осветлување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osvetluvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 26 Feb 2023 16:18:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осветлување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osvetluvanje/ 32 32 Почна уредување и осветлување на локалитетот Баргала https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-ureduvane-i-osvetluvane-na-lokalitetot-bargala/ Sun, 26 Feb 2023 17:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=613395

Почна уредување на археолошкиот локалитет Баргала. Проектот го реализираат Општина Карбинци во соработка со НУ Завод и музеј-Штип, Центарот за развој на Источно плански регион. Градоначалникот, Виктор Паунов вели обезбедени се шест милиони денари, а Општина Карбиници учествува со кофинансирање од 10 отсто.

– Се работи за проект кој заеднички со Музејот го аплициравме преку ИПР и успеавме да обезбедиме финансиски средства во висина од шест милиони денари од страна на Бирото за регионален развој и еве конечно од денес започнуваме со реализација на истиот. Се надевам дека ќе нема проблеми во текот на изведбата и дека кога ќе го реализираме овој проект ќе добиеме една поинаква слика на ова историско место. Локалитетот Баргала заслужува да биде место коешто ќе понуди повеќе содржини за посетителите, вели Паунов.

Локалитетот Баргала ќе понуди повеќе содржини за посетителите од источниот регион и туристите од земјата и странство

– Од утре започнуваат градежните работи на проектот „Осветлување и оградување, мапирање на локалитетот Баргала“, со што се надеваме дека овој локалитет ќе го добие своето значење, својата заштита“ ама ќе биде вклучен и во туристичката мапа односно во туристичката посета па да речеме 24 часа, вели Митко Штерјов директор на ЗЗС и Музеј на град-Штип.

Проектот треба да биде завршен во текот на август годинава.

The post Почна уредување и осветлување на локалитетот Баргала appeared first on Република.

]]>

Почна уредување на археолошкиот локалитет Баргала. Проектот го реализираат Општина Карбинци во соработка со НУ Завод и музеј-Штип, Центарот за развој на Источно плански регион. Градоначалникот, Виктор Паунов вели обезбедени се шест милиони денари, а Општина Карбиници учествува со кофинансирање од 10 отсто. – Се работи за проект кој заеднички со Музејот го аплициравме преку ИПР и успеавме да обезбедиме финансиски средства во висина од шест милиони денари од страна на Бирото за регионален развој и еве конечно од денес започнуваме со реализација на истиот. Се надевам дека ќе нема проблеми во текот на изведбата и дека кога ќе го реализираме овој проект ќе добиеме една поинаква слика на ова историско место. Локалитетот Баргала заслужува да биде место коешто ќе понуди повеќе содржини за посетителите, вели Паунов. Локалитетот Баргала ќе понуди повеќе содржини за посетителите од источниот регион и туристите од земјата и странство – Од утре започнуваат градежните работи на проектот „Осветлување и оградување, мапирање на локалитетот Баргала“, со што се надеваме дека овој локалитет ќе го добие своето значење, својата заштита“ ама ќе биде вклучен и во туристичката мапа односно во туристичката посета па да речеме 24 часа, вели Митко Штерјов директор на ЗЗС и Музеј на град-Штип. Проектот треба да биде завршен во текот на август годинава.

The post Почна уредување и осветлување на локалитетот Баргала appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува со хајката против општините, поради нивните хирови граѓаните можат да останат без улично осветлување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vladata-na-sdsm-prodolzuva-so-hajkata-protiv-opshtinite-poradi-nivnite-hirovi-gragjanite-mozat-da-ostanat-bez-ulichno-osvetluvanje/ Thu, 03 Nov 2022 15:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=569281

Во време на голема светска економска и енергетска криза, Владата на СДСМ продолжува со реваншистички политики и одлуки кон локалната самоуправа. Изминативе месеци македонската јавност е сведок на целосното отсуство на слух за барањата на општините и јавните општински комунални претпријатија, кои се соочуваат со големи тешкотии во функционирањето, пред се како резултат на енормното покачување на цените на електричната енергија и горивото, велат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Залудни беа апелите на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кои со месеци алармираат дека струјата која ја плаќаат јавните претпријатија и општините е зголемена од 5 до 10 пати во однос од пред неколку години, со што ги има доведено истите на работ на банкрот.

До овој момент Владата на СДСМ одби да даде било каква финансиска помош за надминување на проблемите со кои се соочуваат овие претпријатија, исто како и помошта која по медиумите декларира дека ја дава на граѓаните и стопанството, а каде сето тоа е само на хартија и без никакви суштинска помош.

