осуден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osuden/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 12:50:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осуден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osuden/ 32 32 Актерот Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akterot-moamer-kasumovik-od-lud-zbunet-normalen-osuden-za-pedofilija/ Sat, 21 Sep 2024 12:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=818500

Откако беше обелоденето дека познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ во 2021 година бил осуден за блуд со малолетничка, јавноста реагираше со големо изненадување и осуда.

Многумина се прашуваа како е можно толку тешко кривично дело да добие толку ниска казна, а уште повеќе беа шокирани од информацијата дека казната може да се откупи.

Обвинителството на кантонот Сараево потврди дека поднеле жалба на висината на казната, но нивната жалба била одбиена.

Обвинителството на кантонот Сараево поднесе жалба на висината на санкцијата, но Кантоналниот суд во Сараево ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената казна на Општинскиот суд во Сараево – изјави портпаролката на Обвинителство КС, Азра Бавчиќ.

Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, е осуден на една година затвор за кривично дело блудство врз малолетник.

Во меѓувреме, се појави и шокантна изјава во еден босански медиум, во која се тврди дека Касумовиќ си го подмирил, односно откупил, затворскиот долг.

 

The post Актерот Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија appeared first on Република.

]]>

Откако беше обелоденето дека познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ во 2021 година бил осуден за блуд со малолетничка, јавноста реагираше со големо изненадување и осуда. Многумина се прашуваа како е можно толку тешко кривично дело да добие толку ниска казна, а уште повеќе беа шокирани од информацијата дека казната може да се откупи. Обвинителството на кантонот Сараево потврди дека поднеле жалба на висината на казната, но нивната жалба била одбиена.
Обвинителството на кантонот Сараево поднесе жалба на висината на санкцијата, но Кантоналниот суд во Сараево ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената казна на Општинскиот суд во Сараево – изјави портпаролката на Обвинителство КС, Азра Бавчиќ.
Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, е осуден на една година затвор за кривично дело блудство врз малолетник. Во меѓувреме, се појави и шокантна изјава во еден босански медиум, во која се тврди дека Касумовиќ си го подмирил, односно откупил, затворскиот долг.  

The post Актерот Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија appeared first on Република.

]]>
Поранешен министер осуден на 24 години затвор поради убиство на сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshen-minister-osuden-na-24-godini-zatvor-poradi-ubistvo-na-soprugata/ Mon, 13 May 2024 15:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=777689

Поранешниот министер за економија на Казахстан денеска е осуден на 24 години затвор за убиство на својата сопруга, пренесоа британските медиуми. Новинарот на „Ројтерс“ во Астана пренесува дека долгогодишната затворска казна на поранешниот министер доаѓа по судењето кое се смета за тест на претседателот Касим-Жомарт Токаев и неговото ветување дека ќе изгради поправедно општество.

На шокантната снимка прикажана за време на судскиот процес, кој започна во март, се гледа како обвинетиот Куандик Бишимбаев (44) постојано удира, клоца и влече за коса витка млада жена облечена само во палто и чизми, пренесува „Танјуг“.

Жената е 31-годишната Салтанат Нукенова, сопругата на Бишимбаев, која подоцна беше пронајдена мртва.

Бишимбаев се изјасни за невин и во судницата тврдеше дека неговата сопруга починала од самоповредување.

Бишимбаев, кој беше министер за економија од мај до декември 2016 година, претходно беше осуден на 10 години затвор за примање мито, но беше ослободен по помалку од три години благодарение на амнестија и условно ослободување.

 

The post Поранешен министер осуден на 24 години затвор поради убиство на сопругата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за економија на Казахстан денеска е осуден на 24 години затвор за убиство на својата сопруга, пренесоа британските медиуми. Новинарот на „Ројтерс“ во Астана пренесува дека долгогодишната затворска казна на поранешниот министер доаѓа по судењето кое се смета за тест на претседателот Касим-Жомарт Токаев и неговото ветување дека ќе изгради поправедно општество. На шокантната снимка прикажана за време на судскиот процес, кој започна во март, се гледа како обвинетиот Куандик Бишимбаев (44) постојано удира, клоца и влече за коса витка млада жена облечена само во палто и чизми, пренесува „Танјуг“. Жената е 31-годишната Салтанат Нукенова, сопругата на Бишимбаев, која подоцна беше пронајдена мртва. Бишимбаев се изјасни за невин и во судницата тврдеше дека неговата сопруга починала од самоповредување. Бишимбаев, кој беше министер за економија од мај до декември 2016 година, претходно беше осуден на 10 години затвор за примање мито, но беше ослободен по помалку од три години благодарение на амнестија и условно ослободување.  

The post Поранешен министер осуден на 24 години затвор поради убиство на сопругата appeared first on Република.

]]>
Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dani-alvesh-osuden-na-4-5-godini-zatvor/ Thu, 22 Feb 2024 11:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=746965

Поранешниот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во 2022 година.

На 20 јануари 2023 година, Алвеш беше приведен во Шпанија поради случај на сексуално вознемирување. Оттогаш тој е во притвор. Самиот Алвеш ги негираше обвинувањата против него и постојано го менуваше своето сведочење во случајот.

На 5 февруари „АС“ објави дека адвокатите на Алвеш не постигнале договор со обвинителството и жртвата. Обвинителството бараше деветгодишна затворска казна за 40-годишниот Бразилец и бараше на наводната жртва да и плати отштета од 150.000 евра.

Иако јавноста во Шпанија очекуваше поголема казна за Алвеш, судот како олеснителна околност ја прифатил алкохолизираната состојба во која се наоѓал фудбалерот кога го извршил делото.

 

The post Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во 2022 година. На 20 јануари 2023 година, Алвеш беше приведен во Шпанија поради случај на сексуално вознемирување. Оттогаш тој е во притвор. Самиот Алвеш ги негираше обвинувањата против него и постојано го менуваше своето сведочење во случајот. На 5 февруари „АС“ објави дека адвокатите на Алвеш не постигнале договор со обвинителството и жртвата. Обвинителството бараше деветгодишна затворска казна за 40-годишниот Бразилец и бараше на наводната жртва да и плати отштета од 150.000 евра. Иако јавноста во Шпанија очекуваше поголема казна за Алвеш, судот како олеснителна околност ја прифатил алкохолизираната состојба во која се наоѓал фудбалерот кога го извршил делото.  

The post Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор appeared first on Република.

]]>
Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jansha-osuden-na-uslovna-kazna-zatvor-poradi-navreda-na-novinarki/ Wed, 03 Jan 2024 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=729350

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна.

Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“.

Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци.

Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.

 

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна. Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса. Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“. Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци. Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.  

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>
65 годишен македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/65-godishen-makedonski-drzhavjanin-osuden-vo-shvajtsarija-za-ubistvo-izvrsheno-pred-24-godini/ Thu, 08 Jun 2023 10:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=649178

Повозрасен човек по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години, пишуваат швајцарските медиуми.

Тамошниот суд го осудил македонскиот државјанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.

Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер, пред 24 години, упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на брачниот пар и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.

Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот адвокат побарал ослободителна пресуда.

 

The post 65 годишен македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години appeared first on Република.

]]>

Повозрасен човек по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години, пишуваат швајцарските медиуми. Тамошниот суд го осудил македонскиот државјанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година. Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер, пред 24 години, упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на брачниот пар и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син. Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот адвокат побарал ослободителна пресуда.  

The post 65 годишен македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено пред 24 години appeared first on Република.

]]>