема да можеме нормално да си ја вршиме работата. Конечно, спроведувањето научно истражување е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на нашата земја и целосно отсуство на позитивни перспективи. Војната со Украина е чекор во ништо. Огорчени сме поради сознанието дека нашата земја, која даде одлучувачки придонес во победата над нацизмот, сега стана иницијатор за нова војна на европскиот континент. Бараме итно запирање на сите воени операции насочени против Украина. Бараме почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава. Бараме мир за нашите земји. Се занимаваме со наука, а не со војна!, стои во отвореното писмо.

The post Војната со Украина е чекор во ништо- отворено антивоено писмо на илјадници руски научници appeared first on Република.

]]>
Отворено писмо до министерот за здравство: Каде се видело да се спојат кардиологија и ортопедија?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoreno-pismo-do-ministerot-za-zdravstvo-kade-se-videlo-da-se-spojat-kardiologija-i-ortopedija/ Mon, 07 Feb 2022 08:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=454989

Д-р Атанас Поп-Стефанија, специјалист ортопед, вработен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид испрати Отворено писмо до министерот за здравство Беким Сали.

Писмото го објавуваме во целост:

Почитуван министер за здравство, д-р Беким Сали, Ви се обраќам со ова писмо со цел да Ве повикам да направите храбар и исправен чекор за иднината на ортопедијата, трауматологијата и неврохирургијата во Охрид и во југозападниот регион од Македонија, носејќи одлука со која ќе го спречите префрлањето на дел од интервентната кардиологија од ЈЗУ Специјализирана болница за лекување на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“, во објектот на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид (Костозглобна).

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е формирана во 1950 година и низ сите овие години функционира стручно, кадровски и инфраструктурно независно, примарно посветена на развојот на ортопедијата, трауматологијата, неврохирургијата, рехабилитацијата и ним сродните гранки. Проектот за реконструкција и префрлање на дел од интервентната кардиологија од „Св. Стефан“ започна во 2015 година, под раководство на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, а беше поттикнат и промовиран од политички, здравствени или бизнис-структури со сомнителни интереси. Ветуваа дека ќе биде завршен за 18 месеци, а остана со нерешен статус веќе 6-7 години. За сето тоа време, условите за работа во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ се прилично отежнати, со намалена инфраструктура, ограничени можности за организација, а квалитетот и квантитетот на дадените медицински услуги е на значително високо ниво, благодарение на големите напори и ентузијазмот на медицинскиот персонал и менаџментот.

Подолг период Министерството за здравство нема јасен став по ова прашање, делува незаинтересирано, не е приоритет проблемот, не го решава, го остава да лебди во сива зона, од која не може да се очекува транспарентност, објективност и потребни развојни здравствени политики. Самиот проект беше започнат во крајно нетранспарентни околности, како лична желба на самопрогласениот пропагатор-агитатор со опортунистички карактеристики. Вие, министре, д-р Беким Сали имате можност да му ставите крај на тоа.
Двете болници претставуваат добар пример со своето досегашно индивидуално работење. И двете болници обезбедуваат значителни здравствени услуги за нашиот здравствен систем и неговите осигуреници. Треба да си го одговориме прашањето зошто е потребно спојување, физичко или правно на двете институции? Дали некаде во развиените земји има соединување на кардиологија и ортопедија?! Зошто е некој подготвен на ваков експеримент, кои се неговите „нејасни“ мотиви? Главниот аргумент за овој проект, од времето на министерот Никола Тодоров, беше дека Специјализираната болница за лекување на кардиоваскуларни заболувања во „Св. Стефан“ може да го изгуби својот објект на истоимената локација и поради тоа им се потребни нови простории. Тој аргумент веќе не е валиден, бидејќи Министерството во неколку наврати нѐ информира дека болницата ќе остане и со стариот објект и со новото крило во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Се поставува многу логично прашање, зошто развивањето на инфраструктурата за кардиологијата не се оствари на нивната локација, а новото крило целосно не припадне каде што и припаѓа, на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со што би се зголемил стандардот, условите за работа, квалитетот и квантитетот на ортопедијата, трауматологијата и неврохирургијата?

