откажан концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazan-koncert/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 09:30:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png откажан концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otkazan-koncert/ 32 32 Бојан Илкоски: Концертот во Филхармонија каде требаше да настапам како солист е откажан од непознати причини и без образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bojan-ilkoski-kontsertot-vo-filharmonija-kade-trebashe-da-nastapam-kako-solist-e-otkazhan-od-nepoznati-prichini-i-bez-obrazlozhenie-od-strana-na-novoto-rakovodstvo-na-institutsijata-odnosno-v-d-direk/ Fri, 13 Oct 2023 09:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=690800

Драги пријатели и сите оние кои ја следат мојата работа како музичар и виолинист, би сакал да споделам со Вас дека концертот на 30.11.2023, каде требаше да настапам како солист со моите колеги од Македонската Филхармонија под диригентство на маестро Сашо Татарчевски Е ОТКАЖАН од засега непознати причини и без никакво образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски, пишува виолинистот Бојан Илкоски во своето отворено писмо испратено до медиумите.

Овој концерт се планира од месец Јуни 2022 година, а ги помина филтрите на претходниот Управен одбор, Комисиите на Министерство за Култура кои одлучуваат за годишната програма, како и Уметничкиот одбор на Филхармонија, а за него се одобрени средства. Концертот беше објавен и рекламиран на веб страната на Филхармонија до завчера, па потоа од за мене непознати причини повлечен. Дополнително, би сакал да потенцирам дека концертот е отстранет од годишната програма без претходно одобрение од Управен Одбор на институцијата (кој всушност не ни постои во моментот на донесување на оваа одлука), што е показател за непрофесионално, противзаконско, неодговорно, несовесно и неетичко донесување на одлуката.
Она на што како уметник би се задржал и би го потенцирал е самата припрема за еден концерт: да се спреми концерт од ваков тип, од уметникот не само што изискува огромен труд и ангажман, многучасовна и повеќемесечна работа, туку и поесебен влог кој инволвира уметничка креација, психофизички, ментални и духовни подготовки. Да се концертира со симфониски оркестар е вистински раритет, Светот бележи уметници кои никогаш не успеале да настапат со оркестар токму поради сериозноста на професијата и уметничкото искуство кое се гради со години и не доаѓа преку ноќ. Па затоа, на еден уметник да му се ускрати веќе дадена шанса (поради лични преференци) и да му се уништи и обезвредни целиот труд не само што е непрофесионален, неодговорен, неетички подвиг, туку е и убиство на уметничкиот дух и дигнитет.
Јас и понатаму ќе продолжам да создавам и да ја промовирам македонската култура во Светот и дома, иако очигледно живеам во време во кое лесно им се дозволува на некадарни луѓе со малограѓански поглед кон професијата и Светот да ги газат и уништуваат вистинските вредности, пишува Илкоски.

The post Бојан Илкоски: Концертот во Филхармонија каде требаше да настапам како солист е откажан од непознати причини и без образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски appeared first on Република.

]]>

Драги пријатели и сите оние кои ја следат мојата работа како музичар и виолинист, би сакал да споделам со Вас дека концертот на 30.11.2023, каде требаше да настапам како солист со моите колеги од Македонската Филхармонија под диригентство на маестро Сашо Татарчевски Е ОТКАЖАН од засега непознати причини и без никакво образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски, пишува виолинистот Бојан Илкоски во своето отворено писмо испратено до медиумите.
Овој концерт се планира од месец Јуни 2022 година, а ги помина филтрите на претходниот Управен одбор, Комисиите на Министерство за Култура кои одлучуваат за годишната програма, како и Уметничкиот одбор на Филхармонија, а за него се одобрени средства. Концертот беше објавен и рекламиран на веб страната на Филхармонија до завчера, па потоа од за мене непознати причини повлечен. Дополнително, би сакал да потенцирам дека концертот е отстранет од годишната програма без претходно одобрение од Управен Одбор на институцијата (кој всушност не ни постои во моментот на донесување на оваа одлука), што е показател за непрофесионално, противзаконско, неодговорно, несовесно и неетичко донесување на одлуката. Она на што како уметник би се задржал и би го потенцирал е самата припрема за еден концерт: да се спреми концерт од ваков тип, од уметникот не само што изискува огромен труд и ангажман, многучасовна и повеќемесечна работа, туку и поесебен влог кој инволвира уметничка креација, психофизички, ментални и духовни подготовки. Да се концертира со симфониски оркестар е вистински раритет, Светот бележи уметници кои никогаш не успеале да настапат со оркестар токму поради сериозноста на професијата и уметничкото искуство кое се гради со години и не доаѓа преку ноќ. Па затоа, на еден уметник да му се ускрати веќе дадена шанса (поради лични преференци) и да му се уништи и обезвредни целиот труд не само што е непрофесионален, неодговорен, неетички подвиг, туку е и убиство на уметничкиот дух и дигнитет. Јас и понатаму ќе продолжам да создавам и да ја промовирам македонската култура во Светот и дома, иако очигледно живеам во време во кое лесно им се дозволува на некадарни луѓе со малограѓански поглед кон професијата и Светот да ги газат и уништуваат вистинските вредности, пишува Илкоски.