Во недостаток на суштински мерки и вистинска помош, деновиве Владата на СДСМ нанесе нов удар за локалната самоуправа, а тоа е одлуката со која се забранува на општините и Градот Скопје да основаат јавни претпријатија, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.

Ова беше еден од механизмите со кои на општините им се дава за поефикасно менаџирање на средствата на граѓаните, бидејќи истите се со мал број вработени и мал приход, а со тоа како такво го префрлува уличното осветлување на таканаречениот регулиран пазар, каде што може да се набави електрична енергија за пониска цена. Со оваа одлука и забраната за формирање за вакви претпријатија, Градот Скопје и повеќето општини, кои се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени, како такви се принудени струјата да ја набавуваат на слободниот пазар, каде во моментов имаме екстремно високи берзански цени.

Со оваа одлука на Владата, која е спротивна на Законот за енергетика, Законот за локална самоуправа и Законот за јавните претпријатија, општините се ставаат во крајно неповолна положба и во недостаток на вистинска помош Владата се обидува да ги саботира активностите на општините за успешно менаџирање во време на криза.

Навистина е жално што СДСМ имаат загубено целосен интерес за барањата, потребите и укажувањата на општините и јавните општински претпријатија, кои со месеци бараа средби и решенија за нормално функционирање во време на претстојната зима. Она што е пожално е промената на односот на СДСМ кон општините, особено по локалните избори, каде недвосмислената финансиска поддршка и расфрлањето со државни пари и бришења на долгови се сменија со блокади, забрани и целосно игнорирање.

Поради овие состојби за кои се виновни СДСМ и никој друг, во време која Владата е целосно делигитимирана, потребно е истата да си замине час поскоро!

Предвремени избори мора да има час поскоро!, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува со хајката против општините, поради нивните хирови граѓаните можат да останат без улично осветлување appeared first on Република.

]]>

Во време на голема светска економска и енергетска криза, Владата на СДСМ продолжува со реваншистички политики и одлуки кон локалната самоуправа. Изминативе месеци македонската јавност е сведок на целосното отсуство на слух за барањата на општините и јавните општински комунални претпријатија, кои се соочуваат со големи тешкотии во функционирањето, пред се како резултат на енормното покачување на цените на електричната енергија и горивото, велат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. -Залудни беа апелите на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кои со месеци алармираат дека струјата која ја плаќаат јавните претпријатија и општините е зголемена од 5 до 10 пати во однос од пред неколку години, со што ги има доведено истите на работ на банкрот. До овој момент Владата на СДСМ одби да даде било каква финансиска помош за надминување на проблемите со кои се соочуваат овие претпријатија, исто како и помошта која по медиумите декларира дека ја дава на граѓаните и стопанството, а каде сето тоа е само на хартија и без никакви суштинска помош. Во недостаток на суштински мерки и вистинска помош, деновиве Владата на СДСМ нанесе нов удар за локалната самоуправа, а тоа е одлуката со која се забранува на општините и Градот Скопје да основаат јавни претпријатија, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување. Ова беше еден од механизмите со кои на општините им се дава за поефикасно менаџирање на средствата на граѓаните, бидејќи истите се со мал број вработени и мал приход, а со тоа како такво го префрлува уличното осветлување на таканаречениот регулиран пазар, каде што може да се набави електрична енергија за пониска цена. Со оваа одлука и забраната за формирање за вакви претпријатија, Градот Скопје и повеќето општини, кои се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени, како такви се принудени струјата да ја набавуваат на слободниот пазар, каде во моментов имаме екстремно високи берзански цени. Со оваа одлука на Владата, која е спротивна на Законот за енергетика, Законот за локална самоуправа и Законот за јавните претпријатија, општините се ставаат во крајно неповолна положба и во недостаток на вистинска помош Владата се обидува да ги саботира активностите на општините за успешно менаџирање во време на криза. Навистина е жално што СДСМ имаат загубено целосен интерес за барањата, потребите и укажувањата на општините и јавните општински претпријатија, кои со месеци бараа средби и решенија за нормално функционирање во време на претстојната зима. Она што е пожално е промената на односот на СДСМ кон општините, особено по локалните избори, каде недвосмислената финансиска поддршка и расфрлањето со државни пари и бришења на долгови се сменија со блокади, забрани и целосно игнорирање. Поради овие состојби за кои се виновни СДСМ и никој друг, во време која Владата е целосно делигитимирана, потребно е истата да си замине час поскоро! Предвремени избори мора да има час поскоро!, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува со хајката против општините, поради нивните хирови граѓаните можат да останат без улично осветлување appeared first on Република.

