Отворен Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoren-balkan/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 17:24:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Отворен Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoren-balkan/ 32 32 Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-utre-vo-belgrad-ke-se-sretne-so-srpskiot-pretsedatel-vuchik-i-premierot-vuchevik/ Thu, 21 Nov 2024 18:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=840510

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>
Македонија дел од саемот Винска визија на Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-del-od-saemot-vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ Sat, 02 Nov 2024 10:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=833421

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски соопшти дека Македонија и оваа година ќе биде дел од саемот Винска визија, саемот за вино, храна и туризам во рамките на Отворен Балкан.

Трипуновски најави дека повеќе од 80 изложувачи, од мали семејни винарии до големи производители од Македонија ќе ги изложат своите најфини вина и деликатеси на овогодинешниот саем кој ќе се одржи од 22 до 24 ноември.

Ова е одлична можност да се промовира квалитетот на вината во Македонија и да се сподели со сите вински ентузијасти и да се зголеми продажбата на винските брендови од нашата земја, рече министерот Цветан Трипуноски на настан на Стопанската комора на Србија во пресрет на саемот Винска визија.

The post Македонија дел од саемот Винска визија на Отворен Балкан appeared first on Република.

„Отворен Балкан“ пак се соедини во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otvoren-balkan-pak-se-soedini-vo-tsrna-gora/ Thu, 16 May 2024 10:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=778761

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Котор беше добра можност за средба на основачите на иницијативата „Отворен Балкан“.

Оваа инцијатива беше ставена некако во мирување откако од премиерот на Албанија Еди Рама и од министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи дојдоа ззагрижувачки тонови дека веќе неа ја гледаат смислата на „Отворен Балкан“.

Сепак, денеска во Котор имаше средба меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и техничкиот премиер Талат Џафери.

The post „Отворен Балкан“ пак се соедини во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Котор беше добра можност за средба на основачите на иницијативата „Отворен Балкан“. Оваа инцијатива беше ставена некако во мирување откако од премиерот на Албанија Еди Рама и од министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи дојдоа ззагрижувачки тонови дека веќе неа ја гледаат смислата на „Отворен Балкан“. Сепак, денеска во Котор имаше средба меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и техничкиот премиер Талат Џафери.    

The post „Отворен Балкан“ пак се соедини во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Таче се уплаши: Oдби да му пререче на Османи за „Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tache-se-uplashi-odbi-da-mu-prereche-na-osmani-za-otvoren-balkan/ Thu, 18 Apr 2024 09:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=767472

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски одби да ја коментира најавата на министерот на ДУИ Бујар Османи дека Македонија треба да излезе од „Отворен Балкан“.

Тој за „МИА“ зборуваше воопштено без да го каже својот став по ова прашање.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-marichik-konechno-mu-tekna-deka-osmani-raboti-protiv-makedonskite-interesi/

-Таа во својата суштина, во својот фундамент ги има постулатите на функционирањето на Европската унија, а тоа е слободното движење на луѓе, слободно движење на капитал, на производи и слободно движење на услуги. И кога ќе ги погледнете иницијативите коишто беа направени во рамки на Отворен Балкан тие се токму тоа.

The post Таче се уплаши: Oдби да му пререче на Османи за „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски одби да ја коментира најавата на министерот на ДУИ Бујар Османи дека Македонија треба да излезе од „Отворен Балкан“. Тој за „МИА“ зборуваше воопштено без да го каже својот став по ова прашање. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-marichik-konechno-mu-tekna-deka-osmani-raboti-protiv-makedonskite-interesi/  
-Таа во својата суштина, во својот фундамент ги има постулатите на функционирањето на Европската унија, а тоа е слободното движење на луѓе, слободно движење на капитал, на производи и слободно движење на услуги. И кога ќе ги погледнете иницијативите коишто беа направени во рамки на Отворен Балкан тие се токму тоа.

The post Таче се уплаши: Oдби да му пререче на Османи за „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
На Маричиќ конечно му текна дека Османи работи против македонските интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-marichik-konechno-mu-tekna-deka-osmani-raboti-protiv-makedonskite-interesi/ Thu, 18 Apr 2024 08:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=767388

Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување на министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи кој работи спротивно на македонските интереси. Османи вчера ја презеде улогата на претседател на државата па самиот носи одлуки дали Македонија ќе излезе од регионални иницијативи како „Отворен Балкан“, дали имало геноцид во Сребреница. „Европски“ што би рекол Бујар во кампањата.

За изненадување е што конечно има реакција од помалиот коалициски партнер на власта СДСМ.Се огласи  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека одговорноста за случувањата во Сребреница треба да биде индивидуална, а не колективна.

https://republika.mk/vesti/balkan/ekspert-za-holokaust-tvrdi-vo-srebrenitsa-nemashe-genotsid/

-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.

Османи вчера најави дека ќе предложи Македонија да излезе  од иницијативата „Отворен Балкан“. Маричиќ и на тоа има реакција и нагласува дека секоја регионална соработка е добра за државата.

-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-kojznae-kojpat-osmani-dokazha-deka-e-kosovski-a-ne-makedonski-minister/

Од каде тоа Османи има информации за случувањата во Бањска на Косово па уште и ќе ги презентира на затворена седница на Влада.

