отпушта работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otpushta-rabotnitsi/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 13:47:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отпушта работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otpushta-rabotnitsi/ 32 32 „Гугл“ и „Амазон“ ќе отпуштат стотици вработени https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/gugl-i-amazon-ke-otpushtat-stotitsi-vraboteni/ Thu, 11 Jan 2024 13:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=731971

Американските технолошки гиганти „Гугл“ и „Амазон“ во одделни најави соопштија дека ќе отпуштат стотици вработени.

„Гугл“ најави дека ќе отпушти „неколку стотици“ вработени и ќе реорганизира неколку сектори.

Отпуштени од работа ќе бидат вработените во главниот инженерски оддел на „Гугл“, како и во одделенијата кои се вклучени во развојот на гласовниот асистент и развојот на производи како што се паметните телефони Пиксел (Pixel), паметните домашни уреди Нест (Nest) и фитнес нараквиците Фитбит (Fitbit).

Дополнително, ќе бидат отпуштени „мнозинството“ вработени во одделот специјализиран за развој во областа на проширена реалност, се додава во соопштението на „Гугл“.

„Амазон“, како и „Гугл“, најави отпуштање од работа на „стотици вработени“, пред се во сервисот за стриминг „Твич“ (Twitch) и „Прајм Видео“ (Prime Video), како и во филмското студио „Метро Голдвин Мајер“, кое „Амазон“ го купи во 2021 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Само „Твич“ отпушта 500 работници или 35 отсто од целата работна сила.

Во 2023 година, компанијата „Алфабет“ (Alphabet), сопственик на „Гугл“, отпушти 12.000 вработени, а „Aмазон“ отпушти 27.000 работници.

Технолошките компании ширум светот минатата година отпуштија повеќе од 260.000 вработени поради падот на приходите.

 

The post „Гугл“ и „Амазон“ ќе отпуштат стотици вработени appeared first on Република.

]]>

Американските технолошки гиганти „Гугл“ и „Амазон“ во одделни најави соопштија дека ќе отпуштат стотици вработени. „Гугл“ најави дека ќе отпушти „неколку стотици“ вработени и ќе реорганизира неколку сектори. Отпуштени од работа ќе бидат вработените во главниот инженерски оддел на „Гугл“, како и во одделенијата кои се вклучени во развојот на гласовниот асистент и развојот на производи како што се паметните телефони Пиксел (Pixel), паметните домашни уреди Нест (Nest) и фитнес нараквиците Фитбит (Fitbit). Дополнително, ќе бидат отпуштени „мнозинството“ вработени во одделот специјализиран за развој во областа на проширена реалност, се додава во соопштението на „Гугл“. „Амазон“, како и „Гугл“, најави отпуштање од работа на „стотици вработени“, пред се во сервисот за стриминг „Твич“ (Twitch) и „Прајм Видео“ (Prime Video), како и во филмското студио „Метро Голдвин Мајер“, кое „Амазон“ го купи во 2021 година, пренесува Си-Ен-Ен. Само „Твич“ отпушта 500 работници или 35 отсто од целата работна сила. Во 2023 година, компанијата „Алфабет“ (Alphabet), сопственик на „Гугл“, отпушти 12.000 вработени, а „Aмазон“ отпушти 27.000 работници. Технолошките компании ширум светот минатата година отпуштија повеќе од 260.000 вработени поради падот на приходите.  

The post „Гугл“ и „Амазон“ ќе отпуштат стотици вработени appeared first on Република.

]]>
„Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ford-ke-otpushti-iljada-vraboteni-poradi-visokite-troshotsi-za-razvoj-na-elektrichni-vozila/ Tue, 27 Jun 2023 16:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=655766

Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал.

За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места, изјави денеска портпаролот на компанијата.

Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални.

Во Северна Америка „Форд“ има околу 28.000 работници.

Компанија во изминатата година неколкупати вршеше кратење на персоналот, вклучувајќи 3.000 отпуштања во САД минатото лето и малку повеќе во Европа оваа година. кб/ сд/

 

The post „Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила appeared first on Република.

]]>

Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал. За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места, изјави денеска портпаролот на компанијата. Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални. Во Северна Америка „Форд“ има околу 28.000 работници. Компанија во изминатата година неколкупати вршеше кратење на персоналот, вклучувајќи 3.000 отпуштања во САД минатото лето и малку повеќе во Европа оваа година. кб/ сд/  

The post „Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила appeared first on Република.

]]>