]]>
Костовски: Општина Бутел ќе добие модерно лед осветлување https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-opshtina-butel-kje-dobie-moderno-led-osvetluvanje/ Wed, 19 Oct 2022 08:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=562861

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави дека Општината низ целата територија ќе добие ново, модерно лед осветлување.

Тој рече дека по помината една година од неговиот мандат, во Општината се реализирале многу проекти, се реконструирале улици, се граделе паркови, спортско-рекреативни комплекси и игралишта. Но, како голем проблем, вели Костовски, е енергетската криза и електричната енергија.

Екстремно високите сметки за електрична енергија кои пристигаат и покрај тоа што општината презема мерки за штедење земаат огромен процент од општинскиот буџет кој наместо да се инвестира во нови проекти сега се покриваат долговите и сметките за електрична енергија. Сметките за електрична енергија се четири и пол пати до пет пати поголеми во однос на оние што сме ги имале претходните години во исто време, односно во 2021 и во 2020 година. Но, за жал, сега само во неколку месеци годинава сме потрошиле повеќе пари за електрична енергија - напиша Костовски на официјалната Фејсбук страница.

Тој најави дека покрај штедењето, Општината ќе преземе дополнителни мерки.

Општина Бутел е една од најпогодените општини пред се поради дотраената и стара исталациона мрежа, стар тип на улични светилки кои трошат енормно многу. Овој сериозно важен процес требало некој до сега да го реши, но како и за многу други заборавени работи така и за оваа ќе ја решиме јас и мојот тим. Забрзано во соработка со врвни професори од најзасегнатите државни факултети, факултетот за електротехника и машинскиот факултет, ќе се изработи квалитетна и прецизна физибилити студија која ќе овозможи во најбрз временски рок да се пристапи кон промена на уличното осветлување и поставување на ново модерно и штедливо лед осветлување низ цела територија на општина Бутел. Ги замолувам граѓаните на општина Бутел за разбирање, ги разбирам нивните потреби, но ова сепак е една вонредна и исклучително тешка енергетска криза со која мораме да се справуваме. Работиме на трајно и квалитетно решавање на овој проблем. Да бидеме трпеливи и за кус период пред секој дом ќе има модерно лед осветлување, порача Костовски.

The post Костовски: Општина Бутел ќе добие модерно лед осветлување appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави дека Општината низ целата територија ќе добие ново, модерно лед осветлување. Тој рече дека по помината една година од неговиот мандат, во Општината се реализирале многу проекти, се реконструирале улици, се граделе паркови, спортско-рекреативни комплекси и игралишта. Но, како голем проблем, вели Костовски, е енергетската криза и електричната енергија.
Екстремно високите сметки за електрична енергија кои пристигаат и покрај тоа што општината презема мерки за штедење земаат огромен процент од општинскиот буџет кој наместо да се инвестира во нови проекти сега се покриваат долговите и сметките за електрична енергија. Сметките за електрична енергија се четири и пол пати до пет пати поголеми во однос на оние што сме ги имале претходните години во исто време, односно во 2021 и во 2020 година. Но, за жал, сега само во неколку месеци годинава сме потрошиле повеќе пари за електрична енергија - напиша Костовски на официјалната Фејсбук страница.
Тој најави дека покрај штедењето, Општината ќе преземе дополнителни мерки.
Општина Бутел е една од најпогодените општини пред се поради дотраената и стара исталациона мрежа, стар тип на улични светилки кои трошат енормно многу. Овој сериозно важен процес требало некој до сега да го реши, но како и за многу други заборавени работи така и за оваа ќе ја решиме јас и мојот тим. Забрзано во соработка со врвни професори од најзасегнатите државни факултети, факултетот за електротехника и машинскиот факултет, ќе се изработи квалитетна и прецизна физибилити студија која ќе овозможи во најбрз временски рок да се пристапи кон промена на уличното осветлување и поставување на ново модерно и штедливо лед осветлување низ цела територија на општина Бутел. Ги замолувам граѓаните на општина Бутел за разбирање, ги разбирам нивните потреби, но ова сепак е една вонредна и исклучително тешка енергетска криза со која мораме да се справуваме. Работиме на трајно и квалитетно решавање на овој проблем. Да бидеме трпеливи и за кус период пред секој дом ќе има модерно лед осветлување, порача Костовски.