И зошто на седница на Влада би се расправало за настан во друга држава која патем не е ни држава туку полу-протекторат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/

Тоа е работа на властите во Приштина и на државата Србија е не на Османи.

Oсмани вчера решаваше и меѓународни проблеми па дури и се пофали дека самиот одлучил Македонија да биде промотор на Резолуцијата што Обединетите нации. Османи треба да знае дека во Сребреница навистина се случија ужасни убиства, но за тоа одговорноста треба да биде индивидуална а не колективна.Затоа вистинскиот збор е воени злосторства а не геноцид.

The post На Маричиќ конечно му текна дека Османи работи против македонските интереси appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите по вчерашното скандалозно однесување на министерот за надворешни работи на ДУИ Бујар Османи кој работи спротивно на македонските интереси. Османи вчера ја презеде улогата на претседател на државата па самиот носи одлуки дали Македонија ќе излезе од регионални иницијативи како „Отворен Балкан“, дали имало геноцид во Сребреница. „Европски“ што би рекол Бујар во кампањата. За изненадување е што конечно има реакција од помалиот коалициски партнер на власта СДСМ.Се огласи  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека одговорноста за случувањата во Сребреница треба да биде индивидуална, а не колективна. https://republika.mk/vesti/balkan/ekspert-za-holokaust-tvrdi-vo-srebrenitsa-nemashe-genotsid/
-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.
Османи вчера најави дека ќе предложи Македонија да излезе  од иницијативата „Отворен Балкан“. Маричиќ и на тоа има реакција и нагласува дека секоја регионална соработка е добра за државата.
-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/po-kojznae-kojpat-osmani-dokazha-deka-e-kosovski-a-ne-makedonski-minister/ Од каде тоа Османи има информации за случувањата во Бањска на Косово па уште и ќе ги презентира на затворена седница на Влада. И зошто на седница на Влада би се расправало за настан во друга држава која патем не е ни држава туку полу-протекторат. https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/ Тоа е работа на властите во Приштина и на државата Србија е не на Османи. Oсмани вчера решаваше и меѓународни проблеми па дури и се пофали дека самиот одлучил Македонија да биде промотор на Резолуцијата што Обединетите нации. Османи треба да знае дека во Сребреница навистина се случија ужасни убиства, но за тоа одговорноста треба да биде индивидуална а не колективна.Затоа вистинскиот збор е воени злосторства а не геноцид.  

The post На Маричиќ конечно му текна дека Османи работи против македонските интереси appeared first on Република.

]]>
По којзнае којпат Османи докажа дека е косовски, а не македонски министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-kojznae-kojpat-osmani-dokazha-deka-e-kosovski-a-ne-makedonski-minister/ Wed, 17 Apr 2024 12:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=767161

Министерот за надворешни работи, инаку кандидат за претседател на Македонија, Бујар Османи преку прес-конференција тврди дека има „факти и информации“ во врска со настаните во Бањска во Косово на 24 септември минатата година и нив ќе ги презентирал на затворена седница на Владата со цел, како што рече, „да се преиспита и да се одлучи дали државава и натаму треба да остане во иницијативата „Отворен Балкан“ во која е заедно со Албанија и Србија“.

По инцидентот во Бањска тој не учествувал на настан на „Отворен Балкан“, но, сепак, рече, Владата ќе ја донесела одлуката за натамошно учество на Македонија во иницијативата која, рече, имала благородни цели.

Кога се случи нападот во Бањска во Косово имав изјава дека ова оди спротивно на основната идеја за иницијативата – дека е за помирување. И реков – ако има директна вмешаност на Белград во Бањска, тогаш навистина треба да се преиспита бидејќи ги крши столбовите на основната идеја. Бидејќи сега имам повеќе информации што се случило во Бањска, планирам на затворена седница да ја информирам Владата, а Владата ќе одлучи како ќе постапи понатаму, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за коспонзорирањето на резолуцијата на ОН за сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Според него, иницијативата „Отворен Балкан“ не е целосна зашто ги нема сите шест земји на Западниот Балкан, туку, рече, е иницијатива во обид која, на идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, имала две цели.

Таа имаше две цели – помирување за создавање предуслови за затворање на косовско-српскиот спор и за меѓусебно признавање и либерализација на пазарот зашто беше проценето дека 80 отсто од времето камионите на Балканот го поминуваат на граничните премини, а 20 проценти на патот кон нивната дестинација. Се разбира, тоа беа благородни цели во кои ние учествувавме. Но тоа е иницијатива во обид бидејќи додека ги нема шесте земји не е комплетирана иницијатива, рече Османи.

Инаку, „Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема придобивка од „Отворениот Балкан“. Според официјалните податоци, 2.200 лица се пријавиле за работа само изминатиот месец, а најавите се дека до почетокот на летото дури 10.000 работници без никакви пречки ќе работат во трите земји.

Голем дел од нив тоа се македонски работници кои побарале и добиле работа во Србија и во Албанија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/

По којзнае којпат, на Османи не му е гајле за македонските, туку само за косовските интереси.

Па, така, истиот човек што при посетата на Шпанија во улога на шеф на дипломатијата на Македонија бараше признавање на Косово, сега бара гласови да ја предводи државата!

