откуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkup/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 13:51:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkup/ 32 32 На прагот на откуп на тутунот, побарувачката поголема од понудената производствена реколта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-pragot-na-otkup-na-tutunot-pobaruvachkata-pogolema-od-ponudenata-proizvodstvena-rekolta/ Sun, 27 Oct 2024 13:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=831415

Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските.

Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија со неповолни климатски услови. Имаше премногу влага при расадувањето што го оддолжи процесот, во растот на тутунот имаше голема суша, што го намали приносот, но, тоа го зголеми квалитетот и на крајот имаше дождови што пак, го зголемија производството, изјави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

На ниво на држава, со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони тутун. Но, тоа не е вистинската слика, зашто на теренот има многу помалку тутун, односно околу 17.000 тони. Инаку, годинава се засадени над 13.000 хектари.

Како Сојуз сме подготвени и утре да почне откупот на тутунот. Но, компаниите ги запазуваат законските рокови. Последниот ден за заверување на мострите е 15 ноември, така што, потоа може откупувачите да ја почнат кампањата. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15 декември, посочи Ристески.

Годинава, 10 откупни фирми ќе го преземаат родот. Имаат лиценци и финансиски гаранции. Има најава за зголемување на бројот на откупните ваги. На тутунарите им претстојат средби во Министерството за земјоделство најавени за понеделник, како и со откупувачите на 4 ноември. Бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските.

Дискутираме со откупувачите. И ние не сме задоволни од моменталната цена што е на ланското ниво, односно 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство Цветан Трипуноски. Мислиме дека ќе наидеме на добра соработка, а на 4 ноември ќе имаме и средба со откупувачите. Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да го задржиме производството, да ги задржиме младите да го работат тутунот, зашто според статистиките, просечната старост на тутунопроизводителите е преку 50 години, нагласи Ристески.

На теренот во земјава ќе има 320 откупни ваги.

The post На прагот на откуп на тутунот, побарувачката поголема од понудената производствена реколта appeared first on Република.

]]>

Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските. Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија со неповолни климатски услови. Имаше премногу влага при расадувањето што го оддолжи процесот, во растот на тутунот имаше голема суша, што го намали приносот, но, тоа го зголеми квалитетот и на крајот имаше дождови што пак, го зголемија производството, изјави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. На ниво на држава, со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони тутун. Но, тоа не е вистинската слика, зашто на теренот има многу помалку тутун, односно околу 17.000 тони. Инаку, годинава се засадени над 13.000 хектари. Како Сојуз сме подготвени и утре да почне откупот на тутунот. Но, компаниите ги запазуваат законските рокови. Последниот ден за заверување на мострите е 15 ноември, така што, потоа може откупувачите да ја почнат кампањата. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15 декември, посочи Ристески. Годинава, 10 откупни фирми ќе го преземаат родот. Имаат лиценци и финансиски гаранции. Има најава за зголемување на бројот на откупните ваги. На тутунарите им претстојат средби во Министерството за земјоделство најавени за понеделник, како и со откупувачите на 4 ноември. Бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските. Дискутираме со откупувачите. И ние не сме задоволни од моменталната цена што е на ланското ниво, односно 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство Цветан Трипуноски. Мислиме дека ќе наидеме на добра соработка, а на 4 ноември ќе имаме и средба со откупувачите. Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да го задржиме производството, да ги задржиме младите да го работат тутунот, зашто според статистиките, просечната старост на тутунопроизводителите е преку 50 години, нагласи Ристески. На теренот во земјава ќе има 320 откупни ваги.

The post На прагот на откуп на тутунот, побарувачката поголема од понудената производствена реколта appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-se-ushte-ne-e-utvrdena-proizvodnata-tsena-za-orizot-za-2025-godina-ke-se-predvidat-sredstva-za-otkup-za-stokovite-rezervi/ Sun, 29 Sep 2024 10:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=820715

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.

Производна цена од оваа реколта не сме утврдиле. Со заклучок на Влада е задолжена Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и да се превидат средства за 2025 година, каде што оризот, согласно Законот за стокови резерви, ќе се откупува за чување за потребите на државата. Првичните информации се дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, согласно на тоа и квалитетот ќе биде добар, односно рандманот ќе биде висок во однос на претходните години - истакна Трипуновски.

Во врска со поплаките од земјоделците дека поради увоз на бел ориз на залиха имаат околу пет илјади тона оризова арпа од минатогодишното производство, министерот нагласи дека не се работи за големи количини што можат да влијаат за намалување на откупните цени.

Согласно информациите што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат нема сериозна количина увезен ориз, онаа количина што е во минимални рамки ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста што треба да бидат запазени. Наша цел е кај оризот, но и кај сите останати култури, да работиме да го заштитиме домашното производство. Преостанатите залихи од минатата година се многу помали, во разговор со компаниите тие почнуваат да го откупуваат, а ние работиме земјоделците да имаат откупена количина ориз по рентабилна цена што ќе значи стимул за да се произведува во наредниот период - додаде министерот Трипуновски.

Во претстојниот период Министерството за земјоделство ќе следи како се одвива откупот на оризот и дали компаниите ги почитуваат сите законски норми, за да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците.

