откажани летови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazani-letovi/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 08:18:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откажани летови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazani-letovi/ 32 32 Америка откажа илјадници летови поради снежната бура https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerika-otkazha-iljadnitsi-letovi-poradi-snezhnata-bura/ Tue, 16 Jan 2024 08:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=733465

Илјадници летови беа одложени или откажани поради студениот бран, температурите под нулата и снег го зафатија поголемиот дел од САД.

Прекин се случи на аеродромите на западот, но и на некои аеродроми на југот.

Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер, 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани.

На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани.

Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани.

Во Тексас 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, додека 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.

На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Харе 29 отсто од летовите биле одложени, а 11 отсто откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани.

Во Њујорк, на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара, 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани.

 

The post Америка откажа илјадници летови поради снежната бура appeared first on Република.

]]>

Илјадници летови беа одложени или откажани поради студениот бран, температурите под нулата и снег го зафатија поголемиот дел од САД. Прекин се случи на аеродромите на западот, но и на некои аеродроми на југот. Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер, 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани. На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани. Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани. Во Тексас 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, додека 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон. На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Харе 29 отсто од летовите биле одложени, а 11 отсто откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани. Во Њујорк, на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара, 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани.  

The post Америка откажа илјадници летови поради снежната бура appeared first on Република.

]]>
Маглата прави сериозни проблеми: Два лета на скопскиот аеродром откажани, неколку пренасочени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/maglata-pravi-seriozni-problemi-dva-leta-na-skopskiot-aerodrom-otkazhani-nekolku-prenasocheni/ Sat, 30 Dec 2023 18:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=728294

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Ер Србија“ и летот до Фридрихсхафен на „Визер“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата „Визер“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Визер“, пак, бил пренасочен кон Софија.

Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

The post Маглата прави сериозни проблеми: Два лета на скопскиот аеродром откажани, неколку пренасочени appeared first on Република.

]]>

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Ер Србија“ и летот до Фридрихсхафен на „Визер“. Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром). Двата лета на авиокомпанијата „Визер“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Летот од Љубљана на „Визер“, пак, бил пренасочен кон Софија.
Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

The post Маглата прави сериозни проблеми: Два лета на скопскиот аеродром откажани, неколку пренасочени appeared first on Република.

]]>
Откажани сите летови на аеродромот во Сараево поради магла https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkazhani-site-letovi-na-aerodromot-vo-saraevo-poradi-magla/ Wed, 20 Dec 2023 11:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=724866

Сите летови на меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради густата магла. Забраната за летови ќе трае до подобрување на временските услови.

Откажани се летовите за Загреб, Виена и Истанбул, како и дојдовните летови од овие градови.

 

The post Откажани сите летови на аеродромот во Сараево поради магла appeared first on Република.

]]>

Сите летови на меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради густата магла. Забраната за летови ќе трае до подобрување на временските услови. Откажани се летовите за Загреб, Виена и Истанбул, како и дојдовните летови од овие градови.  

The post Откажани сите летови на аеродромот во Сараево поради магла appeared first on Република.

]]>
На аеродромот во Сараево денеска откажани бројни летови поради густата магла https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-aerodromot-vo-saraevo-deneska-otkazhani-brojni-letovi-poradi-gustata-magla/ Tue, 12 Dec 2023 11:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=722121

На меѓународниот аеродром во Сараево денеска беа откажани бројни летови поради густата магла. Откажани се летовите од Џеда, Дубаи, Франкфурт, Истанбул, Загреб, Скопје и Виена, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Сараево, пренесува Срна.
Сараево вчера и денеска е на самиот врв на најзагадени градови во светот, а поради опасноста по здравјето на населението, властите препорачаа да се избегнува престој на отворено.

Исто така, се препорачува да не се отвораат прозорците и да се користат прочистувачи на воздух.

The post На аеродромот во Сараево денеска откажани бројни летови поради густата магла appeared first on Република.

]]>

На меѓународниот аеродром во Сараево денеска беа откажани бројни летови поради густата магла. Откажани се летовите од Џеда, Дубаи, Франкфурт, Истанбул, Загреб, Скопје и Виена, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Сараево, пренесува Срна. Сараево вчера и денеска е на самиот врв на најзагадени градови во светот, а поради опасноста по здравјето на населението, властите препорачаа да се избегнува престој на отворено. Исто така, се препорачува да не се отвораат прозорците и да се користат прочистувачи на воздух.

