отворање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoranje/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 08:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отворање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvoranje/ 32 32 Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-pretstavata-hinkeman-vo-rezhija-na-tamara-stojanoska-zapochnuva-49-izdanie-na-mot/ Fri, 15 Nov 2024 08:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=837965

Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20 во Младиониот културен центар (МКЦ) се отвора 49. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

„Наградата „Биш“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова претстава за МОТ оваа година. Многу ми значи и ми е драго што текстот на Ернст Толер и приказната за Јуџин Хинкеман ќе има премиера токму на овој фестивал кој секогаш дава слобода и простор за разговарање на важни општествени теми и различни форми на театарско изразување, изјави режисерката Стојаноска.

Значењето на МОТ за развојот на младите театарски сили и театарскиот живот воопшто, го потврдува и Стојаноска.

Многу од претставите што ги имам гледано на овој фестивал оставиле голем емотивен впечаток кај мене и инспирирана од духот на МОТ и времето во кое живееме се решив да го работам овој текст. Се работи за една приказна која е многу директна, искрена и на моменти сурова, како системот во кој сите ние преживуваме и преку една камерна форма се надеваме дека ќе се доближиме до публиката и ќе ја пренесеме пораката за ширење на емпатија и мир,  вели таа.

Претставата „Хинкеман“ е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер, која е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Текстот е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние што се различни на кој било начин, секогаш, во кој било историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата. Хинкеман нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние што се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво.

Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски.

МОТ, по вечерашната премиера ќе понуди театарски претстави работилница и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ, во Албанскиот театар и во приватна куќа од 15 до 21 ноември.

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.

 

The post Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20 во Младиониот културен центар (МКЦ) се отвора 49. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).
„Наградата „Биш“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова претстава за МОТ оваа година. Многу ми значи и ми е драго што текстот на Ернст Толер и приказната за Јуџин Хинкеман ќе има премиера токму на овој фестивал кој секогаш дава слобода и простор за разговарање на важни општествени теми и различни форми на театарско изразување, изјави режисерката Стојаноска.
Значењето на МОТ за развојот на младите театарски сили и театарскиот живот воопшто, го потврдува и Стојаноска.
Многу од претставите што ги имам гледано на овој фестивал оставиле голем емотивен впечаток кај мене и инспирирана од духот на МОТ и времето во кое живееме се решив да го работам овој текст. Се работи за една приказна која е многу директна, искрена и на моменти сурова, како системот во кој сите ние преживуваме и преку една камерна форма се надеваме дека ќе се доближиме до публиката и ќе ја пренесеме пораката за ширење на емпатија и мир,  вели таа.
Претставата „Хинкеман“ е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер, која е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Текстот е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние што се различни на кој било начин, секогаш, во кој било историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата. Хинкеман нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние што се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски. МОТ, по вечерашната премиера ќе понуди театарски претстави работилница и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ, во Албанскиот театар и во приватна куќа од 15 до 21 ноември. Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.  

The post Со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска започнува 49. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>
Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gotse-tsvetanovski-go-otvori-festivalot-kinenova-ulrih-zajdl-so-poraka-koga-se-zagrozeni-slobodata-na-umetnosta-i-slobodata-na-filmskata-umetnost-chovek-mora-da-dade-otpor/ Tue, 15 Oct 2024 21:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=827339

Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња како овие, следната генерација режисерки и режисерки понекогаш ја обзема страв. Тие не се плашат дека ќе потфрлат како режисерки и режисери, не, не се работи за таков страв. Туку се плашат дека ќе создадат погрешен филм, имено филм што за некого е правилен филм, а кој според владејачкиот дух на времето и според тие што ни го диктираат духот на времето е погрешен филм, рече во своето обраќање годинешниот лауреат на МФФ Киненова, австрискиот режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл.

Имено, духот на времето, кој е меѓу нас и кој лебди над нас, има за цел да ја подучи кинопубликата, и тоа да ја подучи и да ја преобрати на таков начин што ќе одговара на неговите ставови и светогледи. Во смисла на моралот – а мора да се признае, и во смисла добронамерноста – овој дух на времето – има за цел да ја лаже, да ја мами и да ја заблудува публиката, затоа неговите претставници мислат дека се на страната на честа, имено на страната на моралот, и тоа на страна на правилниот морал. Тие чувствуваат дека го имаат тоа право и се сигурни во тоа. Знаат што е правда, а што е неправда, знаат кои се добрите, а кои се лошите.
Зашто во времиња како овие, еден филм е само тогаш правилен, скапоцен, а со тоа и подобен, ако креира посакуван свет што се претставува како животна стварност, макар што воопшто не одговара животна стварност. Во времиња како овие мора да се прикрие животната стварност за да се создаде политички правилен свет, кој не е отслик на вистинскиот свет, туку е диктат во смисла на т.н. добри луѓе, а е и догма што не смее да се преиспитува затоа што догмата во смисла на добрите луѓе е добра догма.
Значи, следната генерација режисерки и режисери не ги обзема само страв, туку кај нив едновремено провејува и самоцензурата. Човек се цензурира себеси, си ги цензурира идеите, приказните и граѓата, станал претпазлив. Има желба да го задоволи духот на времето, се плаши од моќта на општествените медиуми, со кои не сака да се замери. Човек не сака да направи нешто погрешно зашто сака да создаде филм, а сака да постигне и успех со филмот што би го создал.
И затоа што човек сака да создаде филм и не сака да направи нешто погрешно, тој си се подредува себеси и си ги подредува приказните и ликовите, за да биде сè правилно, имено во смисла на духот на времето и секако во смисла на институциите што ја поддржуваат филмската продукција, во смисла на радиодифузиите, на жиријата и на комисиите за селекција на филмови.
Зашто има струи и развојни текови на меѓународната филмска сцена што влијаат врз тоа за кои приказни и за кои луѓе треба да се раскажува во филмот, т. е. за кои приказни и за кои луѓе, пак, НЕ ТРЕБА да се раскажува во филмот
Или, кажано со други зборови, владее тенденција да ни се пропише нам, на режисерките и режисерите, КОИ ТЕМИ се соодветни на времето, за КОИ ПРИКАЗНИ КОИ ЛУЃЕ треба да ги раскажуваме и КАКО да ги раскажуваме. Се создаваат нови табуа, и тоа со т.н. чесна намера. Табуа, како на пример, за КОГО КАКО и ШТО смее или не смее да се каже. А пред сè, КОЈ што смее да каже.
Светот нема да се подобри ако филмовите НЕ ги прикажуваат општествените недостатоци, дискриминацијата, злоупотребата на моќта и погрешното однесување од сите видови како отслик на нашата животна стварност, затоа што човек НЕ сака да го има – сето тоа зло. Напротив.
Како млад режисер, настапив со моите филмови за да го изменам светот. Моите филмови требаше да го ослободат погледот за она што е вистина и за она што е стварност. Имав намера со нив да гребам по површината, да раскажувам за општествените околности, моќта и односите на моќ, за љубовта и за копнежот по љубов, за страдањето што луѓето заемно си го предизвикуваат и за бездната што е скриена во секого од нас.
Но набрзо сфатив. Со филмови, човек, вистина, не може да го измени светот, но и покрај тоа – и дотолку повеќе – мора да се обидува да го измени светот со филмови. А за тоа е потребна храброст.
Потребна е храброст, а потребен е и увид за да се раскажува за вистинитото и за човечкото, за овдешното и за денешното, за ужасното и за ужасувачкото, и тоа на сосема сопствен начин, според сопствените замисли, со сопствена слобода, без оглед на тоа кој дух на времето нè пресретнува и сака да ни пропише што човек смее да прави и што сè не смее да прави.
Во времиња како овие, кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора, а ова е и мој апел до следната генерација режисерки и режисери, да даде отпор. Да се даде отпор против ограничувањата, отпор против прописите, отпор против духот на времето. На европскиот филм му е потребна истрајност Eigensinn и индивидуалност, потребни му се вистинити приказни, а не разубавена стварност.
На крајот, но не и на последното место, би сакал најсрдечно да му се заблагодарам на Меѓународниот филмски фестивал Киненова и на неговиот директор Небојша Јовановиќ што сум денеска одликуван со Наградата за животно дело. Наградата ми претставува голема чест и голема радост и особено признание на мојата досегашна филмска дејност.
Инаку, секако се надевам дека моето „животно дело“ сè уште не е завршено. Се надевам дека ќе продолжам да ги создавам токму оние филмови што сакам да ги создадам. Филмови за кои се чувствувам обврзан да ги создадам, филмови што брануваат и предизвикуваат немир
Според тоа, оваа Награда ја разбирам како повик да продолжам да предизвикувам немир.
Срдечно ви благодарам, рече Зајдл, примајќи го признанието за животно дело.

„Киненова“ ги слави и промовира дебитантите, но секогаш ги има на ум и оние од кои учиме, големите филмски раскажувачи, големите мајстори на седмата уметност.
Фестивалот има важно прашање, кое е дел од фестивалскиот слоган оваа година, а тоа е: ШТО Е ПРВО? ПРИКАЗНАТА ИЛИ ФИЛМОТ? Јајцето или кокошката? Сценаристот или режисерот е прв? Кој е прв? Или од кого почнува се?
Ова се чести дилеми кои се отвораат во разни дискусии за филмската уметност.
Можеби и никогаш нема да дојдеме до точен одговор. Веројатно таа дилема ќе постои, и најубавото е кога два погледи на една визија ќе се сплотат и ќе произведат автентично филмско дело кое понатаму ќе комуницира со гледачите.
За нас ПРВО е филмот како уметност, А потрагата по ПРВИТЕ на новите режисери ни е пасија, страст и љубов. Немаме дилема, најубавите чувства се разбудуваат при изненадувањата. А тие ги носат младите, храбрите, субверзивните, автономни филмски уметници. Ние сакаме да изненадуваме со давање предност токму на нив, препознавајќи го креативниот потенцијал уште на почетокот, занемарувајќи некои мали несовршености кои да не се лажеме постојат секаде.
Едно такво изненадување Фестивалот приреди и вечерва со македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. Оваа бескрајно имагинативна филмска анимација е всушност првиот долгометражен анимиран филм во Македонија.
Филм ќе биде дел од главната натпреварувачка програма на КИНЕНОВА 2024, натпреварувајќи се со уште 5 други филма за наградата ГРАН ПРИ, најдобар филм на деветтото издание на фестивалот.
Наредните денови публиката ќе има можнот да ужива богата програма која ќе изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни. Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе може да се проследи и творештвото на лауреатот Улрих Зајдл преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

 

The post Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор appeared first on Република.