Можете да одберете да ги продолжите проектите на Тодоров и на неговото сивило и да ја хендикепирате иднината и развојот на една болница за сметка на друга, само заради тоа што некој избрал дека ортопедијата во Охрид не заслужува подобри услови, па одлучил тука да инсталира нечија друга испостава. Лошите здравствени политики и проекти од времето на Тодоров треба да се прекинат, да се променат и да се подобрат, направете го тоа!

Со почит, д-р Атанас Поп-Стефанија

The post Отворено писмо до министерот за здравство: Каде се видело да се спојат кардиологија и ортопедија?! appeared first on Република.

]]>

Д-р Атанас Поп-Стефанија, специјалист ортопед, вработен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид испрати Отворено писмо до министерот за здравство Беким Сали. Писмото го објавуваме во целост: Почитуван министер за здравство, д-р Беким Сали, Ви се обраќам со ова писмо со цел да Ве повикам да направите храбар и исправен чекор за иднината на ортопедијата, трауматологијата и неврохирургијата во Охрид и во југозападниот регион од Македонија, носејќи одлука со која ќе го спречите префрлањето на дел од интервентната кардиологија од ЈЗУ Специјализирана болница за лекување на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“, во објектот на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид (Костозглобна). Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е формирана во 1950 година и низ сите овие години функционира стручно, кадровски и инфраструктурно независно, примарно посветена на развојот на ортопедијата, трауматологијата, неврохирургијата, рехабилитацијата и ним сродните гранки. Проектот за реконструкција и префрлање на дел од интервентната кардиологија од „Св. Стефан“ започна во 2015 година, под раководство на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, а беше поттикнат и промовиран од политички, здравствени или бизнис-структури со сомнителни интереси. Ветуваа дека ќе биде завршен за 18 месеци, а остана со нерешен статус веќе 6-7 години. За сето тоа време, условите за работа во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ се прилично отежнати, со намалена инфраструктура, ограничени можности за организација, а квалитетот и квантитетот на дадените медицински услуги е на значително високо ниво, благодарение на големите напори и ентузијазмот на медицинскиот персонал и менаџментот. Подолг период Министерството за здравство нема јасен став по ова прашање, делува незаинтересирано, не е приоритет проблемот, не го решава, го остава да лебди во сива зона, од која не може да се очекува транспарентност, објективност и потребни развојни здравствени политики. Самиот проект беше започнат во крајно нетранспарентни околности, како лична желба на самопрогласениот пропагатор-агитатор со опортунистички карактеристики. Вие, министре, д-р Беким Сали имате можност да му ставите крај на тоа. Двете болници претставуваат добар пример со своето досегашно индивидуално работење. И двете болници обезбедуваат значителни здравствени услуги за нашиот здравствен систем и неговите осигуреници. Треба да си го одговориме прашањето зошто е потребно спојување, физичко или правно на двете институции? Дали некаде во развиените земји има соединување на кардиологија и ортопедија?! Зошто е некој подготвен на ваков експеримент, кои се неговите „нејасни“ мотиви? Главниот аргумент за овој проект, од времето на министерот Никола Тодоров, беше дека Специјализираната болница за лекување на кардиоваскуларни заболувања во „Св. Стефан“ може да го изгуби својот објект на истоимената локација и поради тоа им се потребни нови простории. Тој аргумент веќе не е валиден, бидејќи Министерството во неколку наврати нѐ информира дека болницата ќе остане и со стариот објект и со новото крило во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Се поставува многу логично прашање, зошто развивањето на инфраструктурата за кардиологијата не се оствари на нивната локација, а новото крило целосно не припадне каде што и припаѓа, на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со што би се зголемил стандардот, условите за работа, квалитетот и квантитетот на ортопедијата, трауматологијата и неврохирургијата? Можете да одберете да ги продолжите проектите на Тодоров и на неговото сивило и да ја хендикепирате иднината и развојот на една болница за сметка на друга, само заради тоа што некој избрал дека ортопедијата во Охрид не заслужува подобри услови, па одлучил тука да инсталира нечија друга испостава. Лошите здравствени политики и проекти од времето на Тодоров треба да се прекинат, да се променат и да се подобрат, направете го тоа! Со почит, д-р Атанас Поп-Стефанија

The post Отворено писмо до министерот за здравство: Каде се видело да се спојат кардиологија и ортопедија?! appeared first on Република.

