отров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otrov/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jan 2024 08:17:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otrov/ 32 32 Во кафето на шефицата ставила отров: Жена во БиХ осудена на две години затвор за обид за убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kafeto-na-shefitsata-stavila-otrov-zhena-vo-bih-osudena-na-dve-godini-zatvor-za-obid-za-ubistvo/ Sun, 28 Jan 2024 08:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=737646

Жена во Босна и Херцеговина (БиХ) e осудена на две години затвор за обид за убиство на шефицата, oткако ѝ ставила отров во кафето.

Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ во 2022 година, откако во кафето ѝ ставила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Нинковиќ и Танасиќ работеле во Педагошкиот институт на Република Српска.

Обвинителството бара построга казна за Нинковиќ. Како што објави Н1 БиХ, на жалбеното рочиште пред Врховниот суд на Република Српска, одбраната побарала да се укине првостепената пресуда на Нинковиќ и да се врати предметот на ново судење или да се смени пресудата затоа што тврдат дека не се работи за кривично дело кое се води против неа.

Судијката изјавил дека делото го сторила со можна умисла, како и дека е утврдено оти концентрацијата на отровни материи што 58-годишната жена ги истурила во кафето не можела да предизвика смрт и дека се работи за неподобен обид за убиство, пишува Н1 БиХ.

The post Во кафето на шефицата ставила отров: Жена во БиХ осудена на две години затвор за обид за убиство appeared first on Република.

]]>

Жена во Босна и Херцеговина (БиХ) e осудена на две години затвор за обид за убиство на шефицата, oткако ѝ ставила отров во кафето. Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ во 2022 година, откако во кафето ѝ ставила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Нинковиќ и Танасиќ работеле во Педагошкиот институт на Република Српска. Обвинителството бара построга казна за Нинковиќ. Како што објави Н1 БиХ, на жалбеното рочиште пред Врховниот суд на Република Српска, одбраната побарала да се укине првостепената пресуда на Нинковиќ и да се врати предметот на ново судење или да се смени пресудата затоа што тврдат дека не се работи за кривично дело кое се води против неа. Судијката изјавил дека делото го сторила со можна умисла, како и дека е утврдено оти концентрацијата на отровни материи што 58-годишната жена ги истурила во кафето не можела да предизвика смрт и дека се работи за неподобен обид за убиство, пишува Н1 БиХ.

The post Во кафето на шефицата ставила отров: Жена во БиХ осудена на две години затвор за обид за убиство appeared first on Република.

]]>
Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rasfrlal-salama-so-otrov-pred-tuga-kuka-dobi-samo-uslovna-i-3-000-evra-kazna/ Thu, 30 Nov 2023 12:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=717962

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.

Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.

Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело.

Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.
Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.
Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело. Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>
Внимавајте: Расфрлан е отров во Тафталиџе https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vnimavajte-rasfrlan-e-otrov-vo-taftalidhe/ Wed, 15 Nov 2023 08:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=701684

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со Бул. „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, соопштија од ЦУК.

The post Внимавајте: Расфрлан е отров во Тафталиџе appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со Бул. „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.
Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, соопштија од ЦУК.

The post Внимавајте: Расфрлан е отров во Тафталиџе appeared first on Република.

]]>
Лице блиско до семејството отруено со ланате открива детали за кобниот настан https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/litse-blisko-do-semejstvoto-otrueno-so-lanate-otkriva-detali-za-kobniot-nastan/ Fri, 20 Oct 2023 16:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=693404

Откако фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишна жена, во јавноста се појавија голем број на шпекулации.

Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи.

Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обратило до „Фокус“ (идентитетот е познат на редакцијата). Како што тврди извор, станува збор за ненамерна грешка која имала кобен епилог.

Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. Тоа е жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат“, вели нашиот извор.

На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци.

Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом.

Повеќе на „Фокус“.

The post Лице блиско до семејството отруено со ланате открива детали за кобниот настан appeared first on Република.