]]>

Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња како овие, следната генерација режисерки и режисерки понекогаш ја обзема страв. Тие не се плашат дека ќе потфрлат како режисерки и режисери, не, не се работи за таков страв. Туку се плашат дека ќе создадат погрешен филм, имено филм што за некого е правилен филм, а кој според владејачкиот дух на времето и според тие што ни го диктираат духот на времето е погрешен филм, рече во своето обраќање годинешниот лауреат на МФФ Киненова, австрискиот режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл.
Имено, духот на времето, кој е меѓу нас и кој лебди над нас, има за цел да ја подучи кинопубликата, и тоа да ја подучи и да ја преобрати на таков начин што ќе одговара на неговите ставови и светогледи. Во смисла на моралот – а мора да се признае, и во смисла добронамерноста – овој дух на времето – има за цел да ја лаже, да ја мами и да ја заблудува публиката, затоа неговите претставници мислат дека се на страната на честа, имено на страната на моралот, и тоа на страна на правилниот морал. Тие чувствуваат дека го имаат тоа право и се сигурни во тоа. Знаат што е правда, а што е неправда, знаат кои се добрите, а кои се лошите. Зашто во времиња како овие, еден филм е само тогаш правилен, скапоцен, а со тоа и подобен, ако креира посакуван свет што се претставува како животна стварност, макар што воопшто не одговара животна стварност. Во времиња како овие мора да се прикрие животната стварност за да се создаде политички правилен свет, кој не е отслик на вистинскиот свет, туку е диктат во смисла на т.н. добри луѓе, а е и догма што не смее да се преиспитува затоа што догмата во смисла на добрите луѓе е добра догма. Значи, следната генерација режисерки и режисери не ги обзема само страв, туку кај нив едновремено провејува и самоцензурата. Човек се цензурира себеси, си ги цензурира идеите, приказните и граѓата, станал претпазлив. Има желба да го задоволи духот на времето, се плаши од моќта на општествените медиуми, со кои не сака да се замери. Човек не сака да направи нешто погрешно зашто сака да создаде филм, а сака да постигне и успех со филмот што би го создал. И затоа што човек сака да создаде филм и не сака да направи нешто погрешно, тој си се подредува себеси и си ги подредува приказните и ликовите, за да биде сè правилно, имено во смисла на духот на времето и секако во смисла на институциите што ја поддржуваат филмската продукција, во смисла на радиодифузиите, на жиријата и на комисиите за селекција на филмови. Зашто има струи и развојни текови на меѓународната филмска сцена што влијаат врз тоа за кои приказни и за кои луѓе треба да се раскажува во филмот, т. е. за кои приказни и за кои луѓе, пак, НЕ ТРЕБА да се раскажува во филмот Или, кажано со други зборови, владее тенденција да ни се пропише нам, на режисерките и режисерите, КОИ ТЕМИ се соодветни на времето, за КОИ ПРИКАЗНИ КОИ ЛУЃЕ треба да ги раскажуваме и КАКО да ги раскажуваме. Се создаваат нови табуа, и тоа со т.н. чесна намера. Табуа, како на пример, за КОГО КАКО и ШТО смее или не смее да се каже. А пред сè, КОЈ што смее да каже. Светот нема да се подобри ако филмовите НЕ ги прикажуваат општествените недостатоци, дискриминацијата, злоупотребата на моќта и погрешното однесување од сите видови како отслик на нашата животна стварност, затоа што човек НЕ сака да го има – сето тоа зло. Напротив. Како млад режисер, настапив со моите филмови за да го изменам светот. Моите филмови требаше да го ослободат погледот за она што е вистина и за она што е стварност. Имав намера со нив да гребам по површината, да раскажувам за општествените околности, моќта и односите на моќ, за љубовта и за копнежот по љубов, за страдањето што луѓето заемно си го предизвикуваат и за бездната што е скриена во секого од нас. Но набрзо сфатив. Со филмови, човек, вистина, не може да го измени светот, но и покрај тоа – и дотолку повеќе – мора да се обидува да го измени светот со филмови. А за тоа е потребна храброст. Потребна е храброст, а потребен е и увид за да се раскажува за вистинитото и за човечкото, за овдешното и за денешното, за ужасното и за ужасувачкото, и тоа на сосема сопствен начин, според сопствените замисли, со сопствена слобода, без оглед на тоа кој дух на времето нè пресретнува и сака да ни пропише што човек смее да прави и што сè не смее да прави. Во времиња како овие, кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора, а ова е и мој апел до следната генерација режисерки и режисери, да даде отпор. Да се даде отпор против ограничувањата, отпор против прописите, отпор против духот на времето. На европскиот филм му е потребна истрајност Eigensinn и индивидуалност, потребни му се вистинити приказни, а не разубавена стварност. На крајот, но не и на последното место, би сакал најсрдечно да му се заблагодарам на Меѓународниот филмски фестивал Киненова и на неговиот директор Небојша Јовановиќ што сум денеска одликуван со Наградата за животно дело. Наградата ми претставува голема чест и голема радост и особено признание на мојата досегашна филмска дејност. Инаку, секако се надевам дека моето „животно дело“ сè уште не е завршено. Се надевам дека ќе продолжам да ги создавам токму оние филмови што сакам да ги создадам. Филмови за кои се чувствувам обврзан да ги создадам, филмови што брануваат и предизвикуваат немир Според тоа, оваа Награда ја разбирам како повик да продолжам да предизвикувам немир. Срдечно ви благодарам, рече Зајдл, примајќи го признанието за животно дело.
„Киненова“ ги слави и промовира дебитантите, но секогаш ги има на ум и оние од кои учиме, големите филмски раскажувачи, големите мајстори на седмата уметност. Фестивалот има важно прашање, кое е дел од фестивалскиот слоган оваа година, а тоа е: ШТО Е ПРВО? ПРИКАЗНАТА ИЛИ ФИЛМОТ? Јајцето или кокошката? Сценаристот или режисерот е прв? Кој е прв? Или од кого почнува се? Ова се чести дилеми кои се отвораат во разни дискусии за филмската уметност. Можеби и никогаш нема да дојдеме до точен одговор. Веројатно таа дилема ќе постои, и најубавото е кога два погледи на една визија ќе се сплотат и ќе произведат автентично филмско дело кое понатаму ќе комуницира со гледачите. За нас ПРВО е филмот како уметност, А потрагата по ПРВИТЕ на новите режисери ни е пасија, страст и љубов. Немаме дилема, најубавите чувства се разбудуваат при изненадувањата. А тие ги носат младите, храбрите, субверзивните, автономни филмски уметници. Ние сакаме да изненадуваме со давање предност токму на нив, препознавајќи го креативниот потенцијал уште на почетокот, занемарувајќи некои мали несовршености кои да не се лажеме постојат секаде. Едно такво изненадување Фестивалот приреди и вечерва со македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. Оваа бескрајно имагинативна филмска анимација е всушност првиот долгометражен анимиран филм во Македонија. Филм ќе биде дел од главната натпреварувачка програма на КИНЕНОВА 2024, натпреварувајќи се со уште 5 други филма за наградата ГРАН ПРИ, најдобар филм на деветтото издание на фестивалот. Наредните денови публиката ќе има можнот да ужива богата програма која ќе изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни. Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе може да се проследи и творештвото на лауреатот Улрих Зајдл преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.  

The post Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор appeared first on Република.

]]>
„Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kinenova-na-15-oktomvri-povtorno-site-svetla-gi-vperuva-vo-makedonskata-filmska-produktsija-festivalot-ke-zapochne-so-makedonskata-premiera-na-jon-vardar-protiv-galaksijata/ Wed, 09 Oct 2024 05:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=824371

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм.
-Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.
Фестивалот ќе започне со македонската премиера на ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.
Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство.
Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.
Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.
„Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

The post „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ appeared first on Република.

]]>

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм. -Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот. Фестивалот ќе започне со македонската премиера на ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма. Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство. Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш. Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“. „Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

The post „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ appeared first on Република.

]]>
Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frantsuskata-pretstava-ne-me-chekaj-go-otvora-tretoto-izdanie-na-internatsionalniot-detski-festival-igor-madhirov/ Mon, 30 Sep 2024 11:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=820988

„Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант, утре, на први октомври, во Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе го отвори третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ кој ќе трае до петти октомври.

Организаторот, ТДМ најави гости од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Италија, Хрватска и Македонија.

Ова е трето издание, трета среќа, програмата ќе биде побогата и поразновидна. Екипата која работи на Фестивалот многу се потруди на пубиката да и донесе квалитетни претстави. Верувам дека ќе имаме светско издание на Фестивалот. Тешко е да се прави Фестивал во ваков обем, со ваква обилна програма, а со малку пари, изјави на денешната прес-конфренција директорот на ТДМ Катерина Илиевска Силјановска.

Драгана Милошевски Попова, која е селекторка на Фестивалот кажа дека имале тешка задача да ги изберат годинашните учесници на „Игор Маџиров“ бидејќи добиле многу апликации.

Во наредните денови ќе проследиме многу значајни претстави. Сите можеби не се од најновата продукција, но вреди да се видат, кажа Милошевски Попова.

По отворањето, в среда, на втори октомври, во Театар Комедија во 11 часот ќе се одигра „Тогаш кога се изгубивме“ (Краљево, Србија), а во вечерниот термин во 19,30 е „Палешка“ во ТДМ на куклениот театар од Љубљана. В четврток, на трети октомври во ТДМ во 11 госотува Бабец театарот од Битола со „На гости кај Кате и Фреда“, а во 19,30 во ТДМ е „Си беше еднаш еден лав“ од Бања Лука (БиХ). На четврти октомври, в петок, во Драмски театар е „Парадевојче“ на театарот од Зрењанин, Србија (11 часот), во ТДМ во 17 часот е „Светско шоу на ѕвездите“ на Караѓоз театарот од Истанбул, а вечерта од 19, 30 во Драмски театар е „Дупка и копче“ - приказна за кројачот и неговата душа на Театарот од Рим, Италија. На петти октомври, в сабота од 12 часот во Театар Комедија е претставата „По трагите на волкот“ на младинскиот театар од Нови Сад, во 17 часот во ТДМ гостува Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска со „О, ла, ла“, а Фестивалот се затвора со „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ, чија претстава е надвор од конкуренција. Пред одигрување на претставата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на најдобрите на Фестивалот за кој ќе одлучува жири-комисија.

Освен во ТДМ, Фестивалот ќе се одржува и на сцените на Драмски театар, Театар Комедија и Македонскиот народен театар (МНТ). Ќе има и придружна програма која ќе се одржува на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). На втори октомври, на ФДУ во 13 часот е мастр-класот со чешкиот режисер Јакуб Максимов, кој е автор на „Роња, ќерката на ограбувачот“ со која ТДМ освои многу интернациолани и домашни награди.

