откажани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazani/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 13:59:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откажани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazani/ 32 32 Штрајкот на вработените во обезбедувањето откажа и одложи околу 1.100 летови во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkot-na-vrabotenite-vo-obezbeduvaneto-otkazha-i-odlozhi-okolu-1-100-letovi-vo-germanija/ Thu, 01 Feb 2024 13:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=739433

Работниците од обезбедувањето на повеќето поголеми аеродроми во Германија денеска штрајкуваат поради спорот околу платите, што доведе до масовно откажување на летовите. Синдикатот вер.ди, кој најави штрајк во вторник, ги повика работниците на штрајк на 11 аеродроми, во Франкфурт, Берлин, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт, Лајпциг, Хановер, Дрезден, Бремен и Ерфурт.

Аеродромите во Баварија, вклучувајќи го и Минхен, вториот најфреквентен во земјата, не беа погодени. Сите поаѓања за тој ден од Берлин, Хамбург и Штутгарт беа откажани пред почетокот на штрајкот. Откажани се и околу четири петтини од летовите во Келн и една третина во Дизелдорф.

Во Франкфурт, операторот на најпрометниот аеродром во Германија рече дека безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе останат затворени. На патниците кои планираат да одат таму им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот. Сепак, некои летови сè уште беа овозможени, па Луфтханза планираше да оперира поголем дел од планираниот распоред, вклучувајќи ги и интерконтиненталните летови.

Аеродромската групација АДВ проценува дека вкупно околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени, што ќе влијае на околу 200.000 патници, објави германската новинска агенција ДПА.

Три рунди работни преговори не доведоа до договор за платите на околу 25.000 работници од обезбедувањето. Вер.ди бара зголемување од 2,80 евра на час за сите вработени и повикува да се воведат бонуси за прекувремена работа од првиот дополнителен час. Здружението на работодавачи соопшти дека понудило покачување од 4% оваа година и 3% следната година, како и отстапки за тоа кога ќе почнат бонусите за прекувремена работа. Разговорите треба да продолжат на 6 февруари.

 

The post Штрајкот на вработените во обезбедувањето откажа и одложи околу 1.100 летови во Германија appeared first on Република.

]]>

Работниците од обезбедувањето на повеќето поголеми аеродроми во Германија денеска штрајкуваат поради спорот околу платите, што доведе до масовно откажување на летовите. Синдикатот вер.ди, кој најави штрајк во вторник, ги повика работниците на штрајк на 11 аеродроми, во Франкфурт, Берлин, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт, Лајпциг, Хановер, Дрезден, Бремен и Ерфурт. Аеродромите во Баварија, вклучувајќи го и Минхен, вториот најфреквентен во земјата, не беа погодени. Сите поаѓања за тој ден од Берлин, Хамбург и Штутгарт беа откажани пред почетокот на штрајкот. Откажани се и околу четири петтини од летовите во Келн и една третина во Дизелдорф. Во Франкфурт, операторот на најпрометниот аеродром во Германија рече дека безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе останат затворени. На патниците кои планираат да одат таму им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот. Сепак, некои летови сè уште беа овозможени, па Луфтханза планираше да оперира поголем дел од планираниот распоред, вклучувајќи ги и интерконтиненталните летови. Аеродромската групација АДВ проценува дека вкупно околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени, што ќе влијае на околу 200.000 патници, објави германската новинска агенција ДПА. Три рунди работни преговори не доведоа до договор за платите на околу 25.000 работници од обезбедувањето. Вер.ди бара зголемување од 2,80 евра на час за сите вработени и повикува да се воведат бонуси за прекувремена работа од првиот дополнителен час. Здружението на работодавачи соопшти дека понудило покачување од 4% оваа година и 3% следната година, како и отстапки за тоа кога ќе почнат бонусите за прекувремена работа. Разговорите треба да продолжат на 6 февруари.  

The post Штрајкот на вработените во обезбедувањето откажа и одложи околу 1.100 летови во Германија appeared first on Република.

]]>
Снежно невреме во Германија, стотици летови откажани, патници заглавени во возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snezhno-nevreme-vo-germanija-stotitsi-letovi-otkazhani-patnitsi-zaglaveni-vo-vozila/ Thu, 18 Jan 2024 09:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=734263

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и линии возила кои се протегаа со километри.

Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува неделникот „Билд“.

