отец Порфириј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otec-porfirij/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Jan 2023 13:18:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отец Порфириј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otec-porfirij/ 32 32 Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-vlasti-dozvolija-poseta-na-srpskiot-patrijarh-porfirij/ Thu, 05 Jan 2023 13:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=593882

Премиерот Аљбин Курти му даде дозвола на српскиот патријарх Порфириј денеска да го посети Косово, соопшти Владата на Косово.
Во соопштението од кабинетот на премиерот, се вели дека министерот за враќање и заедници Ненад Рашиќ побарал дозвола за посета на српскиот патријарх, што Курти ја прифатил.

Порфириј ќе дојде на Косово како дел од подготовките за прославата на православниот Божиќ.

Според соопштението, српскиот патријарх рекол дека сакал да влезе во Косово без телохранител и оти посетата не ја барал според одредбите на постоечките договори меѓу Косово и Србија.

На 26 декември на патријархот Порфириј му беше забранет влез во Косово.

The post Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј appeared first on Република.

]]>

Премиерот Аљбин Курти му даде дозвола на српскиот патријарх Порфириј денеска да го посети Косово, соопшти Владата на Косово. Во соопштението од кабинетот на премиерот, се вели дека министерот за враќање и заедници Ненад Рашиќ побарал дозвола за посета на српскиот патријарх, што Курти ја прифатил. Порфириј ќе дојде на Косово како дел од подготовките за прославата на православниот Божиќ. Според соопштението, српскиот патријарх рекол дека сакал да влезе во Косово без телохранител и оти посетата не ја барал според одредбите на постоечките договори меѓу Косово и Србија. На 26 декември на патријархот Порфириј му беше забранет влез во Косово.

The post Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј appeared first on Република.

]]>
Порфириј: Договорот и беше потребен на државата Црна Гора и на СПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/porfirij-dogovorot-i-beshe-potreben-na-drzavata-crna-gora-i-na-spc/ Wed, 03 Aug 2022 11:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=536430

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј изјави дека Темелниот договор, потпишан денеска во Подгорица, е нешто што и е потребно на државата Црна Гора, како и на таа верска заедница, јави дописникот на МИА од Белград.

Денеска, пред се, сум му благодарен на Бога, вам, господине премиер (Дритан Абазовиќ), за сите напори што ги вложивте со вашите соработници за да се стави крај овде на перипетиите што се случуваат од 2012 година, на свечен начин и за потпишување на Темелниот договор меѓу државата Црна Гора и Српската православна црква - изјави Порфирије по потпишувањето на документот.

Тој ги поздрави сите граѓани на Црна Гора, без разлика на „на кој Бог му се молат, или не му се молат, и на кој народ му припаѓаат“.

Порфириј рече дека „не беа потребни многу зборови за да се разбереме“ дека ваквиот договор е нешто што им е потребно на државата Црна Гора и на СПЦ во Црна Гора.

Затоа што ние како Црква во која било земја каде што сме и имаме црковна јурисдикција, се подразбира дека сакаме да ги почитуваме Уставот и законите на секоја држава. Затоа мислам дека е важно и вие, почитувајќи ги Уставот и законите на Црна Гора, а и ние, не сакавме ништо повеќе од кој било граѓанин на Црна Гора во однос на темата за религијата, ниту сме имале амбиции да постигнеме повеќе од која било друга верска заедница. Логично и нормално е што не бевме среќни да прифатиме ништо помалку од тоа. Што важи за нашата Црква и за сите верници и заедници во Црна Гора, се трудиме каде и да сме како црква, доколку има проблеми кога станува збор за другите верски заедници по овие прашања, секогаш да стоиме рамо до рамо и да се бориме за правата на таа верска заедница, да се почитуваат и применуваат во иста мера како и правата што ги очекуваме за себе - кажа поглаварот на СПЦ.

Тој посочи дека целта не се правата заради правата, од аспект на верските заедници.

За нас правото е само простор и можноста целосно, да можеме врз темелите на Евангелието и системот на вредности што од него го црпиме, да придонесеме за градење не само на демократско, туку и на човечко општество, со цел сите да се чувствуваат и доживуваат едни со други како браќа, како членови на она во кое сите сме едно – дел од човечкиот род. Сè друго доаѓа после тоа - порача Порфириј.

The post Порфириј: Договорот и беше потребен на државата Црна Гора и на СПЦ appeared first on Република.

]]>

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј изјави дека Темелниот договор, потпишан денеска во Подгорица, е нешто што и е потребно на државата Црна Гора, како и на таа верска заедница, јави дописникот на МИА од Белград.
Денеска, пред се, сум му благодарен на Бога, вам, господине премиер (Дритан Абазовиќ), за сите напори што ги вложивте со вашите соработници за да се стави крај овде на перипетиите што се случуваат од 2012 година, на свечен начин и за потпишување на Темелниот договор меѓу државата Црна Гора и Српската православна црква - изјави Порфирије по потпишувањето на документот.
Тој ги поздрави сите граѓани на Црна Гора, без разлика на „на кој Бог му се молат, или не му се молат, и на кој народ му припаѓаат“. Порфириј рече дека „не беа потребни многу зборови за да се разбереме“ дека ваквиот договор е нешто што им е потребно на државата Црна Гора и на СПЦ во Црна Гора.
Затоа што ние како Црква во која било земја каде што сме и имаме црковна јурисдикција, се подразбира дека сакаме да ги почитуваме Уставот и законите на секоја држава. Затоа мислам дека е важно и вие, почитувајќи ги Уставот и законите на Црна Гора, а и ние, не сакавме ништо повеќе од кој било граѓанин на Црна Гора во однос на темата за религијата, ниту сме имале амбиции да постигнеме повеќе од која било друга верска заедница. Логично и нормално е што не бевме среќни да прифатиме ништо помалку од тоа. Што важи за нашата Црква и за сите верници и заедници во Црна Гора, се трудиме каде и да сме како црква, доколку има проблеми кога станува збор за другите верски заедници по овие прашања, секогаш да стоиме рамо до рамо и да се бориме за правата на таа верска заедница, да се почитуваат и применуваат во иста мера како и правата што ги очекуваме за себе - кажа поглаварот на СПЦ.
Тој посочи дека целта не се правата заради правата, од аспект на верските заедници.
За нас правото е само простор и можноста целосно, да можеме врз темелите на Евангелието и системот на вредности што од него го црпиме, да придонесеме за градење не само на демократско, туку и на човечко општество, со цел сите да се чувствуваат и доживуваат едни со други како браќа, како членови на она во кое сите сме едно – дел од човечкиот род. Сè друго доаѓа после тоа - порача Порфириј.

