отварање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvaranje/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Oct 2022 10:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отварање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otvaranje/ 32 32 Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golem-broj-gragjani-se-sobiraat-pred-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/ Sun, 30 Oct 2022 10:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=567344

Како што беше и најавено, денеска во Благоевград, Бугарија се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Голем број граѓани се собираат пред просторот на овој македонски клуб.

Очекувано, екипа од локалната полициска управа од раните утрински часови дежура пред клубот.

Во меѓувреме се очекува и протест на ВМРО пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот.

Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права.

Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутни се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев.

На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава.

Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите.

Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест.

The post Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>

Како што беше и најавено, денеска во Благоевград, Бугарија се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Голем број граѓани се собираат пред просторот на овој македонски клуб. Очекувано, екипа од локалната полициска управа од раните утрински часови дежура пред клубот. Во меѓувреме се очекува и протест на ВМРО пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот. Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права. Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутни се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев. На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава. Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите. Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест.

The post Голем број граѓани се собираат пред македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Отварање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-otvaranje-na-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov-vo-blagoevgrad/ Sun, 30 Oct 2022 10:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=567330

Следете го во живо отварањето на Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград. На настанот присуствува и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

The post ВО ЖИВО: Отварање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Следете го во живо отварањето на Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград. На настанот присуствува и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

The post ВО ЖИВО: Отварање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Австралија ги отвора границите по речиси две години локдаун и скандалот со Ѓоковиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstralija-gi-otvora-granicite-po-rechisi-dve-godini-lokdaun-i-skandalot-so-gjokovikj/ Sun, 20 Feb 2022 09:21:16 +0000 https://republika.mk/?p=460991

Австралија, потпирајќи се на високата стапка на вакцинација против коронавирусот, на 21 февруари, првпат ќе пречека меѓународни туристи по речиси две години од затворањето на нејзините граници, пишува Танјуг.

Отворањето на Австралија за туристите е најјасен показател за напуштање на строгиот пристап во борбата против пандемијата на коронавирус и посветеноста на коегзистенција со коронавирусот со вакцинација, со цел да се намали смртноста и бројот на тешки случаи на болеста.

Најголем број од 2,7 милиони случаи на заразени со коронавирус во земјава се забележани со пристигнувањето на варијантата омикрон кон крајот на ноември. Сепак, со една од најголемите стапки на вакцинација во светот – повеќе од 94 проценти од луѓето на возраст над 16 години – се забележани нешто помалку од 5.000 смртни случаи, што е само дел од стапката на смртност во многу други развиени земји.

Одлуката за отворање на границите за странските туристи стапува на сила нешто повеќе од еден месец откако светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ беше депортиран од оваа земја, иако претходно му беше одобрено медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус.

The post Австралија ги отвора границите по речиси две години локдаун и скандалот со Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Австралија, потпирајќи се на високата стапка на вакцинација против коронавирусот, на 21 февруари, првпат ќе пречека меѓународни туристи по речиси две години од затворањето на нејзините граници, пишува Танјуг. Отворањето на Австралија за туристите е најјасен показател за напуштање на строгиот пристап во борбата против пандемијата на коронавирус и посветеноста на коегзистенција со коронавирусот со вакцинација, со цел да се намали смртноста и бројот на тешки случаи на болеста. Најголем број од 2,7 милиони случаи на заразени со коронавирус во земјава се забележани со пристигнувањето на варијантата омикрон кон крајот на ноември. Сепак, со една од најголемите стапки на вакцинација во светот – повеќе од 94 проценти од луѓето на возраст над 16 години – се забележани нешто помалку од 5.000 смртни случаи, што е само дел од стапката на смртност во многу други развиени земји. Одлуката за отворање на границите за странските туристи стапува на сила нешто повеќе од еден месец откако светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ беше депортиран од оваа земја, иако претходно му беше одобрено медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус.

The post Австралија ги отвора границите по речиси две години локдаун и скандалот со Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>