The post На аеродромот во Сараево денеска откажани бројни летови поради густата магла appeared first on Република.

]]>
Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aerodromot-vo-amsterdam-otkazha-nad-sto-letovi-poradi-sneg/ Sun, 03 Dec 2023 17:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=719005

Над сто летови од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови пристигна во Холандија.

Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.

The post Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег appeared first on Република.

]]>

Над сто летови од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови пристигна во Холандија. Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови. Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.

The post Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег appeared first on Република.

]]>
Хаос на аеродромот во Минхен: Поради обилниот снег откажани околу 130 летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haos-na-aerodromot-vo-minhen-poradi-obilniot-sneg-otkazhani-okolu-130-letovi/ Fri, 01 Dec 2023 17:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=718441

Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен предизвикале долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА.

Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјавил портпаролот на аеродромот.

Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно на чистење на секоја писта од снег.

Патниците биле повикани да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат за тоа кои летови се откажани или одложени.

The post Хаос на аеродромот во Минхен: Поради обилниот снег откажани околу 130 летови appeared first on Република.

]]>

Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен предизвикале долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА.
Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјавил портпаролот на аеродромот.
Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно на чистење на секоја писта од снег. Патниците биле повикани да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат за тоа кои летови се откажани или одложени.

The post Хаос на аеродромот во Минхен: Поради обилниот снег откажани околу 130 летови appeared first on Република.

]]>
Откажани сите слетувања и полетувања на „Гетвик“, авион од типот Ербас 380 се излизгал од пистата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkazhani-site-sletuvana-i-poletuvana-na-getvik-avion-od-tipot-erbas-380-se-izlizgal-od-pistata/ Tue, 11 Jul 2023 19:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=660242

Сите слетувања и полетувања на лондонскиот аеродром „Гетвик“ се откажани поради тоа што авион од типот Ербас 380 излизгал од пистата.

Многу од летовите биле пренасочени на другите поблиски аеродроми во главниот град на Англија, а некои од нив и во околните градови.

The post Откажани сите слетувања и полетувања на „Гетвик“, авион од типот Ербас 380 се излизгал од пистата appeared first on Република.

]]>

Сите слетувања и полетувања на лондонскиот аеродром „Гетвик“ се откажани поради тоа што авион од типот Ербас 380 излизгал од пистата. Многу од летовите биле пренасочени на другите поблиски аеродроми во главниот град на Англија, а некои од нив и во околните градови.

The post Откажани сите слетувања и полетувања на „Гетвик“, авион од типот Ербас 380 се излизгал од пистата appeared first on Република.

]]>
Над 300 летови беа откажани на германските регионални аеродроми поради штрајкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-300-letovi-bea-otkazhani-na-germanskite-regionalni-aerodromi-poradi-shtrajkot/ Mon, 27 Feb 2023 10:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=613663

Повеќе од 300 летови на германските аеродроми Дизелдорф и Келн Бон денес се откажани поради 24-часовен штрајк на синдикатот „Вер.ди“, соопшти управата на двата аеродрома.

Аеродромот во Дизелдорф денес соопшти дека 205 од планираните 330 се откажани, додека 29 се пренасочени кон други аеродроми, а седум се преместени за утре.

Од денешните вообичаени 136 патнички летови од аеродромот во Келн Бон, 131 се откажани уште во неделата навечер.

 

The post Над 300 летови беа откажани на германските регионални аеродроми поради штрајкот appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 300 летови на германските аеродроми Дизелдорф и Келн Бон денес се откажани поради 24-часовен штрајк на синдикатот „Вер.ди“, соопшти управата на двата аеродрома. Аеродромот во Дизелдорф денес соопшти дека 205 од планираните 330 се откажани, додека 29 се пренасочени кон други аеродроми, а седум се преместени за утре. Од денешните вообичаени 136 патнички летови од аеродромот во Келн Бон, 131 се откажани уште во неделата навечер.  

The post Над 300 летови беа откажани на германските регионални аеродроми поради штрајкот appeared first on Република.

]]>
ТАВ Македонија: Организираме превоз и хотелско сместување за патниците од откажаните летови на Скопскиот аеродром поради маглата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tav-makedonija-organizirame-prevoz-i-hotelsko-smestuvane-za-patnitsite-od-otkazhanite-letovi-na-skopskiot-aerodrom-poradi-maglata/ Mon, 02 Jan 2023 15:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=592841

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а  четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија.

