оториноларинголог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otorinolaringolog/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 19:01:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оториноларинголог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otorinolaringolog/ 32 32 Во Дебар и околината нема епидемиолог и оториноларинголог https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-debar-i-okolinata-nema-epidemiolog-i-otorinolaringolog/ Wed, 06 Mar 2024 19:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=752029

Поширокиот дебарски регион повторно остана без епидемиолог, откако на пензионираниот Ментор Меља му заврши договорот на дело, потпишан со Министерството за здравство.

Меља е единствен лекар специјалист од оваа медицинска гранка во Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, кој долги години беше раководител на единицата за јавно здравје и кој повеќе од успешно, иако сам, се справи со пандемијата со Ковид-19, чие прво жариште беше токму Дебар.

Беше пензиониран во декември 2022 година, но по доставеното барање од негова страна, од Министерството доби ангажман со договор на дело во јуни минатата година.

Се чувствувам подготвен и понатаму да им служам на жителите од ова подрачје. Поради тоа по завршување на договорот побарав од Министерството за здравство да може да продолжам со мојата работа, но потврден одговор немам, па од јануари годинава жителите од нашето пошироко подрачје се принудени за одредена здравствени услуга, од оваа гранка, да одат до Охрид, или во Скопје, бидејќи и Струга нема ваков кадар, изјави Меља за МИА.

Жителите од ова подрачје мака мачат и кога им е неопходна услуга од лекар специјалист за уво, грло, нос, бидејќи единствениот оториноларинголог минатата година беше пензиониран, па мора и за најмала услуга да одат во други градови.

The post Во Дебар и околината нема епидемиолог и оториноларинголог appeared first on Република.

]]>

Поширокиот дебарски регион повторно остана без епидемиолог, откако на пензионираниот Ментор Меља му заврши договорот на дело, потпишан со Министерството за здравство. Меља е единствен лекар специјалист од оваа медицинска гранка во Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, кој долги години беше раководител на единицата за јавно здравје и кој повеќе од успешно, иако сам, се справи со пандемијата со Ковид-19, чие прво жариште беше токму Дебар. Беше пензиониран во декември 2022 година, но по доставеното барање од негова страна, од Министерството доби ангажман со договор на дело во јуни минатата година.