The post Костовски: Општина Бутел ќе добие модерно лед осветлување appeared first on Република.

]]>
Смета дека е непотребно: Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/smeta-deka-e-nepotrebno-arjanit-hodza-bara-da-se-iskluchi-osvetluvanjeto-na-mileniumskiot-krst/ Wed, 14 Sep 2022 16:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=550794

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа на својот Фејсбук посочи дека Милениумскиот крст на Водно треба да се исклучи.

Ваквото барање доаѓа по одлуката во Париз да се исклучи Ајфеловата кула.

Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја, особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи во текот на оваа зима. Наместо нашите владетели да ни кажуваат како да се користи струјата дома, јас јавно предлагам да почнат да се штедат и да престанат со непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!, пишува Хоџа.

The post Смета дека е непотребно: Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа на својот Фејсбук посочи дека Милениумскиот крст на Водно треба да се исклучи. Ваквото барање доаѓа по одлуката во Париз да се исклучи Ајфеловата кула. Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја, особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи во текот на оваа зима. Наместо нашите владетели да ни кажуваат како да се користи струјата дома, јас јавно предлагам да почнат да се штедат и да престанат со непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!, пишува Хоџа.

The post Смета дека е непотребно: Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст appeared first on Република.

]]>
Град Скопје нема да го изгаси јавното осветлување на улиците и булеварите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-nema-da-go-izgasi-javnoto-osvetluvanje-na-ulicite-i-bulevarite/ Tue, 23 Aug 2022 09:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=543197

Град Скопје нема под ниту едни услови да го изгаси јавното осветлување на улиците и булеварите под надлежност на градот, изјави денеска на прес-конференција скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Ова, како што посочи Арсовска, е во насока на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Ќе направиме се што е возможно, да се намалат трошоците за електрична енергија, меѓутоа не врз грбот на граѓаните и со тоа што ќе биде загрозена безбедноста и сигурноста на градските булевари и улици, изјави Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање за најавените мерки и препораки за штедење на електрична енергија.

Мерките и препораките, посочи Арсовска, ќе бидат доставени до јавните претпријатија и институции до крајот на денот, по што ќе бидат и објавени.

Започнавме со процес на намалување на интензитетот на лед светлата на уличното осветлување и тоа до максимум 70 проценти од моќноста, а во насока на штедење на електрична енергија. Ќе се приспособат системите за осветлување на одредени временски интервали, согласно соодветната потреба во текот на деноноќието, а се пристапува и кон етапна замена и користење на лед светилки, кои трошат за 85 проценти помалку електрична енергија од обичните светилки, изјави Арсовска.

Дадени се насоки, рече Арсовска, за ограничување на се што се смета за осветлување кое не е од животно значење, како што е ограничување на осветлувањето врз јавните згради и рекламите.

Издадовме насоки за рационално користење на уредите во објектите, при јавните претпријатија и правиме значително кратење на непродуктивните трошоци, појасни Арсовска.

Секоја општина, нагласи Арсовска, си креира сопствени мерки за штедење, затоа што имаат автономија во своето одлучување, додека Градот Скопје, како што посочи, донел само краткорочни и долгорочни мерки кои што треба да придонесат за штедење на електрична енергија и преминување кон транзициони и обновливи извори на енергија.

The post Град Скопје нема да го изгаси јавното осветлување на улиците и булеварите appeared first on Република.

