отпор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otpor/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 08:45:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отпор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otpor/ 32 32 Ништо нема за џабе: Српски „Отпор“ падот на Милошевиќ го наплатил 1,8 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nishto-nema-za-dhabe-srpski-otpor-padot-na-miloshevik-go-naplatil-1-8-milioni-dolari/ Fri, 02 Feb 2024 09:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=739616

Американската разузнавачка агенција ЦИА има список со имиња на српски политичари што ги платила во 90-тите години, особено во пресрет на 5 октомври, со цел да го собори режимот на Слободан Милошевиќ, пишува „Република.рс“.

На тој список многу прецизно било наведено кој примил пари, кога и колку, а станува збор за десетици имиња, од кои многумина и денес се политички активни.

Некои од нив, по политичката кариера во Србија, биле ангажирани во меѓународни организации за награда. За возврат, тие се должни секогаш да бидат на услуга на нивните поранешни работодавци, дури и кога тоа е спротивно на интересите на нивната земја.

Најмногу пари зела организацијата „Отпор“ која за туркање на режимот на Милошевиќ добила 1.8 милиони долари.

The post Ништо нема за џабе: Српски „Отпор“ падот на Милошевиќ го наплатил 1,8 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Американската разузнавачка агенција ЦИА има список со имиња на српски политичари што ги платила во 90-тите години, особено во пресрет на 5 октомври, со цел да го собори режимот на Слободан Милошевиќ, пишува „Република.рс“. На тој список многу прецизно било наведено кој примил пари, кога и колку, а станува збор за десетици имиња, од кои многумина и денес се политички активни. Некои од нив, по политичката кариера во Србија, биле ангажирани во меѓународни организации за награда. За возврат, тие се должни секогаш да бидат на услуга на нивните поранешни работодавци, дури и кога тоа е спротивно на интересите на нивната земја. Најмногу пари зела организацијата „Отпор“ која за туркање на режимот на Милошевиќ добила 1.8 милиони долари.

The post Ништо нема за џабе: Српски „Отпор“ падот на Милошевиќ го наплатил 1,8 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Движењето „Отпор“ од кое учеја „Шарените“ на СДСМ пак се активира за да го сруши Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dvizheneto-otpor-od-koe-ucheja-sharenite-na-sdsm-pak-se-aktivira-za-da-go-srushi-vuchik/ Mon, 29 May 2023 06:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=645535

Движењето „Отпор“ кое настана во деведесеттите години за рушење на Слободан Милошевиќ пак се активира.

Оваа група неколку години беше неактивно, сега повторно се враќа во игра.Нивна цел овој пат е рушење на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Како повод пак да се активираат се протестите кои се одржуваат во Белград поради двете убиства кои се случија.

Добро познатата стисната тупаница се појави на Твитер, со натпис „Отпор23“ проследено со коментари и постови против Вучиќ.

Основач на ова движење е Срѓа Поповиќ чија специјалност е правење на т.н обоени или шарени револуции и симнување од власт на лидери кои имаат голема поддршка кај народот.

Нивното делување Поповиќ го опиша во книга наречена „Мустра за револуција“.

Покрај Србија, „Отпор“ успеа да смени претседатели и влади во Алжир, Тунис, Египет, како дел од проектот „Арапска пролет“ , a се обиде  и во Венецуела и Боливија.

Секако „Отпор“ е најпознат како учител и обучувач на „Шарената револуција“ во Македонија. Српски активисти неколку месеци беа во Скопје како логистичка поддршка на движењето кое ја исполни својата крајна цел-носење на власт на СДСМ без оваа партија да победи на избори.

The post Движењето „Отпор“ од кое учеја „Шарените“ на СДСМ пак се активира за да го сруши Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Движењето „Отпор“ кое настана во деведесеттите години за рушење на Слободан Милошевиќ пак се активира. Оваа група неколку години беше неактивно, сега повторно се враќа во игра.Нивна цел овој пат е рушење на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Како повод пак да се активираат се протестите кои се одржуваат во Белград поради двете убиства кои се случија. Добро познатата стисната тупаница се појави на Твитер, со натпис „Отпор23“ проследено со коментари и постови против Вучиќ. Основач на ова движење е Срѓа Поповиќ чија специјалност е правење на т.н обоени или шарени револуции и симнување од власт на лидери кои имаат голема поддршка кај народот. Нивното делување Поповиќ го опиша во книга наречена „Мустра за револуција“. Покрај Србија, „Отпор“ успеа да смени претседатели и влади во Алжир, Тунис, Египет, како дел од проектот „Арапска пролет“ , a се обиде  и во Венецуела и Боливија. Секако „Отпор“ е најпознат како учител и обучувач на „Шарената револуција“ во Македонија. Српски активисти неколку месеци беа во Скопје како логистичка поддршка на движењето кое ја исполни својата крајна цел-носење на власт на СДСМ без оваа партија да победи на избори.

The post Движењето „Отпор“ од кое учеја „Шарените“ на СДСМ пак се активира за да го сруши Вучиќ appeared first on Република.

]]>
„Студентски отпор“ незадоволни од договорот, во четврток повикуваат на масовен студентски марш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-nezadovolni-od-dogovorot-vo-chetvrtok-povikuvaat-na-masoven-studentski-marsh/ Tue, 15 Nov 2022 07:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=573903

Младинската организација „Студентски отпор“ повикува на масовен студентски марш во четврток со почеток во 17 часот. Тие не се задоволни од крајниот исход и одлуките донесени на тричасовната средба во Собранието помеѓу премиерот, министерот за образование и претставниците на студентските собранија.

Велат дека како студенти остануваат на нивните барања за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите; средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови; издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја.

Со оглед на тоа што единственото барање кое се прифати е повлекувањето на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк, најавуваме дека нема да отстапиме сѐ додека итно не се реализираат и останатите наши барања и ве повикуваме во четврток (17.11.2022), на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17:00 часот. Маршот ќе започне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија, се вели во повикот.

Од „Студентски отпор“ ги повикуваат сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во борбата.

The post „Студентски отпор“ незадоволни од договорот, во четврток повикуваат на масовен студентски марш appeared first on Република.

]]>

Младинската организација „Студентски отпор“ повикува на масовен студентски марш во четврток со почеток во 17 часот. Тие не се задоволни од крајниот исход и одлуките донесени на тричасовната средба во Собранието помеѓу премиерот, министерот за образование и претставниците на студентските собранија. Велат дека како студенти остануваат на нивните барања за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите; средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови; издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја. Со оглед на тоа што единственото барање кое се прифати е повлекувањето на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк, најавуваме дека нема да отстапиме сѐ додека итно не се реализираат и останатите наши барања и ве повикуваме во четврток (17.11.2022), на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17:00 часот. Маршот ќе започне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија, се вели во повикот. Од „Студентски отпор“ ги повикуваат сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во борбата.

The post „Студентски отпор“ незадоволни од договорот, во четврток повикуваат на масовен студентски марш appeared first on Република.

]]>