осуден на смрт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osuden-na-smrt/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 13:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осуден на смрт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osuden-na-smrt/ 32 32 Си го отрул партнерот и други колеги: Осуден на смрт директор на компанија за видео игри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-go-otrul-partnerot-i-drugi-kolegi-osuden-na-smrt-direktor-na-kompanija-za-video-igri/ Fri, 22 Mar 2024 13:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=757468

Поранешниот директор на компанијата за видео игри „Yoozoo Games“, Су Јао, денеска беше осуден на смрт поради труењето на основачот на компанијата Лин Ки во 2020 година.

Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми.

Лин почина 10 дена по труењето, а Су подоцна од слични причини отру уште четворица колеги, кои преживеаја.

Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видео играта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ .

The post Си го отрул партнерот и други колеги: Осуден на смрт директор на компанија за видео игри appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на компанијата за видео игри „Yoozoo Games“, Су Јао, денеска беше осуден на смрт поради труењето на основачот на компанијата Лин Ки во 2020 година. Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми. Лин почина 10 дена по труењето, а Су подоцна од слични причини отру уште четворица колеги, кои преживеаја. Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видео играта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ .

The post Си го отрул партнерот и други колеги: Осуден на смрт директор на компанија за видео игри appeared first on Република.

]]>
Сите го издадоа: Сестрата на мароканскиот платеник осуден на смрт бара помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/site-go-izdadoa-sestrata-na-marokanskiot-platenik-osuden-na-smrt-bara-pomosh/ Tue, 21 Jun 2022 13:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=518094

Сестрата на Брахим Садун, Мароканецот заробен во Доњецк додека се борел на страната на украинските сили, вели дека се плаши дека неговата влада го напуштила нејзиниот брат и ја повика меѓународната заедница „да го поддржи Брахим“.

Сакам само секој, секој кој е подготвен да помогне, да дојде и да помогне - вели Иман Садун во интервју за „Гардијан“, опишувајќи дека останала без ничија помош додека барала владина поддршка за него.

Садун беше еден од тројцата заробени странски борци осудени на смрт од страна на судот во Доњецката Народна Република. Другите двајца војници осудени на смрт се Британеците Ејден Ајслин и Шон Пинер.

За нив двајца, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, порача дека ќе стори „се што е потребно“ за да обезбеди нивно ослободување.

Мароко се обиде да не ја критикува Русија, членка на Советот за безбедност на ОН, за нејзината воена операција во Украина. Додека европските земји во голема мера ја осудија војната, проруските ставови се поприсутни на Блискиот Исток и Африка.

Иман вели дека локалниот печат и многу луѓе на социјалните мрежи ја поздравиле казната за нејзиниот брат.

Тие навистина го издадоа. Кога ја доби смртната казна... можеби 10 проценти од луѓето го поддржаа, но повеќето ја слават неговата смрт. Славеа дека тој ќе биде стрелан. И срцето ме боли бидејќи не можев да ја најдам поддршката од мојата заедница - вели Иман.

Искрено, тој треба да биде убиен. Ваквите луѓе не го претставуваат Мароко - вели еден корисник.

Осудениот Мароканец доби поголема поддршка во Украина, каде колегите студенти го опишуваат Садун како љубезен и љубопитен и популарен член на локалната техно заедница.

Бројни пријатели се обидуваат да ја подигнат свеста под хаштагот #SaveBrahim, а има и такви кои искажуваат загриженост што вниманието на медиумите е насочено само кон двајцата Британци на обвинителна клупа.

Сакам луѓето да пишуваат за оваа кампања #SaveBrahim“.  Само спаси го Брахим затоа што не треба да се заборави... Да не беа неговите пријатели, повеќето луѓе немаше ни да знаат за него - вели Иман за нејзиниот брат.

The post Сите го издадоа: Сестрата на мароканскиот платеник осуден на смрт бара помош appeared first on Република.

]]>

Сестрата на Брахим Садун, Мароканецот заробен во Доњецк додека се борел на страната на украинските сили, вели дека се плаши дека неговата влада го напуштила нејзиниот брат и ја повика меѓународната заедница „да го поддржи Брахим“.
Сакам само секој, секој кој е подготвен да помогне, да дојде и да помогне - вели Иман Садун во интервју за „Гардијан“, опишувајќи дека останала без ничија помош додека барала владина поддршка за него.
Садун беше еден од тројцата заробени странски борци осудени на смрт од страна на судот во Доњецката Народна Република. Другите двајца војници осудени на смрт се Британеците Ејден Ајслин и Шон Пинер. За нив двајца, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, порача дека ќе стори „се што е потребно“ за да обезбеди нивно ослободување. Мароко се обиде да не ја критикува Русија, членка на Советот за безбедност на ОН, за нејзината воена операција во Украина. Додека европските земји во голема мера ја осудија војната, проруските ставови се поприсутни на Блискиот Исток и Африка. Иман вели дека локалниот печат и многу луѓе на социјалните мрежи ја поздравиле казната за нејзиниот брат.
Тие навистина го издадоа. Кога ја доби смртната казна... можеби 10 проценти од луѓето го поддржаа, но повеќето ја слават неговата смрт. Славеа дека тој ќе биде стрелан. И срцето ме боли бидејќи не можев да ја најдам поддршката од мојата заедница - вели Иман.
Искрено, тој треба да биде убиен. Ваквите луѓе не го претставуваат Мароко - вели еден корисник.
Осудениот Мароканец доби поголема поддршка во Украина, каде колегите студенти го опишуваат Садун како љубезен и љубопитен и популарен член на локалната техно заедница. Бројни пријатели се обидуваат да ја подигнат свеста под хаштагот #SaveBrahim, а има и такви кои искажуваат загриженост што вниманието на медиумите е насочено само кон двајцата Британци на обвинителна клупа.