отповикување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otpovikuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 06:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отповикување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otpovikuvanje/ 32 32 Со новиот закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-noviot-zakon-za-lokalna-samouprava-ke-mozhe-da-se-otpovika-gradonachalnik/ Thu, 03 Oct 2024 06:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=821979

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.

Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.

Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.

Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, вели Перински.

Општините секојдневно се соочуваат со уништена урбана опрема, искршени детски реквизити, уништени спортски игралишта.... На почетокот на јули, Општина Центар до медиумите испрати видеа како малолетници во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема на детско игралиште во Капиштец. Видеата, како што информираа од Општината, биле пристигнати од загрижени граѓани.

И претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски неодамна на телевизиско гостување рече дека треба да има механизам за отповикување на градоначалници кои не ја извршуваат функцијата поради која се избрани од страна на граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека тим од градоначалници и правници подготвуваат предлог законски измени коишто планираат да ги достават до Министерсвото за локална самоуправа.

Градоначалниците имаат голема моќ и освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет, рече Ѓорѓиевски во дебатата „Клик плус“ на ТВ21.

The post Со новиот закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник appeared first on Република.

]]>

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.
Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.
Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.
Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, вели Перински.
Општините секојдневно се соочуваат со уништена урбана опрема, искршени детски реквизити, уништени спортски игралишта.... На почетокот на јули, Општина Центар до медиумите испрати видеа како малолетници во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема на детско игралиште во Капиштец. Видеата, како што информираа од Општината, биле пристигнати од загрижени граѓани. И претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски неодамна на телевизиско гостување рече дека треба да има механизам за отповикување на градоначалници кои не ја извршуваат функцијата поради која се избрани од страна на граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека тим од градоначалници и правници подготвуваат предлог законски измени коишто планираат да ги достават до Министерсвото за локална самоуправа.
Градоначалниците имаат голема моќ и освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет, рече Ѓорѓиевски во дебатата „Клик плус“ на ТВ21.

The post Со новиот закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник appeared first on Република.

]]>
ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ldp-predlaga-otpovikuvane-na-gradonachalnitsi-i-shiroka-rasprava-po-odnos-na-zakonot-za-lokalna-samouprava/ Wed, 11 Sep 2024 09:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=815266

Измени на Законот за локална самоуправа, со цел обезбедување законска можност граѓаните по пат на референдум да можат да ги отповикаат градоначалниците кои ги пустошат општините е единственото можно решение кое го предлага Либерално-демократската партија, откако денес по скратена постапка пред Собранието е доставен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Станува збор за закон за кој е потребно 2/3 мнозинство што бара широка дебата, а не скратена постапка. Воедно Предлогот за продолжување на мандатот на в.д. градоначалник под изговор намалување на трошоците за избори откако актуелните градоначалници би добиле пратенички или министерски места го нарушува правото на избор на граѓаните, како и демократските принципи кои ја изрзуваат нивната волја и е спротивен на член 114 од Уставот, појаснуваат од партијата.

Според ЛДП недемократски е граѓаните толку долг период до локалните избори, да бидат зависни од в.д. градноачалник кој не бил избран на непосредни избори, а избран од советниците.

- Наместо предлози кои ја уназадуваат работата на локално ниво имаме предлог кој е од интерес на граѓаните. Водени од фактот што често се соочуваме со градоначалници кои не ги исполнуваат своите основни надлежности, предлагаме амандман со кој ќе се обезбеди законски механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на нивниот мандат. Потребите на граѓаните и подобрување на животот во нивната општина не смеат да бидат ставени на милост и немилост поради политичките апетити на одредени функционери, велат од ЛДП.

Од партијата очекуваат поддршка од сите политички субјекти бидејќи ваква можност содржел Законот за локална самоуправа од 1996 година кога имало механизам за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година е избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалниците.

ЛДП е за легално избрани градоначалници на избори, а не политички комесари избрани во совет, и образложението дека изборите се скапи е ефтин трик со цел да дојди до безболна смена на погоренаведените градоначалници.