The post По којзнае којпат Османи докажа дека е косовски, а не македонски министер appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, инаку кандидат за претседател на Македонија, Бујар Османи преку прес-конференција тврди дека има „факти и информации“ во врска со настаните во Бањска во Косово на 24 септември минатата година и нив ќе ги презентирал на затворена седница на Владата со цел, како што рече, „да се преиспита и да се одлучи дали државава и натаму треба да остане во иницијативата „Отворен Балкан“ во која е заедно со Албанија и Србија“. По инцидентот во Бањска тој не учествувал на настан на „Отворен Балкан“, но, сепак, рече, Владата ќе ја донесела одлуката за натамошно учество на Македонија во иницијативата која, рече, имала благородни цели.
Кога се случи нападот во Бањска во Косово имав изјава дека ова оди спротивно на основната идеја за иницијативата – дека е за помирување. И реков – ако има директна вмешаност на Белград во Бањска, тогаш навистина треба да се преиспита бидејќи ги крши столбовите на основната идеја. Бидејќи сега имам повеќе информации што се случило во Бањска, планирам на затворена седница да ја информирам Владата, а Владата ќе одлучи како ќе постапи понатаму, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за коспонзорирањето на резолуцијата на ОН за сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Според него, иницијативата „Отворен Балкан“ не е целосна зашто ги нема сите шест земји на Западниот Балкан, туку, рече, е иницијатива во обид која, на идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, имала две цели.
Таа имаше две цели – помирување за создавање предуслови за затворање на косовско-српскиот спор и за меѓусебно признавање и либерализација на пазарот зашто беше проценето дека 80 отсто од времето камионите на Балканот го поминуваат на граничните премини, а 20 проценти на патот кон нивната дестинација. Се разбира, тоа беа благородни цели во кои ние учествувавме. Но тоа е иницијатива во обид бидејќи додека ги нема шесте земји не е комплетирана иницијатива, рече Османи.
Инаку, „Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема придобивка од „Отворениот Балкан“. Според официјалните податоци, 2.200 лица се пријавиле за работа само изминатиот месец, а најавите се дека до почетокот на летото дури 10.000 работници без никакви пречки ќе работат во трите земји. Голем дел од нив тоа се македонски работници кои побарале и добиле работа во Србија и во Албанија. https://republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/ По којзнае којпат, на Османи не му е гајле за македонските, туку само за косовските интереси. Па, така, истиот човек што при посетата на Шпанија во улога на шеф на дипломатијата на Македонија бараше признавање на Косово, сега бара гласови да ја предводи државата!

The post По којзнае којпат Османи докажа дека е косовски, а не македонски министер appeared first on Република.

]]>
Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sednitsa-na-vladata-ke-predlozham-izleguvane-od-otvoren-balkan/ Mon, 15 Apr 2024 12:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=766339

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Воедно, најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.

Ова што го прави опозицијата е непознавање на регионалната соработка, непознавање на меѓународните прилики и обид да профитираат ситни политички поени на теми што не ги знаат. Тоа е нивната најголема слабост и што не ја знаат надворешната политика. Немаат искуство и претендираат да влезат во еден ринг со луѓе коишто цел живот го посветиле на оваа тема, рече денеска Османи на новинарско прашање по прес-конференција во МНР.

Во однос на Отворен Балкан, тој појасни дека тоа било повеќе идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, како обид за помирување, односно, како што рече, „една егзит стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, па и меѓусебно признавање“. Според него, по настаните во Бањска немало состанок или наше присуство на Отворен Балкан.

Во Отворен Балкан ние не сме присуствувале после Бањска, бидејќи тоа беше мојот став тогаш, бидејќи беше веднаш после настанот. Реков ако се потврди дека Белград има вмешаност, тогаш навистина го прави невозможно, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше поинаква. Беше идеја да се воспостави една можност за Србија и Косово полека да почнат да создадат предуслови за меѓусебно признавање и воспоставување дипломатски односи, како една од иницијативите покрај економската соработка, итн. Се разбира секоја држава ја истакнуваше својата перспектива. Некои ја истакнуваа економската соработка, некои ја истакнуваа мобилноста на граѓаните, некој го истакнуваше помирувањето. Ние, зборам сега и како политичка партија, ако можам да кажам во тоа гледавме можност за помирување и меѓусебно признавање, бидејќи таква беше идејата на премиерот Рама. Меѓутоа, ова со Бањска навистина ги поремети тие односи. Затоа јас не сум присуствувал веќе на тие средби, и нема да присуствувам, вели Османи.

Прашан да појасни дали Македонија е се уште членка на Отворен Балкан, тој вели дека е тоа негов став да не присуствува на состаноци на оваа иницијатива.

Ова е мој став кој што на прва седница на која што ќе се разговара за оваа тема јас ќе ги презентирам податоците коишто ги имам преку мојот пристап до информациите на НАТО и на ЕУ, и на партнерските земји, и ќе го предложам тоа, вели Османи.

Тој најави дека како претседателски кандидат на Европскиот фронт и на ДУИ планира да воспостава нова претседателска иницијатива, Самит на хармонзираните сто отсто со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

The post Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од Отворен Балкан appeared first on Република.