Министерот Трипуновски нагласи дека со измена на Програмата за водостопанство се обезбедени финансиски средства за набавка на резервни делови за механизацијата што во текот на зимскиот период ќе работи на подготовка на каналската мрежа за наводнување во новата производна сезона. Во АД Водостопанство се подготвуваат одредени структурни реформи за да се зголеми неговата функционалност, затоа што имало партизирање со превработувања, не се инвестирало во системите за наводнување, а фокус бил ставан на непродуктивни трошоци

The post Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви appeared first on Република.

]]>

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.
Производна цена од оваа реколта не сме утврдиле. Со заклучок на Влада е задолжена Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и да се превидат средства за 2025 година, каде што оризот, согласно Законот за стокови резерви, ќе се откупува за чување за потребите на државата. Првичните информации се дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, согласно на тоа и квалитетот ќе биде добар, односно рандманот ќе биде висок во однос на претходните години - истакна Трипуновски.
Во врска со поплаките од земјоделците дека поради увоз на бел ориз на залиха имаат околу пет илјади тона оризова арпа од минатогодишното производство, министерот нагласи дека не се работи за големи количини што можат да влијаат за намалување на откупните цени.
Согласно информациите што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат нема сериозна количина увезен ориз, онаа количина што е во минимални рамки ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста што треба да бидат запазени. Наша цел е кај оризот, но и кај сите останати култури, да работиме да го заштитиме домашното производство. Преостанатите залихи од минатата година се многу помали, во разговор со компаниите тие почнуваат да го откупуваат, а ние работиме земјоделците да имаат откупена количина ориз по рентабилна цена што ќе значи стимул за да се произведува во наредниот период - додаде министерот Трипуновски.
Во претстојниот период Министерството за земјоделство ќе следи како се одвива откупот на оризот и дали компаниите ги почитуваат сите законски норми, за да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците. Министерот Трипуновски нагласи дека со измена на Програмата за водостопанство се обезбедени финансиски средства за набавка на резервни делови за механизацијата што во текот на зимскиот период ќе работи на подготовка на каналската мрежа за наводнување во новата производна сезона. Во АД Водостопанство се подготвуваат одредени структурни реформи за да се зголеми неговата функционалност, затоа што имало партизирање со превработувања, не се инвестирало во системите за наводнување, а фокус бил ставан на непродуктивни трошоци

The post Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви appeared first on Република.

]]>
ДИЗ: Инспекторите од секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/diz-inspektorite-od-sekojdnevno-se-na-teren-i-ja-nadgleduvaat-sostojbata-i-tekot-na-otkupot-na-piperka/ Sat, 21 Sep 2024 19:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=818586

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка.

На средбата, како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот.

- Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, се вели во соопштението од Државниот инспелторат за земјоделство.

The post ДИЗ: Инспекторите од секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперка appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка. На средбата, како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот.
- Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, се вели во соопштението од Државниот инспелторат за земјоделство.

The post ДИЗ: Инспекторите од секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперка appeared first on Република.

]]>
Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/smederevka-18-3-denari-vranets-20-8-denari-objavena-proizvodnata-tsena-na-kilogram-vinsko-grozje/ Tue, 06 Aug 2024 12:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=803899

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение информира дека Земјоделскиот институт – Скопје завршил со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино.

Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари.

The post Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение информира дека Земјоделскиот институт – Скопје завршил со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино. Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари.

The post Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Ќе се вреднува трудот на лозарите, министерство ќе биде коректив https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-ke-se-vrednuva-trudot-na-lozarite-ministerstvo-ke-bide-korektiv/ Tue, 06 Aug 2024 11:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=803879

Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино.

На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив.

Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката, стои во соопштението.

The post Трипуновски: Ќе се вреднува трудот на лозарите, министерство ќе биде коректив appeared first on Република.

]]>

Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино. На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив. Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката, стои во соопштението.

The post Трипуновски: Ќе се вреднува трудот на лозарите, министерство ќе биде коректив appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: СДСМ остави сериозни проблеми во земјоделството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-sdsm-ostavi-seriozni-problemi-vo-zemjodelstvoto/ Tue, 28 May 2024 15:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=782482

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денес одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денес одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат каде што по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите и информираше дека е постигнат договор за минимална откупна цена на црвениот и розевиот домат.

– Она за што разговаравме денес е да ја воочиме реалната ситуација со откупот на доматот од реколта 2024 година, каде што имаме зголемено производство во одреден сегмент, но се договоривме со откупувачите дека во наредните денови откупната цена на црвениот домат нема да падне под 30 денари за килограм, додека откупната цена на розевиот домат нема да падне под 35 денари за килограм. – изјави Трипуновски.

Тој дополнително информираше и дека во текот на вчерашниот ден одржал работен состанок и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

– Во текот на вчерашниот ден разговарав со директорот на Државниот земјоделски инспекторат и во име на сите граѓани на Република Македонија дадов налог да се проверува се што влегува во Република Македонија како храна, овошје и зеленчук, се со цел да ги превенираме сите они ситуации кои ги имавме изминативе години, а тоа е влез на неквалитетна и небезбедна храна. Таа обврска веќе од денес стартува на сите гранични премини во Република Македонија. – дополни Трипуновски.