The post ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Измени на Законот за локална самоуправа, со цел обезбедување законска можност граѓаните по пат на референдум да можат да ги отповикаат градоначалниците кои ги пустошат општините е единственото можно решение кое го предлага Либерално-демократската партија, откако денес по скратена постапка пред Собранието е доставен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај. -Станува збор за закон за кој е потребно 2/3 мнозинство што бара широка дебата, а не скратена постапка. Воедно Предлогот за продолжување на мандатот на в.д. градоначалник под изговор намалување на трошоците за избори откако актуелните градоначалници би добиле пратенички или министерски места го нарушува правото на избор на граѓаните, како и демократските принципи кои ја изрзуваат нивната волја и е спротивен на член 114 од Уставот, појаснуваат од партијата. Според ЛДП недемократски е граѓаните толку долг период до локалните избори, да бидат зависни од в.д. градноачалник кој не бил избран на непосредни избори, а избран од советниците. - Наместо предлози кои ја уназадуваат работата на локално ниво имаме предлог кој е од интерес на граѓаните. Водени од фактот што често се соочуваме со градоначалници кои не ги исполнуваат своите основни надлежности, предлагаме амандман со кој ќе се обезбеди законски механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на нивниот мандат. Потребите на граѓаните и подобрување на животот во нивната општина не смеат да бидат ставени на милост и немилост поради политичките апетити на одредени функционери, велат од ЛДП. Од партијата очекуваат поддршка од сите политички субјекти бидејќи ваква можност содржел Законот за локална самоуправа од 1996 година кога имало механизам за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година е избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалниците. ЛДП е за легално избрани градоначалници на избори, а не политички комесари избрани во совет, и образложението дека изборите се скапи е ефтин трик со цел да дојди до безболна смена на погоренаведените градоначалници.

The post ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-memedi-shto-gi-turna-vo-problem-makedonskite-gragani-vo-italija-ke-bide-otpovikan/ Thu, 04 Jul 2024 13:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=793416

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава „Плусинфо“ од извори во Министерството.

Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки.

Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

The post Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи го враќа на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, дознава „Плусинфо“ од извори во Министерството. Станува збор за амбасадорот кој пред околу два месеци испрати скандалозен допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки. Неофицијално, иницијативата за негово повикување произлегла од новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

The post Амбасадорот Мемеди што ги турна во проблем македонските граѓани во Италија ќе биде отповикан appeared first on Република.

]]>
Македонците од Србија бараат од претседателката Силјановска да го отповика амбасадорот Фрчовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-srbija-baraat-od-pretsedatelkata-siljanovska-da-go-otpovika-ambasadorot-frchovski/ Thu, 30 May 2024 12:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=783165

Maкедонците од Србија бараат од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го отповика амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчковски.

Како причина за отповикувањето е гласот „за“ на Фрчковски за Резолуцијата за геноцид во Сребреница без консултација со шефот на државата.

Згора на тоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката Србија да се прогласи за геноцидна држава а Македонија да биде коспонзор.
Горан Илијевски, од Партијата на Македонците во Србија смета дека Фрчковски ги загрозил државните и националните интереси.

Бараме да му се одземе агреманот кој го дава претседателот на државата и да се отповика. Со тоа колку-толку може да се подобрат односите со Србија и на некој начин да се оправдаме. Османи морал да се консултира со претседателката пред гласањето - вели Илијевски за „Република“.

The post Македонците од Србија бараат од претседателката Силјановска да го отповика амбасадорот Фрчовски appeared first on Република.

]]>

Maкедонците од Србија бараат од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го отповика амбасадорот во Обединетите нации Љубомир Фрчковски. Како причина за отповикувањето е гласот „за“ на Фрчковски за Резолуцијата за геноцид во Сребреница без консултација со шефот на државата. Згора на тоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи се пофали дека самиот ја донел одлуката Србија да се прогласи за геноцидна држава а Македонија да биде коспонзор. Горан Илијевски, од Партијата на Македонците во Србија смета дека Фрчковски ги загрозил државните и националните интереси.
Бараме да му се одземе агреманот кој го дава претседателот на државата и да се отповика. Со тоа колку-толку може да се подобрат односите со Србија и на некој начин да се оправдаме. Османи морал да се консултира со претседателката пред гласањето - вели Илијевски за „Република“.

The post Македонците од Србија бараат од претседателката Силјановска да го отповика амбасадорот Фрчовски appeared first on Република.

]]>