]]>

Град Скопје нема под ниту едни услови да го изгаси јавното осветлување на улиците и булеварите под надлежност на градот, изјави денеска на прес-конференција скопската градоначалничка Данела Арсовска. Ова, како што посочи Арсовска, е во насока на безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Ќе направиме се што е возможно, да се намалат трошоците за електрична енергија, меѓутоа не врз грбот на граѓаните и со тоа што ќе биде загрозена безбедноста и сигурноста на градските булевари и улици, изјави Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање за најавените мерки и препораки за штедење на електрична енергија.
Мерките и препораките, посочи Арсовска, ќе бидат доставени до јавните претпријатија и институции до крајот на денот, по што ќе бидат и објавени.
Започнавме со процес на намалување на интензитетот на лед светлата на уличното осветлување и тоа до максимум 70 проценти од моќноста, а во насока на штедење на електрична енергија. Ќе се приспособат системите за осветлување на одредени временски интервали, согласно соодветната потреба во текот на деноноќието, а се пристапува и кон етапна замена и користење на лед светилки, кои трошат за 85 проценти помалку електрична енергија од обичните светилки, изјави Арсовска.
Дадени се насоки, рече Арсовска, за ограничување на се што се смета за осветлување кое не е од животно значење, како што е ограничување на осветлувањето врз јавните згради и рекламите.
Издадовме насоки за рационално користење на уредите во објектите, при јавните претпријатија и правиме значително кратење на непродуктивните трошоци, појасни Арсовска.
Секоја општина, нагласи Арсовска, си креира сопствени мерки за штедење, затоа што имаат автономија во своето одлучување, додека Градот Скопје, како што посочи, донел само краткорочни и долгорочни мерки кои што треба да придонесат за штедење на електрична енергија и преминување кон транзициони и обновливи извори на енергија.

The post Град Скопје нема да го изгаси јавното осветлување на улиците и булеварите appeared first on Република.

]]>
Германија нема да штеди струја за ноќно осветлување на парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-nema-da-shtedi-struja-za-nokjno-osvetluvanje-na-parlamentot/ Mon, 11 Jul 2022 21:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=527297

Германскиот парламент одлучи да го задржи надворешното осветлување на зградата на Рајхстагот во Берлин во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата.

Портпаролот на Бундестагот соопшти дека внатрешното осветлување ќе се намали, главно во салите и просториите.

Надворешното осветлување ќе остане непроменето поради безбедноста на комплексот, која мора да продолжи да се гарантира - додаде тој.

Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, на крајот на минатата недела праша дали ноќното осветлување е неопходно и за други важни локации во Берлин, вклучително и Бранденбуршката порта, градското собрание и други.

Комитетот во Бундестагот го одобри планот за заштеда на енергија, со кој ќе се намали ладењето во лето и загревањето на просториите во зградата во зима.

The post Германија нема да штеди струја за ноќно осветлување на парламентот appeared first on Република.

]]>

Германскиот парламент одлучи да го задржи надворешното осветлување на зградата на Рајхстагот во Берлин во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата. Портпаролот на Бундестагот соопшти дека внатрешното осветлување ќе се намали, главно во салите и просториите.
Надворешното осветлување ќе остане непроменето поради безбедноста на комплексот, која мора да продолжи да се гарантира - додаде тој.
Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, на крајот на минатата недела праша дали ноќното осветлување е неопходно и за други важни локации во Берлин, вклучително и Бранденбуршката порта, градското собрание и други. Комитетот во Бундестагот го одобри планот за заштеда на енергија, со кој ќе се намали ладењето во лето и загревањето на просториите во зградата во зима.

The post Германија нема да штеди струја за ноќно осветлување на парламентот appeared first on Република.

]]>
Споменици, објекти, општински згради, дуќани во охридската чаршија осветлени во боите на ретките болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/spomenici-objekti-opshtinski-zgradi-dukjani-vo-ohridskata-charshija-osvetleni-vo-boite-na-retkite-bolesti/ Thu, 10 Feb 2022 11:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=456676

Локални и национални згради и споменици, објекти, дуќани во охридската чаршија се осветлени во боите на ретките болести кои во февруари се придружуваат на светската кампања за запознавање на ретките болести.

#LightUpForRare е името на годинешната кампања на светско ниво која има за цел да ја подигне свеста и солидарноста кон лицата кои страдаат од ретки болести, нивните семејства и негуватели, здравствените работници, истражувачи, претставници на индустријата и на општа јавност.

Гордана Лолеска, претседател на Здружението „Ретко е да си редок', Супер радио и „Живот со предизвици“ оваа година ја изработија четвртата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“ преку која стигнале до бројка од 111 обработени дијагнози. Кампањата се реализира во февруари, месецот со најмалку денови во годината. Тие преку медиумите ја запознаваат јавноста со ретките болести во Македонија.

Заклучно со декември 2021 година во Македонија, во Регистарот на ретки болести се евидентирани вкупно 652 лица, со околу 70 различни дијагнози од кои за околу 225 лица се обезбедуваат лекови преку Програмата за ретки болести.

