откажан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazan/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 14:36:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откажан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazan/ 32 32 Откажан еден лет на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/otkazhan-eden-let-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 30 Dec 2023 14:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=728229

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен.

Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген.

Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген.

АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.

The post Откажан еден лет на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен. Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген. Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген. АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.

The post Откажан еден лет на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Откажан штрајкот на контролорите на летање: Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkazhan-shtrajkot-na-kontrolorite-na-letane-imavme-optsija-ili-tselosno-da-se-otkazhat-site-vrabotuvana-ili-da-ja-progoltame-neispravnosta-od-strana-na-direktorite/ Thu, 21 Dec 2023 13:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=725321

Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.

На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше причина за реактивирање на одлуката за штрајк од октомври годинава.

Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно  да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на така карта за да немаме шанса за маневрирање, изјави Тасевски.

The post Откажан штрајкот на контролорите на летање: Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите appeared first on Република.

]]>

Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски. На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше причина за реактивирање на одлуката за штрајк од октомври годинава.
Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно  да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на така карта за да немаме шанса за маневрирање, изјави Тасевски.

The post Откажан штрајкот на контролорите на летање: Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите appeared first on Република.

]]>
Откажан Оф фест 2023: Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/ Wed, 15 Feb 2023 08:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=609136

Доделените милион денари за ОФФест на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на ОФФест (предвиден од 7 до 10 јуни) како (повеќедневен) фестивал. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор, велат организаторите „Скопје џез фестивал“

Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што биле на располагање во оваа дејност не биле намалени во споредба со минатата година.

Немаме намера да ја коментираме Годишната програма, која, според Законот за култура, ја донесе министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, ниту пак да се впуштаме во некакви споредбени анализи. Тоа е наполно бесмислено сè додека квантитетот на одобрените проекти е замена за оценката што е, а што не е, национален интерес во културата, според критериуми и квалитет, со конечно напуштање на популизмот и антиевропските политики во културата, присутни во Годишната програма.

Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата (за тоа во друга прилика), од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја имаме на ум нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“. Во што ОФФест и Скопскиот џез фестивал очигледно тешко се вклопуваат.

Но, не е наше да се бавиме со ликот и делото на министерката, заробени во скафандер, и со нејзиното педигре во културата. Се знае чија должност е тоа.

Се разбира, еден министер за култура не мора да знае сè. Ништо - не е опција. Партијата, во улога на Господ тука не може да помогне. Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи.

На ОФФест му останува обврската да го реализира, заедно со уште 11 еминентни европски фестивали, четиригодишниот проект „Sounds of Europe”, поддржан од Европската Унија (преку програмата „Креативна Европа“). Овој проект, меѓу другото, ќе им овозможи гостување на македонските музичари на бројни европски сцени.

The post Откажан Оф фест 2023: Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања appeared first on Република.

]]>

Доделените милион денари за ОФФест на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на ОФФест (предвиден од 7 до 10 јуни) како (повеќедневен) фестивал. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор, велат организаторите „Скопје џез фестивал“

Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што биле на располагање во оваа дејност не биле намалени во споредба со минатата година. Немаме намера да ја коментираме Годишната програма, која, според Законот за култура, ја донесе министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, ниту пак да се впуштаме во некакви споредбени анализи. Тоа е наполно бесмислено сè додека квантитетот на одобрените проекти е замена за оценката што е, а што не е, национален интерес во културата, според критериуми и квалитет, со конечно напуштање на популизмот и антиевропските политики во културата, присутни во Годишната програма. Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата (за тоа во друга прилика), од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја имаме на ум нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“. Во што ОФФест и Скопскиот џез фестивал очигледно тешко се вклопуваат. Но, не е наше да се бавиме со ликот и делото на министерката, заробени во скафандер, и со нејзиното педигре во културата. Се знае чија должност е тоа. Се разбира, еден министер за култура не мора да знае сè. Ништо - не е опција. Партијата, во улога на Господ тука не може да помогне. Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи. На ОФФест му останува обврската да го реализира, заедно со уште 11 еминентни европски фестивали, четиригодишниот проект „Sounds of Europe”, поддржан од Европската Унија (преку програмата „Креативна Европа“). Овој проект, меѓу другото, ќе им овозможи гостување на македонските музичари на бројни европски сцени.

The post Откажан Оф фест 2023: Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања appeared first on Република.

]]>
„Вајтснејк“ не доаѓа во Скопје – откажана и европската турнеја од здравствени причини https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vajtsnejk-ne-doagja-vo-skopje-otkazana-i-evropskata-turneja-od-zdravstveni-prichini/ Sun, 03 Jul 2022 12:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=523055

Македонија, сепак, нема за последен пат да ги види Дејвид Кавердејл и друштвото на сцена откако „Вајтснејк“ го откажа остатокот од европската турнеја од здравствени причини. Концертот во Скопје требаше да се одржи на 12 јули.

Како што информира организаторот, Авалон Продукција, ,,Whitesnake” и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири концерти, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во која од седум концерти, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција – Скопје, Белград и Сараево.

Англискиот рок бенд кој е присутен на сцената околу пет децении, кон крајот на минатата година ја најави турнејата која беше планирано да започне на 10 мај во Даблин, а потоа да продолжат со концерти во Лондон, Манчестер, Стокхолм, Минхен, Загреб, Будимпешта, Белград, Атина, Скопје… и за крај Могилово, соседна Бугарија.

 

 

The post „Вајтснејк“ не доаѓа во Скопје – откажана и европската турнеја од здравствени причини appeared first on Република.

]]>

Македонија, сепак, нема за последен пат да ги види Дејвид Кавердејл и друштвото на сцена откако „Вајтснејк“ го откажа остатокот од европската турнеја од здравствени причини. Концертот во Скопје требаше да се одржи на 12 јули. Како што информира организаторот, Авалон Продукција, ,,Whitesnake” и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири концерти, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во која од седум концерти, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција – Скопје, Белград и Сараево. Англискиот рок бенд кој е присутен на сцената околу пет децении, кон крајот на минатата година ја најави турнејата која беше планирано да започне на 10 мај во Даблин, а потоа да продолжат со концерти во Лондон, Манчестер, Стокхолм, Минхен, Загреб, Будимпешта, Белград, Атина, Скопје… и за крај Могилово, соседна Бугарија.    

The post „Вајтснејк“ не доаѓа во Скопје – откажана и европската турнеја од здравствени причини appeared first on Република.

]]>