Ќе има и работилници за креативно пишување за млади таленти кои ќе се одржуваат во просториите на ТДМ под менторство на Драгана Лукан Николовски, Хана Миленковска и Давор Драгојевиќ од Црна Гора.

По повод Светската недела на детето, од ТДМ решиле цените на билетите за претставите да чинат 150 денари.

The post Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

„Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант, утре, на први октомври, во Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе го отвори третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ кој ќе трае до петти октомври. Организаторот, ТДМ најави гости од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Италија, Хрватска и Македонија.
Ова е трето издание, трета среќа, програмата ќе биде побогата и поразновидна. Екипата која работи на Фестивалот многу се потруди на пубиката да и донесе квалитетни претстави. Верувам дека ќе имаме светско издание на Фестивалот. Тешко е да се прави Фестивал во ваков обем, со ваква обилна програма, а со малку пари, изјави на денешната прес-конфренција директорот на ТДМ Катерина Илиевска Силјановска.
Драгана Милошевски Попова, која е селекторка на Фестивалот кажа дека имале тешка задача да ги изберат годинашните учесници на „Игор Маџиров“ бидејќи добиле многу апликации.
Во наредните денови ќе проследиме многу значајни претстави. Сите можеби не се од најновата продукција, но вреди да се видат, кажа Милошевски Попова.
По отворањето, в среда, на втори октомври, во Театар Комедија во 11 часот ќе се одигра „Тогаш кога се изгубивме“ (Краљево, Србија), а во вечерниот термин во 19,30 е „Палешка“ во ТДМ на куклениот театар од Љубљана. В четврток, на трети октомври во ТДМ во 11 госотува Бабец театарот од Битола со „На гости кај Кате и Фреда“, а во 19,30 во ТДМ е „Си беше еднаш еден лав“ од Бања Лука (БиХ). На четврти октомври, в петок, во Драмски театар е „Парадевојче“ на театарот од Зрењанин, Србија (11 часот), во ТДМ во 17 часот е „Светско шоу на ѕвездите“ на Караѓоз театарот од Истанбул, а вечерта од 19, 30 во Драмски театар е „Дупка и копче“ - приказна за кројачот и неговата душа на Театарот од Рим, Италија. На петти октомври, в сабота од 12 часот во Театар Комедија е претставата „По трагите на волкот“ на младинскиот театар од Нови Сад, во 17 часот во ТДМ гостува Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска со „О, ла, ла“, а Фестивалот се затвора со „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ, чија претстава е надвор од конкуренција. Пред одигрување на претставата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на најдобрите на Фестивалот за кој ќе одлучува жири-комисија. Освен во ТДМ, Фестивалот ќе се одржува и на сцените на Драмски театар, Театар Комедија и Македонскиот народен театар (МНТ). Ќе има и придружна програма која ќе се одржува на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). На втори октомври, на ФДУ во 13 часот е мастр-класот со чешкиот режисер Јакуб Максимов, кој е автор на „Роња, ќерката на ограбувачот“ со која ТДМ освои многу интернациолани и домашни награди. Ќе има и работилници за креативно пишување за млади таленти кои ќе се одржуваат во просториите на ТДМ под менторство на Драгана Лукан Николовски, Хана Миленковска и Давор Драгојевиќ од Црна Гора. По повод Светската недела на детето, од ТДМ решиле цените на билетите за претставите да чинат 150 денари.

The post Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slavisha-kajevski-mechtaeshe-za-vakva-stsena-publika-za-vakva-splotenost-i-zatoa-sme-sobrani-vo-negova-chest-kazha-direktorot-na-mnt-na-otvoraneto-na-letnata-stsena/ Wed, 18 Sep 2024 13:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=817380

Со гласот на акткерот Славиша Кајевски како изговара реплики на ликовите од драмите во кои играше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа, пред многубројната публика беше отворена летната сцена која го носи неговото име.

Прерано починатиот Кајевски трагично го загуби животот на 39 години во декемврии 2021 година и беше дел од ансамблот на националаниот театар.

Оваа куќа е потешка од која било карпа, но последниот најмлад одронат камен нам ни даде искра, ни даде сила дека ништо не е попусто. Дека треба да одиме напред, сè посилно. Да, токму Славиша Каjевски мечтаеше за ваква сцена, за ваква публика, за ваква сплотеност. Затоа вечерва сме тука собрани, во негова чест, да отвориме нови видици, нови врати и да не забораваме, кажа синоќа на отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.

Членови на семејството на Кајевски, роднини, пријатели, актери од неговата генерација, гости од други театари, режисери, филмаџии, музичари, пристуваа на терасата на националниот театар каде што е сместена летната сцена.

[caption id="attachment_817513" align="alignnone" width="2000"] Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, вели в. д. директорот на МНТ Никола Кимовски[/caption]

Благодариме на довербата на овој простор да создадеме нов свет за нас и за идните генерации. Ова културно поле, ова прекрасно плато на МНТ долги години беше празно. Затоа сме овде да посадиме семе, семе кое ќе инспирира да продожиме напред во животот. Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, кажа Кимовски.

В.д. директорот нан МНТ кажа дека негова мисија е националниот театар секогаш да биде отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, светска класа на театар, театар за секого.

Понекогаш помислувам дека тоа е единственото нешто што е навистина важно. Да си дозволиме едни со други да се разбереме и да се потсетиме дека сите заедно сме на ист пат и сите се стремиме кон истата цел за која верувам дека ја имале сите останати големи театарски имиња што оставиле значаен печат во историјата, културата и уметноста во нашата држава. Силно верувам дека сме подготовени за ова наше заедничко патување кое ќе остави длабока трага во нашата театарска и културна традиција, рече синоќа Кимовски.

На отворањето беше изведена музичко-драмската претстава „Црнила ремикс" во продукција на Младински културен центар (МКЦ). Режисер на ова современо читање на драмското дело на Коле Чашуле е Јордан Симонов кој работеше заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот”. Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Летната сцена ќе работи до први октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Вечерва од 21 часот е стенд ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“.

The post Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена appeared first on Република.

]]>

Со гласот на акткерот Славиша Кајевски како изговара реплики на ликовите од драмите во кои играше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа, пред многубројната публика беше отворена летната сцена која го носи неговото име. Прерано починатиот Кајевски трагично го загуби животот на 39 години во декемврии 2021 година и беше дел од ансамблот на националаниот театар.
Оваа куќа е потешка од која било карпа, но последниот најмлад одронат камен нам ни даде искра, ни даде сила дека ништо не е попусто. Дека треба да одиме напред, сè посилно. Да, токму Славиша Каjевски мечтаеше за ваква сцена, за ваква публика, за ваква сплотеност. Затоа вечерва сме тука собрани, во негова чест, да отвориме нови видици, нови врати и да не забораваме, кажа синоќа на отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.
Членови на семејството на Кајевски, роднини, пријатели, актери од неговата генерација, гости од други театари, режисери, филмаџии, музичари, пристуваа на терасата на националниот театар каде што е сместена летната сцена. [caption id="attachment_817513" align="alignnone" width="2000"] Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, вели в. д. директорот на МНТ Никола Кимовски[/caption]
Благодариме на довербата на овој простор да создадеме нов свет за нас и за идните генерации. Ова културно поле, ова прекрасно плато на МНТ долги години беше празно. Затоа сме овде да посадиме семе, семе кое ќе инспирира да продожиме напред во животот. Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, кажа Кимовски.
В.д. директорот нан МНТ кажа дека негова мисија е националниот театар секогаш да биде отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, светска класа на театар, театар за секого.
Понекогаш помислувам дека тоа е единственото нешто што е навистина важно. Да си дозволиме едни со други да се разбереме и да се потсетиме дека сите заедно сме на ист пат и сите се стремиме кон истата цел за која верувам дека ја имале сите останати големи театарски имиња што оставиле значаен печат во историјата, културата и уметноста во нашата држава. Силно верувам дека сме подготовени за ова наше заедничко патување кое ќе остави длабока трага во нашата театарска и културна традиција, рече синоќа Кимовски.
На отворањето беше изведена музичко-драмската претстава „Црнила ремикс" во продукција на Младински културен центар (МКЦ). Режисер на ова современо читање на драмското дело на Коле Чашуле е Јордан Симонов кој работеше заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот”. Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“. Летната сцена ќе работи до први октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Вечерва од 21 часот е стенд ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“.

The post Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена appeared first on Република.

]]>
Љутков: 63 години поети од целиот свет од Струга испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-63-godini-poeti-od-tseliot-svet-od-struga-isprakaat-jasna-poraka-do-svetot-deka-ne-postojat-mali-i-golemi-jazitsi-mali-i-golemi-kulturi/ Thu, 22 Aug 2024 23:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=809222

63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ официјално го прогласи за отворено министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека низ годините на фестивалот биле дел најкултните светски, поетски имиња.

Момчето Артур има рипка Леона која умира од досада. За да ја спаси, мајка му го советува да ѝ подари песна. Звучи едноставно – но Артур нема поим што е песна, па ги обиколува семејството и познаниците трагајќи по одговорот. Секој што го сретнува песната ја дефинира на некој свој начин. Канаринецот му рекол:
„Песна ти е она
Кога зборовите ќе замавнат со крилјата“
Баба му му вели:
„Кога ќе го навлечеш,
мој Артуре, стариот џемпер наопаку,
тој ти е како нов.
Песната ги извртува и пресвртува зборовите
и оп, светот станува нов.“

Дозволете ми, со сегмент од перцепцијата на поезијата од годинашниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“, Жан-Пјер Симеон, да ви пожелам топло добредојде во Струга, во Македонија. Вечерва го одбележуваме почетокот на 63-тото издание на оваа престижна манифестација, која благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија. Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија. Слободно можеме да констатираме дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светска културна јавност. Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме.
Во изминатиот период Струшките вечери на поезијата ги овенчаа најзначајните поети на 20 и 21 век, како: Неруда, Бродски, Ружевич, Гинзберг, Амихај, Дарвиш, Хјуз, Ко Ун, а за некои автори токму Златниот венец беше вовед кон најголемото светско книжевно признание – Нобеловата награда за литература. Дозволете ми во оваа пригода да го изразам моето големо задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на Златниот венец на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, кој: „Го ослободува јазикот од јаловината и пресоздава јазик, наменет да соопшти, да пренесе, зборовен пејзаж богат со резонанции и метафорични споеви.“
За нас е голема чест што г. Жан-Пјер Симеон е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот.
Над шест децении познатата песна „Т'га за југ“ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации. Затоа, вечерва ќе посакам, заеднички да доживееме уште многу успешни изданија на меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности. Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор.
Уште многу години творечкиот дух нека говори од Мостовите на Струга!
Ги прогласувам шеесет и третите „Струшки вечери на поезијата“ за отворени!, рече минисетрот Зоран Љутков.

