острови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ostrovi/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 19:07:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png острови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ostrovi/ 32 32 Трите најевтини грчки острови летово, два се достапни за нас https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/trite-najevtini-grchki-ostrovi-letovo-dva-se-dostapni-za-nas/ Sun, 12 May 2024 16:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=769153

Британскиот „Which?“ спроведе истражување анализирајќи повеќе од 4.500 аранжмани кои сè уште се достапни за резервација ова лето преку нивните туристички агенции. За нив трите најевтини дестинации за одмор во Грција се островите Калимнос, Тасос и Лефкада.

Просечната цена на најевтиниот пакет аранжман во Калимнос е околу 927 евра по лице за 7 ноќевања.

На второ место е Тасос со 1006 евра по лице и Лефкада со околу 1091 евро по лице.

Овие аранжамни за британските туристи вклучуваат превоз и престој.

За македонските граѓани, пак, пакет-аранжманите во агенциите за Тасос и Лефкада, кои се едни од омилените дестинации во Грција, се со далеку попристапни цени поради нивната близина до Македонија.

Калимнос за нас е помалку познато одморалиште, најмногу поради неговата далечина. Овој мал остров е еден од најважните во групата Додеканези во источна Грција и е полн со затскриени заливи, сафирно море, планини и шармантни гратчиња. До Калимнос се стига со 40-минутно возење со брод од Кос, најблискиот грчки остров на кој има аеродром.

 

The post Трите најевтини грчки острови летово, два се достапни за нас appeared first on Република.

]]>

Британскиот „Which?“ спроведе истражување анализирајќи повеќе од 4.500 аранжмани кои сè уште се достапни за резервација ова лето преку нивните туристички агенции. За нив трите најевтини дестинации за одмор во Грција се островите Калимнос, Тасос и Лефкада. Просечната цена на најевтиниот пакет аранжман во Калимнос е околу 927 евра по лице за 7 ноќевања. На второ место е Тасос со 1006 евра по лице и Лефкада со околу 1091 евро по лице. Овие аранжамни за британските туристи вклучуваат превоз и престој. За македонските граѓани, пак, пакет-аранжманите во агенциите за Тасос и Лефкада, кои се едни од омилените дестинации во Грција, се со далеку попристапни цени поради нивната близина до Македонија. Калимнос за нас е помалку познато одморалиште, најмногу поради неговата далечина. Овој мал остров е еден од најважните во групата Додеканези во источна Грција и е полн со затскриени заливи, сафирно море, планини и шармантни гратчиња. До Калимнос се стига со 40-минутно возење со брод од Кос, најблискиот грчки остров на кој има аеродром.  

The post Трите најевтини грчки острови летово, два се достапни за нас appeared first on Република.

]]>
Јапонија пронајде 7.000 острови за кои не знаела дека ги има https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/japonija-pronajde-7-000-ostrovi-za-koi-ne-znaela-deka-gi-ima/ Sat, 04 Mar 2023 15:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=615861

Јапонија направи детално мапирање на својата територија и откри дека има 7.000 острови повеќе од претходно познатите.

Дигиталното мапирање спроведено од Јапонската геодетска управа неодамна откри дека има 14.125 острови на јапонска територија, што е повеќе од двојно повеќе од бројот (6.852) во официјална употреба од извештајот на Јапонската крајбрежна стража од 1987 година.

Сепак, како што нагласуваат од Управата, новата бројка сведочи за напредокот на технологијата за геодетско истражување и подетално креирање на карти кои се користат за броење – но вкупната површина на територијата што и припаѓа на Јапонија не е променета. Било потенцирано дека иако не постои меѓународен договор за тоа што се смета за остров, се користел истиот критериум за големина како и во претходната анкета пред 35 години.

Тоа значело броење на сите природни копнени површини со обем од најмалку 100 метри.

Островите околу Јапонија се предмет на неколку територијални спорови кои оваа земја ги има со соседите.

Проблемот со јужните Курилски Острови, кои Јапонија ги нарекува Северни територии, е спор кој трае од Втората светска војна кога оваа територија беше окупирана од советските трупи, а денес тие се дел од територијата на Русија.

Јапонија, исто така, вели дека има историски права на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа тврдење.

