Остен галерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osten-galerija/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Mar 2022 08:21:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Остен галерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osten-galerija/ 32 32 Проектот „Г-ѓа и г-ца Х“ на македонската уметница Марија Павловска од денеска во Галеријата „Остен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proektot-g-gja-i-g-ca-h-na-makedonskata-umetnica-marija-pavlovska-od-deneska-vo-galerijata-osten/ Thu, 17 Mar 2022 08:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=474085

На 17 март во 12 часот во Галеријата „Остен“ ќе биде отворена самостојната изложба на реномираната македонска уметница Марија Павловска.

Павловска пред македонската публика ќе се претстави со проектот „Г-ѓа и г-ца Х“, кој содржи инсталација (полиптих – серија од 32 цртежи) и видеоматеријал.

Проектот претходно беше изложен на XIII биенале во Фиренца, Италија, што се одржа од 23 до 31 октомври минатата година. Павловска на оваа престижна меѓународна уметничка манифестација гостуваше на покана од директорот на Биеналето во Фиренца, Јакопо Селона, и од Официјалниот комитет.

На отворањето, во Галеријата „Остен“ ќе биде промовирано и графичкото портфолио „Г-ѓа и г-ѓа Х“ во издание на „OСТЕН едиции“.

Павловска е уметница која од 2012 година е на уметничка резиденција во музејот „Мана Контемпорари“ во САД, а проектот „Госпоѓа и г-ѓа Х“ беше произведен и развиен во изминатите две години во ова ателје како „постреакција“, развиен по проектот „А Реакција“.

Проектот на Павловска во Галеријата „Остен“ ќе биде достапен за публиката до 30 март.

The post Проектот „Г-ѓа и г-ца Х“ на македонската уметница Марија Павловска од денеска во Галеријата „Остен“ appeared first on Република.

]]>

На 17 март во 12 часот во Галеријата „Остен“ ќе биде отворена самостојната изложба на реномираната македонска уметница Марија Павловска.
Павловска пред македонската публика ќе се претстави со проектот „Г-ѓа и г-ца Х“, кој содржи инсталација (полиптих – серија од 32 цртежи) и видеоматеријал. Проектот претходно беше изложен на XIII биенале во Фиренца, Италија, што се одржа од 23 до 31 октомври минатата година. Павловска на оваа престижна меѓународна уметничка манифестација гостуваше на покана од директорот на Биеналето во Фиренца, Јакопо Селона, и од Официјалниот комитет. На отворањето, во Галеријата „Остен“ ќе биде промовирано и графичкото портфолио „Г-ѓа и г-ѓа Х“ во издание на „OСТЕН едиции“. Павловска е уметница која од 2012 година е на уметничка резиденција во музејот „Мана Контемпорари“ во САД, а проектот „Госпоѓа и г-ѓа Х“ беше произведен и развиен во изминатите две години во ова ателје како „постреакција“, развиен по проектот „А Реакција“. Проектот на Павловска во Галеријата „Остен“ ќе биде достапен за публиката до 30 март.

The post Проектот „Г-ѓа и г-ца Х“ на македонската уметница Марија Павловска од денеска во Галеријата „Остен“ appeared first on Република.

]]>