The post Трипуновски: СДСМ остави сериозни проблеми во земјоделството appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денес одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат. Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денес одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат каде што по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите и информираше дека е постигнат договор за минимална откупна цена на црвениот и розевиот домат. – Она за што разговаравме денес е да ја воочиме реалната ситуација со откупот на доматот од реколта 2024 година, каде што имаме зголемено производство во одреден сегмент, но се договоривме со откупувачите дека во наредните денови откупната цена на црвениот домат нема да падне под 30 денари за килограм, додека откупната цена на розевиот домат нема да падне под 35 денари за килограм. – изјави Трипуновски. Тој дополнително информираше и дека во текот на вчерашниот ден одржал работен состанок и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. – Во текот на вчерашниот ден разговарав со директорот на Државниот земјоделски инспекторат и во име на сите граѓани на Република Македонија дадов налог да се проверува се што влегува во Република Македонија како храна, овошје и зеленчук, се со цел да ги превенираме сите они ситуации кои ги имавме изминативе години, а тоа е влез на неквалитетна и небезбедна храна. Таа обврска веќе од денес стартува на сите гранични премини во Република Македонија. – дополни Трипуновски.

The post Трипуновски: СДСМ остави сериозни проблеми во земјоделството appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Со земјоделците и откупувачите договоривме откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-so-zemjodeltsite-i-otkupuvachite-dogovorivme-otkupnata-tsena-na-mladiot-kompir-da-ne-bide-pod-20-denari/ Wed, 22 May 2024 13:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=780873

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во општина Босилово каде што земјоделците од овој регион веќе неколку дена протестираат заради падот на откупната цена на младиот компир.

– Заедно со мене на протестот присуствуваа и неколку откупувачи и заедно со земјоделците разговаравме за можно решение и се договоривме во наредните 10 дена откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм, а потоа се договоривме да оствариме уште една средба се со цел да го средиме и останатиот дел од пазарот. – изјави Трипуновски.

Трипуновски успеа да ги собере откупувачите и земјоделците на едно место и заеднички да се договорат за условите и можностите за понатамошниот тек на откупот на млад компир.

– Денес постигнавме договор кој не е идеален, но е преодно решение во овие тешки моменти кои ги наследивме од Владата на СДС. Во иднина ние како Влада предвреме заедно со земјоделците и откупувачите ќе креираме мерки и стратегии за да немаме повеќе вакви несакани ситуации. – заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Со земјоделците и откупувачите договоривме откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во општина Босилово каде што земјоделците од овој регион веќе неколку дена протестираат заради падот на откупната цена на младиот компир. – Заедно со мене на протестот присуствуваа и неколку откупувачи и заедно со земјоделците разговаравме за можно решение и се договоривме во наредните 10 дена откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм, а потоа се договоривме да оствариме уште една средба се со цел да го средиме и останатиот дел од пазарот. – изјави Трипуновски.
Трипуновски успеа да ги собере откупувачите и земјоделците на едно место и заеднички да се договорат за условите и можностите за понатамошниот тек на откупот на млад компир. – Денес постигнавме договор кој не е идеален, но е преодно решение во овие тешки моменти кои ги наследивме од Владата на СДС. Во иднина ние како Влада предвреме заедно со земјоделците и откупувачите ќе креираме мерки и стратегии за да немаме повеќе вакви несакани ситуации. – заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Со земјоделците и откупувачите договоривме откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Заврши откупот на тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-zavrshi-otkupot-na-tutun/ Fri, 01 Mar 2024 14:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=750103

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска оствари средба со земјоделците производители на тутун во Кривогаштани. На средбата беше заклучено дека е постигнат заеднички успех, откупено е целото производство од реколтата 2023 и тоа по рекордно висока цена од 365 денари по килограм.

„Сакам да ви се заблагодарам на вас тутунарите, кои со својата обединетост, заедно со нашата упорност како министерство, се изборивме да имаме рекорна откупна цена од 365 денари по килограм за целокупната количина предаден тутун. Ова е резултат на нашта успешна соработка, која ќе продолжи и во наредните години. Годинешниот откуп го завршуваме со откупени 14.763 тони тутун. Ова потврдува дека уште при креирањето на мерките, заедно со вас тутунарите, до најмала децимала го знаевме производството и успешно креиравме мерки за развој на тутунопроизводството. Уште во ноември минатата година, навремено ги започнавме разговорите со сите откупувачи на тутун потенцирајќи дека од нив очекуваме фер откупна цена, која ја почитува вашата мака“ рече министерот Николовски на средбата со производителите на тутун.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно ја следеше состојбата со производството и врз основа на тоа беше проектирана и можната количина на произведен тутун. Заедно со тутунарите во декември минатата година беше договорено зголемување за 20 денари на субвенциите, по класи предаден тутун. Мерка која навремено беше вградена во програмата за директни плаќања за 2024 година. Уште тогаш на тутунарите им беше соопштено дека на располагање повторно и оваа година го имаат истиот буџет од 26 милиони евра, како поддршка од држвата.

За целиот период, остварени беа бројни средби и со производителите и со откупувачите на тутун. Целта на Министерството за фер цена која реално ќе го вреднува производството на тутун резултираше со наша упорност откупните компании да бидат коректни при откупот. При тоа и тутунарите беа обединети во своите напори и затоа нашата заедничка посветеност вроди со успех и приоднесе оваа година да имаме две зголемувања на цената. Најпрвин кон крајот на 2023 година, кога Тутунскиот Комбинат ја зголеми цената за 10% и потоа во февруари оваа година уште едно зголемување на откупната цена. Денес имаме рекордна, до сега највисока откупна цена на тутун од 365 денари по килограм тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот добива и 100 денари по килогам предаден тутун за прва класа или вкупно 465 денари за прва класа тутун.

