отец партениј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otec-partenij/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 15:56:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отец партениј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otec-partenij/ 32 32 Владиката Партениј: Сите брзаат некаде да си заминат,но не треба така https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladikata-partenij-site-brzaat-nekade-da-si-zaminat-no-ne-treba-taka/ Sun, 27 Oct 2024 15:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=831439

Црквата „Света Петка“, денеска на одбележувањето на патронот, беше претесна да ги прими верниците, кои ги имаше од Дебар и долнореканскиот крај. Во оддавањето почит кон светителката, ним за првпат им се придружија и верници од Чешка, предводени од свештеникот Василиј, како и поголема група верници од Делчево.

-Света Петка нека не прими во нејзината закрила и нека не чува од секакво зло. Нејзините молитви и мајчинска закрила да бидат со сите нас, посакаа верниците заедно со нивниот многу почитуван владика Партениј.

Одбележувањето почна со Утрена богослужба, а продолжи со Божествена Литургија со која чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со бигорските јеромонаси и архимандрити и архијерејскиот намесник, отец Миле Ангеловски.

Владиката Партениј пред верниците одржа и беседа, во која порача дека со „благодарење и со срдечен копнеж по светоста, го празнуваме денес сјајниот спомен на Преподобната мајка наша Параскева Епиватска, која е една од недобројното множество Светии, што го исполнуваат Царството Небесно и со моќни застапништва се молат за нас“.

Владиката истакна дека особено е важно да го почитуваме родното огниште и никако да не го напуштаме, уверувајќи ги жителите од дебарскиот регион дека Бигорскиот манастир е секогаш тука да им помогне за било што.

-Сите брзаат некаде да си заминат. Но не треба така. Треба да бидеме цврсти и да останеме на нашите огништа, онаму каде што ни е коренот. А нам тука ни е коренот. Знам дека е тешко да се

живее, особено сега во Дебар, кога се' помалку и помалку има Христијани. Но, манастирот го прави сето тоа што го правел низ историјата, имено го помага православното жителство и сите останати. Манастирот соработува со секој еден. Каква и да било мака да има, секој еден може слободно да дојде и да побара помош од монашките заедници. Ние ниту некого сме оставиле, ниту ќе ги оставиме жителите на регионов. Тука сме за сите за било што. Само да бидеме сите задно, оти тоа го сака Господ од нас. Денес Света Петка посебно беше радосна, бидејќи верувам дека толку народ црквата не видела со децении. Ви благодариме на сите што дојдовте. Света Петка нека ни е на помош, посака меѓу другото владиката Партениј.

Верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на светителката, кои верно се чуваат од страна на Пречистанското сестринство, од манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир, кај Кичево.

Верниците од Чешка, предводени од свештеникот Василиј, и оддадоа почит на светителката и со пеење на Симболот на верата и Отче наш на чешки јазик.

Осветена беше погачата што ја принесе овогодинешниот кум, Дарко Милосавлевски, од долнореканското село Битуше, кој пак, кумството за следната година му го предаде на Горан Костовски од Дебар.

Црквата се наоѓа во центарот на градот, изградена е во 14 век, била обновена во 19 век, а реновирана во 1913 година и по катастрофалниот земјотрес што во ноември 1967 година го погоди градот. Во дворот на црквата е сместено и седиштето на Дебарската парохија

The post Владиката Партениј: Сите брзаат некаде да си заминат,но не треба така appeared first on Република.

]]>

Црквата „Света Петка“, денеска на одбележувањето на патронот, беше претесна да ги прими верниците, кои ги имаше од Дебар и долнореканскиот крај. Во оддавањето почит кон светителката, ним за првпат им се придружија и верници од Чешка, предводени од свештеникот Василиј, како и поголема група верници од Делчево.
-Света Петка нека не прими во нејзината закрила и нека не чува од секакво зло. Нејзините молитви и мајчинска закрила да бидат со сите нас, посакаа верниците заедно со нивниот многу почитуван владика Партениј.
Одбележувањето почна со Утрена богослужба, а продолжи со Божествена Литургија со која чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со бигорските јеромонаси и архимандрити и архијерејскиот намесник, отец Миле Ангеловски. Владиката Партениј пред верниците одржа и беседа, во која порача дека со „благодарење и со срдечен копнеж по светоста, го празнуваме денес сјајниот спомен на Преподобната мајка наша Параскева Епиватска, која е една од недобројното множество Светии, што го исполнуваат Царството Небесно и со моќни застапништва се молат за нас“. Владиката истакна дека особено е важно да го почитуваме родното огниште и никако да не го напуштаме, уверувајќи ги жителите од дебарскиот регион дека Бигорскиот манастир е секогаш тука да им помогне за било што. -Сите брзаат некаде да си заминат. Но не треба така. Треба да бидеме цврсти и да останеме на нашите огништа, онаму каде што ни е коренот. А нам тука ни е коренот. Знам дека е тешко да се
живее, особено сега во Дебар, кога се' помалку и помалку има Христијани. Но, манастирот го прави сето тоа што го правел низ историјата, имено го помага православното жителство и сите останати. Манастирот соработува со секој еден. Каква и да било мака да има, секој еден може слободно да дојде и да побара помош од монашките заедници. Ние ниту некого сме оставиле, ниту ќе ги оставиме жителите на регионов. Тука сме за сите за било што. Само да бидеме сите задно, оти тоа го сака Господ од нас. Денес Света Петка посебно беше радосна, бидејќи верувам дека толку народ црквата не видела со децении. Ви благодариме на сите што дојдовте. Света Петка нека ни е на помош, посака меѓу другото владиката Партениј.
Верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на светителката, кои верно се чуваат од страна на Пречистанското сестринство, од манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир, кај Кичево. Верниците од Чешка, предводени од свештеникот Василиј, и оддадоа почит на светителката и со пеење на Симболот на верата и Отче наш на чешки јазик. Осветена беше погачата што ја принесе овогодинешниот кум, Дарко Милосавлевски, од долнореканското село Битуше, кој пак, кумството за следната година му го предаде на Горан Костовски од Дебар. Црквата се наоѓа во центарот на градот, изградена е во 14 век, била обновена во 19 век, а реновирана во 1913 година и по катастрофалниот земјотрес што во ноември 1967 година го погоди градот. Во дворот на црквата е сместено и седиштето на Дебарската парохија