Покрај тоа, Јапонија и Јужна Кореја се расправаат повеќе од 70 години за суверенитетот на групата острови наречени Докдо во Сеул и Такешима во Токио во Јапонското Море, што е источно море за Корејците.

The post Јапонија пронајде 7.000 острови за кои не знаела дека ги има appeared first on Република.

]]>

Јапонија направи детално мапирање на својата територија и откри дека има 7.000 острови повеќе од претходно познатите. Дигиталното мапирање спроведено од Јапонската геодетска управа неодамна откри дека има 14.125 острови на јапонска територија, што е повеќе од двојно повеќе од бројот (6.852) во официјална употреба од извештајот на Јапонската крајбрежна стража од 1987 година. Сепак, како што нагласуваат од Управата, новата бројка сведочи за напредокот на технологијата за геодетско истражување и подетално креирање на карти кои се користат за броење – но вкупната површина на територијата што и припаѓа на Јапонија не е променета. Било потенцирано дека иако не постои меѓународен договор за тоа што се смета за остров, се користел истиот критериум за големина како и во претходната анкета пред 35 години. Тоа значело броење на сите природни копнени површини со обем од најмалку 100 метри. Островите околу Јапонија се предмет на неколку територијални спорови кои оваа земја ги има со соседите. Проблемот со јужните Курилски Острови, кои Јапонија ги нарекува Северни територии, е спор кој трае од Втората светска војна кога оваа територија беше окупирана од советските трупи, а денес тие се дел од територијата на Русија. Јапонија, исто така, вели дека има историски права на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа тврдење. Покрај тоа, Јапонија и Јужна Кореја се расправаат повеќе од 70 години за суверенитетот на групата острови наречени Докдо во Сеул и Такешима во Токио во Јапонското Море, што е источно море за Корејците.

The post Јапонија пронајде 7.000 острови за кои не знаела дека ги има appeared first on Република.

]]>
Пет грчки острови идеални за одмор во септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/pet-grchki-ostrovi-idealni-za-odmor-vo-septemvri/ Sat, 03 Sep 2022 08:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=547002

Тоа што август завршува не значи дека е доцна за летен одмор. „Б92“ открива кои пет грчки острови се идеални за одмор во септември.

Хидра

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hydra Island Greece (@hydra_greece)


На околу час и половина од Атина, Хидра продолжува да биде постојана атракција за локални и меѓународни патници, вклучително и многу познати личности, од 1960-тите па наваму. Помина долго време од златното доба на Хидра, кога личности како Аристотел Оназис и Џеки Кенеди, Ставрос Нијарохос и Тина Онасис Нијархос, како и боемски уметници како Леонард Коен, летуваа во мали традиционални куќи на островот. Овој мал луксузен остров среде Егејското Море продолжува да шармира со својата архитектура и спокојство, пишува Travel.gr.

До Хидра е лесно да се стигне од атинското пристаниште Пиреја, а штом ќе стигнете на овој остров, освен прекрасните плажи, не пропуштајте да ги посетите и црквата Свети Нектариј Ејински, вилата на Лазар Кунтуриотис и црквата Ипананти.

Исто така, не пропуштајте ја аптеката Рафалија, една од најстарите во Грција, како и квартот Киафа, каде времето речиси застанува.

Љубителите на музиката сигурно ќе ја искористат можноста да ја посетат куќата на славниот Леонард Коен, која музичарот ја купил во 1960 година за само 1.500 долари.

 

Спецес

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spetses Island (@spetsesisland)

Уште еден остров во Егејското Море на кој особено му се восхитуваат локалните и меѓународните патници, а кој е популарен во текот на целата година.

Легендарните ресторани на најпривилегираните локации, славните личности, прекрасната архитектура и идилични улички кои нудат целосен мир далеку од сообраќајот и вревата на Атина го прават совршениот амбиент за последно бегство пред да дојде есента.

 

Кеа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Gan (@maria__gan)

Кеа се наоѓа на само 45 минути со брод од Атина и покрај тоа што е откриена од туристи од целиот свет во последните години, успева да го зачува својот автентичен грчки шарм.

Туристите кои сакаат мир доаѓаат на овој кикладски остров најблиску до грчкото копно, а со оглед на тоа што за сите нас е најважно плажите што ги посетуваме да се убави, чисти и песочни, на овој остров ќе најдете спас на една од следните плажи: Кампи, Писис, Фреа и Кундурос.