Ние сме министерство кое искрено води грижа за секој земјоделец. Покрај фер откупна цена, за нас најважно е да обезбедиме и сигурен развој на тутунопроизводството. Во таа насока, за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин се стекнуваат со право за користење на оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да креира мерки и политики за поддршка на сите земјоделци и за развој на домашното производство.

The post МЗШВ: Заврши откупот на тутун appeared first on Република.

Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupot-na-tutunot-e-pri-kraj-prosechnata-tsena-e-353-6-denari/ Tue, 20 Feb 2024 12:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=746123

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм.

При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите на кои им беше откупен родот пред зголемувањето на цената, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Сѐ уште никој не може да каже уште колкави количества треба да се дооткупат. Официјално, откупот трае до крајот на февруари. Се проценува дека реколтата е до околу 15 000 тони.

The post Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари appeared first on Република.

]]>

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм. При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите на кои им беше откупен родот пред зголемувањето на цената, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат. Сѐ уште никој не може да каже уште колкави количества треба да се дооткупат. Официјално, откупот трае до крајот на февруари. Се проценува дека реколтата е до околу 15 000 тони.

The post Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Бидејќи власта бега од тутунарите, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за зголемување на откупната цена на тутунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-bidejki-vlasta-bega-od-tutunarite-vmro-dpmne-predlaga-set-merki-za-zgolemuvane-na-otkupnata-tsena-na-tutunot/ Sat, 23 Dec 2023 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=725947

Денеска, на мое барање, сум на средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион, поканети се здруженија од областа на тутунопроизводството, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Гледаме дека власта едноставно не е заинтересирана за решавање на проблемот со откупот на тутунот и овде правиме еден пресек на актуелната состојба во која што се наоѓа моменталниот откуп каде што можеме да констатираме дека откупот е на многу минимално ниво, меѓутоа воопшто не се задоволни од откупната цена која што е во моментов на сила. Она што денес го предложив на состаноков, а воедно упатувам и апел до Владата на Република Македонија и до МЗШВ и Николовски, е една формула како да се поткрене цената за да биде општо задоволство и на компаниите и на земјоделците пред се, но и за државата да ја задржи оваа категорија на земјоделци која што е многу битна за целиот земјоделски сектор - истакна тој.

Трипуновски порачува: Државата преку министерството и надлежните институции од областа под итно да направат производна цена за 2023 година, на таа цена треба да се стави 30% зголемување за да имаат профит тутунопроизводителите.

Ова државата може да го направи и да ја наметне таа цена преку Тутунскиот комбинат Прилеп каде што таа цена ќе биде зголемена за 30% за коперантите коишто се на Тутунскиот комбинат Прилеп, овој тренд ќе го следат и останатите компании. Дополнително и државата треба да помогне со дополнителен финанскски допринос, односно ако субвенцијата за првата категорија од 80 денари да се зголеми на 110 денари преку интервентниот фонд. После поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна Влада коа што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија. Доколку владата овие денови не се одважи, не го прифати нашиот предлог, доколку ВМРО-ДПМНЕ земе учество во техничката влада каде што на опозицијата и следува технички министер за земјоделство односно заменик министер за земјоделство ќе се предложи до владата на владина седница официјални информации односно предлог измена на ова што го нудиме денеска, за да стане актуелно односно да биде во сила и да можат компаниите да го спроведат - вели тој.

Доколку и тогаш власта не се одзва да го прифати овој предлог кој што го нудиме дали сега дали тогаш во техничката влада единствено што ни останува дека по поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна влада кој што сериозно ќе работи на враќање на достоинството не само на тутунарите во Македонија практично на сите земјоделци и земјоделски производители во нашата држава затоа што Македонија од некогаш способна да произведе за домашни потреби и да извезе храна гледаме дека денес сме речиси комплетно увозно зависни на било кој земјоделски производ и милионски суми евра се одлеваат надвор од државата, посочи Трипуновски.

The post Трипуновски: Бидејќи власта бега од тутунарите, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за зголемување на откупната цена на тутунот appeared first on Република.

Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunarite-ne-go-nosat-rodot-za-otkup-dodeka-ne-se-zgolemat-otkupnite-tseni/ Fri, 15 Dec 2023 11:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=723281

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.

Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација не им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите - изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.

Вака се доведува во прашање производството на оваа битна индустриска гранка. До година може и уште повеќе да се намали производството, иако во последно време останаа да произведуваат само повозрасните тутунопроизводители. Сѐ уште очекуваме откупувачите да илезат во пресрет за зголемување на цените - вели Стомнароски.

Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.

Неодамна на трибина за состојбите во тутунопроизводството што се одржа во Прилеп, националната земјоделска мрежа побара 600 денари за килограм откупен тутун за производителите ги покријат трошоците и да имаат рентабилност во производството.

The post Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени appeared first on Република.