Во сојузната држава Тирингија, покрај снег, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата, а се известува дека состојбата може да се подобри во утринските часови.

Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“. Во соседна Франција, особено во северните предели, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.

 

The post Снежно невреме во Германија, стотици летови откажани, патници заглавени во возила appeared first on Република.

]]>

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и линии возила кои се протегаа со километри. Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува неделникот „Билд“. Во сојузната држава Тирингија, покрај снег, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата, а се известува дека состојбата може да се подобри во утринските часови. Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн преку планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“. Во соседна Франција, особено во северните предели, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.  

The post Снежно невреме во Германија, стотици летови откажани, патници заглавени во возила appeared first on Република.

]]>
Концертите на Роџер Вотерс во Германија и Полска се откажуваат поради неговите повици музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за Путин https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsertite-na-rodher-voters-vo-germanija-i-polska-se-otkazhuvaat-poradi-negovite-povitsi-muzicharite-da-ne-nastapuvaat-vo-izrael-i-poddrshkata-za-putin/ Wed, 01 Feb 2023 11:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=603340

Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, се соочува со зголемени повици да се откаже, наведувајќи го неговиот се поотворен антисемитизам, повиците до музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за рускиот претседател Владимир Путин.

Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead.

Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. Иако тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија. Тој се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт. Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт. Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната.

Не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерта на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина. Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленски, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

The post Концертите на Роџер Вотерс во Германија и Полска се откажуваат поради неговите повици музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за Путин appeared first on Република.

]]>

Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, се соочува со зголемени повици да се откаже, наведувајќи го неговиот се поотворен антисемитизам, повиците до музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за рускиот претседател Владимир Путин. Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead. Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. Иако тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија. Тој се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт. Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт. Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната. Не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерта на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина. Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленски, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

The post Концертите на Роџер Вотерс во Германија и Полска се откажуваат поради неговите повици музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за Путин appeared first on Република.

]]>
На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-skopskiot-aerodrom-otkazhani-dva-leta-poradi-maglata/ Wed, 04 Jan 2023 12:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=593535

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Очекуваат, како што велат, подобрување на временските услови после 12 часот напладне.

За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време,

За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”.

Авиосообраќајот од Меѓународниот аеродром во Скопје веќе неколку дена се одвива отежнато поради маглата во скопската котлина, а дел од летовите беа откажани, пренасочени или одложени.

Според пладневниот извештај на АМСМ, намалена видливост од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на делниците Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.

The post На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата appeared first on Република.

]]>

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Очекуваат, како што велат, подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”. Авиосообраќајот од Меѓународниот аеродром во Скопје веќе неколку дена се одвива отежнато поради маглата во скопската котлина, а дел од летовите беа откажани, пренасочени или одложени. Според пладневниот извештај на АМСМ, намалена видливост од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на делниците Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.

The post На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата appeared first on Република.

]]>
Денеска откажани над 200 летови https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/deneska-otkazani-nad-200-letovi/ Sun, 17 Jul 2022 17:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=530416

Повеќе од 200 летови се откажани денеска во Италија поради четиричасовниот штрајк на вработените на аеродромите и авиокомпаниите.

Имаше откажани летови во Италија, но и голем број откажувања кон Франкфурт, Париз, Лондон и Цирих.

Неколку италијански синдикати свикаа штрајк, што влијаеше на италијанскиот авиопревозник ЕНАВ, како и на авиокомпаниите Рајанер, Изи Џет и Волотеа.

Како што наведуваат италијанските медиуми, штрајкот е поради спор околу правата на вработените, условите за работа и минималните плати. (МИА)

 

The post Денеска откажани над 200 летови appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 200 летови се откажани денеска во Италија поради четиричасовниот штрајк на вработените на аеродромите и авиокомпаниите. Имаше откажани летови во Италија, но и голем број откажувања кон Франкфурт, Париз, Лондон и Цирих. Неколку италијански синдикати свикаа штрајк, што влијаеше на италијанскиот авиопревозник ЕНАВ, како и на авиокомпаниите Рајанер, Изи Џет и Волотеа. Како што наведуваат италијанските медиуми, штрајкот е поради спор околу правата на вработените, условите за работа и минималните плати. (МИА)  

The post Денеска откажани над 200 летови appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-1-400-letovi-otkazani-poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad/ Mon, 31 Jan 2022 09:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=451846

Повеќе од 1.400 летови во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба.

