отворен ден на Армијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoren-den-na-armijata/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Mar 2024 07:42:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отворен ден на Армијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoren-den-na-armijata/ 32 32 Отворен ден на Армијата во Градски парк во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-den-na-armijata-vo-gradski-park-vo-skopje/ Sat, 23 Mar 2024 07:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=757657

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин.

Граѓаните на Скопје ќе можат да го посетат Отворениот ден на кој покрај изложените воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња, како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.

Армиските припадници ќе ги запознаат граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериските единици и повеќе видови на воени возила.

Меѓу изложените ќе бидат и најновите JLTV оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина –робот за пронаоѓање експлозивни направи.

На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

 

The post Отворен ден на Армијата во Градски парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин. Граѓаните на Скопје ќе можат да го посетат Отворениот ден на кој покрај изложените воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња, како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар. Армиските припадници ќе ги запознаат граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериските единици и повеќе видови на воени возила. Меѓу изложените ќе бидат и најновите JLTV оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина –робот за пронаоѓање експлозивни направи. На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.  

The post Отворен ден на Армијата во Градски парк во Скопје appeared first on Република.

]]>