]]>

Откако фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишна жена, во јавноста се појавија голем број на шпекулации. Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи. Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обратило до „Фокус“ (идентитетот е познат на редакцијата). Како што тврди извор, станува збор за ненамерна грешка која имала кобен епилог.
Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. Тоа е жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат“, вели нашиот извор.
На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци. Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом. Повеќе на „Фокус“.

The post Лице блиско до семејството отруено со ланате открива детали за кобниот настан appeared first on Република.

]]>
Туната станува отров ако често ја јадете https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tunata-stanuva-otrov-ako-chesto-ja-jadete/ Sun, 21 May 2023 13:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=643250

Поголемите риби, вклучувајќи туна, сабјарка и ајкули, имаат поголема веројатност да содржат повисоки нивоа на жива отколку помалите риби

Туната е победничка кога се комбинациите во прашање. Одлична е во салата, намаз, сос, но и кога се јаде самостојно. Би било лесно да се јаде туна секој ден без да ви здосади, но дали е безбедно? Ако сте ги слушнале предупредувањата за живата и рибата, можеби се прашувате дали треба да ја намалите потрошувачката на туна.

„Добивам многу прашања за ова во мојата медицинска токсиколошка пракса“, вели медицинскиот токсиколог д-р Кели Џонсон-Арбор. Додавањето риба во вашата исхрана има голем нутритивен ефект. Д-р Џонсон-Арбор наведува подобрување на здравјето на срцето и намален ризик од рак како само неколку од здравствените придобивки од јадење риба.

„Многу видови риби, вклучително и туната, се здрав избор за исхрана и обезбедуваат многу корисни хранливи материи, вклучувајќи омега-3 масни киселини, холин, железо и протеини“, вели таа, додавајќи дека овие хранливи материи се неопходни за развојот на мозокот и исто така го поддржуваат целокупното здравје.

Сепак, таа истакнува дека рибата може да содржи и жива, која е токсична за луѓето.

„Рибите можат да се контаминираат со жива природно преку животната средина или преку индустриски процеси“, објаснува д-р Џонсон-Арбор.

Таа објаснува дека кога живата влегува во водните патишта, ја консумираат рибите и на тој начин биоакумулира во синџирот на исхрана. Поголемите риби, вклучувајќи туна, сабјарка и ајкули, имаат поголема веројатност да содржат повисоки нивоа на жива отколку помалите риби.

The post Туната станува отров ако често ја јадете appeared first on Република.

]]>

Поголемите риби, вклучувајќи туна, сабјарка и ајкули, имаат поголема веројатност да содржат повисоки нивоа на жива отколку помалите риби
Туната е победничка кога се комбинациите во прашање. Одлична е во салата, намаз, сос, но и кога се јаде самостојно. Би било лесно да се јаде туна секој ден без да ви здосади, но дали е безбедно? Ако сте ги слушнале предупредувањата за живата и рибата, можеби се прашувате дали треба да ја намалите потрошувачката на туна. „Добивам многу прашања за ова во мојата медицинска токсиколошка пракса“, вели медицинскиот токсиколог д-р Кели Џонсон-Арбор. Додавањето риба во вашата исхрана има голем нутритивен ефект. Д-р Џонсон-Арбор наведува подобрување на здравјето на срцето и намален ризик од рак како само неколку од здравствените придобивки од јадење риба. „Многу видови риби, вклучително и туната, се здрав избор за исхрана и обезбедуваат многу корисни хранливи материи, вклучувајќи омега-3 масни киселини, холин, железо и протеини“, вели таа, додавајќи дека овие хранливи материи се неопходни за развојот на мозокот и исто така го поддржуваат целокупното здравје. Сепак, таа истакнува дека рибата може да содржи и жива, која е токсична за луѓето. „Рибите можат да се контаминираат со жива природно преку животната средина или преку индустриски процеси“, објаснува д-р Џонсон-Арбор. Таа објаснува дека кога живата влегува во водните патишта, ја консумираат рибите и на тој начин биоакумулира во синџирот на исхрана. Поголемите риби, вклучувајќи туна, сабјарка и ајкули, имаат поголема веројатност да содржат повисоки нивоа на жива отколку помалите риби.

The post Туната станува отров ако често ја јадете appeared first on Република.

]]>