The post Љутков: 63 години поети од целиот свет од Струга испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури! appeared first on Република.

]]>

63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ официјално го прогласи за отворено министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека низ годините на фестивалот биле дел најкултните светски, поетски имиња.
Момчето Артур има рипка Леона која умира од досада. За да ја спаси, мајка му го советува да ѝ подари песна. Звучи едноставно – но Артур нема поим што е песна, па ги обиколува семејството и познаниците трагајќи по одговорот. Секој што го сретнува песната ја дефинира на некој свој начин. Канаринецот му рекол: „Песна ти е она Кога зборовите ќе замавнат со крилјата“ Баба му му вели: „Кога ќе го навлечеш, мој Артуре, стариот џемпер наопаку, тој ти е како нов. Песната ги извртува и пресвртува зборовите и оп, светот станува нов.“ Дозволете ми, со сегмент од перцепцијата на поезијата од годинашниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“, Жан-Пјер Симеон, да ви пожелам топло добредојде во Струга, во Македонија. Вечерва го одбележуваме почетокот на 63-тото издание на оваа престижна манифестација, која благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија. Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија. Слободно можеме да констатираме дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светска културна јавност. Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме. Во изминатиот период Струшките вечери на поезијата ги овенчаа најзначајните поети на 20 и 21 век, како: Неруда, Бродски, Ружевич, Гинзберг, Амихај, Дарвиш, Хјуз, Ко Ун, а за некои автори токму Златниот венец беше вовед кон најголемото светско книжевно признание – Нобеловата награда за литература. Дозволете ми во оваа пригода да го изразам моето големо задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на Златниот венец на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, кој: „Го ослободува јазикот од јаловината и пресоздава јазик, наменет да соопшти, да пренесе, зборовен пејзаж богат со резонанции и метафорични споеви.“ За нас е голема чест што г. Жан-Пјер Симеон е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот. Над шест децении познатата песна „Т'га за југ“ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации. Затоа, вечерва ќе посакам, заеднички да доживееме уште многу успешни изданија на меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности. Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор. Уште многу години творечкиот дух нека говори од Мостовите на Струга! Ги прогласувам шеесет и третите „Струшки вечери на поезијата“ за отворени!, рече минисетрот Зоран Љутков.

The post Љутков: 63 години поети од целиот свет од Струга испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури! appeared first on Република.

]]>
„МакеДокс“ стартува утре со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedoks-startuva-utre-so-proektsija-na-kratkiot-dokumentaren-film-kako-se-meri-godinata-i-dolgometrazhniot-dokumentaren-film-tseluloidno-podzemje/ Wed, 14 Aug 2024 11:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=806481

Во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија во тек се последните подготовки за отворањето на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.

Филмската програма на отворањето на фестивалот на 15 август, од 20.30 часот, содржи проекција на два документарни филма. Краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат го следи континуитетот во комуникацијата помеѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености.

Во рамки на главната фестивалска програма на 15 август ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран.

По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин.

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.

- Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души – посочува Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Во рамки на тематската одредница на фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи Работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми.

Работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-zarina-prvasevda-na-otvoraneto-za-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/

The post „МакеДокс“ стартува утре со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ appeared first on Република.

]]>

Во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија во тек се последните подготовки за отворањето на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Филмската програма на отворањето на фестивалот на 15 август, од 20.30 часот, содржи проекција на два документарни филма. Краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат го следи континуитетот во комуникацијата помеѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености. Во рамки на главната фестивалска програма на 15 август ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран. По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин. Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека. - Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души – посочува Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот. Во рамки на тематската одредница на фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи Работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали. Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-zarina-prvasevda-na-otvoraneto-za-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/

The post „МакеДокс“ стартува утре со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ appeared first on Република.

]]>
28 кратки филмови и работилница со Дејан Дуковски на 5. издание на Галичник Филм Фестивал од 1-4 август https://arhiva3.republika.mk/scena/film/28-kratki-filmovi-i-rabotilnitsa-so-dejan-dukovski-na-5-izdanie-na-galichnik-film-festival-od-1-4-avgust/ Thu, 01 Aug 2024 08:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=801218

Овој четврток, (на 1 август), започнува 5. издание на Галичник Филм Фестивал.

Во рамките на овогодинешната програма на фестивалот селектирани се 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од престижните филмски фестивали како што се Канскиот филмски фестивал, Венецијанскиот филмски фестивал, Торонто Филм Фестивал, Санденс, Локарно и многу други. Овие филмови, кои претставуваат богатство на жанрови и приказни, ќе ве однесат на патување низ различни култури и емоции.

По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени.

Во текот на четирите дена, покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници, и многу повеќе. Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.

Жирито го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематографот Џин Дакар.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и балканската работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски. Избрани се 5 проекти во развој од земјата и регионот.

The post 28 кратки филмови и работилница со Дејан Дуковски на 5. издание на Галичник Филм Фестивал од 1-4 август appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, (на 1 август), започнува 5. издание на Галичник Филм Фестивал. Во рамките на овогодинешната програма на фестивалот селектирани се 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од престижните филмски фестивали како што се Канскиот филмски фестивал, Венецијанскиот филмски фестивал, Торонто Филм Фестивал, Санденс, Локарно и многу други. Овие филмови, кои претставуваат богатство на жанрови и приказни, ќе ве однесат на патување низ различни култури и емоции. По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени.
Во текот на четирите дена, покрај филмските проекции, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници, и многу повеќе. Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.
Жирито го сочинуваат актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска, филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематографот Џин Дакар. Во рамките на фестивалот ќе се одржи и балканската работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски. Избрани се 5 проекти во развој од земјата и регионот.

The post 28 кратки филмови и работилница со Дејан Дуковски на 5. издание на Галичник Филм Фестивал од 1-4 август appeared first on Република.

]]>
Со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ вечерва почнува 19. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-kanskiot-laureat-chovekot-koj-ne-mozheshe-da-molchi-na-nebojsha-slijepchevik-vecherva-pochnuva-19-izdanie-na-filmskiot-festival-asterfest/ Thu, 01 Aug 2024 08:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=801516

Деветнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава е во знакот на авторскиот филм, ќе започне на 1 август во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ.

Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на Канскиот филмски фестивал. Дејствието на филмот се случува на 27 февруари 1993 година, во Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи. Филмот е успешна копродукција меѓу Хрватска, Словенија и Бугарија и е во продукција на „Антиталент“ од Загреб, а зад него стојат имињата на продуцентите Катарина Прпиќ и Даниел Пек. Значајно е дека оваа награда авторот Слијепчевиќ му ја посветил на Тома Бузов, човекот кој го инспирирал за овој филм и чијашто приказна ја раскажал.

Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески, кој оваа престижна награда ја добива за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус. Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на самиот чин на отворањето на „Астерфест“.

Во првата натпреварувачка вечер, покрај „Човекот кој не можеше да молчи“, на програмата се уште дванаесет селектирани кратки филмови: „Гилгамеш“ на Шаќир Весели, „Астран“ на групата автори од „Исарт“, „Глувчевата куќичка“ на Тимон Ледер, „Луди и свесни“ (премиера) на Мануела Златкова, „Споменик“ на Сиџија Џенг и Џјашји Ву, „Малиот талкач“ на Каролина Томкова, „Полжавска приказна“ на Ели Воткинс и Хелен Грифитс, „Песок“ на Розе Торн и Матео Коста, „Сламеница кон иднината“ на Николас Нојхолд, „Оп, риба“ на Вибин Виџајан, „Шепкач“ на Младен Ѓукиќ и „Сржта“ на Оберт.

Втората натпреварувачка вечер започнува во 20:30 часот, во Амфитеатарот, со претставување на двократните оскаровци Ким Магнусон и Ребека Прузан од Данска, кои како југоисточноевропска премиера ќе го прикажат својот најнов филм „Љубовни маки“ во режија на Александер Саул. Веднаш потоа следуваат уште десет ексклузивни кратки филмови: европската премиера на „Избавени од злотворот“ на Бенџамин Хекман и Лук Сарџент и „Мигови“ на Катја Фридрих, „Фортисимо“ на Виктор Цеска, „Солени животи“ на Рустам Мелиев, „Гнездо“ на Настимир Цачев, „За живеењето“ на Сезер Салихи, „Навја“ на Ана Шиленкова, „Почест“ на Мат Цискас, „Прошетка“ на Елонора Венинова и „Ги знаеш правилата“ на Овен Тут.

На програмата се филмови од дваесетина држави од сите меридијани, кои ги потпишуваат референтни, високопрофесионални продукции, универзитети и независни филмски автори, од кои повеќето се веќе искусни, а некои се дебитанти.

Македонскиот ликовен уметник Никола Пијанманов, кој е и член на овогодишното интернационално филмско жири на „Астерфест“, изработи уникатни статуетки што од оваа година ќе бидат официјални награди за лауреатите на „Астерфест“. Пијанманов е уметник роден во Струмица, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе уметнички дела, јавно изложувани, а своите дела ги има претставувано и на неколку самостојни изложби. Како активен и самостоен уметник, тој е целосно посветен на сликањето, вајарството и пишувањето. Другиот член на жирито е Зејгам Азизов, британски филозоф и уметник кој моментално живее и работи во Лондон. Неговото творештво се однесува на глобалната состојба на сликите и нивната можност да ја реартикулираат критичката положба на уметникот низ прашања за времето, сликата и наративните процедури на глобализацијата со јазиците на миграцијата, медиумите и новиот мимезис. Третиот член на жирито е Ганимет Сава, основачка и претседателка на Интернационалниот филмски фестивал „Уметност без граници“ во Приштина. Таа е, исто така, сценограф, филмски и костимски дизајнер, уметнички и моден фотограф. Работела и како активист во различни асоцијации за луѓе со попреченост и за женските права.

Жирито ќе одлучува за најдобрите авторски кусометражни филмови во натпреварувачката програма, за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, за Гран при за најдобар краток филм, како и за специјалните плакети „Ацо Алексов“ за најдобар автор и „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио, во чест на овие двајца доајени на македонскиот филм.На 2 август, во хотелот „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов.

Како своевидна филмска посвета на лауреатот Митрикески, четвртата вечер, во Амфитеатарот во Струмица, за струмичката публика ќе има и специјална проекција на неговиот долгометражен игран филм „Преку езерото“, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. „Преку езерото“ е филм во кој Константин мечтае по Елена, која е од другата страна на езерото, и се решава на неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче – за да стигне до неа.