]]>

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.
Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација не им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите - изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.
Вака се доведува во прашање производството на оваа битна индустриска гранка. До година може и уште повеќе да се намали производството, иако во последно време останаа да произведуваат само повозрасните тутунопроизводители. Сѐ уште очекуваме откупувачите да илезат во пресрет за зголемување на цените - вели Стомнароски.
Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа. Неодамна на трибина за состојбите во тутунопроизводството што се одржа во Прилеп, националната земјоделска мрежа побара 600 денари за килограм откупен тутун за производителите ги покријат трошоците и да имаат рентабилност во производството.

The post Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени appeared first on Република.

]]>
Бесими за ФЗО: Немам информации дали бил платен откупот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besimi-za-fzo-nemam-informatsii-dali-bil-platen-otkupot/ Tue, 21 Feb 2023 07:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=611314

Системот (на ФЗО) беше нападнат, од кои причини мотиви дополнително ќе биде објаснето. Последното решение е што фондот изнајде начин како да ги исплати платите, при што гледавме и опции директно од трезорот да се платат на вработените. Тоа беше систем на премостување, изјави Mинистерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа.

Во период на хибдридни војни, ни работиме на безбедноста на системот на трезорот. Сите треба да сме внимателни во изјавите. Немам информација за откупот, а службите ќе кажат дали тоа се класифицирани информации. Ако јас имам сертификат за државна тајна, доколку има такво нешто, јас имам пристап, но немам добиено такви информации“, рече Бесими.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sistemot-na-fzo-e-kidnapiran-hakerite-baraat-otkup-vo-bitkoini/

The post Бесими за ФЗО: Немам информации дали бил платен откупот appeared first on Република.

Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochna-otkupot-na-tutunot-proizvoditelite-zadovolni-od-procenkata/ Wed, 16 Nov 2022 12:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=574488

Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Четири откупни компании од 10-те регистрирани во земјава ги отворија пунктовите.

Годинашната реколта е договорена на над 25 000 тони, но се очекува да биде помала, иако е поголема од ланската и е поквалитетна.

Тутунарите се на вагите и велат дека проценката е реална, но цените не ги покриваат трошоците и покрај тоа што се за 20 отсто зголемени.

Денеска предадов 230 килограми тутун, од сите берби. Задоволен сум од проценката, но не сум задоволен од откупната цена по класи. Според трошоците, вложениот труд и знаењето, просекот не треба да биде под 400 денари за килограм. Намалени се количествата тутун годинава. Главно, тоа е поради цената, за младите не е исплатливо да го работат, аргати се пензионери и доколку не се подобри цената, ќе продолжи трендот на намалување на производството, изјави Звонко Ристески, производител од Прилеп.

Сејбие Салиоска, тутунопроизводител од Прилеп, има четири декари тутун со род од околу 800 килограми.

За проценка донесовме 40 картони со тутун. Добро е, нема проблем, добро поминува прва и втора класа, рече Салиоска која ги предава количините во градскиот откупен пункт во прилепскиот Тутунски комбинат.

И Миле Спиркоски, производител од Прилеп, нема забелешка на проценката.

Имам насадено 2,5 декари, еве првиот тутун на проценката добро помина, во втора класа, истакна Спиркоски.

Директорот на прилепскиот Тутунски комбинат, Кире Станкоски нагласува дека Комбинатот е подготвен да ги преземе сите договорени количини тутун и веднаш да ги плати. Отворени се 20 пунктови во градот и населените места.

Тутунскиот комбинат е целосно подготвен за почетокот на откупот. Почнуваме на сите пунктови во градот и во населените места. Вкупно се отворени 20 откупни пунктови со 28 ваги. Имаме околу 4 000 кооперанти. Очекувам добра реколта. Исплатата ќе биде како и изминатите години, веднаш по преземените количества. Бевме предводници на зголемувањето на цените по класи, оваа година го извлековме максимумот, се надевам за догодина ќе се стабилизира економската ситуација, а со тоа и цените на тутунот, изјави Станкоски.

The post Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката appeared first on Република.

]]>

Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Четири откупни компании од 10-те регистрирани во земјава ги отворија пунктовите. Годинашната реколта е договорена на над 25 000 тони, но се очекува да биде помала, иако е поголема од ланската и е поквалитетна. Тутунарите се на вагите и велат дека проценката е реална, но цените не ги покриваат трошоците и покрај тоа што се за 20 отсто зголемени. Денеска предадов 230 килограми тутун, од сите берби. Задоволен сум од проценката, но не сум задоволен од откупната цена по класи. Според трошоците, вложениот труд и знаењето, просекот не треба да биде под 400 денари за килограм. Намалени се количествата тутун годинава. Главно, тоа е поради цената, за младите не е исплатливо да го работат, аргати се пензионери и доколку не се подобри цената, ќе продолжи трендот на намалување на производството, изјави Звонко Ристески, производител од Прилеп. Сејбие Салиоска, тутунопроизводител од Прилеп, има четири декари тутун со род од околу 800 килограми. За проценка донесовме 40 картони со тутун. Добро е, нема проблем, добро поминува прва и втора класа, рече Салиоска која ги предава количините во градскиот откупен пункт во прилепскиот Тутунски комбинат. И Миле Спиркоски, производител од Прилеп, нема забелешка на проценката. Имам насадено 2,5 декари, еве првиот тутун на проценката добро помина, во втора класа, истакна Спиркоски. Директорот на прилепскиот Тутунски комбинат, Кире Станкоски нагласува дека Комбинатот е подготвен да ги преземе сите договорени количини тутун и веднаш да ги плати. Отворени се 20 пунктови во градот и населените места. Тутунскиот комбинат е целосно подготвен за почетокот на откупот. Почнуваме на сите пунктови во градот и во населените места. Вкупно се отворени 20 откупни пунктови со 28 ваги. Имаме околу 4 000 кооперанти. Очекувам добра реколта. Исплатата ќе биде како и изминатите години, веднаш по преземените количества. Бевме предводници на зголемувањето на цените по класи, оваа година го извлековме максимумот, се надевам за догодина ќе се стабилизира економската ситуација, а со тоа и цените на тутунот, изјави Станкоски.