The post Бојан Илкоски: Концертот во Филхармонија каде требаше да настапам како солист е откажан од непознати причини и без образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски appeared first on Република.

]]>
Откажан концертот на „Лајбах“ во Киев откако од нив било побарано категорично да наведат дека „сите Руси се лоши и оти целата руска уметност е безвредна“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/otkazhan-kontsertot-na-lajbah-vo-kiev-otkako-od-niv-bilo-pobarano-kategorichno-da-navedat-deka-site-rusi-se-loshi-i-oti-tselata-ruska-umetnost-e-bezvredna/ Tue, 28 Feb 2023 09:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=614086

Словенечкиот бенд „Лајбах“ го откажа концерт во украинската престолнина, кој требаше да се одржи кон крајот на март во рамките на специјалната евровизиска програма. Меѓу другото се наведува дека најавата предизвикала премногу полемики и дека сега не е вистинскиот момент за концертот, пишува N1 Словенија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laibach (@laibachofficial)

Алтернативен рок-бенд денеска за агенцијата СТА потврди дека организаторот одлучил да го откаже нивниот настап бидејќи изјавата на „Лајбах“ предизвикала премногу полемики во Украина.

Во соопштението на оваа словенечка рок-група се наведува дека биле соочени со категорично барање експлицитно да наведат дека „сите Руси се лоши и оти целата руска уметност е безвредна“, на што, како што велат, не можеле да се согласат.

„Да нема забуна, ние ги сакаме руската литература, музика и уметност. Но, во оваа бесмислена војна меѓу Русија и Украина ние од сè срце сме на страната на Украина и нејзиниот народ, кој како во старата библиска приказна за Давид и Голијат – се бори достоинствено против посилниот непријател“, објави, меѓу другото, бендот „Лајбах“, додавајќи дека со концертот во Киев го следеле повикот на срцето, а не на умот.

Локалниот организатор на концертот на социјалните мрежи објави дека концертот е откажан поради жестока полемика за ставовите на групата за причините за војната во Украина.

„Со цел да се спречи непотребната поделба на Украинците во различни табори и да се елиминира причината за раздорот, решивме да го откажеме концертот“, објави организаторот на Фејсбук.

Продажбата на билети за концертот е прекината и на веб-страницата. Најавениот концерт на Лајбах во Киев претходно предизвика многу контроверзии на Фејсбук поради ставовите на бендот за причините за војната во Украина.

„Иако бендот покажа поддршка за Украина и Украинците и го осуди рускиот режим, голем дел од публиката категорично се спротивстави на доаѓањето на Лајбах“, објави Бел Етаџ мјузик хол во неделата на Фејсбук. Како што напишаа и тие, сега не е вистинско време за концерт.

Украинците ги споделија тврдењата на групата Лајбах дека актуелната војна е геополитички конфликт меѓу Русија и САД на украинска територија. Конфликтот е „цинична прокси војна за геостратешките интереси на суперсилите и финансискиот капитал (воената индустрија итн.)“, објасни групата за британски Гардијан при најавата за концертот во главниот град на Украина.

 

The post Откажан концертот на „Лајбах“ во Киев откако од нив било побарано категорично да наведат дека „сите Руси се лоши и оти целата руска уметност е безвредна“ appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот бенд „Лајбах“ го откажа концерт во украинската престолнина, кој требаше да се одржи кон крајот на март во рамките на специјалната евровизиска програма. Меѓу другото се наведува дека најавата предизвикала премногу полемики и дека сега не е вистинскиот момент за концертот, пишува N1 Словенија.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Laibach (@laibachofficial)