Посебен настан за филмофилите ќе биде и промоцијата на книгата „Филмска објектологија“ на авторот Васил Михаил, на 3 август од 11 часот, во хотелот „Горан Пандев“, којашто ќе ја промовираат Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ. Авторот на книгата, преку практични и теоретски инструменти, аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија, а сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теоријата за објектот во филмски кадар.

Во чест на наградените, откако жирито официјално ќе ја соопшти својата одлука, на 3 август, пред вечерните проекции, ќе има и кратко претставување на ДВД-то „Македонски кратки играни филмови“ во издание на Кинотека на Македонија, по што ќе следуваат неколку култни филмови од ризницата на македонската кинематографија. Меѓу другото, ќе се прикажат дигитално реставрираната верзија на „Црно семе“, во знак на 5 години од смртта на Кирил Ценевски, како и наградуваниот краток игран филм „Со кренати раце“ на Митко Панов.

На четвртата вечер струмичката публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на лауреатот Антонио Митрикески, како и краткиот филм „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски. Сите овие проекции се овозможени во соработка со Кинотека на РС Македонија.

Покрај дел од авторите од повеќе земји, на Фестивалот се очекуваат и високи претставници од Европската филмска академија, од Скандинавската филмска диструбуција, како и од Британскиот филмски институт.Деветнаесеттото издание на „Астерфест“ во Струмица ќе се одвива под мотото „Кинореалност ’24“.

Со разновидните вечерни проекции во Амфитеатарот и со придружните дневни настани, Фестивалот ќе трае до 5 август вечерта, кога ќе се прикажат наградените филмови од натпреварувачката програма.„Астерфест филм фестивал“, во пресрет на јубилејната сезона, организира серија промотивни настани и авторски проекции, под насловот „Тивериополски филмски денови“, а ја обнови и едицијата книги „Словенски Орфеј“.

Новитет е и востановувањето на Филмската школа на „Астерфест“, што ќе биде своевидно продлабочување на работилниците и мастер-класовите, но со светски едукациски модел на стекнувања искуства и вештини. Школата ќе биде раководена од врвни академски личности од светот на културата, филмот и драмските уметности.Покровител на Фестивалот е Општина Струмица.

The post Со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ вечерва почнува 19. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>

Деветнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава е во знакот на авторскиот филм, ќе започне на 1 август во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ.

Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на Канскиот филмски фестивал. Дејствието на филмот се случува на 27 февруари 1993 година, во Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи. Филмот е успешна копродукција меѓу Хрватска, Словенија и Бугарија и е во продукција на „Антиталент“ од Загреб, а зад него стојат имињата на продуцентите Катарина Прпиќ и Даниел Пек. Значајно е дека оваа награда авторот Слијепчевиќ му ја посветил на Тома Бузов, човекот кој го инспирирал за овој филм и чијашто приказна ја раскажал. Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески, кој оваа престижна награда ја добива за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус. Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на самиот чин на отворањето на „Астерфест“. Во првата натпреварувачка вечер, покрај „Човекот кој не можеше да молчи“, на програмата се уште дванаесет селектирани кратки филмови: „Гилгамеш“ на Шаќир Весели, „Астран“ на групата автори од „Исарт“, „Глувчевата куќичка“ на Тимон Ледер, „Луди и свесни“ (премиера) на Мануела Златкова, „Споменик“ на Сиџија Џенг и Џјашји Ву, „Малиот талкач“ на Каролина Томкова, „Полжавска приказна“ на Ели Воткинс и Хелен Грифитс, „Песок“ на Розе Торн и Матео Коста, „Сламеница кон иднината“ на Николас Нојхолд, „Оп, риба“ на Вибин Виџајан, „Шепкач“ на Младен Ѓукиќ и „Сржта“ на Оберт. Втората натпреварувачка вечер започнува во 20:30 часот, во Амфитеатарот, со претставување на двократните оскаровци Ким Магнусон и Ребека Прузан од Данска, кои како југоисточноевропска премиера ќе го прикажат својот најнов филм „Љубовни маки“ во режија на Александер Саул. Веднаш потоа следуваат уште десет ексклузивни кратки филмови: европската премиера на „Избавени од злотворот“ на Бенџамин Хекман и Лук Сарџент и „Мигови“ на Катја Фридрих, „Фортисимо“ на Виктор Цеска, „Солени животи“ на Рустам Мелиев, „Гнездо“ на Настимир Цачев, „За живеењето“ на Сезер Салихи, „Навја“ на Ана Шиленкова, „Почест“ на Мат Цискас, „Прошетка“ на Елонора Венинова и „Ги знаеш правилата“ на Овен Тут. На програмата се филмови од дваесетина држави од сите меридијани, кои ги потпишуваат референтни, високопрофесионални продукции, универзитети и независни филмски автори, од кои повеќето се веќе искусни, а некои се дебитанти. Македонскиот ликовен уметник Никола Пијанманов, кој е и член на овогодишното интернационално филмско жири на „Астерфест“, изработи уникатни статуетки што од оваа година ќе бидат официјални награди за лауреатите на „Астерфест“. Пијанманов е уметник роден во Струмица, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе уметнички дела, јавно изложувани, а своите дела ги има претставувано и на неколку самостојни изложби. Како активен и самостоен уметник, тој е целосно посветен на сликањето, вајарството и пишувањето. Другиот член на жирито е Зејгам Азизов, британски филозоф и уметник кој моментално живее и работи во Лондон. Неговото творештво се однесува на глобалната состојба на сликите и нивната можност да ја реартикулираат критичката положба на уметникот низ прашања за времето, сликата и наративните процедури на глобализацијата со јазиците на миграцијата, медиумите и новиот мимезис. Третиот член на жирито е Ганимет Сава, основачка и претседателка на Интернационалниот филмски фестивал „Уметност без граници“ во Приштина. Таа е, исто така, сценограф, филмски и костимски дизајнер, уметнички и моден фотограф. Работела и како активист во различни асоцијации за луѓе со попреченост и за женските права. Жирито ќе одлучува за најдобрите авторски кусометражни филмови во натпреварувачката програма, за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, за Гран при за најдобар краток филм, како и за специјалните плакети „Ацо Алексов“ за најдобар автор и „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио, во чест на овие двајца доајени на македонскиот филм.На 2 август, во хотелот „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов. Како своевидна филмска посвета на лауреатот Митрикески, четвртата вечер, во Амфитеатарот во Струмица, за струмичката публика ќе има и специјална проекција на неговиот долгометражен игран филм „Преку езерото“, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. „Преку езерото“ е филм во кој Константин мечтае по Елена, која е од другата страна на езерото, и се решава на неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче – за да стигне до неа. Посебен настан за филмофилите ќе биде и промоцијата на книгата „Филмска објектологија“ на авторот Васил Михаил, на 3 август од 11 часот, во хотелот „Горан Пандев“, којашто ќе ја промовираат Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ. Авторот на книгата, преку практични и теоретски инструменти, аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија, а сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теоријата за објектот во филмски кадар. Во чест на наградените, откако жирито официјално ќе ја соопшти својата одлука, на 3 август, пред вечерните проекции, ќе има и кратко претставување на ДВД-то „Македонски кратки играни филмови“ во издание на Кинотека на Македонија, по што ќе следуваат неколку култни филмови од ризницата на македонската кинематографија. Меѓу другото, ќе се прикажат дигитално реставрираната верзија на „Црно семе“, во знак на 5 години од смртта на Кирил Ценевски, како и наградуваниот краток игран филм „Со кренати раце“ на Митко Панов. На четвртата вечер струмичката публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на лауреатот Антонио Митрикески, како и краткиот филм „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски. Сите овие проекции се овозможени во соработка со Кинотека на РС Македонија. Покрај дел од авторите од повеќе земји, на Фестивалот се очекуваат и високи претставници од Европската филмска академија, од Скандинавската филмска диструбуција, како и од Британскиот филмски институт.Деветнаесеттото издание на „Астерфест“ во Струмица ќе се одвива под мотото „Кинореалност ’24“. Со разновидните вечерни проекции во Амфитеатарот и со придружните дневни настани, Фестивалот ќе трае до 5 август вечерта, кога ќе се прикажат наградените филмови од натпреварувачката програма.„Астерфест филм фестивал“, во пресрет на јубилејната сезона, организира серија промотивни настани и авторски проекции, под насловот „Тивериополски филмски денови“, а ја обнови и едицијата книги „Словенски Орфеј“. Новитет е и востановувањето на Филмската школа на „Астерфест“, што ќе биде своевидно продлабочување на работилниците и мастер-класовите, но со светски едукациски модел на стекнувања искуства и вештини. Школата ќе биде раководена од врвни академски личности од светот на културата, филмот и драмските уметности.Покровител на Фестивалот е Општина Струмица.

The post Со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ вечерва почнува 19. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>
Денеска во Париз се отвораат Олимписките игри: Спортистите со чамец ќе поминат 6 километри по Сена се додека не стигнат до Ајфеловата кула https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-vo-pariz-se-otvoraat-olimpiskite-igri-sportistite-so-chamets-ke-pominat-6-kilometri-po-sena-se-dodeka-ne-stignat-do-ajfelovata-kula/ Fri, 26 Jul 2024 12:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=800530

Денеска ќе бидат отворени Олимписките игри во срцето на Париз. За прв пат во историјата отворањето на Олимписките игри ќе се одржи надвор од стадион. Каде ќе биде? На реката Сена во Париз. Спортистите ќе поминат 6 километри со чамци додека не стигнат до Ајфеловата кула.

Олимпијадата е симбол на мирот и единството. Во овие моменти, целиот свет се здружува да навива за својата земја или своите омилени спортисти, но и заеднички да ја славиме нашата заедничка хуманост. И покрај нашите разлики, сите ние сме човечки битија кои никогаш не се откажуваат од надежта.

 


The post Денеска во Париз се отвораат Олимписките игри: Спортистите со чамец ќе поминат 6 километри по Сена се додека не стигнат до Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе бидат отворени Олимписките игри во срцето на Париз. За прв пат во историјата отворањето на Олимписките игри ќе се одржи надвор од стадион. Каде ќе биде? На реката Сена во Париз. Спортистите ќе поминат 6 километри со чамци додека не стигнат до Ајфеловата кула. Олимпијадата е симбол на мирот и единството. Во овие моменти, целиот свет се здружува да навива за својата земја или своите омилени спортисти, но и заеднички да ја славиме нашата заедничка хуманост. И покрај нашите разлики, сите ние сме човечки битија кои никогаш не се откажуваат од надежта.  