The post Владиката Партениј: Сите брзаат некаде да си заминат,но не треба така appeared first on Република.

]]>
В понеделник почнуваат велигденските пости, епископот Партениј упати благослов https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/v-ponedelnik-pochnuvaat-posti-episkopot-partenij-upati-blagoslov/ Fri, 24 Feb 2023 09:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=612656

Пред почетокот на велигденските пости, кои почнуваат в понеделник, епископoт Антаниски г. Партениј, кој е и игумен на Свештената бигорска Обител, денеска упати порака со која посакува благословен пост и добра Четириесетница.

-Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква. Ова богоблагословено поприште на воздржанието и христијанските добродетели за своја цел го има соединувањето со Господа и спасителот наш Исус Христос, што подразбира наше со распнување со Него, преку личните крсни страданија, но и наше совоскреснување со Неговото славно Воскресение, преку духовната радост што Светиот Дух ни ја излева. Да го прифатиме тој вистински спасоносен рецепт што води кон потполно исцеление и вечен живот: прошката, постот и вистинското богатство – добрите дела на милосрдието и љубовта, за да можеме да го дочекаме и еднодушно и со радост да го прославиме нашиот распнат и воскреснат Господ Исус Христос, порача владиката.

Неопходно е, вели тој, христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себеси за другите. Треба, додава тој, да се украсиме со најубавата добродетел - љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно.

-Милосрдието е суштествена добродетел на христијанскиот живот. Оти, доколку постот се состои само од воздржување од одредена храна, тогаш тој не претставува ништо повеќе од една обична диета, од којашто не би имале никаква духовна полза. Христијаните, кога низ историјата се случувале разни тешкотии и искушенија, во зависност од нивниот духовен напредок или давале добар пример и го влечеле целото човештво напред, кон небесната Татковина, кон целта на нашето суштествување, или ,пак, за жал, дејствувале спротивно - влечеле наназад, кон земната распадливост, вели владиката Партениј.

Додава дека „не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите, особено на оние на кои ни е тешко да им простиме, зашто тука е подвигот на христијанската љубов“.

Тој побара прошка од сите и посака благословени, добри и богоугодни пости.

-Смирено барам прошка од сите вас, за сè што сум погрешил, со збор, дело или помисла, во сите денови од мојот живот. Нашиот Христос, нашиот Бог на прошката, љубовта и милосрдието, нека ви прости на сите што го љубите. Да сте благословени и добри и богоугодни пости на сите, посака епископ г. Партениј.

Во Бигорскиот манастир, пред неколку години беше направен видео запис, во кој се зборува за содржината и амбиентот на Великиот pост

The post В понеделник почнуваат велигденските пости, епископот Партениј упати благослов appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на велигденските пости, кои почнуваат в понеделник, епископoт Антаниски г. Партениј, кој е и игумен на Свештената бигорска Обител, денеска упати порака со која посакува благословен пост и добра Четириесетница.
-Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква. Ова богоблагословено поприште на воздржанието и христијанските добродетели за своја цел го има соединувањето со Господа и спасителот наш Исус Христос, што подразбира наше со распнување со Него, преку личните крсни страданија, но и наше совоскреснување со Неговото славно Воскресение, преку духовната радост што Светиот Дух ни ја излева. Да го прифатиме тој вистински спасоносен рецепт што води кон потполно исцеление и вечен живот: прошката, постот и вистинското богатство – добрите дела на милосрдието и љубовта, за да можеме да го дочекаме и еднодушно и со радост да го прославиме нашиот распнат и воскреснат Господ Исус Христос, порача владиката.
Неопходно е, вели тој, христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себеси за другите. Треба, додава тој, да се украсиме со најубавата добродетел - љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно.
-Милосрдието е суштествена добродетел на христијанскиот живот. Оти, доколку постот се состои само од воздржување од одредена храна, тогаш тој не претставува ништо повеќе од една обична диета, од којашто не би имале никаква духовна полза. Христијаните, кога низ историјата се случувале разни тешкотии и искушенија, во зависност од нивниот духовен напредок или давале добар пример и го влечеле целото човештво напред, кон небесната Татковина, кон целта на нашето суштествување, или ,пак, за жал, дејствувале спротивно - влечеле наназад, кон земната распадливост, вели владиката Партениј.
Додава дека „не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите, особено на оние на кои ни е тешко да им простиме, зашто тука е подвигот на христијанската љубов“. Тој побара прошка од сите и посака благословени, добри и богоугодни пости.
-Смирено барам прошка од сите вас, за сè што сум погрешил, со збор, дело или помисла, во сите денови од мојот живот. Нашиот Христос, нашиот Бог на прошката, љубовта и милосрдието, нека ви прости на сите што го љубите. Да сте благословени и добри и богоугодни пости на сите, посака епископ г. Партениј.
Во Бигорскиот манастир, пред неколку години беше направен видео запис, во кој се зборува за содржината и амбиентот на Великиот pост

The post В понеделник почнуваат велигденските пости, епископот Партениј упати благослов appeared first on Република.