Најмногу се од Македонија: Вучиќ соопшти дека 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najmnogu-se-od-makedonija-vuchik-soopshti-deka-2-200-litsa-se-prijavile-za-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan/ Sun, 07 Apr 2024 09:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=763355

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Македонија и Албанија.

Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.

Вучиќ, исто така, изјави дека „јавните финансии на Србија се во добра состојба“ и дека очекува јавниот долг на земјата да изнесува 51 отсто од бруто националниот приход (БДП) до крајот на годината, наспроти „70 проценти од БДП“ кога стана премиер.

Тој кажа и дека Србија во февруари имала економски раст од 5,9 отсто.

Ако вака продолжи, извесно е дека до крајот на годината ќе има значително зголемување на платите и пензиите, најави Вучиќ.

The post Најмногу се од Македонија: Вучиќ соопшти дека 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Македонија и Албанија. Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници. Вучиќ, исто така, изјави дека „јавните финансии на Србија се во добра состојба“ и дека очекува јавниот долг на земјата да изнесува 51 отсто од бруто националниот приход (БДП) до крајот на годината, наспроти „70 проценти од БДП“ кога стана премиер. Тој кажа и дека Србија во февруари имала економски раст од 5,9 отсто.
Ако вака продолжи, извесно е дека до крајот на годината ќе има значително зголемување на платите и пензиите, најави Вучиќ.

The post Најмногу се од Македонија: Вучиќ соопшти дека 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>
Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан” https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/graganite-na-makedonija-srbija-i-albanija-mozhat-da-ja-koristat-merkata-sloboden-pristap-do-pazarot-na-trudot-vo-ramki-na-otvoren-balkan/ Tue, 05 Mar 2024 20:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=751519

Од денеска, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива.

Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/.

Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови:

 1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx

2. https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Македонија.

Оваа мерка придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ.

Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот се потврдува подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестиции и вработување на Западен Балкан.

Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ-ИД им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа.

The post Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан” appeared first on Република.

]]>

Од денеска, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива. Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена. Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/. Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови:  1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx

2. https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Македонија.

Оваа мерка придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ.

Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот се потврдува подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестиции и вработување на Западен Балкан.

Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ-ИД им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа.

The post Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан” appeared first on Република.

]]>
Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска имаат слободен пристап до пазарот на труд во рамки на „Отворен Балкан” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-na-makedonija-srbija-i-albanija-od-deneska-imaat-sloboden-pristap-do-pazarot-na-trud-vo-ramki-na-otvoren-balkan/ Tue, 05 Mar 2024 13:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=751498

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”.

Мерката, како што соопшти владината прес-служба, произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива, се наведува во соопштението.

Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/.

Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови:

1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx

2. https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Македонија.

Оваа мерка, како што се посочува во соопштението, придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ.

Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот се потврдува подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестиции и вработување на Западен Балкан.

-Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства, се наведува во соопштението.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ-ИД им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа.

The post Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска имаат слободен пристап до пазарот на труд во рамки на „Отворен Балкан” appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”. Мерката, како што соопшти владината прес-служба, произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.
Мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива, се наведува во соопштението.
Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена. Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/. Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови: 1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx 2. https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx Oдговорни институции за спроведување на мерката во Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Македонија. Оваа мерка, како што се посочува во соопштението, придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот се потврдува подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестиции и вработување на Западен Балкан. -Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства, се наведува во соопштението. Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ-ИД им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа.

The post Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска имаат слободен пристап до пазарот на труд во рамки на „Отворен Балкан” appeared first on Република.

]]>
Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kako-do-rabotna-dozvola-za-edinstveniot-pazar-na-otvoren-balkan/ Sat, 02 Mar 2024 12:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=750308

Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронска управа, јави дописникот на МИА од Белград.

Од 5 март, преку порталот www.euprava.gov.rs, сите граѓани на Србија ќе можат да го креираат својот матичен број на Отворен Балкан по едноставна процедура, што е предуслов за поднесување барање за слободен пристап до пазарот на труд во Македонија или Албанија, соопшти Стопанската комора на Србија (ПКС).

Граѓаните на Македонија и Албанија својот ИД број т.е Единствениот број за идентификација на ОБ го креираат на нивниот национален портал за е-управа.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и  Македонија, да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски во неколку чекори.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на Отворен Балкан, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ.

Потоа, заинтересираниот граѓанин може да пристапи до електронскиот административен или управен портал на земјата на дестинација (земјата во која има намера да се вработи) и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот.

Земјата на дестинација по проверка донесува конечна одлука, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето.

По добивањето на одобрението, заинтересираниот граѓанин од трите земји на ОБ може да се вработи, под исти услови како и секој локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој рок може да го продолжи одобрението, кое воедно преставува и одобрение за престој и работа.

Прв кој ја доби електронската потврда- Идентификациски број на Отворен Балкан е пртседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, со што може да работи и да живее и во Македонија и Албанија.

