осуден полициски службеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osuden-policiski-sluzbenik/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Apr 2022 09:53:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осуден полициски службеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osuden-policiski-sluzbenik/ 32 32 Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-osuden-policiski-nachalnik-na-spasovski-za-predizborni-pritisoci/ Fri, 01 Apr 2022 09:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=481857

Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар, – Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ.

Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.

Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ, истакна Стоилковски на прес-конференција и додаде:

Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели.

Владимир Ристовски – Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски.

Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.

Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ.

Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“.

https://www.youtube.com/watch?v=PwhPqgn465w&t=3s

The post Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци appeared first on Република.

]]>

Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар, – Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ. Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ. Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ, истакна Стоилковски на прес-конференција и додаде: Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели. Владимир Ристовски – Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски. Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата. Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ. Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“.
https://www.youtube.com/watch?v=PwhPqgn465w&t=3s

The post Стоилковски: Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци appeared first on Република.

]]>