]]>
Бигорската Обител го прослави именденот на епископ антаниски г. Партениј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bigorskata-obitel-go-proslavi-imendenot-na-episkop-antaniski-g-partenij/ Wed, 22 Feb 2023 10:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=611851

Бигорската Обител деновиве го славеше споменот на светиот Партениј Лампсакиски, светецот закрилник на епископот Антаниски г. Партениј.

Огромно мнозинство верници и пријатели на Бигорскиот манастир присуствуваа на богослужбите, а посебна радост предизвика посетата на Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, кој беше личен претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, испратен од него за да му го честита именденот на владиката Партениј.

Уште при своето доаѓање во Бигорскиот манастир, високиот претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, на владиката Партениј му подари панагија. Митрополитот г. Кирил, во своето топло обраќање кон епископот Партениј и монашкото братство, меѓу другото рече:

Ја имам таа особена чест и тој голем благослов да се наоѓам овде, како претставник на неговата Божествена Сесветост, нашиот многупочитуван господин и владика, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Дојдов со голема радост, драги браќа, бидејќи со вашиот многу ценет старец нè поврза љубовта Христова и пожртвуваноста за православната вера и за Црквата. Дојдов и да му возвратам признателност, љубов и благодарности. Дојдов и за да се израдувам заедно со него за претстојниот празник на споменот на Светиот Партениј епископот Лампсакиски. Дојдов, за да ја споделам со Владиката и со сите вас убавината на единството, рече митрополитот г. Кирил.

На Вечерната богослужба во чест на свети Партениј Лампсакиски, среде огромното присуство верници се обрати епископот г. Партениј, кој искажа посебна благодарност кон својот светец и закрилник.

Меѓу другото, тој топло му се заблагодари на Митрополитот Кирил за неговото доаѓање, но упати и посебна благодарност до патријархот Вартоломеј за патријаршискиот благослов по повод неговиот именден:

Му благодарам особено на мојот небесен закрилник, Светиот Партениј, што ја услиши мојата молба и оваа година ја збогати својата слава со драгоценото за нас присуство на нашиот драг и сакан пријател и брат во Господа, Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедес г. Кирил, кој допатува во нашата Свештена Обител со благослов токму на Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј и ни ги донесе неговите татковски молитви и благопожелби, поради што сум силно трогнат и бескрајно благодарен. Сакам уште еднаш лично да Ви се заблагодарам, свет владико на Имврос и Тенедос, за честа и радоста со кои ме удостоивте мене последниот, прифаќајќи ја поканата да дојдете кај нас, рече во своето обраќање владиката Партениј.

Големиот број верници кои пристигнаа од сите краишта на нашата земја, но и пошироко, имаа можност да го слушаат пеењето на славниот грчки хор „Тропос“, кое го исполнуваше храмот со големо умиление.

Во име, пак, на сите монаси и монахињи од Бигорскиот, Раичкиот, Пречистанскиот и Кнежинскиот манастир се обрати архимандритот Доситеј, кој срдечно му го честита именденот на владиката Партениј и меѓу другото рече:

Чудотворецот Лампсакиски Свети Партениј денес повторно нè собра, за молитвено да го прославиме неговиот чесен спомен, а истовремено да го испочитуваме и именденот на нашиот свет старец, епископот г. Партениј. Оваа година, тој по 28 пат го слави својот истоимен небесен патрон. Поминаа, значи, речиси три децении од неговото пастирствување како старец и игумен во овој свештен дом на Чесниот Претеча и тие три децении се преполнети со многубројни дела и подвизи во слава Божја, со големи и возвишени нешта, со непрестајни молитви и срдечни воздишки, а се разбира и со не мали искушенија што, по Божјо допуштение и со Божја сила, ги претрпувал за доброто на сите нас, истакна отец Доситеј.

Следниот ден, на литургиското торжество се придружи и надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој честитајќи му го именденот на отец Партениј, му ја изрази својата силна татковска поддршка и благопожелби. Тој како добар домаќин, од чест кон Првопрестолната Црква, му го препушти чиноначалствувањето на ценетиот јерарх од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил.

На крајот од Светата Литургија, почитуваниот Митрополит г. Кирил му ја искажа својата лична почит, како и почитта и благословите од Вселенскиот Патријарх на надлежниот владика, г. Тимотеј и му посака добро здравје и долгогодишно пастирствување.