The post Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан? appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронска управа, јави дописникот на МИА од Белград. Од 5 март, преку порталот www.euprava.gov.rs, сите граѓани на Србија ќе можат да го креираат својот матичен број на Отворен Балкан по едноставна процедура, што е предуслов за поднесување барање за слободен пристап до пазарот на труд во Македонија или Албанија, соопшти Стопанската комора на Србија (ПКС). Граѓаните на Македонија и Албанија својот ИД број т.е Единствениот број за идентификација на ОБ го креираат на нивниот национален портал за е-управа. За да можат граѓаните на Србија, Албанија и  Македонија, да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски во неколку чекори. Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан. На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на Отворен Балкан, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ. Потоа, заинтересираниот граѓанин може да пристапи до електронскиот административен или управен портал на земјата на дестинација (земјата во која има намера да се вработи) и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Земјата на дестинација по проверка донесува конечна одлука, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето. По добивањето на одобрението, заинтересираниот граѓанин од трите земји на ОБ може да се вработи, под исти услови како и секој локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој рок може да го продолжи одобрението, кое воедно преставува и одобрение за престој и работа. Прв кој ја доби електронската потврда- Идентификациски број на Отворен Балкан е пртседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, со што може да работи и да живее и во Македонија и Албанија.

The post Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан? appeared first on Република.

]]>
Од утре почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-pochnuva-edinstveniot-pazar-na-trud-na-otvoren-balkan/ Thu, 29 Feb 2024 15:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=749733

Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж.- Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Македонија конечно ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата. За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација беше „не може“, 1 март е револуција. Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан. Три години и три месеци лидерите и неколку вредни луѓе од управите ги убедуваа со логични аргументи своите „не може“ колеги, рече Чадеж.

Тој оцени дека до пред само три години не нè интересирало кој во Албанија или  Македонија ја работи истата работа како и ние, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар.

До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив. Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми, изјави претседателот на ПКС и првиот работник на слободниот пазар на Отворен Балкан.

Предностите од слободното движење на работниците во регионот, без никакви административни бариери се повеќекратни, почнувајќи од можноста за вршење сезонски работни места, преку намалувањето на дефицитарните занимања и зајакнувањето на довербата на инвеститорите до растот на клучните сектори во економијата.

Слободниот пристап до пазарот на трудот од околу 11 милиони жители се очекува да го спречи понатамошниот одлив на мозоци и младите од регионот преку нудење можности за вработување, но и да одговори на зголемените барања за квалитетен кадар, како на локални така и на меѓународни компании кои работат во регионот.

Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB).

После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

The post Од утре почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>

Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград. Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж.- Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Македонија конечно ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата. За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација беше „не може“, 1 март е револуција. Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан. Три години и три месеци лидерите и неколку вредни луѓе од управите ги убедуваа со логични аргументи своите „не може“ колеги, рече Чадеж. Тој оцени дека до пред само три години не нè интересирало кој во Албанија или  Македонија ја работи истата работа како и ние, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар. До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив. Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми, изјави претседателот на ПКС и првиот работник на слободниот пазар на Отворен Балкан. Предностите од слободното движење на работниците во регионот, без никакви административни бариери се повеќекратни, почнувајќи од можноста за вршење сезонски работни места, преку намалувањето на дефицитарните занимања и зајакнувањето на довербата на инвеститорите до растот на клучните сектори во економијата. Слободниот пристап до пазарот на трудот од околу 11 милиони жители се очекува да го спречи понатамошниот одлив на мозоци и младите од регионот преку нудење можности за вработување, но и да одговори на зголемените барања за квалитетен кадар, како на локални така и на меѓународни компании кои работат во регионот. Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB). После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

The post Од утре почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>
Не толку отворен Балкан: Вучиќ не сакал да дава изјава покрај Курти, го пуштија Таче сам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-tolku-otvoren-balkan-vuchik-ne-sakal-da-dava-izjava-pokraj-kurti-go-pushtija-tache-sam/ Tue, 23 Jan 2024 07:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=735655

Се чини дека помеѓу лидерите од иницијативата „Отворен Балкан“ нема толкава доверба како што сакаат да се претстави.Тоа се виде и на вчерашниот состанок во Скопје. Покрај основачите, Македонија,Албанија и Србија, на состанокот присуствуваа Косово и Црна Гора како и претставници на САД и ЕУ.

Пред лидерите од регионот беа шест милијарди евра кои за да ги добијат треба да ги заслужат со реформи и проекти.Се разговараше и за слободен проток на работници и стоки и единствен пазар.

Сето тоа е добро, но кога дојде редот тоа да го кажат пред камери тоа што го договорија сите се разбегаа.

Наместо планираната заедничка прес конференција на Вучиќ, Курти, Спајиќ и Рама излезе само премиерот на Македонија Ковачевски.

На прашањето каде се другите тоа непсремно одговори дека многу се брзале и оти ќе говорат само за медиумите од сопствените држави.

Работата е сосема поинаква. Александар Вучиќ не сакал да дава изјави заедно со премиерот на Косово Албин Курти и со тоа да даде некаква конотација дека се работи за две посебни држави.

Дека Србија е сериозна држава и ништо не остава на случајноста е што обезбедувањето на Вучиќ не дозоволи новинари од Косово, Албанија и од Македонија да присустуваат на прес конференцијата која беше предвидена само за новинари од Србија.

Па така, Таче даваше изјава сам, но тој и онака нема што да каже.

The post Не толку отворен Балкан: Вучиќ не сакал да дава изјава покрај Курти, го пуштија Таче сам appeared first on Република.