]]>
Македонизмот е легитимна еманципаторска идеја, чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonizmot-e-legitimna-emancipatorska-ideja-chumu-e-na-evropa-edna-razmakedonchena-makedonija/ Thu, 13 Jan 2022 09:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=444034

МАКЕДОНИЗМОТ Е ЛЕГИТИМНА ЕМАНЦИПАТОРСКА ИДЕЈА. ЧУМУ Ѝ Е НА ЕВРОПА ЕДНА РАЗМАКЕДОНЧЕНА МАКЕДОНИЈА?

Почитувани граѓани на Македонија,

Во овие судбински денови за европската иднина на нашата татковина, длабоко загрижени поради фактот што таа станува заложник на апсурдните барања на Република Бугарија, одлучивме да се обединиме во мислата и во зборот за Македонија.

Секој од нас има сопствени погледи за тоа каква Македонија сакаме. Многу често не се согласуваме, ги биеме битките секој на свој начин, како што, впрочем, и му доликува на едно демократско општество. Во овие мигови, кога нашата татковина се соочува со ултиматуми, чијашто цел е ревизија на националната и на културната историја на македонскиот народ, а индиректно и на темелите на современата македонска нација, кога се блокираат евроинтегративните процеси, кога страхуваме дека неодговорното поведение на внатрешните, македонски политички фактори, ја удвојуваат таа опасност, нема сомнение дека се наоѓаме пред уште еден клучен историски предизвик.

Поради тоа, дојдено е времето да се сплотиме сите заедно и да застанеме еден до друг, а не еден наспроти друг. Време е да се обединиме, водени од промислата за опстанокот на нашата татковина.

Нашата татковина Македонија е европска земја. Таа лежи во срцето на Балканот, на просторот каде што, всушност, е родена современата европска цивилизација. Истовремено, Македонија е и крстопат на цивилизациите, феномен што остава траен и неповторлив белег на нејзиниот идентитет. Никој нема право, во име на сопствениот национален и државен интерес, да прави тенденциозна интерпретација на историските факти и на севкупното балканско и европско историско минато, злоупотребувајќи ја привилегијата што ја овозможува членството во европското семејство. Никој нема право да ѝ ја одрече на Македонија нејзината европска иднина и да ја спречи во нејзиното интегрирање во составот на Европската Унија.

Современата македонска држава, создадена кон крајот на Втората светска војна, почива врз истите темели и врз истиот вредносен систем врз којшто е изградена модерна Европа. Затоа ние со гордост и без предрасуди зборуваме за антифашизмот, за универзалното право за самоопределување на народите, за почитувањето на суверенитетот и на интегритетот на државите, за отфрлањето на хегемонизмот и на територијалните претензии, за заштитата на човековите слободи и права и за другите вредности на модерна Европа.

Своето осамостојување во 1991 година, нашата татковина го круниса со јасно изразена волја на граѓаните за европеизирање на земјата, идеја која малку подоцна созреа и во формална апликација за нејзино пристапување кон Европската Унија. Тоа е природен развој на македонската држава, а не наметнат политички проект.

Македонија, токму затоа, не може и не смее да прифати цената за добивање датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија да биде разнебитување на историски заокружениот легитимен процес на конституирање на македонската нација и нејзиното размакедончување.

Македонија не може и не смее да прифати концепт на бугарски корени на македонскиот народ и нација. Наводниот бугарски историски идентитет на Македонците не е и не може да биде основа на новиот европски идентитет на државата.