Нарекувајќи го значаен и мудар Митрополит, кој работи со смирение и со чесност, промовирајќи го единството и каноничноста на Црквата, митрополит Кирил на митрополит Тимотеј му подари сребрен медалјон, изработен во чест на 30-годишнината од патријархувањето на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Во оваа прилика тој ги искажа следниве зборови полни со братољубие:

Јас ја имам честа да доаѓам од Константинопол, од сечесната Вселенска Патријаршија, Мајката на Црквите. И доаѓам за да ги пренесам благопожелбите, љубовта и целивите на нашиот Вселенски Патријарх, најпрво на Архиепископот г. Стефан, потоа на мудриот, возљубен и честит Митрополит г. Тимотеј, и секако, на оној кој празнува – Преосвештениот г. Партениј. Лично, му благодарам на Неговата Сесветост што ме испрати, за да бидам овде како негов претставник, но му благодарам и на светиот партироначалник г. Тимотеј, којшто со својата канонска дозвола денес ни ја даде можноста да служиме во неговата епархија, во неговиот манастир, истакна ценетиот гостин.

Во таа прилика, надлежниот Митрополит г. Тимотеј, срдечно се заблагодари, упатувајќи благодарности и до Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј:

Ја користам оваа прилика од името на браќата сослужители денеска и од свое име, од име на викарниот архијереј и на сите верници што се денеска тука, да Ви се заблагодарам на Вашите убави зборови, но уште повеќе благодарност да искажам кон Неговата Сесветост Патријархот г. г. Вартоломеј, Првопрестолниот Архијереј на светата православна Црква. Искажувам уште еднаш благодарност и за подарокот, што ќе го чувам за спомен, кој ќе ме потсетува на оваа Литургија, меѓутоа ќе ме потсетува и на прекрасните моменти што ги имавме за време на првото архијерејско сослужение на Литургијата на Светата Педесетница во Цариград. Го очекуваме и Неговата Сесветост да дојде во Охрид и да ни даде Томос за долгоочекуваниот момент којшто македонскиот народ го очекува од Вселенскиот Патријарх, рече меѓу другото владиката Тимотеј.

The post Бигорската Обител го прослави именденот на епископ антаниски г. Партениј appeared first on Република.

]]>

Бигорската Обител деновиве го славеше споменот на светиот Партениј Лампсакиски, светецот закрилник на епископот Антаниски г. Партениј. Огромно мнозинство верници и пријатели на Бигорскиот манастир присуствуваа на богослужбите, а посебна радост предизвика посетата на Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, кој беше личен претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, испратен од него за да му го честита именденот на владиката Партениј. Уште при своето доаѓање во Бигорскиот манастир, високиот претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, на владиката Партениј му подари панагија. Митрополитот г. Кирил, во своето топло обраќање кон епископот Партениј и монашкото братство, меѓу другото рече:
Ја имам таа особена чест и тој голем благослов да се наоѓам овде, како претставник на неговата Божествена Сесветост, нашиот многупочитуван господин и владика, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Дојдов со голема радост, драги браќа, бидејќи со вашиот многу ценет старец нè поврза љубовта Христова и пожртвуваноста за православната вера и за Црквата. Дојдов и да му возвратам признателност, љубов и благодарности. Дојдов и за да се израдувам заедно со него за претстојниот празник на споменот на Светиот Партениј епископот Лампсакиски. Дојдов, за да ја споделам со Владиката и со сите вас убавината на единството, рече митрополитот г. Кирил.
На Вечерната богослужба во чест на свети Партениј Лампсакиски, среде огромното присуство верници се обрати епископот г. Партениј, кој искажа посебна благодарност кон својот светец и закрилник. Меѓу другото, тој топло му се заблагодари на Митрополитот Кирил за неговото доаѓање, но упати и посебна благодарност до патријархот Вартоломеј за патријаршискиот благослов по повод неговиот именден:
Му благодарам особено на мојот небесен закрилник, Светиот Партениј, што ја услиши мојата молба и оваа година ја збогати својата слава со драгоценото за нас присуство на нашиот драг и сакан пријател и брат во Господа, Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедес г. Кирил, кој допатува во нашата Свештена Обител со благослов токму на Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј и ни ги донесе неговите татковски молитви и благопожелби, поради што сум силно трогнат и бескрајно благодарен. Сакам уште еднаш лично да Ви се заблагодарам, свет владико на Имврос и Тенедос, за честа и радоста со кои ме удостоивте мене последниот, прифаќајќи ја поканата да дојдете кај нас, рече во своето обраќање владиката Партениј.
Големиот број верници кои пристигнаа од сите краишта на нашата земја, но и пошироко, имаа можност да го слушаат пеењето на славниот грчки хор „Тропос“, кое го исполнуваше храмот со големо умиление. Во име, пак, на сите монаси и монахињи од Бигорскиот, Раичкиот, Пречистанскиот и Кнежинскиот манастир се обрати архимандритот Доситеј, кој срдечно му го честита именденот на владиката Партениј и меѓу другото рече:
Чудотворецот Лампсакиски Свети Партениј денес повторно нè собра, за молитвено да го прославиме неговиот чесен спомен, а истовремено да го испочитуваме и именденот на нашиот свет старец, епископот г. Партениј. Оваа година, тој по 28 пат го слави својот истоимен небесен патрон. Поминаа, значи, речиси три децении од неговото пастирствување како старец и игумен во овој свештен дом на Чесниот Претеча и тие три децении се преполнети со многубројни дела и подвизи во слава Божја, со големи и возвишени нешта, со непрестајни молитви и срдечни воздишки, а се разбира и со не мали искушенија што, по Божјо допуштение и со Божја сила, ги претрпувал за доброто на сите нас, истакна отец Доситеј.
Следниот ден, на литургиското торжество се придружи и надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој честитајќи му го именденот на отец Партениј, му ја изрази својата силна татковска поддршка и благопожелби. Тој како добар домаќин, од чест кон Првопрестолната Црква, му го препушти чиноначалствувањето на ценетиот јерарх од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил. На крајот од Светата Литургија, почитуваниот Митрополит г. Кирил му ја искажа својата лична почит, како и почитта и благословите од Вселенскиот Патријарх на надлежниот владика, г. Тимотеј и му посака добро здравје и долгогодишно пастирствување. Нарекувајќи го значаен и мудар Митрополит, кој работи со смирение и со чесност, промовирајќи го единството и каноничноста на Црквата, митрополит Кирил на митрополит Тимотеј му подари сребрен медалјон, изработен во чест на 30-годишнината од патријархувањето на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Во оваа прилика тој ги искажа следниве зборови полни со братољубие:
Јас ја имам честа да доаѓам од Константинопол, од сечесната Вселенска Патријаршија, Мајката на Црквите. И доаѓам за да ги пренесам благопожелбите, љубовта и целивите на нашиот Вселенски Патријарх, најпрво на Архиепископот г. Стефан, потоа на мудриот, возљубен и честит Митрополит г. Тимотеј, и секако, на оној кој празнува – Преосвештениот г. Партениј. Лично, му благодарам на Неговата Сесветост што ме испрати, за да бидам овде како негов претставник, но му благодарам и на светиот партироначалник г. Тимотеј, којшто со својата канонска дозвола денес ни ја даде можноста да служиме во неговата епархија, во неговиот манастир, истакна ценетиот гостин.
Во таа прилика, надлежниот Митрополит г. Тимотеј, срдечно се заблагодари, упатувајќи благодарности и до Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј:
Ја користам оваа прилика од името на браќата сослужители денеска и од свое име, од име на викарниот архијереј и на сите верници што се денеска тука, да Ви се заблагодарам на Вашите убави зборови, но уште повеќе благодарност да искажам кон Неговата Сесветост Патријархот г. г. Вартоломеј, Првопрестолниот Архијереј на светата православна Црква. Искажувам уште еднаш благодарност и за подарокот, што ќе го чувам за спомен, кој ќе ме потсетува на оваа Литургија, меѓутоа ќе ме потсетува и на прекрасните моменти што ги имавме за време на првото архијерејско сослужение на Литургијата на Светата Педесетница во Цариград. Го очекуваме и Неговата Сесветост да дојде во Охрид и да ни даде Томос за долгоочекуваниот момент којшто македонскиот народ го очекува од Вселенскиот Патријарх, рече меѓу другото владиката Тимотеј.