]]>

Се чини дека помеѓу лидерите од иницијативата „Отворен Балкан“ нема толкава доверба како што сакаат да се претстави.Тоа се виде и на вчерашниот состанок во Скопје. Покрај основачите, Македонија,Албанија и Србија, на состанокот присуствуваа Косово и Црна Гора како и претставници на САД и ЕУ. Пред лидерите од регионот беа шест милијарди евра кои за да ги добијат треба да ги заслужат со реформи и проекти.Се разговараше и за слободен проток на работници и стоки и единствен пазар. Сето тоа е добро, но кога дојде редот тоа да го кажат пред камери тоа што го договорија сите се разбегаа. Наместо планираната заедничка прес конференција на Вучиќ, Курти, Спајиќ и Рама излезе само премиерот на Македонија Ковачевски. На прашањето каде се другите тоа непсремно одговори дека многу се брзале и оти ќе говорат само за медиумите од сопствените држави. Работата е сосема поинаква. Александар Вучиќ не сакал да дава изјави заедно со премиерот на Косово Албин Курти и со тоа да даде некаква конотација дека се работи за две посебни држави. Дека Србија е сериозна држава и ништо не остава на случајноста е што обезбедувањето на Вучиќ не дозоволи новинари од Косово, Албанија и од Македонија да присустуваат на прес конференцијата која беше предвидена само за новинари од Србија. Па така, Таче даваше изјава сам, но тој и онака нема што да каже.

The post Не толку отворен Балкан: Вучиќ не сакал да дава изјава покрај Курти, го пуштија Таче сам appeared first on Република.

]]>
Синот на Џорџ Сорос ги построи лидерите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-dhordh-soros-gi-postroi-liderite-od-zapaden-balkan/ Mon, 22 Jan 2024 06:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=735240

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски е домаќин на состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст усвоен од Европската Комисија.

На состанокот присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

На средбата учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан. Дополнително, ќе присуствуваат и претставници од Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, УСАИД, Фондацијата отворено општество, Центарот за Европа, Атлантскиот совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции како што се Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Согласно програмата, пред почетокот на состанокот, изјава за медиумите е најавена од премиерот Ковачевски, а се очекуваат изјави и од претседателот на Србија, премиерите на Албанија, на Црна Гора, на Косово, како и од Герт Јан Копман и американскиот помошник државен секретар О'Брајан.

По воведните изјави, следи состанокот на лидерите на Западен Балкан на кој видео обраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина. Во 12:15 часот предвидена е заедничка прес-конференција на лидерите.

Синоќа, премиерот Димитар Ковачевски ги пречека лидерите од регионот кои учествуваат на состанокот во Скопје.

Во пресрет на Лидерскиот состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ. Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас - и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.

На 8 ноември, Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан, со кој на земјите од регионот им се дава можност да користат дел од придобивките на ЕУ уште пред да станат нејзини членки, со цел да се поттикне економскиот раст и да се забрза социоекономската конвергенција.

Четирите основни столба на кој ќе се базира Планот за раст се подобрување на економската интеграција на земјите од регионот со единствениот пазар на ЕУ, зајакнување на економската интеграција на државите од регионот во заеднички регионален пазар, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Фондот за реформи и раст за Западниот Балкан, како нов инструмент во вредност од 6 милијарди евра неповратна поддршка за спроведување на основните и социо-економските реформи.

Како дел од овој План за раст, Еврокомисијата идентификуваше седум првични приоритетни области, кои ЕУ може да им ги понуди на земјите од Западен Балкан и кои ќе донесат значителни економски придобивки за регионот. Тие седум првични приоритетни области се слободното движење на стоки, слободно движење на услуги и работници, пристап до Единствената зона за плаќања во евра, интегрирање на превозот на патници, интегрирање на енергетските пазари, вклучување во дигиталниот единствен пазар и интеграција во индустриски синџири на снабдување.

За таа цел со Планот се предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра за периодот 2024-2027 година, од кои две милијарди евра во форма на неповратни грантови и четири милијарди евра концесиски заеми обезбедени од ЕУ.

Поддршката ќе биде обезбедена преку позајмици директно исплатени во националните буџети на партнерите од Западен Балкан. Од нив три милијарди евра ќе бидат ставени на располагање како директна поддршка за корисниците за да се забрза растот врз основа на клучните социо-економски реформи, а две милијарди евра грантови и една милијарда евра кредити ќе бидат наменети за поддршка на инфраструктурни инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Овие инвестиции ќе бидат наменети за транспортот, енергијата, дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини. Најмалку, 37 отсто од неповратната финансиска поддршка канализирана преку Инвестициската рамка треба да се однесува на проекти што ќе придонесат за остварување на климатските цели.

