Отсекување на главата на Свети Јован Крстител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otsekuvanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 06:49:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Отсекување на главата на Свети Јован Крстител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otsekuvanje-na-glavata-na-sveti-jovan-krstitel/ 32 32 Денес е строг пост, забрането е да се јаде црвена храна https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/denes-e-strog-post-zabraneto-e-da-se-jade-tsrvena-hrana/ Wed, 11 Sep 2024 06:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=815133

Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител  црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква.

Според народните верувања, не треба да се јаде црвена храна или да се пие нешто црвено, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител. Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка...

На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.

Исто така, не треба да се работи тешка работа.

The post Денес е строг пост, забрането е да се јаде црвена храна appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител  црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква. Според народните верувања, не треба да се јаде црвена храна или да се пие нешто црвено, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител. Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка... На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење. Исто така, не треба да се работи тешка работа.

The post Денес е строг пост, забрането е да се јаде црвена храна appeared first on Република.

]]>
Утре е тежок празник, стојте подалеку од сѐ што е црвено https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-e-tezhok-praznik-stojte-podaleku-od-s-shto-e-tsrveno/ Tue, 10 Sep 2024 20:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=815106

Македонската православна црква и нејзините верници утре го одбележуваат обезглавувањето на Свети Јован Крстител, празник познат и како есенски ден на Свети Јован.

Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква.

На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено, бидејќи тоа потсетува на пролеаната крв на Свети Јован Крстител. Исто така, не треба да се работи тешка работа.

Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка, бидејќи сѐ што е црвено потсетува на крвта на Свети Јован.

На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.

The post Утре е тежок празник, стојте подалеку од сѐ што е црвено appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре го одбележуваат обезглавувањето на Свети Јован Крстител, празник познат и како есенски ден на Свети Јован. Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква. На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено, бидејќи тоа потсетува на пролеаната крв на Свети Јован Крстител. Исто така, не треба да се работи тешка работа. Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка, бидејќи сѐ што е црвено потсетува на крвта на Свети Јован. На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.

The post Утре е тежок празник, стојте подалеку од сѐ што е црвено appeared first on Република.

]]>
Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава https://arhiva3.republika.mk/vesti/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-traditsionalno-odbelezhuvane-na-glavnata-manastirska-slava-2/ Sun, 08 Sep 2024 09:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=814295

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги кани верниците на традиционалното одбележување на главата манастирска слава Свештената Бигорска Обител, во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

За таа цел од манастирот посочуваат дека во вторник во 18 часот ќе има празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на богослужбата, тројца членови од нашето братство ќе бидат вброени кон рамноангелскиот монашки чин.

За среда е предвидено во 7:30 часто да почне утринската богослужба

- во 8:45 ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Епископот Антаниски г. Партениј.

- 9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.

По завршетокот на Божествената Литургија ќе бидат осветени темелите на новата манастирска гробишна црква со костурница, посветена на Св. Наум Охридски.

„Славното Бигорско Светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас“ се додава во соопштението на Бигорскиот Манастир.

 

The post Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги кани верниците на традиционалното одбележување на главата манастирска слава Свештената Бигорска Обител, во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. За таа цел од манастирот посочуваат дека во вторник во 18 часот ќе има празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на богослужбата, тројца членови од нашето братство ќе бидат вброени кон рамноангелскиот монашки чин. За среда е предвидено во 7:30 часто да почне утринската богослужба - во 8:45 ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Епископот Антаниски г. Партениј. - 9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија. По завршетокот на Божествената Литургија ќе бидат осветени темелите на новата манастирска гробишна црква со костурница, посветена на Св. Наум Охридски.
„Славното Бигорско Светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас“ се додава во соопштението на Бигорскиот Манастир.
 

The post Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава appeared first on Република.

]]>
Не подготвувајте црвена храна за утрешниот ручек, пред нас е тежок празник https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ne-podgotvuvajte-tsrvena-hrana-za-utreshniot-ruchek-pred-nas-e-tezhok-praznik/ Sun, 10 Sep 2023 15:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=680462

Православните верници утре ќе го одбележат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Според народните верувања, утре не треба да се јаде црвена храна, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител.

Луѓето исто така велат дека овој ден е добар ден за берење лековити билки.

Православните верници на овој ден треба да се придржуваат до строгиот пост – се слави обезглавувањето на Свети Јован Крстител, односно денот кога овој голем светец Јован, пророк, претходник и крстител, беше убиен по наредба на императорот Ирод Агрипа, а по барање на неговата сопруга Херодја.