The post Бигорската Обител го прослави именденот на епископ антаниски г. Партениј appeared first on Република.

]]>
Не може човек да живее со пркос кон Христовите повеленија, а да биде внатрешно исполнет и среќен, вели епископ Партениј https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-moze-chovek-da-zivee-so-prkos-kon-hristovite-povelenija-a-da-bide-vnatreshno-ispolnet-i-srekjen-veli-episkop-partenij/ Mon, 10 Oct 2022 08:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=559347

За жал, не треба да се трудиме многу за да увидиме дека денес христијанските морални начела, кои воедно прераснале и во универзални и цивилизациски, се безобѕирно погазени и релативизирани, вели во разговорот за „Машки магазин“, Игуменот на Бигорскиот манастир, Епископ г. Партениј.

Тоа, последователно, причинува хаос во меѓучовечките односи, создава клима на недоверба и алиенација, го разорува најсветиот сојуз во општеството - бракот. А, без брак, во христијанска смисла, без таа свештена заедница врз која почива севкупното устројство и благоуспевањето на едно општество, следствено и на човечките единки, не би можеле да говориме за нешто хумано, здраво, сериозно. Погледнете околу вас и веднаш ќе воочите колку многу се намножиле разните психички аномалии и страданијата меѓу луѓето, почнувајќи од анксиозност и панични напади, па до најтешки видови на депресија. Главната причина за ова лежи во отстранувањето и во напуштањето на Божјиот закон на општо ниво. Едноставно, не може човек да живее со пркос кон Христовите повеленија за љубовта, за чистотата, за скромноста и за воздржливоста, а да биде внатрешно исполнет и среќен. Како што вели познатиот современ Светија на православната Црква, Преподобниот Паисиј Светогорец: „Денес луѓето имаат сè, но имаат и тага, затоа што Го немаат Христа“. Како заклучок од сето ова, мојата порака кон православните мажи е најнапред да се утврдат себеси во „познавањето на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мерата на полната возраст на Христовото совршенство“ (Ефес. 4,13), како што нè советува сите Светиот Апостол Павле, но и свето да го чуваат христијанскиот брак, кој не е правна спогодба меѓу две единки, туку, пред сѐ, Божествена институција. Всушност, бракот помеѓу еден маж и една жена, каков што го знаеме со векови, е цивилизациска придобивка токму од Христијанството. Затоа и треба да го сочуваме, доколку сакаме да ја спасиме и да ја запазиме нашата цивилизација. А, ќе го сочуваме единствено преку самопожртвуваната љубов. Истиот Апостол, кој впрочем ги искажал најубавите зборови за бракот, повикува: „Вие, мажите, сакајте ги жените свои како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа“ (Ефес. 5,25). Истото, се разбира, важи подеднакво и за жените. Значи, Бог ги повикува брачните сопатници да се сакаат меѓусебно со Христовата љубов. Токму таа љубов, Божествената, самопожртвуваната, вистинската и трајната, е одговор и решение за сите проблеми и предизвици. Секако, од голема важност е чувањето на достоинството, растењето и воспитувањето во една благородна, морална и молитвена личност, во ерудиција и, особено, во добродетелта на воздржанието, која е одговор за многуте пороци на денешнината, вели епископот.

