отруени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otrueni/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 07:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отруени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otrueni/ 32 32 Вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vraboten-vo-zooloshkata-gradina-vo-skopje-prijavil-vo-svr-skopje-deka-uginale-dva-kona-za-koi-se-somneval-deka-bile-otrueni/ Sun, 30 Jul 2023 15:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=667002

На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени appeared first on Република.

]]>

На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот.

The post Вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени appeared first on Република.

]]>
Отруени 60 авганистански девојчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otrueni-60-avganistanski-devojchina/ Mon, 05 Jun 2023 08:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=647885

Околу 60 авганистански девојчиња се хоспитализирани откако биле отруени во училиште во северен Авганистан, соопшти денеска полицијата.

Труењето во едно женско училиште во авганистанската провинција Сар-е-Пол доаѓа по интензивното преиспитување на образованието на девојчињата во земјата откако талибанците ја презедоа власта и го забранија пристапот за повеќето ученички тинејџерки, и по низата труења во училиштата за девојки во соседен Иран.

Некои непознати лица влегле во женското училиште во областа Санчарак и ги затруле училниците, а кога девојчињата влегле во училниците се затруле, изјави Дан Мохамад Назари, портпарол на полицијата во Сар-е-Пола, без да прецизира за каков отров станува збор или за тоа кој стои зад инцидентот.

Назари додаде дека девојчињата биле пренесени во болница, но дека сега се во „добра состојба“.

Засега никој не е уапсен.

За време на претходната влада во Авганистан, која беше поддржана од странските влади, се случија неколку напади со труење, вклучително и напади со гас, врз училиштата за девојки.

Талибанската администрација, откако ја презеде власта во 2021 година, им забрани на повеќето ученички да посетуваат средно училиште и факултет, што наиде на осуда од меѓународните влади и многу Авганистанци.

Талибанските власти ги задржаа отворени основните училишта за девојчиња на возраст до околу 12 години и додаваат дека се за образование на жените, но под одредени услови.

The post Отруени 60 авганистански девојчиња appeared first on Република.

]]>

Околу 60 авганистански девојчиња се хоспитализирани откако биле отруени во училиште во северен Авганистан, соопшти денеска полицијата. Труењето во едно женско училиште во авганистанската провинција Сар-е-Пол доаѓа по интензивното преиспитување на образованието на девојчињата во земјата откако талибанците ја презедоа власта и го забранија пристапот за повеќето ученички тинејџерки, и по низата труења во училиштата за девојки во соседен Иран.
Некои непознати лица влегле во женското училиште во областа Санчарак и ги затруле училниците, а кога девојчињата влегле во училниците се затруле, изјави Дан Мохамад Назари, портпарол на полицијата во Сар-е-Пола, без да прецизира за каков отров станува збор или за тоа кој стои зад инцидентот.
Назари додаде дека девојчињата биле пренесени во болница, но дека сега се во „добра состојба“. Засега никој не е уапсен. За време на претходната влада во Авганистан, која беше поддржана од странските влади, се случија неколку напади со труење, вклучително и напади со гас, врз училиштата за девојки. Талибанската администрација, откако ја презеде власта во 2021 година, им забрани на повеќето ученички да посетуваат средно училиште и факултет, што наиде на осуда од меѓународните влади и многу Авганистанци. Талибанските власти ги задржаа отворени основните училишта за девојчиња на возраст до околу 12 години и додаваат дека се за образование на жените, но под одредени услови.

The post Отруени 60 авганистански девојчиња appeared first on Република.

]]>
Во Иран повторно се отруени девојчиња во неколку училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-iran-povtorno-se-otrueni-devojchina-vo-nekolku-uchilishta/ Sat, 08 Apr 2023 15:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=628757

Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми.

Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница.

Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.

Најмалку 60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел“во југозападната провинција Кузестан во земјата, јави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален функционер.

Ученички биле отруени и во пет училишта во Ардабил на северозапад каде имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор.

Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, поради истекување на гас се затруле и неодреден број основци, јави агенцијата Илна.

Според официјални податоци од 7 март, повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31.

Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на строги казни, до смртна казна, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“.

Ученичките беа отруени во екот на протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс за облекување за жените.

Повеќемесечните протести предизвикани од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата.

 

The post Во Иран повторно се отруени девојчиња во неколку училишта appeared first on Република.

]]>

Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми. Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница. Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.
Најмалку 60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел“во југозападната провинција Кузестан во земјата, јави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален функционер.
Ученички биле отруени и во пет училишта во Ардабил на северозапад каде имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор. Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, поради истекување на гас се затруле и неодреден број основци, јави агенцијата Илна. Според официјални податоци од 7 март, повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31. Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на строги казни, до смртна казна, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“. Ученичките беа отруени во екот на протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс за облекување за жените. Повеќемесечните протести предизвикани од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата.  

The post Во Иран повторно се отруени девојчиња во неколку училишта appeared first on Република.

]]>
Кој отру стотици девојчиња во Иран? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-otru-stotitsi-devojchina-vo-iran/ Sat, 04 Mar 2023 09:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=615789

Мистериозни случаи на труење во Иран: стотици девојчиња од женските училишта страдаат од гушење, гадење, вртоглавица. Кој стои зад овој бран труења? Дали верските фанатици имаа удел во она што се случи?