The post Денеска во Париз се отвораат Олимписките игри: Спортистите со чамец ќе поминат 6 километри по Сена се додека не стигнат до Ајфеловата кула appeared first on Република.

]]>
Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз https://arhiva3.republika.mk/scena/selin-dion-i-lejdi-gaga-ke-nastapat-na-svechenoto-otvarane-na-olimpijadata-vo-pariz/ Tue, 23 Jul 2024 15:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=799612

Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање.

Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар.

Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата ќе се одржи надвор од стадион, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.

The post Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Дион пристигна во Париз во понеделникот во хотелот Ројал Монсо во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Лејди Гага, уште една потенцијална ѕвезда на свеченото отворање. Конкретни детали за настапот на Дион се чуваат во тајност. Претставниците на Дион не одговорија веднаш на барањето на Variety за коментар. Церемонијата на отворање ќе се одржи во облик на наутичка парада покрај Сена, која ќе кулминира во близина на Трокадеро, свртена кон Ајфеловата кула. За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата ќе се одржи надвор од стадион, ќе ги прикаже легендарните локации на Париз и ќе собере 3.500 актери, танчери и музички изведувачи.

The post Селин Дион и Лејди Гага ќе настапат на свеченото отварање на Олимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
„Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“: До недела проекции на четири локации во Охрид- Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zhivi-i-zdravi-go-otvori-7-izdanie-na-bich-film-festival-do-nedela-proektsii-na-chetiri-lokatsii-vo-ohrid-plazha-slavija-brod-armada-plazha-saraishte-i-mladinski-tsentar-ohrid/ Fri, 19 Jul 2024 08:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=798299

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич филм фестивал“ на плажата Славија во Охрид, кој ќе трае до недела.

Фестивалското отворање го донесе и краткиот филм „Шарац“ по сценарио и режија на Димитар Банов кој присуствуваше на настанот.

Во центарот на приказната е Шарац, кој по откривањето на неговата срцева состојба ја губи волјата за социјален живот. Сепак се’ се менува кога ќе се соочи со пријателите од средношколските денови… Во дискусијата по проекцијата беше истакнато и дека Шарац истовремено претставува и почеток на кампањата на Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“ за благосостојба низ целиот животен век.

„Гнев“, пак, е дело на млади филмски ентузијасти на работилница за филм во рамките на фестивалот. Фокусирајќи се на присуството на казината и обложувалниците на секој чекор во градот, филмот направи интересна паралела помеѓу звуците на слот машините и блескавите излози со забавниот адреналински парк, создавајќи гнев кај младиот човек кој чувствува потреба да побегне.

Фестивалската вечер ја збогати настапот на македонска поп-рок-инди-џез група Sioto Jazz (Сиот тој џез) кои останаа на сцената подолго од предвиденото на барање на публиката.

„Бич филм фестивал“ до недела ќе се одржува на четири локации во Охрид: Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид. Важно е да се напомене и дека за бродот „Армада“ билетите може да се купат само онлајн.

Во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот дополително ќе бидат претставени и 13 краткометражни филмови, вклучувајќи и на Ана Јакимска, Елеонора Венинова и Јане Спасиќ.

Оваа година четиричленото жири, кое се состои од Julián Génisson, со кого денеска во 18 часот ќе се одржи разговор на плажата „Сараиште“, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka, ќе ги додели наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски-Сидо“ за најдобро актерско остварување. Тричленото жири, пак, во состав Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски, ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм.

The post „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“: До недела проекции на четири локации во Охрид- Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид appeared first on Република.

]]>

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич филм фестивал“ на плажата Славија во Охрид, кој ќе трае до недела.
Фестивалското отворање го донесе и краткиот филм „Шарац“ по сценарио и режија на Димитар Банов кој присуствуваше на настанот. Во центарот на приказната е Шарац, кој по откривањето на неговата срцева состојба ја губи волјата за социјален живот. Сепак се’ се менува кога ќе се соочи со пријателите од средношколските денови… Во дискусијата по проекцијата беше истакнато и дека Шарац истовремено претставува и почеток на кампањата на Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“ за благосостојба низ целиот животен век. „Гнев“, пак, е дело на млади филмски ентузијасти на работилница за филм во рамките на фестивалот. Фокусирајќи се на присуството на казината и обложувалниците на секој чекор во градот, филмот направи интересна паралела помеѓу звуците на слот машините и блескавите излози со забавниот адреналински парк, создавајќи гнев кај младиот човек кој чувствува потреба да побегне. Фестивалската вечер ја збогати настапот на македонска поп-рок-инди-џез група Sioto Jazz (Сиот тој џез) кои останаа на сцената подолго од предвиденото на барање на публиката. „Бич филм фестивал“ до недела ќе се одржува на четири локации во Охрид: Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид. Важно е да се напомене и дека за бродот „Армада“ билетите може да се купат само онлајн. Во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican. Покрај главната програма, на фестивалот дополително ќе бидат претставени и 13 краткометражни филмови, вклучувајќи и на Ана Јакимска, Елеонора Венинова и Јане Спасиќ. Оваа година четиричленото жири, кое се состои од Julián Génisson, со кого денеска во 18 часот ќе се одржи разговор на плажата „Сараиште“, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka, ќе ги додели наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски-Сидо“ за најдобро актерско остварување. Тричленото жири, пак, во состав Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски, ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм.

The post „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“: До недела проекции на четири локации во Охрид- Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид appeared first on Република.

]]>
Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ вечерва во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/gitaristot-muhamed-ibrahimi-ke-go-otvori-etno-fjuzhn-festivalot-lokum-fest-vecherva-vo-bitola/ Wed, 17 Jul 2024 18:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=797784

Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ во Битола вечер (17 јули), среда, со концерт кој ќе се одржи на отворено, пред Офицерскиот дом од 20.30 часот.
Истата вечер, концерт ќе одржи канадската група „Думаи Дунаи“ во клубот „Везилка“ од 22.30.

На 18 јули, ќе има два концерта. Првиот е на босанскиот музичар Дамир Имамовиќ од 20.30 часот, кој свири и пее традиционална музика (севдалинки) а вториот е на македонската пејачка Зарина Прасевда од 22 часот.

„Синари трио“ од Грција и „Фолкатомик“ од Италија ќе го затворат фестивалот со настапи на 19 јули со концерти од 20.30 и од 22.30 часот. Сите концерти, освен на канадската група ќе се одржат на платото на Офицерскиот дом.

„Локум фест“ е еден од најпознатите музички летни фестивали во Битола и годинава се одржува по 18.пат.

The post Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ вечерва во Битола appeared first on Република.

]]>

Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ во Битола вечер (17 јули), среда, со концерт кој ќе се одржи на отворено, пред Офицерскиот дом од 20.30 часот. Истата вечер, концерт ќе одржи канадската група „Думаи Дунаи“ во клубот „Везилка“ од 22.30. На 18 јули, ќе има два концерта. Првиот е на босанскиот музичар Дамир Имамовиќ од 20.30 часот, кој свири и пее традиционална музика (севдалинки) а вториот е на македонската пејачка Зарина Прасевда од 22 часот. „Синари трио“ од Грција и „Фолкатомик“ од Италија ќе го затворат фестивалот со настапи на 19 јули со концерти од 20.30 и од 22.30 часот. Сите концерти, освен на канадската група ќе се одржат на платото на Офицерскиот дом. „Локум фест“ е еден од најпознатите музички летни фестивали во Битола и годинава се одржува по 18.пат.

The post Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ вечерва во Битола appeared first on Република.

]]>
Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/s-e-podgotveno-za-ushte-edno-uspeshno-izdanie-na-festivalot-ohridsko-leto/ Fri, 12 Jul 2024 09:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=796095

Џулијан Рахлин, еден од водечките светски виолинисти на денешницата заедно со  Македонската филхармонија вечерва од 21 часот на Античкиот театар свечено ќе го отвори 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на филхармонискиот оркестар во Турку. Повеќе од три децении, неговата кариера го носи на сите светски меридијани како диригент, солист, камерен музичар, педагог и уметнички раководител. Снимките кои критиката ги оценува како исклучителни ги издаваат на носачи на звук престижните издавачки куќи Дојче Грамофон, Сони Класикал и Ворнер Класикс. Џулијан Рахлин е баран диригент низ целиот свет.

Македонската филхармонија која вечерва ќе настапи заедно со Рахлин, годинава одбележува осумдесет години од постоењето под мотото – 80 години ЉУБОВ!  Ова е првиот и единствен симфониски оркестар во Република Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена.

Уметничката  програма на фестивалот „Охридско лето“  годинава на охридските сцени  ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга.  Сцените Антички театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и предворјето на црквата  се подготвени за бројната публика.

Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери ќе донесе совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста со настап на околу 800 уметници.

Како  предвесник на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“, вчеравечер во црквата „Света Софија“ во соработка со Музичката Младина на Македонија се одржа Подиумот на млади уметници на кој младите и надежни уметници, виолинистката Памела Велкова и пијанистите Ивана Мазнејкова, Ана Мазнејкова и Доминика Робе изведоа дела од Бах, Бетовен,Шопен, Давиташвили, Прокофјев и  Изаи.

 

The post Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Џулијан Рахлин, еден од водечките светски виолинисти на денешницата заедно со  Македонската филхармонија вечерва од 21 часот на Античкиот театар свечено ќе го отвори 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на филхармонискиот оркестар во Турку. Повеќе од три децении, неговата кариера го носи на сите светски меридијани како диригент, солист, камерен музичар, педагог и уметнички раководител. Снимките кои критиката ги оценува како исклучителни ги издаваат на носачи на звук престижните издавачки куќи Дојче Грамофон, Сони Класикал и Ворнер Класикс. Џулијан Рахлин е баран диригент низ целиот свет. Македонската филхармонија која вечерва ќе настапи заедно со Рахлин, годинава одбележува осумдесет години од постоењето под мотото – 80 години ЉУБОВ!  Ова е првиот и единствен симфониски оркестар во Република Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Уметничката  програма на фестивалот „Охридско лето“  годинава на охридските сцени  ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга.  Сцените Антички театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и предворјето на црквата  се подготвени за бројната публика. Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери ќе донесе совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста со настап на околу 800 уметници. Како  предвесник на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“, вчеравечер во црквата „Света Софија“ во соработка со Музичката Младина на Македонија се одржа Подиумот на млади уметници на кој младите и надежни уметници, виолинистката Памела Велкова и пијанистите Ивана Мазнејкова, Ана Мазнејкова и Доминика Робе изведоа дела од Бах, Бетовен,Шопен, Давиташвили, Прокофјев и  Изаи.  