Алтернативен рок-бенд денеска за агенцијата СТА потврди дека организаторот одлучил да го откаже нивниот настап бидејќи изјавата на „Лајбах“ предизвикала премногу полемики во Украина. Во соопштението на оваа словенечка рок-група се наведува дека биле соочени со категорично барање експлицитно да наведат дека „сите Руси се лоши и оти целата руска уметност е безвредна“, на што, како што велат, не можеле да се согласат.
„Да нема забуна, ние ги сакаме руската литература, музика и уметност. Но, во оваа бесмислена војна меѓу Русија и Украина ние од сè срце сме на страната на Украина и нејзиниот народ, кој како во старата библиска приказна за Давид и Голијат – се бори достоинствено против посилниот непријател“, објави, меѓу другото, бендот „Лајбах“, додавајќи дека со концертот во Киев го следеле повикот на срцето, а не на умот.
Локалниот организатор на концертот на социјалните мрежи објави дека концертот е откажан поради жестока полемика за ставовите на групата за причините за војната во Украина.
„Со цел да се спречи непотребната поделба на Украинците во различни табори и да се елиминира причината за раздорот, решивме да го откажеме концертот“, објави организаторот на Фејсбук. Продажбата на билети за концертот е прекината и на веб-страницата. Најавениот концерт на Лајбах во Киев претходно предизвика многу контроверзии на Фејсбук поради ставовите на бендот за причините за војната во Украина.
„Иако бендот покажа поддршка за Украина и Украинците и го осуди рускиот режим, голем дел од публиката категорично се спротивстави на доаѓањето на Лајбах“, објави Бел Етаџ мјузик хол во неделата на Фејсбук. Како што напишаа и тие, сега не е вистинско време за концерт.
Украинците ги споделија тврдењата на групата Лајбах дека актуелната војна е геополитички конфликт меѓу Русија и САД на украинска територија. Конфликтот е „цинична прокси војна за геостратешките интереси на суперсилите и финансискиот капитал (воената индустрија итн.)“, објасни групата за британски Гардијан при најавата за концертот во главниот град на Украина.
 

The post Откажан концертот на „Лајбах“ во Киев откако од нив било побарано категорично да наведат дека „сите Руси се лоши и оти целата руска уметност е безвредна“ appeared first on Република.

]]>
Ненадејно се влошила здравствената состоба на Јосипа Лисац, откажан вечерашниот концерт во Загреб https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nenadejno-se-vloshila-zdravstvenata-sostoba-na-josipa-lisats-otkazhan-vecherashniot-kontsert-vo-zagreb/ Sat, 25 Feb 2023 16:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=613172

Здравствената состојба на Јосипа Лисац ненадејно се влоши, откажан е и големиот концерт во Загреб.

Имено, легендарната пејачка Јосипа Лисац мораше да го откаже концертот што требаше да се одржи на денес во загрепската сала Лисински, а причината е нејзината здравствена состојба.

Според официјалната Фејсбук страница на хрватската дива, неколку недели пред првиот концерт, пред неколку вечери, претрпела големи болки предизвикани од ишијас. Неколку пати таа вечер стигна до салата со помош на бастун.

Оттогаш ситуацијата се влоши, а неуништливата Јосипа, која на Денот на вљубените го прослави својот 73-ти роденден, не може на своите фанови да им го подари настапот што го заслужуваат.

Наскоро ќе биде објавен нов датум. Ако се биде во ред, Јосипа ќе ја гледаме и слушаме во Нови Сад на 12-ти март.

The post Ненадејно се влошила здравствената состоба на Јосипа Лисац, откажан вечерашниот концерт во Загреб appeared first on Република.

]]>

Здравствената состојба на Јосипа Лисац ненадејно се влоши, откажан е и големиот концерт во Загреб. Имено, легендарната пејачка Јосипа Лисац мораше да го откаже концертот што требаше да се одржи на денес во загрепската сала Лисински, а причината е нејзината здравствена состојба. Според официјалната Фејсбук страница на хрватската дива, неколку недели пред првиот концерт, пред неколку вечери, претрпела големи болки предизвикани од ишијас. Неколку пати таа вечер стигна до салата со помош на бастун. Оттогаш ситуацијата се влоши, а неуништливата Јосипа, која на Денот на вљубените го прослави својот 73-ти роденден, не може на своите фанови да им го подари настапот што го заслужуваат. Наскоро ќе биде објавен нов датум. Ако се биде во ред, Јосипа ќе ја гледаме и слушаме во Нови Сад на 12-ти март.

The post Ненадејно се влошила здравствената состоба на Јосипа Лисац, откажан вечерашниот концерт во Загреб appeared first on Република.

]]>
Oткажан концертот на Божо Вреќо https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/otkazan-koncertot-na-bozo-vrekjo/ Fri, 28 Oct 2022 09:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=566727

Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува публиката дека концертот на БожоВреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини.

Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе има информации за новиот датум.

 

The post Oткажан концертот на Божо Вреќо appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува публиката дека концертот на БожоВреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини. Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе има информации за новиот датум.  

The post Oткажан концертот на Божо Вреќо appeared first on Република.

]]>