Според веб-страницата за следење летови FlightAware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1.450 во неделата попладне. Одложени се уште 1.774 летови поврзани со САД, покажуваат податоците.

Аеродромот „ЛаГвардија” и меѓународните аеродроми „Џон Ф. Кенеди” во Њујорк и „Логан” во Бостон беа меѓу најтешко погодените со одложувања и откажувања.

Во Масачусетс, околу 31.000 од 2,6 милиони корисници беа без електрична енергија претходно во текот на неделата, според веб-страницата PowerOutage.us.

Времето предизвика и три смртни случаи во Њујорк. Постара жена во саботата беше пронајдена на паркинг во хотел во Униондејл, Њујорк, со отворен прозорец од автомобилот, а властите пријавија и смрт на двајца мажи, на возраст од 53 и 75 години, кои паднале во саботата додека чистеле снег.

The post Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 1.400 летови во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба. Според веб-страницата за следење летови FlightAware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1.450 во неделата попладне. Одложени се уште 1.774 летови поврзани со САД, покажуваат податоците. Аеродромот „ЛаГвардија” и меѓународните аеродроми „Џон Ф. Кенеди” во Њујорк и „Логан” во Бостон беа меѓу најтешко погодените со одложувања и откажувања. Во Масачусетс, околу 31.000 од 2,6 милиони корисници беа без електрична енергија претходно во текот на неделата, според веб-страницата PowerOutage.us. Времето предизвика и три смртни случаи во Њујорк. Постара жена во саботата беше пронајдена на паркинг во хотел во Униондејл, Њујорк, со отворен прозорец од автомобилот, а властите пријавија и смрт на двајца мажи, на возраст од 53 и 75 години, кои паднале во саботата додека чистеле снег.

The post Повеќе од 1.400 летови откажани поради зимска бура во североисточниот дел на САД appeared first on Република.

]]>
Манескин ја откажа европската турнеја поради коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/maneskin-ja-otkaza-evropskata-turneja-poradi-koronavirusot/ Wed, 26 Jan 2022 08:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=449554

Италијанската група Манескин, победник на Евровизија 2021, нема да ја започне пролетната турнеја наречена „Loud kids“, како што беше претходно најавено.

Фронтменот на групата, Дамијано Давид, се обрати преку социјалните мрежи и објасни дека ситуацијата со коронавирусот е комплицирана во цела Европа.

Се беше подготвено да тргнеме, но добивме многу лоши вести за рестрикции во последните денови. Не можеме да гарантираме ниеден настап, бидејќи земјите во кои требаше да одиме ги менуваат правилата од недела во недела. Досега ги откажавме сите настапи до средината на март, но и остатокот од турнејата е под знак прашалник – изјави харизматичниот Дамиано, кој им се заблагодари на сите за поддршката и вети уште пожестоки настапи кога ќе се исполнат условите за нив.

Манескин треба да настапи на Санремо и на Евровизија во Торино, но не се знае дали публиката ќе биде пуштена. Засега единствено е сигурно дека ќе свират два големи летни концерти на отворено во јуни и јули на стадионите во Удине и Рим.

The post Манескин ја откажа европската турнеја поради коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Италијанската група Манескин, победник на Евровизија 2021, нема да ја започне пролетната турнеја наречена „Loud kids“, како што беше претходно најавено. Фронтменот на групата, Дамијано Давид, се обрати преку социјалните мрежи и објасни дека ситуацијата со коронавирусот е комплицирана во цела Европа.
Се беше подготвено да тргнеме, но добивме многу лоши вести за рестрикции во последните денови. Не можеме да гарантираме ниеден настап, бидејќи земјите во кои требаше да одиме ги менуваат правилата од недела во недела. Досега ги откажавме сите настапи до средината на март, но и остатокот од турнејата е под знак прашалник – изјави харизматичниот Дамиано, кој им се заблагодари на сите за поддршката и вети уште пожестоки настапи кога ќе се исполнат условите за нив.
Манескин треба да настапи на Санремо и на Евровизија во Торино, но не се знае дали публиката ќе биде пуштена. Засега единствено е сигурно дека ќе свират два големи летни концерти на отворено во јуни и јули на стадионите во Удине и Рим.

The post Манескин ја откажа европската турнеја поради коронавирусот appeared first on Република.

]]>