Зборувајќи за љубовта како врховно животно начело, Партениј вели дека не би можел ништо поумно и повозвишено да додаде, освен да ги повтори зборовите на Божествениот Павле, кој говорејќи за воплотената Љубов, за Христос Бог, вели:

„Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува; сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува…“ (1. Кор. 13,4-8). А, дека Бог несомнено е љубов, пишува и Апостолот на Љубовта, Свети Јован Богослов, кој видел и сведочи дека „Бог е љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога и Бог - во него“ (1. Јован. 4,16). Така, љубовта, вистинската, духовната, пожртвуваната, е знакот според кој биваат препознаени автентичните Христови следбеници. Самиот Он вели: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13,35). Накрај, љубовта ќе биде и знакот според кој Господ ќе нè препознава за вечноста.

Целото интервју на „Машки магазин

The post Не може човек да живее со пркос кон Христовите повеленија, а да биде внатрешно исполнет и среќен, вели епископ Партениј appeared first on Република.

Oтец Партениј во Ерусалим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otec-partenij-vo-erusalim/ Fri, 23 Sep 2022 08:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=553409

Со благослов на архиепископот г. г. Стефан и на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот антаниски г. Партениј, со дел од своето братство, деновиве се наоѓа во Светата Земја на поклоничко патување, при што вчера оствари официјална средба со ерусалимскиот патријарх г. г. Теофил во седиштето на Патријаршијата во Ерусалим.

На средбата, Епископот Партениј му ги предал писмените поздрави од архиепископот Стефан и усните од митрополитот Тимотеј и добил благослов за богослужење на светите места.

Патријархот Теофил, исто така, го истакнал своето задоволство од примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство со останатите православни цркви, по одлуката на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј од 9 мај годинава и по помирувањето со Православната црква на Србија.

Изминатава вечер, бигорскиот игумен, г. Партениј, сослужуваше на ноќната литургија во параклисот Голгота, каде што се случило Христовото Распетие, во Сечесниот храм на Воскресението во Ерусалим. Со него служеше и архиепископот Аристовул од Ерусалимската Патријаршија и неколкумина други свештенослужители, меѓу кои биле и архимандритот Доситеј и јеромонасите Кирил и Анатолиј од Бигорскиот манастир.

Ова е прво сослужение на архиереј од Охридската Архиепископија во Светиот Град по востановувањето на нејзиното литургиско и канонско единство од страна на Вселенската Патријаршија во мај оваа година, но воопшто и во поновата историја на нашата Црква.

The post Oтец Партениј во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Со благослов на архиепископот г. г. Стефан и на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот антаниски г. Партениј, со дел од своето братство, деновиве се наоѓа во Светата Земја на поклоничко патување, при што вчера оствари официјална средба со ерусалимскиот патријарх г. г. Теофил во седиштето на Патријаршијата во Ерусалим. На средбата, Епископот Партениј му ги предал писмените поздрави од архиепископот Стефан и усните од митрополитот Тимотеј и добил благослов за богослужење на светите места. Патријархот Теофил, исто така, го истакнал своето задоволство од примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство со останатите православни цркви, по одлуката на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј од 9 мај годинава и по помирувањето со Православната црква на Србија. Изминатава вечер, бигорскиот игумен, г. Партениј, сослужуваше на ноќната литургија во параклисот Голгота, каде што се случило Христовото Распетие, во Сечесниот храм на Воскресението во Ерусалим. Со него служеше и архиепископот Аристовул од Ерусалимската Патријаршија и неколкумина други свештенослужители, меѓу кои биле и архимандритот Доситеј и јеромонасите Кирил и Анатолиј од Бигорскиот манастир. Ова е прво сослужение на архиереј од Охридската Архиепископија во Светиот Град по востановувањето на нејзиното литургиско и канонско единство од страна на Вселенската Патријаршија во мај оваа година, но воопшто и во поновата историја на нашата Црква.

The post Oтец Партениј во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-manastirot-sv-jovan-bigorski-e-zivo-svedoshtvo-za-avtentichniot-makedonski-identitet/ Fri, 27 May 2022 16:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=507742

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети манастирот Св. Јован Бигорски, каде што беше пречекан од игуменот на манастирот, Епископ Антаниски г. Партениј и запознаен со историјата и мисијата на манастирот Св. Јован Бигорски, како еден од најзначајните монашки и духовни центри во историјата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Во посетата на манастирскиот комплекс, Ковачевски беше придружуван и од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

Епископ Антаниски г. Партениј, како игумен на манастирот, на премиерот Ковачевски, се вели во соопштението од владината прес-служба, му ги презентираше најважните и исклучително значајни артефакти во манастирската црква Св. Јован Крстител во која доминантно место има прекрасниот и единствен од ваков вид иконостас во православието, врвно дело на мијачките копаничари, Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник.

За време на разгледувањето на манастирските содржини, Ковачевски, се вели во соопштението, истакнал дека сега со историската одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, убавините и вдахновената духовна атмосфера на манастирот Св. Јован Бигорски, стануваат достапни за верниците од сите сестрински православни цркви за да го сведочат единството и црковно заедништво како една од најсуштинските вредности на православното христијанство.

