оспорување одлука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osporuvane-odluka/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 14:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оспорување одлука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osporuvane-odluka/ 32 32 ДКСК најави оспорување на одлуката на Судски совет да за Академијата за судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-najavi-osporuvane-na-odlukata-na-sudski-sovet-da-za-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Tue, 09 Jul 2024 14:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=795008

Државна комисија за спречување на корупцијата останува посветена на промовирање на транспарентност и отчетност и нема да отстапи од својата мисија да дејствува одлучно во заштитата на јавниот интерес, се вели во реакцијата од Антокорупциска по повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли нивната иницијатива за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Од ДКСК нагласуваат дека ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување.

Антикорупциска нагласува дека постапката за утврдување на одговорност е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата.

Иницијативата за поведување на постапка за утврдување на одговорност е поднесена во рокот од 15 дена од приемот на последната одлука донесена од страна на Вишиот управен суд на Република Македонија, во врска со конкретниот случај, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата. И покрај тоа, сакаме да истакнеме дека рокот од 15 дена не е преклузивен рок, истиот е инструктивен рок, односно со негово пропуштање на се губи правото за преземање на определено дејствие, бидејќи нема одредба во Законот која предвидува последица од непостапувањето по тој рок, се вели во соопштението од ДКСК.

Од ДКСК, исто така, посочуваат дека за ваквата одлука се информирани единствено преку медиумите, и дека по официјалниот прием на одлуката ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување.

Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, кое нешто е утврдено со одлука на ДКСК, и потврдено од Вишиот управен суд на Република Македонија, во рамките на законските рокови, информираат од ДКСК.

Комисијата останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на примената на сите достапни правни средства за постигнување на своите цели.

The post ДКСК најави оспорување на одлуката на Судски совет да за Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Државна комисија за спречување на корупцијата останува посветена на промовирање на транспарентност и отчетност и нема да отстапи од својата мисија да дејствува одлучно во заштитата на јавниот интерес, се вели во реакцијата од Антокорупциска по повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли нивната иницијатива за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Од ДКСК нагласуваат дека ќе бидат искористени сите правни средства за нејзино оспорување. Антикорупциска нагласува дека постапката за утврдување на одговорност е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата.