отчетност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otchetnost/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 14:23:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png отчетност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/otchetnost/ 32 32 Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/noviot-minister-za-sport-so-jasna-poraka-transparentnosta-i-otchetnosta-se-nash-prioritet/ Mon, 24 Jun 2024 14:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=790342

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.

Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока, истакна тој.

Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот.

На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.

 

The post Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.
Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока, истакна тој.
Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот. На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.  

The post Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет appeared first on Република.

]]>