Ковачевски нагласил дека во признавањето на МПЦ-ОА како канонска автокефална црква се вградени и големите дела на сите црковни и духовни големци во нашата историја кои учествуваа во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ и на прифаќањето возобновена Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ како еднаква и официјално прифатена во заедницата православни цркви.

Премиерот Ковачевски, како што информираат од владината прес-служба, ја посетил и манастирската библиотека во која се чуваат уникатните и оригиналните книги како што поучната творба „Огледало“ на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, издадена во Виена во 1816 година, поемата „Арматолос“ („Сердарот“) на Григор Прличев, издадена во Атина во 1860 година, реткиот примерок на црковнословенскиот месецослов, кој потекнува од времето на руската царица Екатерина Велика, отпечатен во 1793 година, како и едно од првите изданија на Светото писмо на народен јазик од 1874 година.

Книгите се најсилното оружје во одбраната на македонскиот јазик и идентитет, рече за време на посетата на манастирот премиерот Ковачевски, и истакна дека делата на македонските преродбеници од 19 век, црковните книги и зачуваните писма на бигорските игумени и монаси говорат дека македонскиот народ има многувековна црковна и долга историја, култура.

Обиколката на манастирот Св. Јован Бигорски заврши во конакот со својот автентичен внатрешен амбиент се издвојуваат големиот синодикон и приемната одаја за гостите кои во огромен број го посетуваат овој црковен бисер на МПЦ-ОА.

The post Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети манастирот Св. Јован Бигорски, каде што беше пречекан од игуменот на манастирот, Епископ Антаниски г. Партениј и запознаен со историјата и мисијата на манастирот Св. Јован Бигорски, како еден од најзначајните монашки и духовни центри во историјата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Во посетата на манастирскиот комплекс, Ковачевски беше придружуван и од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. Епископ Антаниски г. Партениј, како игумен на манастирот, на премиерот Ковачевски, се вели во соопштението од владината прес-служба, му ги презентираше најважните и исклучително значајни артефакти во манастирската црква Св. Јован Крстител во која доминантно место има прекрасниот и единствен од ваков вид иконостас во православието, врвно дело на мијачките копаничари, Петре Филиповски – Гарката од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. За време на разгледувањето на манастирските содржини, Ковачевски, се вели во соопштението, истакнал дека сега со историската одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, убавините и вдахновената духовна атмосфера на манастирот Св. Јован Бигорски, стануваат достапни за верниците од сите сестрински православни цркви за да го сведочат единството и црковно заедништво како една од најсуштинските вредности на православното христијанство. Ковачевски нагласил дека во признавањето на МПЦ-ОА како канонска автокефална црква се вградени и големите дела на сите црковни и духовни големци во нашата историја кои учествуваа во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ и на прифаќањето возобновена Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ како еднаква и официјално прифатена во заедницата православни цркви. Премиерот Ковачевски, како што информираат од владината прес-служба, ја посетил и манастирската библиотека во која се чуваат уникатните и оригиналните книги како што поучната творба „Огледало“ на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, издадена во Виена во 1816 година, поемата „Арматолос“ („Сердарот“) на Григор Прличев, издадена во Атина во 1860 година, реткиот примерок на црковнословенскиот месецослов, кој потекнува од времето на руската царица Екатерина Велика, отпечатен во 1793 година, како и едно од првите изданија на Светото писмо на народен јазик од 1874 година. Книгите се најсилното оружје во одбраната на македонскиот јазик и идентитет, рече за време на посетата на манастирот премиерот Ковачевски, и истакна дека делата на македонските преродбеници од 19 век, црковните книги и зачуваните писма на бигорските игумени и монаси говорат дека македонскиот народ има многувековна црковна и долга историја, култура. Обиколката на манастирот Св. Јован Бигорски заврши во конакот со својот автентичен внатрешен амбиент се издвојуваат големиот синодикон и приемната одаја за гостите кои во огромен број го посетуваат овој црковен бисер на МПЦ-ОА.

The post Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет appeared first on Република.

]]>
Верници од повеќе градови од земјава во Бигорски на именденот на владиката Партениј https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vernici-od-povekje-gradovi-od-zemjava-vo-bigorski-na-imendenot-na-vladikata-partenij/ Mon, 21 Feb 2022 08:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=461260

Во присуство на верници од многу делови на државава, со запазување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19, беше одбележан именденот на игуменот на свештената Бигорска Обител, неговото Преосвештенство г. Партениј.

Бескрајно ви благодарам мили мои гости и духовни чеда, што допатувавте дотука за да ја споделите заедно со нас радоста и убавината од денешното црковно празнување – попразненството на Сретението Господово и споменот на големиот Христов угодник и чудотворец, Свети Партениј, епископот Лампсакиски. Особено сакам да му се заблагодарам на мојот возљубен брат во Христа, Архимандрит г. Доситеј, старецот и игумен на Манастирот Гргетег во Србија, кој ни сотвори голема чест и радост со своето ценето присуство. Имено, тој е пријател на нашиот Манастир и на нашето Братство и за него можам да кажам само дека е човек на Христова љубов - изјави меѓу другото во обраќањето г. Партениј.

