откупна цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkupna-cena/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 10:08:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откупна цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkupna-cena/ 32 32 Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите зголемена за 25% согласно Законот за вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-istoriski-najgolema-otkupna-tsena-za-lozarite-zgolemena-za-25-soglasno-zakonot-za-vino/ Wed, 07 Aug 2024 10:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=804195

Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино. Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%. Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот. Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД Водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата, истакна Мицкоски.

Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот. Исполнуваме, за тебе, напиша премиерот на Фејсбук.

The post Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите зголемена за 25% согласно Законот за вино appeared first on Република.

]]>

Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, е зголемена за 25% согласно Законот за вино. Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 ден./кг, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 ден./кг, истакнува премиерот Христијан Мицкоски. За споредба, минатата година килограм грозје Смедеревка се откупувало по цена од 15 денари, што значи дека оваа година имаме зголемување за 3,3 денари односно 22%. Додека пак килограм грозје Вранец во 2023-тата година се откупувало по цена од 18 денари, во 2024 година имаме зголемување од 2,8 денари односно 15.5%. Целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот. Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД Водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата, истакна Мицкоски. Борбата за стандардот на земјоделците е наш приоритет. Овој пат државата создава за народот. Исполнуваме, за тебе, напиша премиерот на Фејсбук.

The post Мицкоски: Историски најголема откупна цена за лозарите зголемена за 25% согласно Законот за вино appeared first on Република.

]]>
Откупот на тутунот почнува со 11 денари повисока цена во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupot-na-tutunot-pochnuva-so-11-denari-povisoka-cena-vo-odnos-na-lani/ Mon, 28 Nov 2022 13:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=579190

Откупот на тутунот годинава стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани, а се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со тутунопроизводителите во Прилепскиот регион.

Покрај повисоката откупна цена, како што рече, има и повеќе склучени договори, поголемо планирано количество на откуп и има подобар квалитет на тутунот, што според него, оди во прилог на  успешен откуп со крајни бенефити и за државата и за тутунопроизводителите.

Просечната откупната цена за килограм тутун сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 250. Ова се историски највисоки откупни цени на тутунот во последните 10 години, рече Ковачевски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски посочи дека откупната цена за прва класа е 300 денари, 240 денари за втора, а 180 денари за трета, како и дека има над 29.000 склучени договори.

Овие успеси се резултат на сите политики што ги преземавме во изминатиот период, рече Николовски.

Како што истакна тој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за следната година има најголем буџет.

Навреме ќе бидат исплатени сите средства кон тутунопроизводителите и обезбедени се средства за новиот начин на субвенционирање, рече Николовски.

The post Откупот на тутунот почнува со 11 денари повисока цена во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Откупот на тутунот годинава стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани, а се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со тутунопроизводителите во Прилепскиот регион. Покрај повисоката откупна цена, како што рече, има и повеќе склучени договори, поголемо планирано количество на откуп и има подобар квалитет на тутунот, што според него, оди во прилог на  успешен откуп со крајни бенефити и за државата и за тутунопроизводителите.
Просечната откупната цена за килограм тутун сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 250. Ова се историски највисоки откупни цени на тутунот во последните 10 години, рече Ковачевски.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски посочи дека откупната цена за прва класа е 300 денари, 240 денари за втора, а 180 денари за трета, како и дека има над 29.000 склучени договори.
Овие успеси се резултат на сите политики што ги преземавме во изминатиот период, рече Николовски.
Како што истакна тој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за следната година има најголем буџет.
Навреме ќе бидат исплатени сите средства кон тутунопроизводителите и обезбедени се средства за новиот начин на субвенционирање, рече Николовски.

The post Откупот на тутунот почнува со 11 денари повисока цена во однос на лани appeared first on Република.

]]>
Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/institutot-za-oriz-utvrdi-proizvodna-cena-od-27-denari-za-kilogram-arpa-kje-se-utvrduva-otkupnata-cena/ Sat, 24 Sep 2022 09:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=553732

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини.

Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени.

– Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале вчера попладне, договорено е на почетокот на идната недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата.

The post Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена appeared first on Република.

]]>

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини. Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени. – Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството. На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале вчера попладне, договорено е на почетокот на идната недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата.

The post Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-godinava-postignavme-dogovor-za-30-zgolemeni-otkupni-ceni-na-grozjeto/ Sun, 11 Sep 2022 17:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=549810

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето“, порача претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022", што се одржува во Кавадарци.

Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето, тоа беше потврдено и на состанокот кој што го имавме заедно со винариите и заедно со лозаропроизводителите. Оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19%. Дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извезено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извезува. Исто така поддршка на винариите што е исто така директно поддршка и на лозаропроизводителите.

Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. Она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година.

Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден од најголемиот европски саем одржан во Белград во организација на Србија, Македонија и Албанија дека ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџерите на винариите, така и за државата да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство.“

На новинарското прашање поврзано со проблемите за откупот на црното грозје, премиерот одговори:

„Сите отворени прашања и нормално сите предизвици кои се јавуваат како и во секој откуп веќе ги има нотирано Министерството за земјоделие на самиот состанок кој што го имавме со сите, Министерот за земјоделие јасно кажа дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители за да интервенираат во секој случај кој што ќе се појави, во кој што ќе има различно толкување на информациите кои што ги имаат и откупувачите и продавачите на грозје.“

The post Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето appeared first on Република.

]]>

„Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето“, порача претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2022", што се одржува во Кавадарци. Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски: „Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето, тоа беше потврдено и на состанокот кој што го имавме заедно со винариите и заедно со лозаропроизводителите. Оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19%. Дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извезено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извезува. Исто така поддршка на винариите што е исто така директно поддршка и на лозаропроизводителите. Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. Она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамки и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што Владата ги спроведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година. Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден од најголемиот европски саем одржан во Белград во организација на Србија, Македонија и Албанија дека ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџерите на винариите, така и за државата да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство.“ На новинарското прашање поврзано со проблемите за откупот на црното грозје, премиерот одговори: „Сите отворени прашања и нормално сите предизвици кои се јавуваат како и во секој откуп веќе ги има нотирано Министерството за земјоделие на самиот состанок кој што го имавме со сите, Министерот за земјоделие јасно кажа дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители за да интервенираат во секој случај кој што ќе се појави, во кој што ќе има различно толкување на информациите кои што ги имаат и откупувачите и продавачите на грозје.“

The post Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето appeared first on Република.

]]>
Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/ Sun, 11 Sep 2022 11:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=549692

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство.

На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.

Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.

Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/

На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.

Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции по тој основ, а сакаме да добиеме поквалитетен производ, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште.

Поддршка на земјоделците кои протестираа дадоа и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повикаа власта да преземе соодветни мерки за решавање на проблемите во земјоделството, да најде соодветен пласман на храната, наместо таа да се фрла на буниште или да скапува на нивите.

The post Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.
Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.
Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.
Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/ На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.