The post Почна откупот на тутунот, производителите задоволни од проценката appeared first on Република.

]]>
Земјоделците од охридскиот регион изиграни со откупот на цреши – ништо од најавените 90 денари, цената падна на 50 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodelcite-od-ohridskiot-region-izigrani-so-otkupot-na-creshi-nishto-od-najavenite-90-denari-cenata-padna-na-50-denari/ Thu, 30 Jun 2022 14:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=521671

Не престануваат игрите на владејачката партија и нивните лаги. Овој пат земјоделците од охридскиот регион се изиграни со откупот на цреши и оставени се на цедило.

Според големите огласи на локалните радио станици каде се најавуваше купување за цена од 90 денари која патем остана само 2 дена и веднаш се намали на 70 денари, за денеска на 30.06 истата е намелена на 60 денари за што е потребна дополнителна големина од 26 и нагоре. Но тука не застанува агонијата на земјоделците. Имено, дадена е најава за намалување на цената на дури 50 денари.

Намалувањето се врши на начин што најавува откуп на живина по кој сточарите се уценувани со ниски цени кои мора да ги прифатат за да не им го задржат родот.

Се поставува прашањето каде се инспекциските служби за земјоделство и нивниот директор Зоран Сапурик да ги контролираат овие работи на терен под претпоставка дека цената од 90 денари е иста со ланската од 70 денари поради енормното зголемување на цените на препаратите и маслото за 100 до 200 отсто. Се поставува и прашањето дали воопшто овие институции се грижат за луѓето односно земјоделците за кои се поставени на функција. До сега од нив нема ниту трага ниту глас.

Факт е дека цената на работната рака е зголемена за 80-100 проценти. Дали власта им загризува вистински залак на земјоделците или само ги залажува?

The post Земјоделците од охридскиот регион изиграни со откупот на цреши – ништо од најавените 90 денари, цената падна на 50 денари appeared first on Република.

]]>

Не престануваат игрите на владејачката партија и нивните лаги. Овој пат земјоделците од охридскиот регион се изиграни со откупот на цреши и оставени се на цедило. Според големите огласи на локалните радио станици каде се најавуваше купување за цена од 90 денари која патем остана само 2 дена и веднаш се намали на 70 денари, за денеска на 30.06 истата е намелена на 60 денари за што е потребна дополнителна големина од 26 и нагоре. Но тука не застанува агонијата на земјоделците. Имено, дадена е најава за намалување на цената на дури 50 денари. Намалувањето се врши на начин што најавува откуп на живина по кој сточарите се уценувани со ниски цени кои мора да ги прифатат за да не им го задржат родот. Се поставува прашањето каде се инспекциските служби за земјоделство и нивниот директор Зоран Сапурик да ги контролираат овие работи на терен под претпоставка дека цената од 90 денари е иста со ланската од 70 денари поради енормното зголемување на цените на препаратите и маслото за 100 до 200 отсто. Се поставува и прашањето дали воопшто овие институции се грижат за луѓето односно земјоделците за кои се поставени на функција. До сега од нив нема ниту трага ниту глас. Факт е дека цената на работната рака е зголемена за 80-100 проценти. Дали власта им загризува вистински залак на земјоделците или само ги залажува?

The post Земјоделците од охридскиот регион изиграни со откупот на цреши – ништо од најавените 90 денари, цената падна на 50 денари appeared first on Република.

]]>
Николоски: Го поддржуваме протестот на земјоделците, цените на раноградинарските производи се двојно пониски, а репроматеријалите 3 пати повисоки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-go-poddrzuvame-protestot-na-zemjodelcite-cenite-na-ranogradinarskite-proizvodi-se-dvojno-poniski-a-repromaterijalite-3-pati-povisoki/ Fri, 15 Apr 2022 09:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=488845

Состојбите во земјоделието се алармантни и катастрофални. Денеска во средби со земјоделци во целата струмичка околија во општините Струмица, Ново Село, Босилево, Василево, разговараме со земјоделците и навистина ни кажуваат за алармантните состојби со кои се соочува македонското земјоделие, изјави денеска, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Репроматеријалите се отидени некаде од 200 до 500 проценти нагоре, ѓубривото е поскапено за некаде 3 пати. Една вреќа ѓубриво која што до минатата година била 500 или 600 денари, сега е од 1.500 до 1.700 денари. Исто така поскапена е и нафтата, а на тој начин и обработката на земјиштето - рече Николоски.