Како што наредил императорот, главата на светителот била отсечена или „исечена“ и донесена на чинија пред неговата ќерка, танчерката Саломе.

Сепак, учениците на Јован, тајно го зеле неговото тело преку ноќ и го погребале во Себастија.

Главата на светителот беше погребана одделно, на тајно место, а подоцна беше пренесена во Ерусалим. Во времето на византиската царица Теодора, главата на Крстителот била пренесена во Цариград.

Отсекувањето на неговата глава се одбележува на денот кога била осветена црквата, која на неговиот гроб во Себастија, беше подигната од страна на императорот Константин и царицата Јелена.

 

 

The post Не подготвувајте црвена храна за утрешниот ручек, пред нас е тежок празник appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре ќе го одбележат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Според народните верувања, утре не треба да се јаде црвена храна, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител. Луѓето исто така велат дека овој ден е добар ден за берење лековити билки. Православните верници на овој ден треба да се придржуваат до строгиот пост – се слави обезглавувањето на Свети Јован Крстител, односно денот кога овој голем светец Јован, пророк, претходник и крстител, беше убиен по наредба на императорот Ирод Агрипа, а по барање на неговата сопруга Херодја. Како што наредил императорот, главата на светителот била отсечена или „исечена“ и донесена на чинија пред неговата ќерка, танчерката Саломе. Сепак, учениците на Јован, тајно го зеле неговото тело преку ноќ и го погребале во Себастија. Главата на светителот беше погребана одделно, на тајно место, а подоцна беше пренесена во Ерусалим. Во времето на византиската царица Теодора, главата на Крстителот била пренесена во Цариград. Отсекувањето на неговата глава се одбележува на денот кога била осветена црквата, која на неговиот гроб во Себастија, беше подигната од страна на императорот Константин и царицата Јелена.    

The post Не подготвувајте црвена храна за утрешниот ручек, пред нас е тежок празник appeared first on Република.

]]>
Денеска е тежок празник: Се држи строг пост, не се јаде ништо со црвена боја, а треба да се направи една работа ова треба да се на https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tezok-praznik-se-drzi-strog-post-ne-se-jade-nishto-so-crvena-boja-a-treba-da-se-napravi-edna-rabota-ova-treba-da-se-na/ Sun, 11 Sep 2022 07:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=549623

Православните христијани денеска го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.

Народот на овој ден држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку ни риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

На овој ден, треба да барате и лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.

Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто се уште беше жив.

Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод и вети на танчерката дека ќе и даде с и што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка и, Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место.

Што стана понатаму со главата на Светиот Предвесник опишано е под 24 февруари. Но набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула).

Смртта на Свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 29 август е востановено затоа што тој ден е осветена црквата којашто на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија Светиот цар Конастантин и неговата мајка, Светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј.

The post Денеска е тежок празник: Се држи строг пост, не се јаде ништо со црвена боја, а треба да се направи една работа ова треба да се на appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Народот на овој ден држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку ни риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. На овој ден, треба да барате и лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење. Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто се уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод го фрли во затвор. За време на еден пир во неговиот дом во Севастија Галилејска пред гостите играше Салома, ќерката на Филип и Иродијада. И пијан и занесен од таа игра, Ирод и вети на танчерката дека ќе и даде с и што ќе посака, па дури и кога би побарала половина од неговото царство. Наговорена од мајка и, Салома ја побара главата на Свети Јован Крстител. Ирод нареди и му ја отсекоа на Јован главата во затворот, па му ја донесоа на Ирод на чинија. Учениците Јованови ноќе го зедоа телото на својот учител и чесно го погребаа, а Иродијада го избоде со игла Јовановиот јазик, а главата му ја закопа на некое нечисто место. Што стана понатаму со главата на Светиот Предвесник опишано е под 24 февруари. Но набрзо оваа група злосторници ги постигна Божја казна. За да ја измие честа на својата ќерка кнезот Арета удри со војска на Ирод и го порази до темел. Поразен Ирод беше осуден од кесарот Калигула на прогонство, најнапред во Галија, а потоа во Шпанија. Како прогонети Ирод и Иродијада живееја во беда и понижувања, додека земјата не се отвори и не ги проголта. Салома загина со зла смрт на реката Сикорис (Сула). Смртта на Свети Јован се случи пред Пасха, а празнувањето на 29 август е востановено затоа што тој ден е осветена црквата којашто на неговиот гроб ја подигнаа во Севастија Светиот цар Конастантин и неговата мајка, Светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј.

The post Денеска е тежок празник: Се држи строг пост, не се јаде ништо со црвена боја, а треба да се направи една работа ова треба да се на appeared first on Република.

]]>