Според ЕК, овој План не е во спротивност со тековните процеси на пристапување и специфичните услови предвидени во тој процес, туку само ќе поттикне забрзување на усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство

The post Синот на Џорџ Сорос ги построи лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски е домаќин на состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст усвоен од Европската Комисија. На состанокот присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД. На средбата учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан. Дополнително, ќе присуствуваат и претставници од Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, УСАИД, Фондацијата отворено општество, Центарот за Европа, Атлантскиот совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции како што се Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка. Согласно програмата, пред почетокот на состанокот, изјава за медиумите е најавена од премиерот Ковачевски, а се очекуваат изјави и од претседателот на Србија, премиерите на Албанија, на Црна Гора, на Косово, како и од Герт Јан Копман и американскиот помошник државен секретар О'Брајан. По воведните изјави, следи состанокот на лидерите на Западен Балкан на кој видео обраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина. Во 12:15 часот предвидена е заедничка прес-конференција на лидерите. Синоќа, премиерот Димитар Ковачевски ги пречека лидерите од регионот кои учествуваат на состанокот во Скопје.
Во пресрет на Лидерскиот состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ. Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас - и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.
На 8 ноември, Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан, со кој на земјите од регионот им се дава можност да користат дел од придобивките на ЕУ уште пред да станат нејзини членки, со цел да се поттикне економскиот раст и да се забрза социоекономската конвергенција. Четирите основни столба на кој ќе се базира Планот за раст се подобрување на економската интеграција на земјите од регионот со единствениот пазар на ЕУ, зајакнување на економската интеграција на државите од регионот во заеднички регионален пазар, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Фондот за реформи и раст за Западниот Балкан, како нов инструмент во вредност од 6 милијарди евра неповратна поддршка за спроведување на основните и социо-економските реформи. Како дел од овој План за раст, Еврокомисијата идентификуваше седум првични приоритетни области, кои ЕУ може да им ги понуди на земјите од Западен Балкан и кои ќе донесат значителни економски придобивки за регионот. Тие седум првични приоритетни области се слободното движење на стоки, слободно движење на услуги и работници, пристап до Единствената зона за плаќања во евра, интегрирање на превозот на патници, интегрирање на енергетските пазари, вклучување во дигиталниот единствен пазар и интеграција во индустриски синџири на снабдување. За таа цел со Планот се предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра за периодот 2024-2027 година, од кои две милијарди евра во форма на неповратни грантови и четири милијарди евра концесиски заеми обезбедени од ЕУ. Поддршката ќе биде обезбедена преку позајмици директно исплатени во националните буџети на партнерите од Западен Балкан. Од нив три милијарди евра ќе бидат ставени на располагање како директна поддршка за корисниците за да се забрза растот врз основа на клучните социо-економски реформи, а две милијарди евра грантови и една милијарда евра кредити ќе бидат наменети за поддршка на инфраструктурни инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Овие инвестиции ќе бидат наменети за транспортот, енергијата, дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини. Најмалку, 37 отсто од неповратната финансиска поддршка канализирана преку Инвестициската рамка треба да се однесува на проекти што ќе придонесат за остварување на климатските цели. Според ЕК, овој План не е во спротивност со тековните процеси на пристапување и специфичните услови предвидени во тој процес, туку само ќе поттикне забрзување на усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство

The post Синот на Џорџ Сорос ги построи лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samit-na-initsijativata-otvoren-balkan-i-samit-zapaden-balkan-i-eu-na-21-i-22-januari-vo-skopje/ Tue, 16 Jan 2024 14:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=733687

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе престојува во Македонија на 21 и 22 јануари. Ќе учествува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан.

Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

На средбата покрај Вучиќ ќе присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина – Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, како и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман.

Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции. .

Лидерите на Западен Балкан се собраа оваа недела на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваат повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на Светскиот економски форум.

The post Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе престојува во Македонија на 21 и 22 јануари. Ќе учествува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски. На средбата покрај Вучиќ ќе присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина – Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, како и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман. Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции. . Лидерите на Западен Балкан се собраа оваа недела на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваат повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на Светскиот економски форум.  

The post Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје appeared first on Република.

]]>
Се сликаат со чашите горе, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-slikaat-so-chashite-gore-slavat-shto-sme-infrastrukturno-ekonomski-i-finansiski-lomosani/ Fri, 17 Nov 2023 10:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=702463

Само вински патишта и лом имаме, коментира Ивор Мицковски.

Се сликаат со чашите горе, не знам, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани.
Живели дечки, отрезнувањето ќе биде тешко, им порача тој.

The post Се сликаат со чашите горе, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани appeared first on Република.

]]>

Само вински патишта и лом имаме, коментира Ивор Мицковски.
Се сликаат со чашите горе, не знам, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани. Живели дечки, отрезнувањето ќе биде тешко, им порача тој.

The post Се сликаат со чашите горе, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани appeared first on Република.

]]>
Вучиќ, Рама и Ковачевски ќе дегустираат вино во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/vuchik-rama-i-kovachevski-ke-degustiraat-vino-vo-belgrad/ Thu, 16 Nov 2023 10:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=702094

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Ковачевски, кој е придружуван од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски, ќе има обраќање на официјалното отворање на саемот.

На годинашниот саем се присутни над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.

Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покра 74 претставници од земјава, ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија.

Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во рамки на посетата на Белград, утре премиерот Ковачевски ќе има средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура на Република Србија.

Дополнително, под покровителство на Владата на Република Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“  имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Македонија

The post Вучиќ, Рама и Ковачевски ќе дегустираат вино во Белград appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Ковачевски, кој е придружуван од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски, ќе има обраќање на официјалното отворање на саемот. На годинашниот саем се присутни над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ. Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покра 74 претставници од земјава, ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија. Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Во рамки на посетата на Белград, утре премиерот Ковачевски ќе има средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура на Република Србија. Дополнително, под покровителство на Владата на Република Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна. Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“  имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени. Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Македонија

The post Вучиќ, Рама и Ковачевски ќе дегустираат вино во Белград appeared first on Република.