По емитувањето на првите 10 епизоди од годинешната кампања, беше вистинска чест и задоволство да се слушнат и прочитаат позитивните критики за текстовите и видеата кои се изработени за секоја поединечна дијагноза на македонски и албански јазик. Особено ни значат критиките кои ги добиваме од докторите и професорите кои работеа на кампањата, но и многу од нив кои се понудија да бидат стручни соработници за идните проекти.

Оваа година за Денот на ретките болести 2022 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво, вели Лолеска.

Самоиловата тврдина во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести. Како и изминатата, така и оваа година токму овој значаен објект беше прв во светот осветлен и објавен официјалната страна на Rare disease day.

Она што особено не радува е фактот што кон овој наш повик за илуминација во боите на ретките болести се обоија и општинските згради на Охрид, Струга и Дебрца, како и објекти на приватни стопанственици во охридската чаршија, како што е Copper Art. Покрај зградата на Општина Струга, во текот на овие 10 дена од кампањата, во градот се осветлија многу значајни споменици и објекти како што се: џамијата Мустафа Челеби, Спомен куќата на браќата Миладиновци, Споменикот на Pеволуцијата, споменикот на Мајка Тереза, реката Црн Дрим. До крајот на кампањата, стружани најавуваат дека ќе бидат осветлени уште многу објекти. Хотелот „Боград“ во Струга веќе втора година е поддржувач на кампањата, додава Лолеска.

Лолеска ги поканува граѓаните да се придружат и да осветлат некој објект или пак да дадат предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и сл..

Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание.

Во светот има над 300 милиони луѓе кои страдаат од некоја ретка болест. 28-ми февруари се одбележува како Ден на ретките болести и по тој повод од Здружението „Ретко е да си редок“ ја покануваат јавноста да даде придонес во оваа кампања на следниов начин:

• Изберете боја од видеото
• Во затемнета просторија прикажете на екранот на вашиот лаптоп или телевизор,
• Фотографирајте и споделете на социјалните мрежи со #LightUpForRare

The post Споменици, објекти, општински згради, дуќани во охридската чаршија осветлени во боите на ретките болести appeared first on Република.

]]>

Локални и национални згради и споменици, објекти, дуќани во охридската чаршија се осветлени во боите на ретките болести кои во февруари се придружуваат на светската кампања за запознавање на ретките болести. #LightUpForRare е името на годинешната кампања на светско ниво која има за цел да ја подигне свеста и солидарноста кон лицата кои страдаат од ретки болести, нивните семејства и негуватели, здравствените работници, истражувачи, претставници на индустријата и на општа јавност. Гордана Лолеска, претседател на Здружението „Ретко е да си редок', Супер радио и „Живот со предизвици“ оваа година ја изработија четвртата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“ преку која стигнале до бројка од 111 обработени дијагнози. Кампањата се реализира во февруари, месецот со најмалку денови во годината. Тие преку медиумите ја запознаваат јавноста со ретките болести во Македонија. Заклучно со декември 2021 година во Македонија, во Регистарот на ретки болести се евидентирани вкупно 652 лица, со околу 70 различни дијагнози од кои за околу 225 лица се обезбедуваат лекови преку Програмата за ретки болести.
По емитувањето на првите 10 епизоди од годинешната кампања, беше вистинска чест и задоволство да се слушнат и прочитаат позитивните критики за текстовите и видеата кои се изработени за секоја поединечна дијагноза на македонски и албански јазик. Особено ни значат критиките кои ги добиваме од докторите и професорите кои работеа на кампањата, но и многу од нив кои се понудија да бидат стручни соработници за идните проекти. Оваа година за Денот на ретките болести 2022 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво, вели Лолеска.
Самоиловата тврдина во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести. Како и изминатата, така и оваа година токму овој значаен објект беше прв во светот осветлен и објавен официјалната страна на Rare disease day.
Она што особено не радува е фактот што кон овој наш повик за илуминација во боите на ретките болести се обоија и општинските згради на Охрид, Струга и Дебрца, како и објекти на приватни стопанственици во охридската чаршија, како што е Copper Art. Покрај зградата на Општина Струга, во текот на овие 10 дена од кампањата, во градот се осветлија многу значајни споменици и објекти како што се: џамијата Мустафа Челеби, Спомен куќата на браќата Миладиновци, Споменикот на Pеволуцијата, споменикот на Мајка Тереза, реката Црн Дрим. До крајот на кампањата, стружани најавуваат дека ќе бидат осветлени уште многу објекти. Хотелот „Боград“ во Струга веќе втора година е поддржувач на кампањата, додава Лолеска.
Лолеска ги поканува граѓаните да се придружат и да осветлат некој објект или пак да дадат предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и сл.. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание. Во светот има над 300 милиони луѓе кои страдаат од некоја ретка болест. 28-ми февруари се одбележува како Ден на ретките болести и по тој повод од Здружението „Ретко е да си редок“ ја покануваат јавноста да даде придонес во оваа кампања на следниов начин: • Изберете боја од видеото • Во затемнета просторија прикажете на екранот на вашиот лаптоп или телевизор, • Фотографирајте и споделете на социјалните мрежи со #LightUpForRare

