осомничени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osomnicheni/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 10:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осомничени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osomnicheni/ 32 32 Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prodolzhen-pritvorot-za-osomnichenite-za-ubistvoto-na-danka-ilik/ Tue, 30 Apr 2024 10:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=772541

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на С.Ј и Д.Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, беше потврдено за Танјуг од тој суд.

Според оваа одлука, нивниот притвор може да трае до 29 мај.

Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста.

Во притвор е и таткото на Д.Д., под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси С.Ј и Д.Д. .

Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Банско Поле кај Бор сè уште не е пронајдено.

 

The post Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на С.Ј и Д.Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, беше потврдено за Танјуг од тој суд. Според оваа одлука, нивниот притвор може да трае до 29 мај. Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста. Во притвор е и таткото на Д.Д., под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето. По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси С.Ј и Д.Д. . Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Банско Поле кај Бор сè уште не е пронајдено.  

The post Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ appeared first on Република.

]]>
Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на психијатриско вештачење во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osomnichenite-za-ubistvoto-na-dvegodishnata-danka-ilik-isprateni-na-psihijatrisko-veshtachene-vo-belgrad/ Thu, 25 Apr 2024 14:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=771005

На психијатриско вештачење се испратени во Специјалната затворска болница во Белград осомничените С.Ј. и Д.Д, за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бор, јави Н1.
Двете лица, вработени во Водовод Бор, на возраст од 50 години беа уапсени на 4 април под сомнение дека го убиле двегодишното девојче.

Двајцата осомничени, како што тогаш информираа од полицијата, во целост го признале извршувањето на тоа кривично дело.

Тие беа сослушани на 5 април во Обвинителството во Заечар, кога Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. бранеше со молчење. Тогаш на осомничените им беше изречена мерка притвор од еден месец.

Телото на двегодишното девојче до денеска не е пронајдено.

The post Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на психијатриско вештачење во Белград appeared first on Република.

]]>

На психијатриско вештачење се испратени во Специјалната затворска болница во Белград осомничените С.Ј. и Д.Д, за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бор, јави Н1. Двете лица, вработени во Водовод Бор, на возраст од 50 години беа уапсени на 4 април под сомнение дека го убиле двегодишното девојче. Двајцата осомничени, како што тогаш информираа од полицијата, во целост го признале извршувањето на тоа кривично дело. Тие беа сослушани на 5 април во Обвинителството во Заечар, кога Д.Д. во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. бранеше со молчење. Тогаш на осомничените им беше изречена мерка притвор од еден месец. Телото на двегодишното девојче до денеска не е пронајдено.

The post Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на психијатриско вештачење во Белград appeared first on Република.

]]>
Еден од извршителите на нападот во Москва објавил фотографии на „Инстаграм“ кои укажуваат на локацијата Аксарај во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eden-od-izvrshitelite-na-napadot-vo-moskva-objavil-fotografii-na-instagram-koi-ukazhuvaat-na-lokatsijata-aksaraj-vo-istanbul/ Mon, 25 Mar 2024 08:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=758422

Еден од обвинетите за терористичкиот напад во трговскиот центар Крокус во близина на Москва, во февруари на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил фотографии од Истанбул, дознаваат руските медиуми.

Шамседин Фаридуни, во еден ден, на 23 февруари, објавил осум објави. Речиси сите фотографии укажуваат на локацијата „Аксарај, Истанбул“.

Меѓу објавените фотографии има и фотографија од самиот Фаридуни, како и фотографии за кои се претпоставува дека се направени во џамијата Фатих.

Судот во Москва претходно му одреди притвор на Фаридуни до 22 мај. Како што пренесуваат руските медиуми, тој открил дека е роден 1998 година во Таџикистан и дека има осуммесечно дете.

Обвинетиот рекол дека работел во фабрика за паркет во Подолск, а бил регистриран во Красногорск. Терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус, се случи вечерта на 22 март пред концертот во Красногорск во близина на Москва.

Дописникот на руските медиуми кој бил сведок на инцидентот јави дека неколку маскирани лица влегле во салата, пукале во луѓе од непосредна близина и фрлале запаливи бомби.

Според ФСБ, оружјето што го користеле терористите било однапред подготвено во кеш.

