откупни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkupni/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 15:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откупни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkupni/ 32 32 Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје, повеќе субвенции за производителите и возобновување на Повардарие https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-planirame-garantirani-tseni-na-otkup-za-kluchnite-sorti-grozje-poveke-subventsii-za-proizvoditelite-i-vozobnovuvane-na-povardarie/ Mon, 29 Apr 2024 15:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=772296

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 4 Александар Николоски.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика, појасни Николоски.

https://youtu.be/EVc2-Umt8nM?si=JmB0gcef6azgY_oc

The post Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје, повеќе субвенции за производителите и возобновување на Повардарие appeared first on Република.

]]>

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 4 Александар Николоски. Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино. Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот. Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите. Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството. Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ. Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика, појасни Николоски. https://youtu.be/EVc2-Umt8nM?si=JmB0gcef6azgY_oc

The post Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје, повеќе субвенции за производителите и возобновување на Повардарие appeared first on Република.

]]>