Од името на братството и сестринствата именденот на владиката Партениј му го честиташе неговото Високопреподобие, архимандрит Доситеј. Тој порача дека и оваа година благодатта Божја ги собрал заедно, за соборно да се помолат на големиот Христов чудотворец, епископот Лампсакиски, Свети Партениј, а истовремено со ова молитвено чествување, да го „одбележат и именденот на Владиката на нивните срца, духовниот татко на повеќето од нив таму присутни, како и на уште многу повеќе телесно отсутни, но со духот дојдени овде во храмот на Чесниот Претеча“.

Ако секојдневието на еден обичен монах е распнувањето на стариот, паднат човек во нас, борбата со страстите и со разноразните демонски искушенија, како што тоа, впрочем, е мошне сликовито прикажано на фреската во ексонартексот, тогаш многу поголемо е катадневното распетие на нашиот Старец и Игумен, кој, згора на нашите лични страданија и искушенија, како и искушенијата и маките на уште илјадници свои духовни чеда, со љубов и проштавање ги трпи навредите и клеветите од надворешни луѓе кои не го ни познаваат добро, а ете си зеле или добиле задача да го оцрнуваат. Ваше преосвештенство, честит именден и на многаја лета - порача архимандрит Доситеј.

Освен молитвите произнесени од своите срца за време на богослужението, духовните чеда на г. Партениј, од „Ѓорче Петров“-Скопје, од Охрид, Дебар, Ростуше, кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“, од Битола и друг градови, ја изразија својата благодарност и љубов кон својот духовен татко и преку неколку посвети, пригодни подароци и цвеќиња, а Билјана Андоновска од Битола и со поема.

-Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите, од сето срце свое и од сета душа своја, за обилната љубов со која ме опсипавте, за вашите искрени молитви и желби, коишто се толку драгоцени за мене и без кои не ќе можев да го носам тешкиот крст на архиерејската и игуменска служба, за вашите радосни лица и за вашите христољубиви души. Благословот на нашиот Отец меѓу Светиите, Партениј Лампсакиски Чудотворец нека биде со сите вас! За многу години, посака г. Партениј.

До владиката Партениј пристигнаа и голем број честитки од разни краеви на државава и надвор од неа.

The post Верници од повеќе градови од земјава во Бигорски на именденот на владиката Партениј appeared first on Република.

]]>

Во присуство на верници од многу делови на државава, со запазување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19, беше одбележан именденот на игуменот на свештената Бигорска Обител, неговото Преосвештенство г. Партениј.
Бескрајно ви благодарам мили мои гости и духовни чеда, што допатувавте дотука за да ја споделите заедно со нас радоста и убавината од денешното црковно празнување – попразненството на Сретението Господово и споменот на големиот Христов угодник и чудотворец, Свети Партениј, епископот Лампсакиски. Особено сакам да му се заблагодарам на мојот возљубен брат во Христа, Архимандрит г. Доситеј, старецот и игумен на Манастирот Гргетег во Србија, кој ни сотвори голема чест и радост со своето ценето присуство. Имено, тој е пријател на нашиот Манастир и на нашето Братство и за него можам да кажам само дека е човек на Христова љубов - изјави меѓу другото во обраќањето г. Партениј.
Од името на братството и сестринствата именденот на владиката Партениј му го честиташе неговото Високопреподобие, архимандрит Доситеј. Тој порача дека и оваа година благодатта Божја ги собрал заедно, за соборно да се помолат на големиот Христов чудотворец, епископот Лампсакиски, Свети Партениј, а истовремено со ова молитвено чествување, да го „одбележат и именденот на Владиката на нивните срца, духовниот татко на повеќето од нив таму присутни, како и на уште многу повеќе телесно отсутни, но со духот дојдени овде во храмот на Чесниот Претеча“.
Ако секојдневието на еден обичен монах е распнувањето на стариот, паднат човек во нас, борбата со страстите и со разноразните демонски искушенија, како што тоа, впрочем, е мошне сликовито прикажано на фреската во ексонартексот, тогаш многу поголемо е катадневното распетие на нашиот Старец и Игумен, кој, згора на нашите лични страданија и искушенија, како и искушенијата и маките на уште илјадници свои духовни чеда, со љубов и проштавање ги трпи навредите и клеветите од надворешни луѓе кои не го ни познаваат добро, а ете си зеле или добиле задача да го оцрнуваат. Ваше преосвештенство, честит именден и на многаја лета - порача архимандрит Доситеј.
Освен молитвите произнесени од своите срца за време на богослужението, духовните чеда на г. Партениј, од „Ѓорче Петров“-Скопје, од Охрид, Дебар, Ростуше, кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“, од Битола и друг градови, ја изразија својата благодарност и љубов кон својот духовен татко и преку неколку посвети, пригодни подароци и цвеќиња, а Билјана Андоновска од Битола и со поема. -Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите, од сето срце свое и од сета душа своја, за обилната љубов со која ме опсипавте, за вашите искрени молитви и желби, коишто се толку драгоцени за мене и без кои не ќе можев да го носам тешкиот крст на архиерејската и игуменска служба, за вашите радосни лица и за вашите христољубиви души. Благословот на нашиот Отец меѓу Светиите, Партениј Лампсакиски Чудотворец нека биде со сите вас! За многу години, посака г. Партениј. До владиката Партениј пристигнаа и голем број честитки од разни краеви на државава и надвор од неа.

The post Верници од повеќе градови од земјава во Бигорски на именденот на владиката Партениј appeared first on Република.

]]>