Од друга страна откупните цени на земјоделските производи се исклучително ниски. Така пролетната зелка која најмногу се сади во овој крај, се откупува за некаде 15 до 20 денари за килограм, што е исклучително ниска цена имајќи предвид дека минатата година се откупувала за 30 до 35 денари.

Во исто време минатата година ѓубривото беше 500 до 600 денари, а оваа година 1.500 до 1.700 денари. Минатата година нафтата беше 30 до 40 проценти поевтина, она што е сега и се уште земјоделците стравуваат дали за 15 до 20 денари ќе најдат пласман.

И затоа денеска се случува голем протест на земјоделците од овој крај во кој што бараат владата и министерството за земјоделие да преземат итни мерки, а не да бегаат. Слушнав дека министерот за земјоделие избегал од средба со земјоделците. Тоа не е начин на решавање на проблемите. Бегањето од проблемите не е начин на решавање на проблемите, затоа што доколку сакаат да бегаат треба да избегаат од владата и да се согласат на предвремени парламентарни избори кои што ќе ја решат маката на земјоделците. Ние целосно го поддржуваме овој протест на земјоделците, сметаме дека заслужуваат пристојни цени и сметаме дека една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе знае да се справи со проблемите во земјоделието  - рече Николоски.

The post Николоски: Го поддржуваме протестот на земјоделците, цените на раноградинарските производи се двојно пониски, а репроматеријалите 3 пати повисоки appeared first on Република.

]]>

Состојбите во земјоделието се алармантни и катастрофални. Денеска во средби со земјоделци во целата струмичка околија во општините Струмица, Ново Село, Босилево, Василево, разговараме со земјоделците и навистина ни кажуваат за алармантните состојби со кои се соочува македонското земјоделие, изјави денеска, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.
Репроматеријалите се отидени некаде од 200 до 500 проценти нагоре, ѓубривото е поскапено за некаде 3 пати. Една вреќа ѓубриво која што до минатата година била 500 или 600 денари, сега е од 1.500 до 1.700 денари. Исто така поскапена е и нафтата, а на тој начин и обработката на земјиштето - рече Николоски.
Од друга страна откупните цени на земјоделските производи се исклучително ниски. Така пролетната зелка која најмногу се сади во овој крај, се откупува за некаде 15 до 20 денари за килограм, што е исклучително ниска цена имајќи предвид дека минатата година се откупувала за 30 до 35 денари. Во исто време минатата година ѓубривото беше 500 до 600 денари, а оваа година 1.500 до 1.700 денари. Минатата година нафтата беше 30 до 40 проценти поевтина, она што е сега и се уште земјоделците стравуваат дали за 15 до 20 денари ќе најдат пласман.
И затоа денеска се случува голем протест на земјоделците од овој крај во кој што бараат владата и министерството за земјоделие да преземат итни мерки, а не да бегаат. Слушнав дека министерот за земјоделие избегал од средба со земјоделците. Тоа не е начин на решавање на проблемите. Бегањето од проблемите не е начин на решавање на проблемите, затоа што доколку сакаат да бегаат треба да избегаат од владата и да се согласат на предвремени парламентарни избори кои што ќе ја решат маката на земјоделците. Ние целосно го поддржуваме овој протест на земјоделците, сметаме дека заслужуваат пристојни цени и сметаме дека една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе знае да се справи со проблемите во земјоделието  - рече Николоски.

The post Николоски: Го поддржуваме протестот на земјоделците, цените на раноградинарските производи се двојно пониски, а репроматеријалите 3 пати повисоки appeared first on Република.

]]>
Заврши откупот на јагне во кичевско https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshi-otkupot-na-jagne-vo-kichevsko/ Wed, 13 Apr 2022 12:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=487913

Нешто подоцна од вообичаеното заврши откупот на годинешното јагне во кичевско. Најголемите количества јагне од овој регион беа пласирани на италијанскиот и нешто помалку на хрватскиот пазар. Бидејќи католичкиот Велигден беше нешто подоцна, тежината на годинешното јагне беше поголема, што влијаеше и врз откупната цена која е помала, а откупени се околу 12000 јагниња.

Претседателот на Здружението на сточари во општина Кичево, Ајрадин Бајрами потсети дека јагнето со помала тежина до 25 килограми било повеќе барано и пласирано на италијанскиот пазар, додека јагнето од 26 до 30 килограми претежно било пласирано на хрватскиот пазар.

Откупот на годинешното јагне во нашиот регион заврши нешто подоцна, поради периодот на католички Велигден.Токму тоа беше причината повеќето јагниња да имаат поголема тежина од оптималната за да можат да бидат пласирани на италијанскиот пазар.Цената за еден килограм жива мера се движеше од 160 до 175 денари, која е слична на откупната цена од претходните години. Годинава од нашиот регион се откупени околу 12 000 јагниња - рече претседателот Бајрами.

Тој потенцира дека откупната цена со години не е зголемена, додека храната за овците само годинава е зголемена за повеќе од двојно.

Сточарите во нашиот регион не се задоволни од откупната цена, бидејќи цената на основниот продукт, крмата, ланска година за еден килограм изнесуваше 10 денари, а истата годинава се продава по цена од 20-25 денари. Затоа реалната откупна цена на кичевското јагне, кое е од прва класа, не треба да биде пониска од 250 денари. Дестимулативната откупна цена и задоцнетата исплата на субвенциите кои се уште не ги добиле сточарите придонесуваат од година во година бројот на овци во нашиот регион да биде се помал и помал - изјави Бајрами.