The post Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Се чувствуваме како да се вративме дома, рекоа Данците од групата „Ефтеркланг“ на отворањето на „Синедејс 2024“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/se-chuvstvuvame-kako-da-se-vrativme-doma-rekoa-dantsite-od-grupata-efterklang-na-otvoraneto-na-sinedejs-2024/ Fri, 12 Jul 2024 08:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=795990

Драго ми е што сме тука повторно, се чувстуваме како да се вративме дома, рекоа синоќа Данците од бендот „Ефтеркланг“ на концертот кој следеше по прикажување на музичко-документарниот филм „Ефтеркланг-Македониум бенд“ со кој синоќа се отвори 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ).

Музичкиот документарец „Ефтеркланг-Македониум бенд“ на Андреас Јонсен го следи патешествието на Ефтеркланг во Скопје, со цел да состават нов бенд, кој би извел перформанс пред споменикот на слободата, „Македониум“ во Крушево. Групата ја сочинуваат тројца музичари - Мадс Брауер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг кои во април доаѓаат во Скопје, во МКЦ и на оглас ги наоѓаат останатите музичари со кои ќе одржат концертот пред „Македониум“. Во бендот се уште и пејачката Дина Јашари, пијанистката и поетеса Ива Дамјановски, тапанарката Мартина Баракоска, гитаристот Јане Трајковски, Женскиот младински хор при МКЦ со диригентот Сашо Татарчевски, музичарот на народни инструменти Стефче Стојковски и скулпторот и музичар Дејан Спасовиќ. Овој голем тим го организира продуцентот од МКЦ Владица Младеновски-Грга.

По завршување на документарецот бендот одржа концерт во паркот зад МКЦ во истиот состав кој го видовме во филмот. Публиката која присустуваше на проекцијата понесена од еуфоријата на концертот и убавата енергија, на крајот се фати на оро.

Ова беше неверојатно искуство, да твориш со комплетни странци, а на крајот да се чувствуваш како да сте најблиски пријатели. Мислам дека секој треба да направи такво нешто бар еднаш во животот“, рече на концертот пејачот Каспер Клаусен.

Светска премиера „Eфтеркланг: Македониум бенд” имаше во март 2024 на фестивалот „CPH“ во Копенхаген, Данска. Филмот на фестивалот имаше две проекции, по што следеа и два настапи на бендот кој и таму, како и во Скопје ја крена публиката на нозе.

https://republika.mk/scena/film/mkts-go-osvoi-kopenhagen-so-svetskata-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-vo-rezhija-na-andreas-jonsen/

 

 

The post Се чувствуваме како да се вративме дома, рекоа Данците од групата „Ефтеркланг“ на отворањето на „Синедејс 2024“ appeared first on Република.

]]>

Драго ми е што сме тука повторно, се чувстуваме како да се вративме дома, рекоа синоќа Данците од бендот „Ефтеркланг“ на концертот кој следеше по прикажување на музичко-документарниот филм „Ефтеркланг-Македониум бенд“ со кој синоќа се отвори 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ). Музичкиот документарец „Ефтеркланг-Македониум бенд“ на Андреас Јонсен го следи патешествието на Ефтеркланг во Скопје, со цел да состават нов бенд, кој би извел перформанс пред споменикот на слободата, „Македониум“ во Крушево. Групата ја сочинуваат тројца музичари - Мадс Брауер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг кои во април доаѓаат во Скопје, во МКЦ и на оглас ги наоѓаат останатите музичари со кои ќе одржат концертот пред „Македониум“. Во бендот се уште и пејачката Дина Јашари, пијанистката и поетеса Ива Дамјановски, тапанарката Мартина Баракоска, гитаристот Јане Трајковски, Женскиот младински хор при МКЦ со диригентот Сашо Татарчевски, музичарот на народни инструменти Стефче Стојковски и скулпторот и музичар Дејан Спасовиќ. Овој голем тим го организира продуцентот од МКЦ Владица Младеновски-Грга. По завршување на документарецот бендот одржа концерт во паркот зад МКЦ во истиот состав кој го видовме во филмот. Публиката која присустуваше на проекцијата понесена од еуфоријата на концертот и убавата енергија, на крајот се фати на оро.
Ова беше неверојатно искуство, да твориш со комплетни странци, а на крајот да се чувствуваш како да сте најблиски пријатели. Мислам дека секој треба да направи такво нешто бар еднаш во животот“, рече на концертот пејачот Каспер Клаусен.
Светска премиера „Eфтеркланг: Македониум бенд” имаше во март 2024 на фестивалот „CPH“ во Копенхаген, Данска. Филмот на фестивалот имаше две проекции, по што следеа и два настапи на бендот кој и таму, како и во Скопје ја крена публиката на нозе. https://republika.mk/scena/film/mkts-go-osvoi-kopenhagen-so-svetskata-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-vo-rezhija-na-andreas-jonsen/    

The post Се чувствуваме како да се вративме дома, рекоа Данците од групата „Ефтеркланг“ на отворањето на „Синедејс 2024“ appeared first on Република.

]]>
Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-ja-rasturi-shkotska-so-5-1-na-otvoraneto-na-ep/ Fri, 14 Jun 2024 21:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=787721

Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“.

Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0.

Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1.

Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.

 

The post Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП appeared first on Република.

]]>

Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“. Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0. Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1. Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.  

The post Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП appeared first on Република.

]]>
58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/58-mtf-vojdan-chernodrinski-pochnuva-vecherva-so-heda-gabler-na-dramski-pod-mototo-promeni-se-promeni-se-prilep-do-14-juni-ke-bide-grad-teatar/ Fri, 07 Jun 2024 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=785481

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“.
Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.
На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.
Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје;
3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје;
5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија;
7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“;
2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип;
3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна;
5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид.

9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

 

 

 

 

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“. Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје. На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“. Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири - д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.
Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.
Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се: 1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; 2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје; 3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип; 4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. 1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје; 2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес; 3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар; 4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје; 5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола; 6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија; 7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје. Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција: 1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“; 2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип; 3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје; 4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна; 5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид. 9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура. Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.        

The post 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ почнува вечерва со „Хеда Габлер“ на Драмски: Под мотото „Промени се, промени сè“ Прилеп до 14 јуни ќе биде град- театар appeared first on Република.

]]>
Ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика Bombino и Bcuc https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ekskluzivno-otvorane-na-offest-so-dve-golemi-imina-na-afrikanskata-muzika-bombino-i-bcuc/ Thu, 06 Jun 2024 09:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=784882

Утревечер во Национална опера и балет, со почеток во 20:00 часот, не очекува ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика: 𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди 𝗕𝗖𝗨𝗖, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢 (Niger)
GOUMOUR ALMOCTAR (BOMBINO) guitar and vocals
DJAKRAVE DIA bass
KAWISSAN MOHAMED ALHASSAN guitar and vocals
COREY WILHELM drums

 

Омара ‘Бомбино’ Моктар е феномен. Гитаристот со потекло од Нигер е човек со приказна. Во неговата родна земја, тој е вистински култен херој меѓу младите Туарези, способен да го долови звукот на африканската пустина со неговите дисторзирани гитарски мелодии. Заедно со Tinariwen, Mdou Moctar и Vieux Farka Touré, Бомбино е предводник на пробивот на високозаразниот пустинскиот блуз/рок во светот последниве години. Неговата музика ја става гитарата во центарот на звучниот пејзаж, кој е комбинација на традиционалното и модерното. Експерт за создавање волшебни ритми, Бомбино ја слави културата на Туарезите, чувајќи ја од заборав. Инспирацијата од неговата музика лесно се забележува во модерните познати инди бендови како Khruangbin, GOAT или Dirty Projectors – Дејвид Лонгстрeт од последниве воедно го продуцираше албумот „Azel“ (2016). Претходно тоа беше Ден Ауербек од The Black Keys кој стоеше зад прославениот „Nomad“ (2013). Албумот „Deran“, пак, беше номиниран за Греми за најдобар world music албум, со што Бомбино стана првиот изведувач од Нигер што добил ваква номинација. Во моментов, Бомбино го промовира својот седми албум „Sahel“, кој излезе минатата есен за култната Partisan Records (PJ Harvey, Black Angels, Idles итн.). Без оглед на предизвиците што му ги наметнува животот, Бомбино постојано граби напред во својата мисија да ја користи музиката за ширење љубов, разбирање, како и убавата туарешка култура низ целиот свет.

𝗕𝗖𝗨𝗖 (South Africa)
NKOSI “JOVI” ZITHULELE lead vocal
LETLHOGONOLO “HLONI” MAPHUNYE backing vocal
KGOMOTSO NEO MOKONE backing vocal
THABO SAUL “LUJA” NGOEPE bass drum, backing vocal
EPHRAIM SKHUMBUZO MAHLANGU marching, bass drum
DANIEL THABO “CHEEX” MANGEL congas
MOSEBETSI JAN NTSIMANDE bass guitar

 

Афро-психоделичниот септет BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) е супергрупа од Совето, Јужна Африка, која ја доживува својата музика како хедонистички транс, но и како оружје за политичко и духовно ослободување во согласност со борбата за правда на претходните генерации. Звукот на BCUC е истовремено современ и оригинален, самоуверен и моќен. Тој е исполнлет со фанки грувови и хип-хоп сензибилитет, но и со репетитивни бас рифови, флејти и галопирачки ритми, како директно оддавање почит на надежта и борбениот дух на претходните генерации. Групата пее и зборува гласно за суровата реалност со која се соочуваат сиромашните работници во Јужна Африка, но во исто време, BCUC не ја прикажува татковината како сиромашна, туку богата со традиции, ритуали и вера. Кога BCUC настапуваат во живо, тие ја вовлекуваат публиката во вистински транс. И кога ќе видиш концерт на BCUC, тоа никогаш нема да го заборавиш. Од нивниот деби албум „Our Truth“ објавен во 2016 година и следниот „The Healing“ (2019), во кој се појавува синот на Фела, Феми Кути, тие го привлекоа вниманието на публиката на сите светски концертни подиуми и фестивали, вклучувајќи ги Glastonbury, Roskilde Festival, Afropunk Brooklyn, Dour, Worldwide, Womad и многу други. BCUC дури три пати ја претворија целата фестивалска публика на Roskilde во свои жестоки фанови, последниот пат во 2022 година. Во моментов го промовираат албумот „Millions of Us“ (2023), кој доби одлични критики ширум светот.

Билетите по цена од 800 денари се пуштени во продажба во НОБ и онлајн на www.mktickets.mk

The post Ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика Bombino и Bcuc appeared first on Република.