The post Споменици, објекти, општински згради, дуќани во охридската чаршија осветлени во боите на ретките болести appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Гази Баба склучилa договор за улично осветлување во вредност од 1.7 милиони евра непосредно пред изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovski-gazi-baba-skluchila-dogovor-za-ulichno-osvetluvanje-vo-vrednost-od-1-7-milioni-evra-neposredno-pred-izborite/ Fri, 21 Jan 2022 12:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=447674

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со објавување на скандалозни договори во врска со кадрите на СДСМ во локалната самоуправа коишто работеле недомаќински.

Повторно ќе објавиме договор во врска со осветлувањето во Гази Баба и тоа непосредно пред локалните избори во текот на летото кога се знаеше веќе дека СДСМ паѓа од власт во Гази Баба. 

 

Според сите овие договори кои ги презентираме и ќе ги презентираме во иднина и сите потрошени пари за осветлување, Гази Баба ќе требаше да биде најосветлена општина во Република Македонија, а не општина во која нема осветлување и дури сега треба да се средуваат актуелните да речеме недостатоци и промашени инвестиции на кадрите на СДСМ.

 

Замислете, додека Градоначалникот имал активен договор за реконструкција на 2 реони во Гази Баба и договор за изградба на нови линии, склучил договор на 17 август 2021, инаку зборувам за активни договори за одржување на две реони во Гази Баба, изградба на нови линии коишто ги презентирав вчера во вредност 11 милиони денари, сега овој пат има договор од 17 август за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истите за паметно осветлување и тоа во вредност ни помалку ни повеќе од 1.450.000 евра без ДДВ или 1.7 милиони евра со ДДВ, овој пат со фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО од Скопје.

 

Најинтересната работа е што во член на договорот кој е јавно достапен на сајтот за јавни набавки, стои 20% од сумата на овие пари за кои е склучен договорот, авансно да се исплати во првата недела, по што општината на 3 пати во првите 10 дена исплатиле 21 милион денари или околу 340.000 евра на оваа фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО. Ова се наши информации кои што добри познавачи на овие работи ни ги укажаа.

 

Во овој период кога се активирал овој договор и кога станал активен, се уште имало постоечки договори за осветлување, односно два договори за реконструкција на улично осветлување на два реони во Гази Баба и еден за изградба на нови линии, во висина од 11 милиони денари или тоа се истите договори кои ги презентирав вчера, во кои што не содејствуваат исплатените пари со фактичката состојба на терен.

 

Од толку договори и исплатени пари за осветлување само во 2021 година, Гази Баба требаше да биде најосветлени општина.

 

Она што е интересно што може да се забележи во Член 5 каде што ја пишува вредноста на договорот од 1.450.000 без ДДВ пишува дека согласно првично поднесената и прифатлива понуда на носителот на набавката односно оваа фирма којашто ја споменав, не постоеја услови за е-аукција, затоа е прифатена и првичната сума.

 

Ова доволно говори дека тука може да има нешто сомнително кое треба да го испитаат општината и службите.

 

Уште еднаш повикуваме да Градоначалникот направи ревизија на сработеното, дали и колку е сработено и по однос на претходните и по однос на овој договор за јавно осветлување, односно реконструкција и инсталирање на паметни светилки, и како баш овој договор на 1 месец пред избори е склучен и авансно се исплатени ни помалку ни повеќе 340.000 евра на оваа фирма, или 20% од сумата на која што е склучен договорот.

 

Зошто овој договор е симптоматичен и укажува на недомаќинско работење на општината и претходниот градоначалник, затоа што во истиот период додека овој договор е активен подоцна се склучени и други договори за реконструкција на осветлувањето коишто ќе ги објавиме во текот на утрешниот ден.

