осудени за 27 април Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osudeni-za-27-april/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 11:16:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осудени за 27 април Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osudeni-za-27-april/ 32 32 Повторното судење на „Организаторите на 27 април“ ќе почне на 30 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povtornoto-sudene-na-organizatorite-na-27-april-ke-pochne-na-30-april/ Tue, 26 Mar 2024 11:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=758868

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ денеска е одложено за 30 април годинава.

Судијата Илија Трпков, на почетокот на денешното рочиште информира дека членот на Судечкиот совет, судијката Дијана Груевска е службено отсутна и судењето се одложува за 30 април.

Денешното рочиште е прво на првостепениот Суд, откако вчера Врховниот суд не ја прифати иницијатива поднесена од адвокатот на обвинетиот Владимир Атанасовски, да одлучат дали амнестијата за упадот во Собранието треба да се примени во предметот организатори на 27 април.

Сега останува на Судечкиот совет по предметот во текот на постапката да се произнесе по барањето на адвокатите од одбраната за примена на Законот за амнeстијата на случувањатаод 27 април.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василев

The post Повторното судење на „Организаторите на 27 април“ ќе почне на 30 април appeared first on Република.

]]>

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ денеска е одложено за 30 април годинава. Судијата Илија Трпков, на почетокот на денешното рочиште информира дека членот на Судечкиот совет, судијката Дијана Груевска е службено отсутна и судењето се одложува за 30 април. Денешното рочиште е прво на првостепениот Суд, откако вчера Врховниот суд не ја прифати иницијатива поднесена од адвокатот на обвинетиот Владимир Атанасовски, да одлучат дали амнестијата за упадот во Собранието треба да се примени во предметот организатори на 27 април. Сега останува на Судечкиот совет по предметот во текот на постапката да се произнесе по барањето на адвокатите од одбраната за примена на Законот за амнeстијата на случувањатаод 27 април. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење. Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василев

The post Повторното судење на „Организаторите на 27 април“ ќе почне на 30 април appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Спиро Ристовски: Стразбур пресуди дека неосновано долго е држен во притвор за случајот „27 април“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-na-spiro-ristovski-strazbur-presudi-deka-neosnovano-dolgo-e-drzhen-vo-pritvor-za-sluchajot-27-april/ Tue, 16 Jan 2024 11:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=733558

Судот за човекови права во Стразбур денеска донесе пресуда дека Спиро Ристовски и Митко Пешов неосновано долго и недоволно аргументирано биле држени во притвор.Ристовски помина 21 месец во притвор за случајот „27 април“. Стразбур пресуди дека домашните судови се повикувале на политички причии што не е според начелата на Судот во Стразбур.

Коста Богданов, адвокатот на Ристовски вели дека е повредено правото на слобода за притворот чии причини за продолжување не биле релевантни.

Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор-објаснува Богданов за „Република.“

Стразбур пресуди дека државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци а со оваа пресуда според македонското законодавство не е доволна да се бара ретроактивна финансиска надокнда од државата за држење во притвор.

Ристовски беше обвинет за случајот организатори на „27 април“ а овој случај е вратен на повторно судење.

The post Адвокатот на Спиро Ристовски: Стразбур пресуди дека неосновано долго е држен во притвор за случајот „27 април“ appeared first on Република.

]]>

Судот за човекови права во Стразбур денеска донесе пресуда дека Спиро Ристовски и Митко Пешов неосновано долго и недоволно аргументирано биле држени во притвор.Ристовски помина 21 месец во притвор за случајот „27 април“. Стразбур пресуди дека домашните судови се повикувале на политички причии што не е според начелата на Судот во Стразбур. Коста Богданов, адвокатот на Ристовски вели дека е повредено правото на слобода за притворот чии причини за продолжување не биле релевантни.
Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор-објаснува Богданов за „Република.“
Стразбур пресуди дека државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци а со оваа пресуда според македонското законодавство не е доволна да се бара ретроактивна финансиска надокнда од државата за држење во притвор. Ристовски беше обвинет за случајот организатори на „27 април“ а овој случај е вратен на повторно судење.    

The post Адвокатот на Спиро Ристовски: Стразбур пресуди дека неосновано долго е држен во притвор за случајот „27 април“ appeared first on Република.

]]>
Осудените за „27 април“ ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osudenite-za-27-april-ke-se-zhalat-do-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-vo-strazbur/ Thu, 04 May 2023 16:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=636913

Откако Врховниот суд го одби барањето на 16 осудени лица за случајот „27 април“, одбраната сигурно ќе поднесе апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, најавија бранители на осудениците.

– Морам да ви кажам дека одбраната со сигурност ќе поднесе апликации до Стразбур. Дали тоа ќе биде колективна, дали за секого поединечно, тоа ќе видиме. Сѐ уште не сме контактирале, се уште ја немаме добиено одлуката. Кога ќе ја добиеме, ќе одлучиме, но можам да ви гарантирам дека предметот оди кон надворешни судови затоа што доверба веќе во овие внатрешните нема – вели адвокатот Драган Пешевски за ТВ Алфа.

За политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса на Врховниот суд за одбивање на сите жалби и барања, вели адвокатот Сашо Дуковски и додава:

Од крем во судството, Врховниот суд се претвори во чорба. Сега, по старата добра пракса, ќе се чека уште најмалку два до три месеци Судот на писмено да ја достави таа одлука. И немојте да очекувате многу правни образложенија, туку едно генерално објаснување дека сѐ што направиле Кривичниот суд и Апелација е засновано на закон, а се што е напишано во барањето за вонредно преиспитување е неосновано.

Законодавниот дом не ја поддржаа иницијативата за закон за амнестија на осудените од настаните на 27 април 2017 година во Собранието.

Невладините организации и институции нека се позанимаваат со фактот колкав е процентот на успех на правните лекови кои што се доставени до Врховниот суд на Македонија. Јас ви гарантирам дека не е повеќе од 1 отсто. Тоа е една пракса на постојано одбивање, што е срамно за највисоката институција во судската власт – коментира Дуковски.

Одбраната во Стразбур најверојатно ќе се повика на членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права, односно ќе се жали на прекршување на правото на фер судење пред непристрасен суд.

The post Осудените за „27 април“ ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Откако Врховниот суд го одби барањето на 16 осудени лица за случајот „27 април“, одбраната сигурно ќе поднесе апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, најавија бранители на осудениците. – Морам да ви кажам дека одбраната со сигурност ќе поднесе апликации до Стразбур. Дали тоа ќе биде колективна, дали за секого поединечно, тоа ќе видиме. Сѐ уште не сме контактирале, се уште ја немаме добиено одлуката. Кога ќе ја добиеме, ќе одлучиме, но можам да ви гарантирам дека предметот оди кон надворешни судови затоа што доверба веќе во овие внатрешните нема – вели адвокатот Драган Пешевски за ТВ Алфа. За политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса на Врховниот суд за одбивање на сите жалби и барања, вели адвокатот Сашо Дуковски и додава: