оцуко казуја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otsuko-kazuja/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 10:48:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оцуко казуја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otsuko-kazuja/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-go-primi-japonskiot-ambasador-otsuko-kazuja/ Mon, 24 Jun 2024 10:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=790231

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја. На средбата, како што соопшти нејзиниот Кабинет, беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи.

Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план. Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава.

Во разговорот со јапонскиот амбасадор, претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025.

Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонија, како една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации.

На средбата беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја. На средбата, како што соопшти нејзиниот Кабинет, беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи. Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план. Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава. Во разговорот со јапонскиот амбасадор, претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025. Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонија, како една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации. На средбата беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја appeared first on Република.

]]>