Македонија не може и не смее да се согласи со опцијата составен и базичен дел од европската преговарачка рамка со Македонија да бидат рамковната позиција на Министерскиот совет на Република Бугарија од 9 октомври 2020 година и Декларацијата на Народното собрание на Република Бугарија од 10 октомври 2020 година, затоа што со овие два документа се негираат посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и другите национални одлики на македонската култура. Таквите уцени не се европска вредност и затоа треба да бидат изземени од преговарачкиот процес за евроинтеграцијата на нашата држава, како штетни и ирелевантни.

Македонизмот и Македонија не се ретроградни феномени. Напротив, македонизмот е еманципаторска и обединувачка идеја, а нејзината реализација е фактор на мир и стабилност во регионот и во Европа. Нема разумна причина да се тврди дека македонизмот внесува неспокојство кај другите балкански народи, вклучувајќи го и блискиот и пријателски бугарски народ. Европската Унија познава повеќе примери на народи кои во историјата имале допирни точки, но тоа не било причина да се негира автентичноста и посебноста на секоја национална култура. Современа Македонија, во историска смисла, не е нечиј недовршен политички проект.

Базирајќи се врз своите длабоки историски корени и на силните пројави на македонизмот во периодот на конституирањето на модерните европски нации, изворниот суверенитет на Македонија е потврден и конституционално дефиниран во текот на Втората светската војна. Таа е меѓународно легитимиран ентитет уште од основањето на ООН.

Сознанијата на општествените, на хуманистичките и на културолошките науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и за неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, се неспорни. Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективната меморија, менталитетот, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на определен географски и историски простор на којшто се легитимирала идејата за создавање македонска нација.

Македонија не може и не смее да ги отфрли утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и на меѓународното право, кои недвосмислено покажуваат дека македонскиот јазик е словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, со првиот и најстар писмено фиксиран јазик – старословенскиот, чиј канон почива врз словенските говори од три села во околината на Солун (Сухо, Висока и Зарово) од средината на 9 век, и од чија македонска црковнословенска варијанта, застапувана од двете средновековни книжевни школи во Македонија, Охридската и Кратовско-злетовската, низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на Македонците. Оттука, македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други, и не само  словенски јазици  ̶  има свој просторен и свој временски континуитет.

Македонија не може да се согласи да ги премолчи жртвите, страдањата и другите последици од фашистичката окупација од 1941 до 1945 година, како и историскиот факт дека во неа учествува и тогашната бугарска држава. Препознавајќи го како значаен и историскиот факт дека кон крајот на Втората светска војна Бугарија се приклонува кон антифашистичката коалиција, а изразувајќи длабоко несогласување со виктимизирањето на повоените генерации граѓани на европските држави чиишто влади во тие години застанале на погрешната страна на историјата, укажуваме дека Македонија не може да усвои некаков ретуширан наратив за овој трауматичен историски период.

Македонија не може и не смее да прифати договор со кого било, со содржина која ќе предизвика длабока криза, а на идните генерации ќе им остави во наследство идентитетска девастација. Нашата наука напредува и ги демистифицира предрасудите наследени од минатото. Таа храбро се соочува со објективните факти и со научната аргументација, но ја има предвид и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности. Споделените места на меморија на балканските и на медитеранските простори подразбираат инклузивен однос а не ексклузивно присвојување на историјата и на традицијата, интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии.

Разговорот за посебното и за заедничкото во историјата не смее да се води врз основа на културен и историски хегемонизам, а најмалку пак под политички диктат и вакви груби уцени, на какви што е изложена нашата татковина.

Македонија е подготвена да ги почитува правата на сите етнички заедници, врз основа на сопственото демократско устројство и искуство и во согласност со највисоките европски стандарди, кои се обврзувачки за сите членки на Европската Унија. Во таа смисла, немаат никаква основа сомнежите дека граѓани на Македонија кои се декларираат како Бугари по потекло ќе бидат дискредитирани и дискриминирани.