Сирос

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Syros Island (@syrosislandgr)

На само два и пол часа од Атина се наоѓа Сирос, кој има сосема поинаков изглед од останатите острови во Егејското Море. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи има неверојатен неокласичен стил. Зградите повеќе личат на италијанската Венеција отколку на Миконос.

Скопелос

Скопелос е најбујниот остров во Грција, бидејќи над 67 проценти од неговата копнена маса е покриена со недопрена борова шума, која се протега и создава прекрасен контраст со околните кристално чисти води на Споради.

Ако го сакате морето, одете на прекрасните плажи на островот, вклучувајќи ги Стафилос, Веланио, Панормос, Милија, Линаракија, Кастани и Ховоло. Ако сакате да ја истражите дивата природа на островот, одете по патеките во Делфи и Палука, две од импозантните планини на Скопелос.

 

The post Пет грчки острови идеални за одмор во септември appeared first on Република.

]]>

Тоа што август завршува не значи дека е доцна за летен одмор. „Б92“ открива кои пет грчки острови се идеални за одмор во септември.

Хидра

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Hydra Island Greece (@hydra_greece)

На околу час и половина од Атина, Хидра продолжува да биде постојана атракција за локални и меѓународни патници, вклучително и многу познати личности, од 1960-тите па наваму. Помина долго време од златното доба на Хидра, кога личности како Аристотел Оназис и Џеки Кенеди, Ставрос Нијарохос и Тина Онасис Нијархос, како и боемски уметници како Леонард Коен, летуваа во мали традиционални куќи на островот. Овој мал луксузен остров среде Егејското Море продолжува да шармира со својата архитектура и спокојство, пишува Travel.gr. До Хидра е лесно да се стигне од атинското пристаниште Пиреја, а штом ќе стигнете на овој остров, освен прекрасните плажи, не пропуштајте да ги посетите и црквата Свети Нектариј Ејински, вилата на Лазар Кунтуриотис и црквата Ипананти. Исто така, не пропуштајте ја аптеката Рафалија, една од најстарите во Грција, како и квартот Киафа, каде времето речиси застанува. Љубителите на музиката сигурно ќе ја искористат можноста да ја посетат куќата на славниот Леонард Коен, која музичарот ја купил во 1960 година за само 1.500 долари.  

Спецес

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Spetses Island (@spetsesisland)

Уште еден остров во Егејското Море на кој особено му се восхитуваат локалните и меѓународните патници, а кој е популарен во текот на целата година. Легендарните ресторани на најпривилегираните локации, славните личности, прекрасната архитектура и идилични улички кои нудат целосен мир далеку од сообраќајот и вревата на Атина го прават совршениот амбиент за последно бегство пред да дојде есента.  

Кеа

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Maria Gan (@maria__gan)

Кеа се наоѓа на само 45 минути со брод од Атина и покрај тоа што е откриена од туристи од целиот свет во последните години, успева да го зачува својот автентичен грчки шарм. Туристите кои сакаат мир доаѓаат на овој кикладски остров најблиску до грчкото копно, а со оглед на тоа што за сите нас е најважно плажите што ги посетуваме да се убави, чисти и песочни, на овој остров ќе најдете спас на една од следните плажи: Кампи, Писис, Фреа и Кундурос.

Сирос

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Syros Island (@syrosislandgr)

На само два и пол часа од Атина се наоѓа Сирос, кој има сосема поинаков изглед од останатите острови во Егејското Море. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи има неверојатен неокласичен стил. Зградите повеќе личат на италијанската Венеција отколку на Миконос.

Скопелос

Скопелос е најбујниот остров во Грција, бидејќи над 67 проценти од неговата копнена маса е покриена со недопрена борова шума, која се протега и создава прекрасен контраст со околните кристално чисти води на Споради. Ако го сакате морето, одете на прекрасните плажи на островот, вклучувајќи ги Стафилос, Веланио, Панормос, Милија, Линаракија, Кастани и Ховоло. Ако сакате да ја истражите дивата природа на островот, одете по патеките во Делфи и Палука, две од импозантните планини на Скопелос.  

The post Пет грчки острови идеални за одмор во септември appeared first on Република.

]]>