Oд ТАВ Македонија почочуваат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации,тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, се навеудва во изјавата од ТАВ Македонија за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на магла.

The post ТАВ Македонија: Организираме превоз и хотелско сместување за патниците од откажаните летови на Скопскиот аеродром поради маглата appeared first on Република.

]]>

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а  четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија. Oд ТАВ Македонија почочуваат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации,тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.
Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, се навеудва во изјавата од ТАВ Македонија за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на магла.

The post ТАВ Македонија: Организираме превоз и хотелско сместување за патниците од откажаните летови на Скопскиот аеродром поради маглата appeared first on Република.

]]>
Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/maglata-go-otezhnuva-avionskiot-soobrakaj-odlozheni-i-otkazhani-letovi-od-skopskiot-aerodrom/ Mon, 02 Jan 2023 12:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=592777

Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата.

Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон.

Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.

The post Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата. Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон. Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.

The post Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Студен арктички бран во САД, откажани повеќе од 4.500 летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/studen-arktichki-bran-vo-sad-otkazani-povekje-od-4-500-letovi/ Fri, 23 Dec 2022 07:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=588993

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата.

Во поголем дел од земјат е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд.

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура.

Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare.

Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико.

Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).

Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба.

Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

 

The post Студен арктички бран во САД, откажани повеќе од 4.500 летови appeared first on Република.

]]>

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата. Во поголем дел од земјат е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд. Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари. Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура. Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare. Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико. Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС). Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба. Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.  

The post Студен арктички бран во САД, откажани повеќе од 4.500 летови appeared first on Република.

]]>
Лондонскиот аеродром „Хитроу“ во последен момент извиси околу 10.000 патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/londonskiot-aerodrom-hitrou-vo-posleden-moment-izvisi-okolu-10-000-patnici/ Mon, 11 Jul 2022 21:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=527286

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ нареди откажување на десетици летови со кои требало да летаат околу 10.000 патници.

Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници.

Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник.

Неисправноста на системот за багаж на Терминалот 3 резултирал со тоа што стотици куфери не биле испорачани во текот на викендот.

„Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“.

Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола.

Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

The post Лондонскиот аеродром „Хитроу“ во последен момент извиси околу 10.000 патници appeared first on Република.

]]>

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ нареди откажување на десетици летови со кои требало да летаат околу 10.000 патници. Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници. Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник. Неисправноста на системот за багаж на Терминалот 3 резултирал со тоа што стотици куфери не биле испорачани во текот на викендот. „Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“. Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола. Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

The post Лондонскиот аеродром „Хитроу“ во последен момент извиси околу 10.000 патници appeared first on Република.

]]>
Во САД откажани стотици летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-otkazani-stotici-letovi/ Wed, 02 Feb 2022 08:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=452790

Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотина комерцијални летови.

Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата.

Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.

Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.

Се приближува многу студен и непријатен систем што ќе го отежне патувањето, изјави Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ парк во Мериленд.

The post Во САД откажани стотици летови appeared first on Република.

]]>

Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотина комерцијални летови. Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата. Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата. Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.
Се приближува многу студен и непријатен систем што ќе го отежне патувањето, изјави Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ парк во Мериленд.

The post Во САД откажани стотици летови appeared first on Република.

]]>
Откажани повеќе од 4.000 летови ширум светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkazani-povekje-od-4-000-letovi-shirum-svetot/ Mon, 03 Jan 2022 09:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=439923

Во светот во неделата беа откажани повеќе од 4.000 летови, од кои повеќе од половина во САД, поради неповолните временски услови, но пред се поради зголемувањето на бројот на заразени со омикрон сојот на коронавирусот.

Според податоците на глобалната страница за следење летови, синоќа до 20 часот по Гринич биле откажани повеќе од 2.400 летови од и кон САД, а повеќе од 11.200 летови се одложени до натамошно известување.

Меѓу авиокомпаниите кои имаа најмногу откажани летови се „Скај Вест“ – 510 и „Југо запад“ – 419, а само до пладне откажани се над 3.300 летови, од кои 1.900 во САД, објави веб-страницата Флајт Авер, пренсуваат агенциите.

Божиќните и новогодишните празници се периоди со најмногу патувања, но брзото ширење на високо преносливиот сој на омикрон доведе до нагло зголемување на заразата, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги откажат летовите пред се поради недостиг на екипаж бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот беа во изолација.

Транспортните агенции низ САД исто така го суспендираа или го намалија обемот на бизнисот поради недостаток на персонал, бидејќи е потврдено дека голем број вработени се заразени со коронавирусот.