 

Повторно ќе потенцирам, при толку договори и потрошени пари за улично осветлување во Гази Баба, каде што достигнале милионски суми Гази баба требаше да биде најосветлена општина, а не да се уште е со искршени светилки, со прегорени светилки и со стари линии за осветлување.

 

Сега се на потег институциите и повторно повикувам градоначалникот да спроведе ревизија и да состави комисија која ќе ја утврди фактичката состојба - порачува Арсовски.

https://www.youtube.com/watch?v=iswc9pC0zPU

The post Арсовски: Гази Баба склучилa договор за улично осветлување во вредност од 1.7 милиони евра непосредно пред изборите appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со објавување на скандалозни договори во врска со кадрите на СДСМ во локалната самоуправа коишто работеле недомаќински.
Повторно ќе објавиме договор во врска со осветлувањето во Гази Баба и тоа непосредно пред локалните избори во текот на летото кога се знаеше веќе дека СДСМ паѓа од власт во Гази Баба.    Според сите овие договори кои ги презентираме и ќе ги презентираме во иднина и сите потрошени пари за осветлување, Гази Баба ќе требаше да биде најосветлена општина во Република Македонија, а не општина во која нема осветлување и дури сега треба да се средуваат актуелните да речеме недостатоци и промашени инвестиции на кадрите на СДСМ.   Замислете, додека Градоначалникот имал активен договор за реконструкција на 2 реони во Гази Баба и договор за изградба на нови линии, склучил договор на 17 август 2021, инаку зборувам за активни договори за одржување на две реони во Гази Баба, изградба на нови линии коишто ги презентирав вчера во вредност 11 милиони денари, сега овој пат има договор од 17 август за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истите за паметно осветлување и тоа во вредност ни помалку ни повеќе од 1.450.000 евра без ДДВ или 1.7 милиони евра со ДДВ, овој пат со фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО од Скопје.   Најинтересната работа е што во член на договорот кој е јавно достапен на сајтот за јавни набавки, стои 20% од сумата на овие пари за кои е склучен договорот, авансно да се исплати во првата недела, по што општината на 3 пати во првите 10 дена исплатиле 21 милион денари или околу 340.000 евра на оваа фирма ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО. Ова се наши информации кои што добри познавачи на овие работи ни ги укажаа.   Во овој период кога се активирал овој договор и кога станал активен, се уште имало постоечки договори за осветлување, односно два договори за реконструкција на улично осветлување на два реони во Гази Баба и еден за изградба на нови линии, во висина од 11 милиони денари или тоа се истите договори кои ги презентирав вчера, во кои што не содејствуваат исплатените пари со фактичката состојба на терен.   Од толку договори и исплатени пари за осветлување само во 2021 година, Гази Баба требаше да биде најосветлени општина.   Она што е интересно што може да се забележи во Член 5 каде што ја пишува вредноста на договорот од 1.450.000 без ДДВ пишува дека согласно првично поднесената и прифатлива понуда на носителот на набавката односно оваа фирма којашто ја споменав, не постоеја услови за е-аукција, затоа е прифатена и првичната сума.   Ова доволно говори дека тука може да има нешто сомнително кое треба да го испитаат општината и службите.   Уште еднаш повикуваме да Градоначалникот направи ревизија на сработеното, дали и колку е сработено и по однос на претходните и по однос на овој договор за јавно осветлување, односно реконструкција и инсталирање на паметни светилки, и како баш овој договор на 1 месец пред избори е склучен и авансно се исплатени ни помалку ни повеќе 340.000 евра на оваа фирма, или 20% од сумата на која што е склучен договорот.   Зошто овој договор е симптоматичен и укажува на недомаќинско работење на општината и претходниот градоначалник, затоа што во истиот период додека овој договор е активен подоцна се склучени и други договори за реконструкција на осветлувањето коишто ќе ги објавиме во текот на утрешниот ден.   Повторно ќе потенцирам, при толку договори и потрошени пари за улично осветлување во Гази Баба, каде што достигнале милионски суми Гази баба требаше да биде најосветлена општина, а не да се уште е со искршени светилки, со прегорени светилки и со стари линии за осветлување.   Сега се на потег институциите и повторно повикувам градоначалникот да спроведе ревизија и да состави комисија која ќе ја утврди фактичката состојба - порачува Арсовски.
https://www.youtube.com/watch?v=iswc9pC0zPU

The post Арсовски: Гази Баба склучилa договор за улично осветлување во вредност од 1.7 милиони евра непосредно пред изборите appeared first on Република.

]]>