]]>

Утревечер во Национална опера и балет, со почеток во 20:00 часот, не очекува ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика: 𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди 𝗕𝗖𝗨𝗖, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. 𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢 (Niger) GOUMOUR ALMOCTAR (BOMBINO) guitar and vocals DJAKRAVE DIA bass KAWISSAN MOHAMED ALHASSAN guitar and vocals COREY WILHELM drums   Омара ‘Бомбино’ Моктар е феномен. Гитаристот со потекло од Нигер е човек со приказна. Во неговата родна земја, тој е вистински култен херој меѓу младите Туарези, способен да го долови звукот на африканската пустина со неговите дисторзирани гитарски мелодии. Заедно со Tinariwen, Mdou Moctar и Vieux Farka Touré, Бомбино е предводник на пробивот на високозаразниот пустинскиот блуз/рок во светот последниве години. Неговата музика ја става гитарата во центарот на звучниот пејзаж, кој е комбинација на традиционалното и модерното. Експерт за создавање волшебни ритми, Бомбино ја слави културата на Туарезите, чувајќи ја од заборав. Инспирацијата од неговата музика лесно се забележува во модерните познати инди бендови како Khruangbin, GOAT или Dirty Projectors – Дејвид Лонгстрeт од последниве воедно го продуцираше албумот „Azel“ (2016). Претходно тоа беше Ден Ауербек од The Black Keys кој стоеше зад прославениот „Nomad“ (2013). Албумот „Deran“, пак, беше номиниран за Греми за најдобар world music албум, со што Бомбино стана првиот изведувач од Нигер што добил ваква номинација. Во моментов, Бомбино го промовира својот седми албум „Sahel“, кој излезе минатата есен за култната Partisan Records (PJ Harvey, Black Angels, Idles итн.). Без оглед на предизвиците што му ги наметнува животот, Бомбино постојано граби напред во својата мисија да ја користи музиката за ширење љубов, разбирање, како и убавата туарешка култура низ целиот свет. 𝗕𝗖𝗨𝗖 (South Africa) NKOSI “JOVI” ZITHULELE lead vocal LETLHOGONOLO “HLONI” MAPHUNYE backing vocal KGOMOTSO NEO MOKONE backing vocal THABO SAUL “LUJA” NGOEPE bass drum, backing vocal EPHRAIM SKHUMBUZO MAHLANGU marching, bass drum DANIEL THABO “CHEEX” MANGEL congas MOSEBETSI JAN NTSIMANDE bass guitar   Афро-психоделичниот септет BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) е супергрупа од Совето, Јужна Африка, која ја доживува својата музика како хедонистички транс, но и како оружје за политичко и духовно ослободување во согласност со борбата за правда на претходните генерации. Звукот на BCUC е истовремено современ и оригинален, самоуверен и моќен. Тој е исполнлет со фанки грувови и хип-хоп сензибилитет, но и со репетитивни бас рифови, флејти и галопирачки ритми, како директно оддавање почит на надежта и борбениот дух на претходните генерации. Групата пее и зборува гласно за суровата реалност со која се соочуваат сиромашните работници во Јужна Африка, но во исто време, BCUC не ја прикажува татковината како сиромашна, туку богата со традиции, ритуали и вера. Кога BCUC настапуваат во живо, тие ја вовлекуваат публиката во вистински транс. И кога ќе видиш концерт на BCUC, тоа никогаш нема да го заборавиш. Од нивниот деби албум „Our Truth“ објавен во 2016 година и следниот „The Healing“ (2019), во кој се појавува синот на Фела, Феми Кути, тие го привлекоа вниманието на публиката на сите светски концертни подиуми и фестивали, вклучувајќи ги Glastonbury, Roskilde Festival, Afropunk Brooklyn, Dour, Worldwide, Womad и многу други. BCUC дури три пати ја претворија целата фестивалска публика на Roskilde во свои жестоки фанови, последниот пат во 2022 година. Во моментов го промовираат албумот „Millions of Us“ (2023), кој доби одлични критики ширум светот. Билетите по цена од 800 денари се пуштени во продажба во НОБ и онлајн на www.mktickets.mk

The post Ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика Bombino и Bcuc appeared first on Република.

]]>
Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-prvata-samostojna-izlozhba-na-gordana-janevska-vo-umetnichkiot-tsentar-art-hab/ Wed, 05 Jun 2024 08:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=784857

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечерва ја отвора самостојната изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска. Изложбата ќе се отвори на 05.06.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот.

Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. Во кратката рецензија за сликарството на Јаневска кураторката Маја Крстевска ќе напише:

Откривање на говорот на топлата лирика и емпатија во сликарскиот изблик на Гордана Јаневска и јасноста на тоналитетот е карактеристика која возбудува и ескалира во жарот на потезите.Таа преку своите творби повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот,фигурата на коњот или пак мртвата природа ни дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.Во полна снага е чувството на фаталност во прикажаните сензации,каде Јаневска се ангажира живо и во суштината на видливото. Помеѓу светлото и темното,делото се конфронтира и станува сцена на која може да се дефинира публиката како актер што е и поентата на човековиот квалитет.Јаневска ги спојува на своите платна средиштето со логичен след и директно влегува во светлото и темното, свесно ги отелотворува во освојување на прикажаниот препознатлив мотив.

Изложбата ќе трае до 18.06.2024 година.

The post Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>

Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечерва ја отвора самостојната изложба на слики насловена „Допир“ од Гордана Јаневска. Изложбата ќе се отвори на 05.06.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 20 часот. Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли. На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. Во кратката рецензија за сликарството на Јаневска кураторката Маја Крстевска ќе напише:
Откривање на говорот на топлата лирика и емпатија во сликарскиот изблик на Гордана Јаневска и јасноста на тоналитетот е карактеристика која возбудува и ескалира во жарот на потезите.Таа преку своите творби повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот,фигурата на коњот или пак мртвата природа ни дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.Во полна снага е чувството на фаталност во прикажаните сензации,каде Јаневска се ангажира живо и во суштината на видливото. Помеѓу светлото и темното,делото се конфронтира и станува сцена на која може да се дефинира публиката како актер што е и поентата на човековиот квалитет.Јаневска ги спојува на своите платна средиштето со логичен след и директно влегува во светлото и темното, свесно ги отелотворува во освојување на прикажаниот препознатлив мотив.
Изложбата ќе трае до 18.06.2024 година.

The post Вечерва се отвора првата самостојна изложба на Гордана Јаневска во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ ќе го отвори 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/shpanskiot-film-zatvori-gi-ochite-ke-go-otvori-14-toto-izdanie-na-filozofskiot-filmski-festival/ Sat, 01 Jun 2024 08:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=783785

Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ од реномираниот шпански режисер Виктор Ерисе, ќе го отвори 14 тото издание на Филозофскиот филмски фестивал, кое ќе се случи на 7. јуни со почеток во 20:30 часот во Летно кино „Мирно лето“, Кинотека на Македонија.

Филмот е обезбеден во соработка со Шпанската амбасада, а пред проекцијата ќе се обрати Амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н. Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.

„Затвори ги очите“ е богат и вдахновено поетски филм кој, според зборовите на самиот режисер, е нежна ода за идентитетот и сеќавањето. Едноставната елеганција на филмскиот ракопис и препознатливо одмерениот, многуслоен наратив се уште една потврда на фактот дека Ерисе одамна си има резервирано место во вишите редови на европскиот режисерски пантеон: и на 83 години, 31 година по неговиот последен филм, демонстрира вештина на стар мајстор и свежина на талентиран дебитант. Првото му дава за право да сними длабок филм за загубата и минатото; второто, пак, храброст да експериментира со структурата за да избегне фетишизација на тагата и да се фокусира на она што следува по неа – реакцијата, справувањето, спомените.

Едновремено јасен и енигматичен во разврската, „Затвори ги очите“ комуницира и на метасинематичко ниво. Постапката „филм во филм“ овде не е искористена само како декоративно наративно средство, туку и како суштински коментар на актот на снимање. Меѓу идентитетот и сеќавањата – ни предочува Ерисе – веќе стотина години стои и еден нивен чудесен посредник: филмот, неуморниот чувар на неповратното. „Личноста е повеќе од сеќавање за самата личност,“ забележува на едно место еден од протагонистите во „Затвори ги очите“. И филмот, се чини, е повеќе од сеќавање за филмот: често тој знае и повеќе од оној кој го снимил. Минатото како да е секогаш тука: особено она што е заборавено; не само што тоа не е мртво (би рекол Фокнер) туку – не е ниту минато.

„Затвори ги очите“ годинава беше учесник на многу фестивали ширум светот, а својата долго најавувана и нетрпеливо исчекувана премиера ја имаше лани, на Канскиот филмски фестивал.

The post Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ ќе го отвори 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ од реномираниот шпански режисер Виктор Ерисе, ќе го отвори 14 тото издание на Филозофскиот филмски фестивал, кое ќе се случи на 7. јуни со почеток во 20:30 часот во Летно кино „Мирно лето“, Кинотека на Македонија. Филмот е обезбеден во соработка со Шпанската амбасада, а пред проекцијата ќе се обрати Амбасадорот на Шпанија во Скопје, Н. Е. Хосе Луис Лосано Гарсија. „Затвори ги очите“ е богат и вдахновено поетски филм кој, според зборовите на самиот режисер, е нежна ода за идентитетот и сеќавањето. Едноставната елеганција на филмскиот ракопис и препознатливо одмерениот, многуслоен наратив се уште една потврда на фактот дека Ерисе одамна си има резервирано место во вишите редови на европскиот режисерски пантеон: и на 83 години, 31 година по неговиот последен филм, демонстрира вештина на стар мајстор и свежина на талентиран дебитант. Првото му дава за право да сними длабок филм за загубата и минатото; второто, пак, храброст да експериментира со структурата за да избегне фетишизација на тагата и да се фокусира на она што следува по неа – реакцијата, справувањето, спомените. Едновремено јасен и енигматичен во разврската, „Затвори ги очите“ комуницира и на метасинематичко ниво. Постапката „филм во филм“ овде не е искористена само како декоративно наративно средство, туку и како суштински коментар на актот на снимање. Меѓу идентитетот и сеќавањата – ни предочува Ерисе – веќе стотина години стои и еден нивен чудесен посредник: филмот, неуморниот чувар на неповратното. „Личноста е повеќе од сеќавање за самата личност,“ забележува на едно место еден од протагонистите во „Затвори ги очите“. И филмот, се чини, е повеќе од сеќавање за филмот: често тој знае и повеќе од оној кој го снимил. Минатото како да е секогаш тука: особено она што е заборавено; не само што тоа не е мртво (би рекол Фокнер) туку – не е ниту минато. „Затвори ги очите“ годинава беше учесник на многу фестивали ширум светот, а својата долго најавувана и нетрпеливо исчекувана премиера ја имаше лани, на Канскиот филмски фестивал.

The post Шпанскиот филм „Затвори ги очите“ ќе го отвори 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>