Во последните 24 часа, надлежните американски служби регистрирале 346.869 новозаразени, а бројот на починати и заболени од Ковид-19 во истиот период изнесува 377 лица

The post Откажани повеќе од 4.000 летови ширум светот appeared first on Република.

]]>

Во светот во неделата беа откажани повеќе од 4.000 летови, од кои повеќе од половина во САД, поради неповолните временски услови, но пред се поради зголемувањето на бројот на заразени со омикрон сојот на коронавирусот. Според податоците на глобалната страница за следење летови, синоќа до 20 часот по Гринич биле откажани повеќе од 2.400 летови од и кон САД, а повеќе од 11.200 летови се одложени до натамошно известување. Меѓу авиокомпаниите кои имаа најмногу откажани летови се „Скај Вест“ – 510 и „Југо запад“ – 419, а само до пладне откажани се над 3.300 летови, од кои 1.900 во САД, објави веб-страницата Флајт Авер, пренсуваат агенциите. Божиќните и новогодишните празници се периоди со најмногу патувања, но брзото ширење на високо преносливиот сој на омикрон доведе до нагло зголемување на заразата, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги откажат летовите пред се поради недостиг на екипаж бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот беа во изолација. Транспортните агенции низ САД исто така го суспендираа или го намалија обемот на бизнисот поради недостаток на персонал, бидејќи е потврдено дека голем број вработени се заразени со коронавирусот. Во последните 24 часа, надлежните американски служби регистрирале 346.869 новозаразени, а бројот на починати и заболени од Ковид-19 во истиот период изнесува 377 лица

The post Откажани повеќе од 4.000 летови ширум светот appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 4.000 летови ширум светот откажани поради омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-4-000-letovi-shirum-svetot-otkazani-poradi-omikron/ Mon, 03 Jan 2022 07:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=439840

Повеќе од 4.000 летови беа откажани ширум светот во текот на вчерашниот ден, повеќе од половина од американските компании, делумно поради лошите временски услови, но најмногу поради зголемувањето на инфекциите со сојот Омикрон на коронавирусот. Според FlightAware.com, вчера биле откажани 2.400 полетувања кон и од САД.

Во светот, повеќе од 11.200 летови доцнеа или беа одложени. Меѓу компаниите со најмногу откажувања се SkyWest и SouthWest, со 510 и 419 откажувања.

Божиќните и новогодишните празници кулминираа со авионски патувања, но брзото ширење на сојот Омикрон принуди многу компании да ги откажат летовите бидејќи кабинскиот екипаж е во карантин. Глобалниот воздушен сообраќај останува сериозно нарушен поради Омикрон.

Многу пилоти и членови на екипажи се надвор од работа поради инфекција со коронавирус или се во изолација поради контакт со болни луѓе. Американските власти потврдија најмалку 346.869 нови инфекции во саботата.

Кабинскиот персонал во САД не сака да работи прекувремено за време на празниците и покрај примамливите финансиски стимулации. Многумина стравуваат од инфекција со Ковид-19, велат компаниите.

The post Повеќе од 4.000 летови ширум светот откажани поради омикрон appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 4.000 летови беа откажани ширум светот во текот на вчерашниот ден, повеќе од половина од американските компании, делумно поради лошите временски услови, но најмногу поради зголемувањето на инфекциите со сојот Омикрон на коронавирусот. Според FlightAware.com, вчера биле откажани 2.400 полетувања кон и од САД. Во светот, повеќе од 11.200 летови доцнеа или беа одложени. Меѓу компаниите со најмногу откажувања се SkyWest и SouthWest, со 510 и 419 откажувања. Божиќните и новогодишните празници кулминираа со авионски патувања, но брзото ширење на сојот Омикрон принуди многу компании да ги откажат летовите бидејќи кабинскиот екипаж е во карантин. Глобалниот воздушен сообраќај останува сериозно нарушен поради Омикрон. Многу пилоти и членови на екипажи се надвор од работа поради инфекција со коронавирус или се во изолација поради контакт со болни луѓе. Американските власти потврдија најмалку 346.869 нови инфекции во саботата. Кабинскиот персонал во САД не сака да работи прекувремено за време на празниците и покрај примамливите финансиски стимулации. Многумина стравуваат од инфекција со Ковид-19, велат компаниите.

The post Повеќе од 4.000 летови ширум светот откажани поради омикрон appeared first on Република.

]]>