останува Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ostanuva/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Apr 2022 11:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png останува Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ostanuva/ 32 32 Иако најави повлекување, Живко Мукаетов останува на чело на РФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/iako-najavi-povlekuvanje-zivko-mukaetov-ostanuva-na-chelo-na-rfm/ Tue, 19 Apr 2022 11:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=490496

Живко Мукаетов останува претседател на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) најмалку до крајот на својот мандат, уште три години. Ова Мукаетов го соопшти на крајот од денешниот состанок на Управниот Одбор, изразувајќи подготвеност да ја води федерацијата за уште подобри резултати во ракометниот спорт во периодот што следи.

Тој на почетокот на годината најави повлекување од најуспешната спортска федерација. Но, во меѓувреме го смени мислењето.

Пред неколку месеци најавив мое евентуално повлекување од позицијата прв човек на РФМ. Девет години се да кажеме еден период кој не е така мал,од 2013 па се до сега, многу активности, многу денови, моменти и се останато заедно со сите вас посветени на ракометниот спорт во Македонија. Сакам да се заблагодарам до сите за поддршката што ја добивав, знам дека сите ние во УО го дававме максимумот за да го развиваме овој спорт, го почна Мукаетов своето излагање пред УО.

Искрено сметав дека е време за повлекување од функцијата, но по сите овие последни настани, особено во овие два месеци, по сета онаа енергија што повторно ја имаме во ракометот. Од друга страна, обврските кои ни следат и кои се навистина многу големи, организација на ЕП за кое сме се намачиле да го добиеме… после разсговорите со ракометни работници во кои имам доверба и чие мислење го ценам… сметам дека не е вистински момент за повлекување од функцијата. Мандатот ми почна од почетокот од минатата година, верувам дека годинава ќе се носиме со сите предизвици заедно, дека јас ќе останам на функцијата заедно со сите вас и да го постигнеме сето она што ни е поставено како цел.

Јас и понатаму стојам на ставот дека има во овој УО луѓе кои можат да ја водат федерацијата, знаеме дека надвор има многу мераклии да ја водат федерацијата, но ова не е нималку лесно. Политиката мора да се држи надвор од спортот и од ракометот и наш прикоритет мора да биде да продолжиме по успешниот пат по кој се движиме. Затоа, јас денеска потврдувам дека продолжуваме заедно, ќе работиме заеднички да го движиме ракометниот спорт кон идни ракометни успеси“, рече Мукаетов.

The post Иако најави повлекување, Живко Мукаетов останува на чело на РФМ appeared first on Република.

]]>

Живко Мукаетов останува претседател на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) најмалку до крајот на својот мандат, уште три години. Ова Мукаетов го соопшти на крајот од денешниот состанок на Управниот Одбор, изразувајќи подготвеност да ја води федерацијата за уште подобри резултати во ракометниот спорт во периодот што следи. Тој на почетокот на годината најави повлекување од најуспешната спортска федерација. Но, во меѓувреме го смени мислењето.