Обратно, постои веќе востановена практика на непризнавање и дискриминација на бугарските граѓани кои се од македонско етничко потекло, за што сведочат многубројни европски документи и реакции, како и бројни документи од поблиската историја на Бугарија, кога таа има признато културна автономија на Пиринска Македонија и на бројното македонско малцинство во Бугарија. Во билатералните односи треба да биде неприкосновено начелото на реципрочен однос во решавањето на чувствителните прашања.

Обединети во промислата за Македонија, како граѓани на Македонија, но и заедно со Македонците во дијаспората, ги повикуваме и ги охрабруваме надлежните институции да ги продолжат разговорите со претставниците на земјите членки, како и разговорите за отстранување на пречките што ги поставува Република Бугарија за почеток на преговорите меѓу нашата држава и Европската Унија.

Имајќи ја предвид Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, едногласно усвоена од Собранието на 29 јули 2021 година, ги охрабруваме Претседателот на Републиката, Собранието на Републиката, Претседателот на Владата, јавните институции, МАНУ и научните, образовните, културните и уметничките институции, граѓанските организации и медиумите, да дадат свој придонес за деблокирање на евроинтеграцискиот процес, врз основа на интензивен дијалог, врз рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

Апелираме процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од македонска страна за исполнување на критериумите за членство, при што треба неизоставно и безусловно:

  • да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на ООН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи;
  • да се почитува слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност;
  • да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да ја продолжат практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции, и
  • да не се создава конфликтен амбиент во Македонија, да се зачува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава.

Согласно со духот и словото на ова наше обраќање, испраќаме пријателски поздрави и до граѓаните на Бугарија, до бугарската јавност и до бугарските интелектуалци, изразувајќи подготвеност да започнеме дијалог, со единствена цел за нештата за кои имаме блиски, но и различни, па дури и спротивставени ставови, да разговараме и да дебатираме цивилизирано, отворено и без предрасуди, водени од мислата дека на тој начин можеме суштински да придонесеме кон подобрувањето на односите меѓу нашите две земји и нашите два народа.

Во Скопје, 13 јануари 2022 година

Божидар Божиновски
Ивица Боцевски
Митре Велјаноски
Бранко Героски
Жидас Даскаловски
Александар Диневски
Елка Јачева Улчар
Слободанка Марковска
Владимир Милчин
Ивор Мицковски
Симона Спировска
Ивица Челиковиќ
Катица Ќулавкова

The post Македонизмот е легитимна еманципаторска идеја, чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија? appeared first on Република.

