отшета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otsheta/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Oct 2022 12:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отшета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otsheta/ 32 32 Полска бара од Германија отштета за Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-bara-od-germanija-otshteta-za-vtorata-svetska-vojna/ Mon, 03 Oct 2022 12:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=556859

Полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија во врска со репарациите од Втората светска војна.

Потегот следува откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија ѝ должи на земјата 1,26 милијарда долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се намирени.

„Во нотата се изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција.

Речиси шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на војната, а Варшава беше срамнета со земја по востанието во 1944 година, во кое загинаа околу 200.000 цивили, се анализира во написите.

Полските владејачки националисти од Право и правда (ПиС) велат дека договорот е неважечки бидејќи Полска не можела да преговара за правична компензација. Тие поднесоа барања за воени репарации по преземањето на власта во 2015 година.

The post Полска бара од Германија отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија во врска со репарациите од Втората светска војна. Потегот следува откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија ѝ должи на земјата 1,26 милијарда долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се намирени. „Во нотата се изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција. Речиси шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на војната, а Варшава беше срамнета со земја по востанието во 1944 година, во кое загинаа околу 200.000 цивили, се анализира во написите. Полските владејачки националисти од Право и правда (ПиС) велат дека договорот е неважечки бидејќи Полска не можела да преговара за правична компензација. Тие поднесоа барања за воени репарации по преземањето на власта во 2015 година.

The post Полска бара од Германија отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>