Во неколку училишта за девојки во различни градови во Иран, стотици ученички повторно се затруени. Бројните случаи на необјаснето труење почнаа кон крајот на минатата година и не престануваат. Сега, само во северниот град Ардабил, погодени се повеќе од 400 ученички од вкупно 11 училишта, како што објави иранскиот весник „Шарх“. Речиси 100 од децата се лекуваат во болница, а во некои случаи нивната здравствена состојба се смета за критична. Но, слични случаи повторно се регистрирани и во други градови. Родителите се загрижени, а владата допрва треба да излезе со официјално објаснување за случаите.

Властите долго време се сомневаа дека зад серијата труења стојат насочени напади со отровен гас. Сепак, причините се уште се нејасни. Ученичките се пожалија дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат.

Првично, заменик-министерот за внатрешни работи Маџид Мирахмади ги опиша труењата како психолошка војна што ја водат иранските непријатели: „Повеќе од 99 отсто од нив се предизвикани од стрес, гласини и психолошка војна започната од непријателски ТВ канали за да се создаде стресна ситуација за учениците и за родителите“.

Нападите почнаа во ноември

Првите случаи беа пријавени кон крајот на ноември, во време на разгорени протести во неколку училишта за девојки во шиитскиот Гом. Меѓутоа, во последно време се регистрирани се повеќе случаи во други делови на земјата, а труењата стигнаа и до главниот град Техеран.

Според ирански пратеник, досега речиси 1.200 ученички морале да добијат лекарска помош поради тешкотии со дишењето, а 800 од нив биле отруени само во Гом. Состојките користени против нив таму очигледно содржеле траги од азот.

Крајно религиозни мотиви?

Ултраконзервативниот претседател Ебраим Раиси му наложи на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага, а разузнавањето и Министерството за здравство да му помогнат, објави државната новинска агенција ИРНА.

Поранешната заменичка министерка за женски и семејни прашања Масумех Ебтекар ги повика властите „еднаш засекогаш да стават крај на мизогините фанатици“. А ИРНА го цитираше заменик-министерот за здравство Џунс Панахи, кој рече дека по случаите во Гом, станало јасно „дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“.

Со месеци властите во Иран се под притисок на протестите кои избија по смртта на 22-годишната Џина Махса Амини. Економските проблеми дополнително ја комплицираат ситуацијата.

Извор: Дојче веле - Бон

The post Кој отру стотици девојчиња во Иран? appeared first on Република.

]]>

Мистериозни случаи на труење во Иран: стотици девојчиња од женските училишта страдаат од гушење, гадење, вртоглавица. Кој стои зад овој бран труења? Дали верските фанатици имаа удел во она што се случи? Во неколку училишта за девојки во различни градови во Иран, стотици ученички повторно се затруени. Бројните случаи на необјаснето труење почнаа кон крајот на минатата година и не престануваат. Сега, само во северниот град Ардабил, погодени се повеќе од 400 ученички од вкупно 11 училишта, како што објави иранскиот весник „Шарх“. Речиси 100 од децата се лекуваат во болница, а во некои случаи нивната здравствена состојба се смета за критична. Но, слични случаи повторно се регистрирани и во други градови. Родителите се загрижени, а владата допрва треба да излезе со официјално објаснување за случаите. Властите долго време се сомневаа дека зад серијата труења стојат насочени напади со отровен гас. Сепак, причините се уште се нејасни. Ученичките се пожалија дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат. Првично, заменик-министерот за внатрешни работи Маџид Мирахмади ги опиша труењата како психолошка војна што ја водат иранските непријатели: „Повеќе од 99 отсто од нив се предизвикани од стрес, гласини и психолошка војна започната од непријателски ТВ канали за да се создаде стресна ситуација за учениците и за родителите“.

Нападите почнаа во ноември

Првите случаи беа пријавени кон крајот на ноември, во време на разгорени протести во неколку училишта за девојки во шиитскиот Гом. Меѓутоа, во последно време се регистрирани се повеќе случаи во други делови на земјата, а труењата стигнаа и до главниот град Техеран. Според ирански пратеник, досега речиси 1.200 ученички морале да добијат лекарска помош поради тешкотии со дишењето, а 800 од нив биле отруени само во Гом. Состојките користени против нив таму очигледно содржеле траги од азот.

Крајно религиозни мотиви?

Ултраконзервативниот претседател Ебраим Раиси му наложи на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага, а разузнавањето и Министерството за здравство да му помогнат, објави државната новинска агенција ИРНА. Поранешната заменичка министерка за женски и семејни прашања Масумех Ебтекар ги повика властите „еднаш засекогаш да стават крај на мизогините фанатици“. А ИРНА го цитираше заменик-министерот за здравство Џунс Панахи, кој рече дека по случаите во Гом, станало јасно „дека некои луѓе сакаат сите училишта, особено училиштата за девојки, да бидат затворени“. Со месеци властите во Иран се под притисок на протестите кои избија по смртта на 22-годишната Џина Махса Амини. Економските проблеми дополнително ја комплицираат ситуацијата. Извор: Дојче веле - Бон

The post Кој отру стотици девојчиња во Иран? appeared first on Република.

]]>