]]>

МАКЕДОНИЗМОТ Е ЛЕГИТИМНА ЕМАНЦИПАТОРСКА ИДЕЈА. ЧУМУ Ѝ Е НА ЕВРОПА ЕДНА РАЗМАКЕДОНЧЕНА МАКЕДОНИЈА? Почитувани граѓани на Македонија, Во овие судбински денови за европската иднина на нашата татковина, длабоко загрижени поради фактот што таа станува заложник на апсурдните барања на Република Бугарија, одлучивме да се обединиме во мислата и во зборот за Македонија. Секој од нас има сопствени погледи за тоа каква Македонија сакаме. Многу често не се согласуваме, ги биеме битките секој на свој начин, како што, впрочем, и му доликува на едно демократско општество. Во овие мигови, кога нашата татковина се соочува со ултиматуми, чијашто цел е ревизија на националната и на културната историја на македонскиот народ, а индиректно и на темелите на современата македонска нација, кога се блокираат евроинтегративните процеси, кога страхуваме дека неодговорното поведение на внатрешните, македонски политички фактори, ја удвојуваат таа опасност, нема сомнение дека се наоѓаме пред уште еден клучен историски предизвик. Поради тоа, дојдено е времето да се сплотиме сите заедно и да застанеме еден до друг, а не еден наспроти друг. Време е да се обединиме, водени од промислата за опстанокот на нашата татковина. Нашата татковина Македонија е европска земја. Таа лежи во срцето на Балканот, на просторот каде што, всушност, е родена современата европска цивилизација. Истовремено, Македонија е и крстопат на цивилизациите, феномен што остава траен и неповторлив белег на нејзиниот идентитет. Никој нема право, во име на сопствениот национален и државен интерес, да прави тенденциозна интерпретација на историските факти и на севкупното балканско и европско историско минато, злоупотребувајќи ја привилегијата што ја овозможува членството во европското семејство. Никој нема право да ѝ ја одрече на Македонија нејзината европска иднина и да ја спречи во нејзиното интегрирање во составот на Европската Унија. Современата македонска држава, создадена кон крајот на Втората светска војна, почива врз истите темели и врз истиот вредносен систем врз којшто е изградена модерна Европа. Затоа ние со гордост и без предрасуди зборуваме за антифашизмот, за универзалното право за самоопределување на народите, за почитувањето на суверенитетот и на интегритетот на државите, за отфрлањето на хегемонизмот и на територијалните претензии, за заштитата на човековите слободи и права и за другите вредности на модерна Европа. Своето осамостојување во 1991 година, нашата татковина го круниса со јасно изразена волја на граѓаните за европеизирање на земјата, идеја која малку подоцна созреа и во формална апликација за нејзино пристапување кон Европската Унија. Тоа е природен развој на македонската држава, а не наметнат политички проект. Македонија, токму затоа, не може и не смее да прифати цената за добивање датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија да биде разнебитување на историски заокружениот легитимен процес на конституирање на македонската нација и нејзиното размакедончување. Македонија не може и не смее да прифати концепт на бугарски корени на македонскиот народ и нација. Наводниот бугарски историски идентитет на Македонците не е и не може да биде основа на новиот европски идентитет на државата. Македонија не може и не смее да се согласи со опцијата составен и базичен дел од европската преговарачка рамка со Македонија да бидат рамковната позиција на Министерскиот совет на Република Бугарија од 9 октомври 2020 година и Декларацијата на Народното собрание на Република Бугарија од 10 октомври 2020 година, затоа што со овие два документа се негираат посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и другите национални одлики на македонската култура. Таквите уцени не се европска вредност и затоа треба да бидат изземени од преговарачкиот процес за евроинтеграцијата на нашата држава, како штетни и ирелевантни. Македонизмот и Македонија не се ретроградни феномени. Напротив, македонизмот е еманципаторска и обединувачка идеја, а нејзината реализација е фактор на мир и стабилност во регионот и во Европа. Нема разумна причина да се тврди дека македонизмот внесува неспокојство кај другите балкански народи, вклучувајќи го и блискиот и пријателски бугарски народ. Европската Унија познава повеќе примери на народи кои во историјата имале допирни точки, но тоа не било причина да се негира автентичноста и посебноста на секоја национална култура. Современа Македонија, во историска смисла, не е нечиј недовршен политички проект. Базирајќи се врз своите длабоки историски корени и на силните пројави на македонизмот во периодот на конституирањето на модерните европски нации, изворниот суверенитет на Македонија е потврден и конституционално дефиниран во текот на Втората светската војна. Таа е меѓународно легитимиран ентитет уште од основањето на ООН. Сознанијата на општествените, на хуманистичките и на културолошките науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и за неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, се неспорни. Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективната меморија, менталитетот, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на определен географски и историски простор на којшто се легитимирала идејата за создавање македонска нација. Македонија не може и не смее да ги отфрли утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и на меѓународното право, кои недвосмислено покажуваат дека македонскиот јазик е словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, со првиот и најстар писмено фиксиран јазик – старословенскиот, чиј канон почива врз словенските говори од три села во околината на Солун (Сухо, Висока и Зарово) од средината на 9 век, и од чија македонска црковнословенска варијанта, застапувана од двете средновековни книжевни школи во Македонија, Охридската и Кратовско-злетовската, низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на Македонците. Оттука, македонскиот јазик, како, впрочем, и сите други, и не само  словенски јазици  ̶  има свој просторен и свој временски континуитет. Македонија не може да се согласи да ги премолчи жртвите, страдањата и другите последици од фашистичката окупација од 1941 до 1945 година, како и историскиот факт дека во неа учествува и тогашната бугарска држава. Препознавајќи го како значаен и историскиот факт дека кон крајот на Втората светска војна Бугарија се приклонува кон антифашистичката коалиција, а изразувајќи длабоко несогласување со виктимизирањето на повоените генерации граѓани на европските држави чиишто влади во тие години застанале на погрешната страна на историјата, укажуваме дека Македонија не може да усвои некаков ретуширан наратив за овој трауматичен историски период. Македонија не може и не смее да прифати договор со кого било, со содржина која ќе предизвика длабока криза, а на идните генерации ќе им остави во наследство идентитетска девастација. Нашата наука напредува и ги демистифицира предрасудите наследени од минатото. Таа храбро се соочува со објективните факти и со научната аргументација, но ја има предвид и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности. Споделените места на меморија на балканските и на медитеранските простори подразбираат инклузивен однос а не ексклузивно присвојување на историјата и на традицијата, интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии. Разговорот за посебното и за заедничкото во историјата не смее да се води врз основа на културен и историски хегемонизам, а најмалку пак под политички диктат и вакви груби уцени, на какви што е изложена нашата татковина. Македонија е подготвена да ги почитува правата на сите етнички заедници, врз основа на сопственото демократско устројство и искуство и во согласност со највисоките европски стандарди, кои се обврзувачки за сите членки на Европската Унија. Во таа смисла, немаат никаква основа сомнежите дека граѓани на Македонија кои се декларираат како Бугари по потекло ќе бидат дискредитирани и дискриминирани. Обратно, постои веќе востановена практика на непризнавање и дискриминација на бугарските граѓани кои се од македонско етничко потекло, за што сведочат многубројни европски документи и реакции, како и бројни документи од поблиската историја на Бугарија, кога таа има признато културна автономија на Пиринска Македонија и на бројното македонско малцинство во Бугарија. Во билатералните односи треба да биде неприкосновено начелото на реципрочен однос во решавањето на чувствителните прашања. Обединети во промислата за Македонија, како граѓани на Македонија, но и заедно со Македонците во дијаспората, ги повикуваме и ги охрабруваме надлежните институции да ги продолжат разговорите со претставниците на земјите членки, како и разговорите за отстранување на пречките што ги поставува Република Бугарија за почеток на преговорите меѓу нашата држава и Европската Унија. Имајќи ја предвид Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, едногласно усвоена од Собранието на 29 јули 2021 година, ги охрабруваме Претседателот на Републиката, Собранието на Републиката, Претседателот на Владата, јавните институции, МАНУ и научните, образовните, културните и уметничките институции, граѓанските организации и медиумите, да дадат свој придонес за деблокирање на евроинтеграцискиот процес, врз основа на интензивен дијалог, врз рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ. Апелираме процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од македонска страна за исполнување на критериумите за членство, при што треба неизоставно и безусловно:
  • да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на ООН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи;
  • да се почитува слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност;
  • да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да ја продолжат практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции, и
  • да не се создава конфликтен амбиент во Македонија, да се зачува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава.
Согласно со духот и словото на ова наше обраќање, испраќаме пријателски поздрави и до граѓаните на Бугарија, до бугарската јавност и до бугарските интелектуалци, изразувајќи подготвеност да започнеме дијалог, со единствена цел за нештата за кои имаме блиски, но и различни, па дури и спротивставени ставови, да разговараме и да дебатираме цивилизирано, отворено и без предрасуди, водени од мислата дека на тој начин можеме суштински да придонесеме кон подобрувањето на односите меѓу нашите две земји и нашите два народа. Во Скопје, 13 јануари 2022 година Божидар Божиновски Ивица Боцевски Митре Велјаноски Бранко Героски Жидас Даскаловски Александар Диневски Елка Јачева Улчар Слободанка Марковска Владимир Милчин Ивор Мицковски Симона Спировска Ивица Челиковиќ Катица Ќулавкова

The post Македонизмот е легитимна еманципаторска идеја, чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија? appeared first on Република.

]]>