The post Заврши откупот на јагне во кичевско appeared first on Република.

]]>

Нешто подоцна од вообичаеното заврши откупот на годинешното јагне во кичевско. Најголемите количества јагне од овој регион беа пласирани на италијанскиот и нешто помалку на хрватскиот пазар. Бидејќи католичкиот Велигден беше нешто подоцна, тежината на годинешното јагне беше поголема, што влијаеше и врз откупната цена која е помала, а откупени се околу 12000 јагниња. Претседателот на Здружението на сточари во општина Кичево, Ајрадин Бајрами потсети дека јагнето со помала тежина до 25 килограми било повеќе барано и пласирано на италијанскиот пазар, додека јагнето од 26 до 30 килограми претежно било пласирано на хрватскиот пазар.
Откупот на годинешното јагне во нашиот регион заврши нешто подоцна, поради периодот на католички Велигден.Токму тоа беше причината повеќето јагниња да имаат поголема тежина од оптималната за да можат да бидат пласирани на италијанскиот пазар.Цената за еден килограм жива мера се движеше од 160 до 175 денари, која е слична на откупната цена од претходните години. Годинава од нашиот регион се откупени околу 12 000 јагниња - рече претседателот Бајрами.
Тој потенцира дека откупната цена со години не е зголемена, додека храната за овците само годинава е зголемена за повеќе од двојно.
Сточарите во нашиот регион не се задоволни од откупната цена, бидејќи цената на основниот продукт, крмата, ланска година за еден килограм изнесуваше 10 денари, а истата годинава се продава по цена од 20-25 денари. Затоа реалната откупна цена на кичевското јагне, кое е од прва класа, не треба да биде пониска од 250 денари. Дестимулативната откупна цена и задоцнетата исплата на субвенциите кои се уште не ги добиле сточарите придонесуваат од година во година бројот на овци во нашиот регион да биде се помал и помал - изјави Бајрами.

The post Заврши откупот на јагне во кичевско appeared first on Република.

]]>
Винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови, бара здружението „Тиквешки лозароовоштари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vinariite-da-kazat-kolku-grozje-kje-otkupat-godinava-i-pod-koi-uslovi-bara-zdruzenieto-tikveshki-lozaroovoshtari/ Mon, 07 Feb 2022 13:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=455136

Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, по идниот понеделник, ќе излеземе на протест - соопшти претседателот на здружението, Дане Јошев.

Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање.

Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.

Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите - најави Јошев на прес-конференцијата во Кавадарци.

The post Винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови, бара здружението „Тиквешки лозароовоштари“ appeared first on Република.

]]>

Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, по идниот понеделник, ќе излеземе на протест - соопшти претседателот на здружението, Дане Јошев.
Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање. Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.
Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите - најави Јошев на прес-конференцијата во Кавадарци.

The post Винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови, бара здружението „Тиквешки лозароовоштари“ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Откупните цени на тутунот се ниски и откупот е слаб, затоа што СДСМ дозволи увоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-otkupnite-ceni-na-tutunot-se-niski-i-otkupot-e-slab-zatoa-shto-sdsm-dozvoli-uvoz/ Sat, 08 Jan 2022 13:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=441938

Секоја година имаме се помалку договори за откуп на тутун. Тоа е резултат на увозот на тутун кој го дозволи СДСМ, што ја урна цената на домашниот, но и го намали откупот во целост. Дека постои увоз на тутун говори и поранешниот министер Трајан Димковски, сегашен заменик, кој во свои настапи и пишувања признава дека се увезува тутун. И сето тоа додека домашниот се уште не откупен - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Георгиевски.

Доколку минатата година беше договарен откуп за целото производство, тогаш од каде се појавија 1.5 милиони килограми неоткупен тутун? Од каде вишок ако се било договорено?

СДСМ наместо да лаже и манипулира со граѓаните нека каже колку тутунари останаа без договори оваа година, поради што повикале второстепена комисија?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Кризата во земјоделието што СДСМ ја создаде е целосно вештачка создадена од нивната неспособност, додаваат оттаму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Откупните цени на тутунот се ниски и откупот е слаб, затоа што СДСМ дозволи увоз appeared first on Република.

]]>

Секоја година имаме се помалку договори за откуп на тутун. Тоа е резултат на увозот на тутун кој го дозволи СДСМ, што ја урна цената на домашниот, но и го намали откупот во целост. Дека постои увоз на тутун говори и поранешниот министер Трајан Димковски, сегашен заменик, кој во свои настапи и пишувања признава дека се увезува тутун. И сето тоа додека домашниот се уште не откупен - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Георгиевски. Доколку минатата година беше договарен откуп за целото производство, тогаш од каде се појавија 1.5 милиони килограми неоткупен тутун? Од каде вишок ако се било договорено? СДСМ наместо да лаже и манипулира со граѓаните нека каже колку тутунари останаа без договори оваа година, поради што повикале второстепена комисија?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Кризата во земјоделието што СДСМ ја создаде е целосно вештачка создадена од нивната неспособност, додаваат оттаму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Откупните цени на тутунот се ниски и откупот е слаб, затоа што СДСМ дозволи увоз appeared first on Република.

]]>