The post Порфириј: Договорот и беше потребен на државата Црна Гора и на СПЦ appeared first on Република.

]]>
Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/porfirij-od-ohrid-na-lugjeto-tuka-im-bilo-najvazno-da-ja-chuvaat-svojata-pravoslavna-vera/ Tue, 21 Jun 2022 12:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=518058

Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион сфативме дека на луѓето тука најважно од се им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони во Охрид.

Тој нагласи дека при посетата на Струга и Охрид дека имале можност да се поклонат на православните христијански светилишта и да видат што „православните христијани пред многу векови го сметале најважно во својот живот“.

И ништо друго да немаме, туку тоа искуство кога посетуваме вакви светилишта имаме јасна порака за нас. Денеска ние луѓето кои живееме во овие времиња изложени сме на различни предизвици. Тие предизвици често нудат некои нови вредности и нови погледи на светот. Нормално Црквата секогаш е современа, не припаѓа само на минатото, дури ни на сегашноста, па ни само на иднината таа и припаѓа на вечноста и во таа смисла е безвременска. Се труди да биде секогаш актуелна, да ги дели сите проблеми сите искушенија сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек живеејќи во ова време, изјави Порфириј.

Но, како што нагласи, и покрај тоа затоа што е безвременска и надвременска, бидејќи не е ниту старомодна, ниту модерна, Црквата нуди и вертикала, нуди смисла на постоење на секој човек во секое време и во секој простор.

Црквата дава можност да разбереме дека сме створени за вечноста и дека љубовта е темел на нашето постоење и тоа баш онака како што говори Светото евангелие со целото свое битие кон Бога, но покрај таа љубов спрема Бога и љубовта кон ближниот, а тоа значи спрема секој човек. Кога Евангелието говори за ближниот, не го подразбира само оној кој е покрај нас, ги подразбира и сите останати луѓе, истакна патријархот српски.

Поклонувајќи се на светињите и посетувајќи ги „местата на светиите“, како што рече, најдобра можност е да се загледаме во себе, да се восхитуваме на она што го оставиле пред нас оние што ја живееле православната вера, како предание и како духовна култура, но имаме и можност да бидеме вкоренети во преданијата и да се наоружаме да живееме во своето време како современици на сите луѓе.

Делегацијата на Српската православна црква предводена од патријархот Порфириј беше пречекана вчера во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, каде во нивна чест беше отслужено доксологија.

The post Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера appeared first on Република.

]]>

Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион сфативме дека на луѓето тука најважно од се им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони во Охрид. Тој нагласи дека при посетата на Струга и Охрид дека имале можност да се поклонат на православните христијански светилишта и да видат што „православните христијани пред многу векови го сметале најважно во својот живот“.
И ништо друго да немаме, туку тоа искуство кога посетуваме вакви светилишта имаме јасна порака за нас. Денеска ние луѓето кои живееме во овие времиња изложени сме на различни предизвици. Тие предизвици често нудат некои нови вредности и нови погледи на светот. Нормално Црквата секогаш е современа, не припаѓа само на минатото, дури ни на сегашноста, па ни само на иднината таа и припаѓа на вечноста и во таа смисла е безвременска. Се труди да биде секогаш актуелна, да ги дели сите проблеми сите искушенија сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек живеејќи во ова време, изјави Порфириј.
Но, како што нагласи, и покрај тоа затоа што е безвременска и надвременска, бидејќи не е ниту старомодна, ниту модерна, Црквата нуди и вертикала, нуди смисла на постоење на секој човек во секое време и во секој простор.
Црквата дава можност да разбереме дека сме створени за вечноста и дека љубовта е темел на нашето постоење и тоа баш онака како што говори Светото евангелие со целото свое битие кон Бога, но покрај таа љубов спрема Бога и љубовта кон ближниот, а тоа значи спрема секој човек. Кога Евангелието говори за ближниот, не го подразбира само оној кој е покрај нас, ги подразбира и сите останати луѓе, истакна патријархот српски.
Поклонувајќи се на светињите и посетувајќи ги „местата на светиите“, како што рече, најдобра можност е да се загледаме во себе, да се восхитуваме на она што го оставиле пред нас оние што ја живееле православната вера, како предание и како духовна култура, но имаме и можност да бидеме вкоренети во преданијата и да се наоружаме да живееме во своето време како современици на сите луѓе. Делегацијата на Српската православна црква предводена од патријархот Порфириј беше пречекана вчера во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, каде во нивна чест беше отслужено доксологија.

The post Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера appeared first on Република.

]]>