]]>
Албанците го сакаат проектот „Алмакос“, а не „Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albantsite-go-sakaat-proektot-almakos-a-ne-otvoren-balkan/ Fri, 10 Nov 2023 07:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=699984

Меѓу албанските лидери во регионот се погласно се говори за проектот „Алмакос“ кој би бил одговор на иницијативата „Отворен Балкан“ во кој засега се Македонија, Албанија и Србија.

Главен заговорник на овој проект кој треба да ги обедини Македонија, Косово  и Албанија е косовскиот премиер Албин Курти кој на секоја средба со меѓународните претставници, посебно со Германците говори за штетноста на „Отворен Балкан“, која според него е направен да го пропагира т.н „српски свет“ додека Албанците се само декор.

Изјави против Отворен Балкан“ даде министерот за надворешни работи од редовите на ДУИ кој дури се закани дека Македонија треба да излезе од оваа инцијатива ако се докаже дека Србија е вмешана во последниот инцидент на Косово.Навистина е нејасно на кој начин тоа е поврзано со Македонија?

Во тој контекст анализира и „Косовоонлајн“ кој потсетува дека проектот „Алмакос“ беше промовиран во 2006 година од тогашната партија ПДП во Македонија и сега на некој начин се реактивира.

Сепак судбината на „Отворен Балкан“ засега не е загрозена затоа што зад него стојат САД кои сметаат дека е добар чекор кон целосно нормализирање на односите во регионот и дека во иднина кон него треба да се приклучат и Косово и Црна Гора.

The post Албанците го сакаат проектот „Алмакос“, а не „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Меѓу албанските лидери во регионот се погласно се говори за проектот „Алмакос“ кој би бил одговор на иницијативата „Отворен Балкан“ во кој засега се Македонија, Албанија и Србија. Главен заговорник на овој проект кој треба да ги обедини Македонија, Косово  и Албанија е косовскиот премиер Албин Курти кој на секоја средба со меѓународните претставници, посебно со Германците говори за штетноста на „Отворен Балкан“, која според него е направен да го пропагира т.н „српски свет“ додека Албанците се само декор. Изјави против Отворен Балкан“ даде министерот за надворешни работи од редовите на ДУИ кој дури се закани дека Македонија треба да излезе од оваа инцијатива ако се докаже дека Србија е вмешана во последниот инцидент на Косово.Навистина е нејасно на кој начин тоа е поврзано со Македонија? Во тој контекст анализира и „Косовоонлајн“ кој потсетува дека проектот „Алмакос“ беше промовиран во 2006 година од тогашната партија ПДП во Македонија и сега на некој начин се реактивира. Сепак судбината на „Отворен Балкан“ засега не е загрозена затоа што зад него стојат САД кои сметаат дека е добар чекор кон целосно нормализирање на односите во регионот и дека во иднина кон него треба да се приклучат и Косово и Црна Гора.

The post Албанците го сакаат проектот „Алмакос“, а не „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски: Отворен Балкан може да функционира само доколку сите шест земји се вклучени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-otvoren-balkan-mozhe-da-funktsionira-samo-dokolku-site-shest-zemji-se-vklucheni/ Thu, 02 Nov 2023 16:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=697539

Отворен Балкан е јасно дека како иницијатива може да функционира само доколку сите шест земји од Западен Балкан се вклучени, рече претседателот Пендаровски во синоќешното интервју за ТВ Шења, и притоа додаде дека само на тој начин продуктивноста би била многукратно поголема.

Структурен хендикеп на таа иницијатива ќе биде ако ги нема сите држави внатре, истакна претседателот Пендаровски.

The post Претседателот Пендаровски: Отворен Балкан може да функционира само доколку сите шест земји се вклучени appeared first on Република.

]]>

Отворен Балкан е јасно дека како иницијатива може да функционира само доколку сите шест земји од Западен Балкан се вклучени, рече претседателот Пендаровски во синоќешното интервју за ТВ Шења, и притоа додаде дека само на тој начин продуктивноста би била многукратно поголема. Структурен хендикеп на таа иницијатива ќе биде ако ги нема сите држави внатре, истакна претседателот Пендаровски.

The post Претседателот Пендаровски: Отворен Балкан може да функционира само доколку сите шест земји се вклучени appeared first on Република.

]]>
Османи: Ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Северно Косово, треба да го преиспитаме учеството во Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ako-se-dokazhe-deka-srbija-e-vmeshana-vo-napadot-vo-severno-kosovo-treba-da-go-preispitame-uchestvoto-vo-otvoren-balkan/ Wed, 04 Oct 2023 19:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=687996

Ако се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово, мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество во иницијативата „Отворен Балкан“, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– После случувањата на Косово на 24 септември мислам дека Србија треба да направи напори да докаже дека не се вмешани во тој настан бидејќи доколку има какво било државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регионот, бидејќи идејата за Отворен Балкан, пред се, беше помирување. И ова што се случи во Северно Косово се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже, навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество, рече Османи во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

The post Османи: Ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Северно Косово, треба да го преиспитаме учеството во Отворен Балкан appeared first on Република.