отплата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otplata/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 13:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отплата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otplata/ 32 32 Се бара решение: Државата и банките преговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-bara-reshenie-drzhavata-i-bankite-pregovaraat-za-rokot-na-otplata-na-kreditite-za-privatniot-sektor/ Fri, 01 Nov 2024 14:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=833123

Министерството за финансии и комерцијалните банки разговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор, откако е постигнат е договор за дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата која се јавува како посредник со цел да се охрабрат компаниите да инвестираат во земјава, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по брифингот со новинарите.

Разговорите со банките ги почнавме некаде од месец август и од тогаш до денес сме имале состаноци, пред две недели го постигнавме договорот во насока на дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата, како што било впрочем и во минатото. Од 2011 година навака има многу кредитни линии коишто се поминати преку Владата, односно Министерството за финансии, дадени на приватниот сектор каде што субвенционирањето било од страна на државата. Ние пробавме да направиме обид со банките, барем да го поделиме тој трошок, но тие сметаат дека ризикот го преземаат, и тоа е така, ризикот го преземаат банките и за сметка на тоа нормално може да се појави некој ризичен кредит, затоа тие инсистираа каматата да ја покриеме комплетно ние и на крајот се согласивме - рече Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите.

Отворено е, додаде министерката, прашањето за рокот на отплата на кредитите, каде државата бара продолжување на роковите од седум на петнаесет години.

Она што е како отворено прашање по кое што се уште разговараме, тоа е рокот на отплата. Ние баравме рокот на отплата да биде 15 години со вклучени 3 години грејс период, согласно интерни процедури и политики на банките. Тие имаат рокови на отплата од 7 до 10 години и оставивме простор тука да видиме како ќе се договориме во насока на тоа дали може да го продолжат рокот за отплата на кредитите, затоа што целата оваа суштина и ова учество на државата во одобрување на кредитите е токму насочено кон тоа да се одобрат кредити на приватниот сектор на еден подолг период, односно подолг период на отплата да има, затоа што сметаме дека така ќе се охрабрат уште повеќе кога ќе знаат дека во годината оптоварувањето е помало, ќе се охрабрат повеќе да инвестираат, тоа беше нашата идеја - посочи Димитреска-Кочоска.

Како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски, половина од средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, а останатите средства за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.

Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години - појасни Мицкоски на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на 29. минатиот месец.

The post Се бара решение: Државата и банките преговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор appeared first on Република.

]]>

Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Март: Акција на ЈП Водовод и канализација Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/otplata-na-dolgovi-bez-presmetka-na-kamata-do-31-mart-aktsija-na-jp-vodovod-i-kanalizatsija-skopje/ Mon, 20 Mar 2023 10:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=621499

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

The post Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Март: Акција на ЈП Водовод и канализација Скопје appeared first on Република.

]]>

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи. За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.