The post Еден од извршителите на нападот во Москва објавил фотографии на „Инстаграм“ кои укажуваат на локацијата Аксарај во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Еден од обвинетите за терористичкиот напад во трговскиот центар Крокус во близина на Москва, во февруари на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил фотографии од Истанбул, дознаваат руските медиуми. Шамседин Фаридуни, во еден ден, на 23 февруари, објавил осум објави. Речиси сите фотографии укажуваат на локацијата „Аксарај, Истанбул“. Меѓу објавените фотографии има и фотографија од самиот Фаридуни, како и фотографии за кои се претпоставува дека се направени во џамијата Фатих. Судот во Москва претходно му одреди притвор на Фаридуни до 22 мај. Како што пренесуваат руските медиуми, тој открил дека е роден 1998 година во Таџикистан и дека има осуммесечно дете. Обвинетиот рекол дека работел во фабрика за паркет во Подолск, а бил регистриран во Красногорск. Терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус, се случи вечерта на 22 март пред концертот во Красногорск во близина на Москва. Дописникот на руските медиуми кој бил сведок на инцидентот јави дека неколку маскирани лица влегле во салата, пукале во луѓе од непосредна близина и фрлале запаливи бомби. Според ФСБ, оружјето што го користеле терористите било однапред подготвено во кеш.

The post Еден од извршителите на нападот во Москва објавил фотографии на „Инстаграм“ кои укажуваат на локацијата Аксарај во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-sluchajot-so-ubistvoto-na-vana-i-panche-nema-novi-osomnicheni-litsa-veli-bubevski/ Wed, 31 Jan 2024 14:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=739093

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

The post Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски appeared first on Република.

]]>

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо. На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.
Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.
Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

The post Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски appeared first on Република.

]]>
Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Fri, 26 Jan 2024 09:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=737011

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/

Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети.

Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.

Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.

На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР. https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/ Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми. Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата. На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>
Осомничените за убиствaтa на Вања и Панче донесени во Кривичен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osomnichenite-za-ubistvata-na-vana-i-panche-doneseni-vo-krivichen-sud/ Tue, 05 Dec 2023 20:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=720070

Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.

[caption id="attachment_720077" align="aligncenter" width="1080"] фото: МИА[/caption]

 

Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, откако Судот претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело, додека таткото на 14-годишното девојче е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

[caption id="attachment_720075" align="aligncenter" width="730"] фото: МИА[/caption]

 

Осомничени за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

ОЈО Скопје претходно денеска до судот поднесе и предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор и против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомниченниот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pritvor-za-litseto-shto-pomogna-vo-begstvoto-na-palcho-so-lend-rover-zaminale-kon-turtsija/

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pritvor-za-litseto-shto-pomogna-vo-begstvoto-na-palcho-so-lend-rover-zaminale-kon-turtsija/

The post Осомничените за убиствaтa на Вања и Панче донесени во Кривичен суд appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор. [caption id="attachment_720077" align="aligncenter" width="1080"] фото: МИА[/caption]   Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, откако Судот претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело, додека таткото на 14-годишното девојче е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. [caption id="attachment_720075" align="aligncenter" width="730"] фото: МИА[/caption]   Осомничени за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница. ОЈО Скопје претходно денеска до судот поднесе и предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор и против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомниченниот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија. https://republika.mk/vesti/makedonija/pritvor-za-litseto-shto-pomogna-vo-begstvoto-na-palcho-so-lend-rover-zaminale-kon-turtsija/ Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. https://republika.mk/vesti/makedonija/pritvor-za-litseto-shto-pomogna-vo-begstvoto-na-palcho-so-lend-rover-zaminale-kon-turtsija/

The post Осомничените за убиствaтa на Вања и Панче донесени во Кривичен суд appeared first on Република.

]]>
Осомничените за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат се Колумбијци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osomnichenite-za-atentatot-na-ekvadorskiot-pretsedatelski-kandidat-se-kolumbijtsi/ Fri, 11 Aug 2023 09:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=671059

Шестмината странски државјани кои се уапсени за вмешаност во убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио се Колумбијци, соопшти еквадорската полиција.

Седмиот осомничен, кој им подлегна на раните здобиени во престрелка со полицијата, исто така бил Колумбиец.

Вилависенсио беше убиен за време на предизборен митинг во Кито, напаѓачот бил неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедувала собирот, а останатите осомничени се приведени по полициска рација, соопшти Државното правобранителство.

 

The post Осомничените за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат се Колумбијци appeared first on Република.

]]>

Шестмината странски државјани кои се уапсени за вмешаност во убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио се Колумбијци, соопшти еквадорската полиција. Седмиот осомничен, кој им подлегна на раните здобиени во престрелка со полицијата, исто така бил Колумбиец. Вилависенсио беше убиен за време на предизборен митинг во Кито, напаѓачот бил неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедувала собирот, а останатите осомничени се приведени по полициска рација, соопшти Државното правобранителство.  

The post Осомничените за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат се Колумбијци appeared first on Република.

]]>
Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/ Tue, 20 Jun 2023 09:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=653298

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки.

При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот.

До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

The post Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир appeared first on Република.

]]>

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки. При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот. До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

The post Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир appeared first on Република.

]]>