отровна риба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otrovna-riba/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 13:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отровна риба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otrovna-riba/ 32 32 Издадено предупредување: Отровната риба повторно забележана на Јадранот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/izdadeno-predupreduvane-otrovnata-riba-povtorno-zabelezhana-na-jadranot/ Thu, 17 Aug 2023 16:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=673064

Институтот за океанографија и рибарство на Хрватска на својот профил на Фејсбук објави предупредување за појава на се поголем број на отровни огнени риби, познати и под името риба паун.

Позната како огнена риба, риба лав или риба паун, Птероис милес е инвазивен индо-пацифички вид кој е познат по штетноста за локалните екосистеми. Озлогласена е поради својата исхрана со автохтони риби, како и брзото ширење на колонизираните подрачја во Средоземјето. Сите бодежи на телото и се отровни, па при убодот се јавува голема болка, а можни се и сериозни симптоми. Во случај на убод се препорачува одење на доктор. На оваа риба треба да ѝ се пристапи внимателно, посебно при риболов. За среќа, како што е случај и кај останатите јадрански риби со отровни бодежи, отровот е термолабилен, што значи дека може да се неутрализира со топлина (најдобро е да се потопи местото на убод во вода со температура од 40-45 степени во траење од 30-40 минути, соопшти Институтот.

Oваа риба за првпат е регистрирана во Јадранското Mоре во 2019-та година, а најсеверното наоѓалиште било кај Вис во 2021-ва година. Со оглед на динамиката на нејзиното ширење може да се очекува да се појавува почесто.

The post Издадено предупредување: Отровната риба повторно забележана на Јадранот appeared first on Република.

]]>

Отровна смртоносна риба стигна во Јадранското море https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/otrovna-smrtonosna-riba-stigna-vo-jadranskoto-more/ Wed, 13 Jul 2022 20:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=528366

Климатските промени донесоа отровна риба во Јадран. Рибата крстосувач со сребрени пруги, која е многу отровна стигнала до Јадранското Море како резултат на топењето на морето.

Научниците велат дека крстосувачот е многу отровна и смртоносна риба. Додаваат дека нејзиниот многу силен и термостабилен отров се наоѓа во кожата, гонадите и месото.

Од логични причини, конзумирањето на оваа риба е забрането во Европа, но во Јапонија сѐ уште се смета за деликатес таканаречената риба фугу.

Раководителот на лабораторијата за ихтиологија и крајбрежен риболов при Институтот за океанографија и рибарство во Сплит, Јаков Дулачиќ во изјавата за медиумите рече дека станува збор за вид широко распространет во Индискиот Океан, западниот дел на Тихиот Океан и Црвеното Море.

The post Отровна смртоносна риба стигна во Јадранското море appeared first on Република.

]]>

Климатските промени донесоа отровна риба во Јадран. Рибата крстосувач со сребрени пруги, која е многу отровна стигнала до Јадранското Море како резултат на топењето на морето. Научниците велат дека крстосувачот е многу отровна и смртоносна риба. Додаваат дека нејзиниот многу силен и термостабилен отров се наоѓа во кожата, гонадите и месото. Од логични причини, конзумирањето на оваа риба е забрането во Европа, но во Јапонија сѐ уште се смета за деликатес таканаречената риба фугу. Раководителот на лабораторијата за ихтиологија и крајбрежен риболов при Институтот за океанографија и рибарство во Сплит, Јаков Дулачиќ во изјавата за медиумите рече дека станува збор за вид широко распространет во Индискиот Океан, западниот дел на Тихиот Океан и Црвеното Море.

The post Отровна смртоносна риба стигна во Јадранското море appeared first on Република.

]]>